– Стариот конак е интегрален дел од манастирскиот комплекс. За реализација на овој значаен проект се издвоени 6 милиони денари, а целосното завршување се очекува до крајот на јуни годинава. Во однос на капиталниот проект за конзервација и реставрација на црквата „Света Богородица“, пак, каде што е откриен многу значаен трослоен живопис со фази од 14, 17 и 19 век, проектот во моментов се става во мирување. Ова е поради непредвидени ...
Стариот конак во Лешочкиот манастир ќе биде целосно завршен до крајот на јуни, со што овој значаен духовен комплекс добива обновен и достоен изглед, истакна министерот Зоран Љутков при вчерашната работна посета на Лешочкиот манастир. Министерот беше придружуван од митрополитот на Тетовско-гостиварската епархија, владиката Јосиф, директорот на Националниот конзерваторски центар, Александар Јорданоски, како и стручен тим од институцијата. ...

