Скопје
17ᴼ /
17ᴼ
Во центарот на Истанбул неодамна беше отворен Музејот на мозаици Зејтинбурну, кој веднаш стана задолжителна локација за посета за сите љубители на културата. Најновиот музеј во градот нуди извонреден приказ на историјата и богатото културно наследство на Туркије, а посетителите можат да уживаат во прекрасни мозаици и тоа во нивната оригинална поставеност. Музејот е сместен во историската поранешна воена болница, сега Центар за уметност ...
Најозборуваниот филм во моментот, класикот на Бронте, сега во ново издание, од вечерва, има премиера во Скопје. Синеплекс го најавува „Оркански височини“ како женска вечер од 19 часот и ги кани дамите и пријателките на незаборавна вечер. „Оркански височини“ на Емералд Фенел беше претставен на членовите на филмскиот печат пред неговото премиерно прикажување на 13 февруари, а првите реакции ја нарекуваат жешката книжевна романса „возбудлива за ...
Денеска почнува 76. Меѓународен филмски фестивал во Берлин, на којшто германскиот режисер Вим Вендерс ќе го предводи жирито на 10-дневниот настан. Филмот што ќе го отвори фестивалот е драмата „Kabul Jan“ („Сакан Кабул“ / „Нема добри луѓе“), за снимателка што работи во Авганистан. Приказната е заснована на вистинската животна драма на режисерката Шахрбану Садат која ја напуштила својата родна земја во 2021 година и сега живее во Хамбург, ...
Само на еден ден пред самиот настан со возбуда го најавуваме музичкото патување со делата на Корели, Чајковски и Брамс, а во изведба на брилијантните Нина Костова на пијано и Александар Стојчески на виола, соопштија од КИЦ-Битола. Затоа што музиката го прави животот поубав Офицерски дом-Свечена сала 12/02/2026, почеток 18.00 ч. Влезот е слободен. Само на еден ден пред самиот настан со возбуда го најавуваме музичкото патување со делата на ...
Во просториите на Министерството за култура и туризам, беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу Инспекторатот за употребата на македонскиот стандарден јазик и Советот за македонски јазик. Овие институции задолжени за грижа за македонскиот стандарден јазик, пристапија кон воспоставување партнерство во рамките на своите законски надлежности, со потпишување на Меморандум за соработка. Водејќи се од уставната определба за заштита и ...
„Една во милион“ е новата балада на Дарко Гелев-Брејк, која ја сними една година и два месеца по неговиот последен сингл „Оваа песна не знаев да ја напишам“. Брејк интензивно ѝ се врати на музиката по неколку години пауза и вели дека заслужни за тоа се добрите песни и добриот тим. „Мојата нова песна е плод на генијална работа и соработка помеѓу Игор Џамбазов, Никола Перевски-Пере, Дарко Димитров и мене. Таа е предвесник на мојот втор албум, ...
По повод Меѓународниот ден на грчкиот јазик и повторното објавување на Избор од поезијата на светски познатиот грчки поет Константинос Кавафис, Амбасадата на Грција организира настан во чест на безвременските стихови на Кавафис и трајната убавина на грчкиот јазик. Настанот ќе вклучува панел-дискусија за наследството на поетот, неговиот препознатлив глас и неговата континуирана релевантност во современиот свет, со учество на истакнатите ...
Во рамките на иницијативата „Подари книга, подари свет“ и по повод 35 години од своето основање, „Матица македонска“ објави второ издание на антологијата „Македонска љубовна лирика“ приредена од Весна Мојсова-Чепишевска и Иван Антоновски – книгата во којашто најубавите македонски љубовни стихови се собрани на едно место. На близу 500 страници, со 342 песни од македонски поети од сите генерации, во петте циклуси на книгата, од копнеж до ерос е ...
„Бакнеж во Париз“ е насловот на концертот што во чест на празникот 14 Февруари – посветен на љубовта и виното, ќе се одржи вечерва во 20 часот во големата сала на Македонската филхармонија. Солисти со оркестарот на Филхармонијата ќе бидат Фелисиен Брут, хармоника и Ексел Сан Сирел, мецосопран. Кога зборуваме за љубовта и романтичната страна на животот, често пред очи ни излегува Париз. Не случајно – градот на светлината е и град на љубовта. ...
Македонска филхармонија в четврток со почеток во 20 часот ќе го одржи традиционалниот концерт по повод Денот на вљубените и виното, насловен „Бакнеж во Париз“ на кој ќе биде изведена француска музика. Како солисти ќе настапат Фелисиен Брут, хармоника и Ексел Сан Сирел, мецосопран од Франција, а диригент е Тимоти Редмонд. „Кога зборуваме за љубовта и романтичната страна на животот, често пред очи ни излегува Париз. Не случајно – градот на ...
Љупчо Бубо Каров е роден на 12 февруари 1959 година во Кавадарци. Тој е еден од трите најкарактеристични и најпопуларни ликови од К-15 – Цацко. Својата кариера ја започнал во Кавадарци, во добро познатата „Кавадаречка династија“ на Радио Кавадарци. Во 1984 година, тој дошол во Скопје каде во Македонското радио со плејада на новинари му пркосеше на социјализмот. Во 1994 година, заедно со: Бранко Огњановски и Васко Тодоров го основале К-15 ...
Драмскиот театар – Скопје (ДТС) ќе го одбележи 80-годишниот јубилеј со премиери, гостувања на други театари на сцената и со промоција на монографија. Централната прослава ќе биде на 21 април со премиера на претставата „Мачкина глава“ по текст на Венко Андоновски, во режија на Дејан Пројковски. Подговотките за оваа премиера ДТС ќе ги почне на крајот на овој месец. – Овој авторски текст на Венко Андоновски, во согласност со стилот и начинот на ...
Романот „Три Марии“ од Оливера Ќорвезироска, во издание на „Арс Ламина“, ја освои наградата „Стале Попов“ на Друштвото на писателите на Македонија. Оваа одлука со мнозинство гласови ја донесе тричлената жири-комисија во состав: Соња Стојменска-Елзесер (претседателка), Снежана Младеновска-Анѓелков и Давор Стојановски (членови). Наградата „Ацо Шопов“ за најдобра поетска збирка отиде кај книгата „Вообразби (лирски етиди за некој друг свет)“ од ...
Четири претстави ќе бидат изведени во рамките на програмата „Роденденска недела“, што Народниот театар „Војдан Чернодрински“ од Прилеп ја организира од 16 до 21 февруари на Сцена 105 во Центарот за култура „Марко Цепенков“. На 16 февруари (20 часот) пред прилепчани ќе настапи ансамблот на Велешкиот театар со „Синиот портокал“, во режија на Александар Ивановски. Играат: Фаик Мефаилоски, Жарко Спасовски и Благојчо Стојанов. Наредната вечер, на ...
Романот „Единствен матичен број“ на авторката Лидија Димковска, наскоро ќе биде објавен и на бугарски јазик. Преводот е на Божидар Манов, а изданието е на „Колибри“ од Софија. Четвртиот роман на Димковска, што кај нас го објави издавачот ТРИ, ја доби наградата „Роман на годината“, што ја доделува Фондацијата „Славко Јаневски“. – Романот „Единствен матичен број“ на Лидија Димковска е едно дело чија што основна идеја ги носи во себе обележјата ...
Со Тони Димитров разговараме каква е судбината на градските институции на кои културата им е главна дејност. Особено во време кога Градот Скопје многу тешко функционираше, а тоа се одрази и на Културно-информативниот центар во Скопје Пред скоро четири години го презеде раководството со Културно-информативниот центар, главната градска галериска институција беше „на респиратор“. Нештата полека се стабилизираа, почнаа да се отвораат изложби, ...
Ансамблот на Народниот театар во Битола активно работи на финализацијата на претставата за деца „Пинокио“, адаптирана од Карло Голдони и во режија на Деан Дамјановски. Оваа претстава носи многу смеа, музика, колоритни ликови и важни пораки за теми како што се пријателството, храброста и вистината, истакнуваат од театарот. Во улогата на Пинокио ќе го видиме Никола Стефанов, а покрај него, на сцената ќе настапат и Валентина Грамосли, Марјан ...
Американскиот актер Џејмс Ван Дер Бик, ѕвездата на тинејџерската серија „Досонов свет“ (Dawson’s Creek), почина на 48 години по борбата со рак на дебело црево. „Нашиот сакан Џејмс Дејвид Ван Дер Бик почина мирно утрово. Тој ги дочека своите последни денови со храброст, вера и грациозност“, соопшти неговото семејство на социјалните мрежи На Ван Дер Бик му беше дијагностицирана болеста во втората половина на 2023 година, но веста ја откри дури ...
Нашиот светски познат пијанист, маестро Симон Трпчески, испраќа поздрав од Хонг Конг пред својата престојна изведба со Hong Kong Philharmonic Orchestra на 12 февруари 2026 година во 19:30 часот, во Hong Kong Cultural Centre Concert Hall. Трпчески, кој важи за еден од најреномираните и технички најизразени пијанисти на светската сцена, се враќа во Хонг Конг по низа успешни настапи низ светот, каде работел со најголеми оркестри и диригенти. ...
Истражување спроведено од научници од Универзитетот во Бирмингем во соработка со експерти од Универзитетите во Оксфорд и на Источна Англија открива дека луѓето поставени во услови на сиромаштија се поспремни да им помогнат на други отколку кога се во побогата средина, покажуваат резултатите од три експерименти со повеќе од 500 учесници објавени во списанието Nature Communications; во студијата испитаниците биле поставувани во симулирани ...
Скопје, 11 февруари 2026 (МИА) - Издавачката куќа „Матица македонска“ праќа во Измир, Турција, голема донација од книги, свои изданија на македонски јазик, за македонските иселеници Турци што доминантно потекнуваат од историското Горно Врановци - местото на кое пред 82 години е објавен првиот број на првиот македонски дневен весник, „Нова Македонија“. Акцијата е во рамките на иницијативата „Подари книга, подари свет“, која „Матица македонска“ ...
Скопје, 11 февруари 2026 (МИА) - Директорот на македонскиот Културно-информативен центар (КИЦ) во Софија, Зоран Пејковски, соопшти дека имал средба со бугарските актери Стефка Јанорова од Театарот на армијата и со Валентин Ганев од Народниот театар „Иван Вазов“ и дека со неа е потврдена клучната улога на институцијата во градењето на културната дипломатија како жив и динамичен процес. Во допис до медиумите Пејковски посочува дека средбата ...
На 14 февруари (сабота) во КСП Центар – Јадро, во 18 часот, ќе биде отворена изложба на слики од сериите Писмо и Анамнеза на Валентина Поцеска и инсталациите Ткиво 3, Ткиво 4 и Храм на Татјана Миљовска. На изложбата ќе биде претставен и каталогот Просторност и темпоралност. Изложбата Простoрност и темпоралност беше реализирана минатата година (2025), во Националната галерија на Македонија – Чифте амам, под кураторство на Сузана Милевска. ...
Во Берлин, утре почнува 76. Меѓународен филмски фестивал познат како „Берлинале“, кое се смета за еден од најдобрите филмски фестивали во светот покрај Кан и Венеција. Најавени се 22 филма коишто ќе се натпреваруваат за главната награда – „Златна мечка“, а од нив девет се режирани од жени, објавија организаторите на фестивалот. Меѓу нив се француско-туниската режисерка Лејла Бузид, чиј филм „Со тивок глас“ (A voix basse) се натпреварува за ...
Филмот „Нема добри мажи“ на режисерката Шарбану Садат ја следи Нару, единствената жена снимател во „Кабул ТВ“, која е убедена дека нема добри мажи во Авганистан. Германскиот режисер Вим Вендерс, авторот на антологискиот „Небото над Берлин“, пак, е претседател на жирито за главната конкуренција на годинашниот Берлински филмски фестивал, кој ќе се одржи од 12 до 22 февруари. Тој и другите членови на жирито ќе решаваат за главната награда – ...
Со децении ни раскажуваа приказни за Кинескиот ѕид, кој е видлив од Месечината. Но, додека тоа древно чудо се „вклопува“ во планините, треперливото „море од пластика“ во Шпанија го привлекува вниманието на астронаутите во орбитата. Митот за Кинескиот ѕид Идејата дека Кинескиот ѕид е видлив од Месечината не започнала со вселенското доба, веројатно датира од писателите од 18 век кои само шпекулирале. Од мисиите Аполо, астронаутите постојано го ...
Изложбата, која ќе се реализира по повод празникот Св. Трифун, на 13 февруари, во Музејот галерија Кавадарци, обединува дела од 35-мина уметници, претставувајќи репрезентативен пресек на современите ликовни изрази и авторски сензибилитет. Иако иницирана од празничниот контекст, поставката не е тематски дефинирана, туку функционира како отворена платформа за слободен уметнички израз. Според директорот м-р Јаким Зимоски, посебна симболика ...
Во Македонската филхармонија на 29 март! Фантастичните вокални интерпретации на Вера Милошевска оставаат без здив! Таа, заедно со Оливер Јосифовски (контрабасист, композитор и продуцент), веќе 25 години се заштитното име на бендот, тие се синоним за „Љубојна“. Експериментирајќи и истражувајќи, „Љубојна“ постојано ја освежува нашата естрада Јубилејниот концерт на групата „Љубојна“ со пејачката Вера, една од најавтентичните македонски музички ...
Tијана Дапчевиќ ќе гостува во Скопје на 19 април со стендап комедијата „Менопауза“, во Филхармонија од 20 часот. Македонската музичарка и актерка која долги години живее во Белград вели дека претставата е гласна, искрена и духовита приказна за темите за кои жените најчесто шепотат, а сега конечно се зборуваат без срам и со многу смеа. Текстот е на Данило Вукотиќ, а режисер е Раде Вукотиќ. „Играм драматичен стендап напишан од Данило Вукотиќ. ...
Националната установа „Охридско лето“ е добитник на престижната меѓународна награда „Да за уметноста“ на 11. издание на Интернационалниот театарски фестивал во Истанбул, Република Турција како признание за високо-квалитетната програма на 65. издание на оваа најзначајна музичко-сценска манифестација. Со оваа награда „Охридско лето“ уште еднаш ја оправда својата репутација како центар на врвната уметност, со програма која ја обедини класичната ...