Скопје
12ᴼ /
12ᴼ
Во Музејот на современата уметност во Скопје вечерва (10 септември 2025 година), со почеток во 19 часот ќе биде отворена изложбата „Желбата можеби е, би можела да биде, како што секогаш е, блиску до љубовта“ – архивски асемблаж и интервенција на Кумјана Новакова со што ќе боде одбележана 30 години соработка помеѓу Македонија и САД. Изложбата обединува архиви, дела и размисли на Сараи Шерман, Џаспер Џонс, Ен Черноу, Бурт Черноу, Кристо Јавашев, ...
Обезбеден е проект за интервентна заштита на споменикот „Македоумиум“ во вредност од 2,5 милиони денари што ќе биде реализиран до крајот на годинава, а НУ „Завод и музеј Прилеп“ работи на проект за целосна реконструкција и конзервација на целиот комплекс, информира денеска на прес-конференција портпаролката на Владата Марија Митева. Митева најави дека проектот ќе биде финализран до средината на седната година, по што Министерството за туризам и ...
Македонскиот камерен оркестар „Профундис“ со голем успех ја реализира својата прва Candlelight турнеја во Босна и Херцеговина, настапувајќи во три преполни концертни сали во Сараево, Тузла и Мостар. Секоја вечер, илјадници свеќи создаваа волшебна атмосфера, а музиката на „Профундис“ предизвикуваше бурни аплаузи, стоечки овации и искрени емоции кај публиката. Candlelight концертите, кои се одржуваат во над 170 градови низ светот, претставуваат ...
Здружението за афирмација на младинската култура „Култура Бета“ бара волонтери и волонтерки кои ќе им помогнат сите настани на фестивалот за младинска, алтернативна и критичка култура „Ре-култура“ да се одвиваат навремено и непречено. Фестивалот ќе се одржива на 26 и 27 септември, во кафе-книжарниците „Буква“ и „Илика“ и предвидена е дводневна програма што вклучува базар, свирки, изложби, панел-дискусии, предавања и поетски читања. „Поради ...
Националната универзитетска библиотека на Македонија објави јавен повик со кој ги поканува студентите да учествуваат во снимањето на аудио верзија на капиталното дело „За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков. Ова ќе биде првата аудио книга што ќе ја подготви Библиотеката во рамките на својата годишна програма за 2025 година. Проектот се реализира во чест на јубилејната година за македонскиот стандардизиран јазик и има за цел да им ...
Во руралната заедница Мизубики, блиску до Токио, живее тивок татко, Таками, со својата мала ќерка Хана. Тие водат едноставен и скромен живот, во хармонија со природата – собираат вода, дрва и див васаби, кои им овозможуваат опстанок и помагаат на локалниот ресторан. Мирот на заедницата се нарушува кога во селото пристигнуваат претставници на агенција од градот, кои најавуваат изградба на луксузен глемпинг-комплекс. Проектот е претставен како ...
Пишувањето е тешко. Пишувањето книги е потешко. Затоа, како обичен плебејски автор кој го интервјуира Ден Браун за прв пат, сакав да знам: Откако ќе продадете 200 милиони книги, дали станува полесно? „Тоа е истиот процес. Идентично е“, вели Браун во видео повик од неговата домашна библиотека во Њу Хемпшир. „На вашите ликови не им е гајле колку книги сте продале; сè уште се соочувате со празната страница. Она што станува попредизвикувачки е што ...
Во изложбениот салон Империјал 1 во Културно-информативниот центар во Скопје на 10 јануари во 20 часот ќе биде отворена самостојната изложба на македонскиот уметник Ацо Таневски насловена “Предација“. „Очите се најдлабокото сведоштво на животот. Во нив се среќаваат молкот и викот, заканата и трепетот, гладот и опстанокот. Еден поглед може да ја открие целата суштина на инстинктот — суровата моќ на предаторот или последната беспомошност на ...
Освен Флисар, гости на 13. интернационален литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ ќе бидат и српскиот писател и поет Небојша Лапчевиќ, бугарската писателка Елена Алексиева, една од најпознатите словенечки писателки за млади читатели – Јана Бауер, како и домашните авторки – поетесата и романсиерка Лидија Димковска и прозаистката Хана Корнети. Во дополнителната програма на фестивалот ќе се одржи и промоција на книгата „30 современи грчки автори“ ...
Охрид, 10. септември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во петок, на 12-ти септември 2025 година, со почеток во 19:30 часот, во Куќата на Робевци ќе биде отворена изложбата „Звукот на пејзажот“. Изложбата обединува шест уметници од Република Македонија и Австралија, чии различни уметнички практики нудат резонантна интерпретација на македонскиот пејзаж – неговите форми, текстури и емоционални одрази. Претставена во историската Куќа на Робевци во Охрид, изложбата ...
Вечерва во 19 часот во Музеј на современа уметност во Скопје свечено отворање на изложбата „Желбата можеби е, би можела да биде, како што секогаш е, блиску до љубовта”, во рамките на одбележувањето на 30 години соработка помеѓу САД и нашата земја. Ова е обид да се евоцира можноста дека секоја колекција можеби е, би можела да биде, како што секогаш е – бесконечна. Како што и секое отсуство, изоставање и бришење во рамките на една колекција не е ...
Музичката соработка меѓу Крсте Роџевски и Томика Рид започна пред десетина години, кога Рид свиреше виолончело на ‘Bitter Almonds’, вториот студиски албум на Роџевски. Подоцна, таа свиреше и на синглот „Горно Дупени”, како и на новиот аранжман на традиционалната песна „Ој љубов”, кој Роџевски го напиша за саундтракот на филмот „Врба” на Милчо Манчевски. За време на пандемијата, Роџевски го сними албумот ‘Fair Weather Friends’, љубовно писмо до ...
„ГеНарација Мир – Уметноста е начинот“ е насловот на регионалната младинска, мировна и уметничка средба која ќе се одржи во Прилеп од денеска до 12 септември во Центарот за култура „Марко Цепенков“. Ќе бидат прикажани две претстави како дел од регионалната младинска средба во која ќе се сретнат млади луѓе од Македонија, Косово и Србија. За двете претстави влезот е слободен, а публиката ќе може да ги проследи со превод на англиски јазик. Вечерва ...
На 93-годишна возраст во Охрид на 10.09.2013 почина Вангел Деребан, еден од најпознатите македонски кујунџии. Деребан е роден во 1920 година во Струга од каде ја продолжува неколку вековната семејна кујунџиска традиција и го развива охридското филигранство. Во филигранот на Дерабан се вградени национални белези и во него пулсираат исконските дамари на македонската стара цивилизација. Тој беше синоним за македонскиот филигран и во неговиот дуќан ...
По претставувањето во Културно информативниот центар на Македонија во Софија, наредна дестинација на проектот на Националната галерија од областа на меѓународната соработка, „Простори на конјукција“ е македонскиот Културно информативен центар во Белград. Како добар домаќин, директорот на центарот, Васко Шутаров ќе се обрати пред публиката во придружба на Маја Крстевска, претставник на Националната галерија, виш кустос и програмски раководител. ...
Хрватската легенда Дарко Рундек го најави видео спотот за својот најнов сингл „Ples na tankom ledu“, кој е во завршна фаза на снимање во Скопје. Режијата, дизајнот и анимацијата на видеото се дело на македонскиот уметник Ѓорѓе Јовановиќ. „U Skoplju grupa čarobnjaka svjetla i sjene privodi kraju video za naš novi singl! Što bi to moglo biti? Počinje odbrojavanje…“ – напиша Рундек во својата објава на социјалните мрежи. На новиот проект ...
„Разиграно и меланхолично, нежно ама и со боцки, така би ја опишал програмата“, вели пејачот Крсте Роџевски за претстојниот концерт во виолончелистата Томика Рид во Скопје, на 13 септември (20.30ч) во Филхармонија. Специјални гостинки на концертот се пејачките Дина Јашари и Вера Милошевска-Јосифовска од „Љубојна“. „Ова ќе биде акустичен, интимен концерт – гитара, чело и глас. Ќе изведуваме авторски композиции на македонски јазик, од албумите ...
Неодамна, книгоиздавателството „Матица македонска” ја објави новата поетска книга на истакнатиот македонски поет Ристо Лазаров, „Врне ли, врне”. Иако зборовите и песните „врнат” изобилно во стихозбирката „Врне ли, врне”, Ристо Лазаров ја продолжува потрагата по „зборот што го чека”, зашто добро знае дека поезијата е моќна и поројна, но и насушно потребна – како и дождовите, како што истакнува универзитетската професорка и книжевна критичарка, ...
Марио Јовановски и Софија Манчева викендов беа гости на свадба на нивни блиски, каде што привлекоа внимание во креации од модната куќа „Митрофф“. Атрактивната Софија изгледаше како занесна убавица во небесно син долг фустан со корсет. Нежниот аутфит таа го надополни со минималистички сребрен накит, чантичка и елегантни потпетици во истата нијанса. „Се чувствував како принцеза во бајка“ – напиша таа под фотографиите од свеченоста. Марио избра ...
Продолжува „Антивикенд програма“ на независниот издавач и организатор „Мртов коњ“, заедно со пријателите. Оваа среда е посветена на електронски музики во кафе-книжарницата „Буква“ во Скопје. Настанот од 19 часот ќе почне со работилница за теремин. „Дознајте за историјата на инструментот, начинот на произведување и контрола на создавањето звук и обидете се да отсвирите нешто со помош на Ива. Бидете дел и од интерактивниот сет на ‘Improof’, овој ...
Добитник на наградата „Златна камера 300“ за животно дело е кинематограферот Дариус Конџи, а оскаровецот Воли Фистер ќе ја добие „Специјалната камера 300“ за особен придонес во светската филмска уметност. Ова денес беше најавено на прес-конференција. Мал е бројот на кинематографери во светот кои имаат оставено зад себе филмски остварувања за кои може да се каже дека се постулат на модерната филмска уметност, кои со децении ќе се изучуваат на ...
Во културно-уметничкиот дел настапија оперските уметници Ана и Игор Дурловски, придружувани од камерниот оркестар „Ајга“, кои изведоа македонски народни песни во современи обработки на композиторот Сони Петровски. „Со својата интерпретација тие ја пренесоа магијата на македонската традиција на интернационалната публика“, посочуваат денеска од Министерството за култура. Интерес предизвикал и концертот на познатиот џез-гитарист Владимир ...
По претставувањето во Културно информативниотцентар на Р.С. Македонија во Софија, наредна дестинација на проектот на Националната галерија од областа на меѓународната соработка, „Простори на конјукција“ е македонскиот Културно информативен центар во Белград. Како добар домаќин, директорот на центарот, господинот Васко Шутаров ќе се обрати пред публиката во придружба на Маја Крстевска, претставник на Националната галерија, виш кустос и програмски ...
„Гениј“ го нарече Ерик Клептон гитарскиот виртуоз Курт Роузвинкел кој на 1 октомври (20 часот) ќе настапи во Скопје како гостин на Националниот џез оркестар. Концертот ќе се одржи во Националната опера и балет под диригенство на маестро Владимир Николов. Веќе три децении Роузвинкел ја обликува современата џез-сцена со својот препознатлив стил и музичка длабочина. Од своите први настапи во Њујорк во 1991 година, тој се издигна како вистински ...
Штип, 9 септември 2025 (МИА) – Во Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип утревечер почнува 13. издание на театарскиот фестивал за деца и младинци „Малиот Принц“, соопшти денеска на прес-конференција директорот на Центарот за култура „Ацо Шопов“ и директор на Фестивалот, Пеце Ристевски. Како што истакна Ристевски, фестивалот кој ќе се одржи од 10 до 15 септември оваа година, ќе биде отворен со едночасовен концерт на „Петко 5+“, а во текот на ...
Од 11 до 13 септември 2025 година, во централниот општински парк на Ѓорче Петров ќе се одржи првото урбано издание на „Еволуција на сонот“. Како што објаснува Весела Моловска, основач и оргнизатор на фестивалот, „Еволуција на сонот“ носи динамична и современа програма наменета за сите генерации, со акцент на урбана култура, меѓународна и локална уметничка сцена, племенита културна продукција со многу музика, перформанси и невообичаена форма на ...
Лазар Ристовски, годинешниот лауреат на наградата „Мето Јовановски“ што ја доделува Фестивалот на балкански и медитерански филм „Преку езерото“ денеска на прес конференција изрази благодарност за високотo признание и жалење што никогаш не работел на проект заедно со Мето Јовановски чие име ја носи наградата. Contents Има мариовски корени – Роден сум во Војводина, татко ми е од Мариово. Оваа награда е и голема и значајна бидејќи носи име на еден ...
ЈУ Национален парк „Пелистер“, НУ Народен театар-Битола и НУ Камерен оркестар на Битола, синоќа на Големо Езеро, под врвот Пелистер, ја изведоа претставата „Ноќта кога ја убив месечината“. Претставата во која настапија актерите Марјан Ѓоргиевски и Александар Копања претставува атрактивна понуда на националните установи кои одлучија на полна месечина и на надоморска висина од 2218 метри да играат на отворено. Сите посетители претходно обезбедија ...
Со прогласување на добитниците на наградите, синоќа заврши 4. издание на фестивалот на балкански и медитерански филм „Преку езерото“. Беа доделени големата награда за најдобар филм на медитеранот, за најдобар режисер на медитеранот, најдобра актерка и најдобар актер на медитеранот, најдобар композитор на оригинална филмска музика на медитеранот, и награда за најдобар кусометражен филм на медитеранот, за кои одлучуваше жирито во состав: Христос ...
Сто странски гости се потврдени на фестивалот на креативен документарен филм „Македокс“, чие 16. издание ќе се одржи од 21 до 28 август. Во тој период, ќе може да се погледнат 75 документарни остварувања на пет фестивалски локации, информираа на денешната прес-конференција во Скопје, извршниот директор на фестивалот Дарко Набаков, програмскиот координатор Петрула Вељановска и раководителот на индустри – програмата, Сара Феро. Набаков информираше ...