Обилните врнежи од дожд и поплавите во одредени региони во источна Македонија ја пролонгираа сеидбата на јачменот и пченицата. Потпретседателот на Асоцијација на земјоделци Гоце Сарафимов вели дека околу 40 проценти од површините не се посеани со жито. – Есенската сеидба се уште е во тек и не е завршена поради временските услови. Во последно време имаше пообилни дождови и заради тешко се одвива сеидбата. Мислеме дека 40 проценти има се уште ...

Цените на бакарот достигнаа историски рекорд на светските пазари. Во петокот, металот се тргуваше над 11.700 долари за тон, откако „Сити“ ја зголеми својата целна цена поради ограничената понуда. Иако во изминатата недела цената благо се намали, бакарот останува близу највисоките нивоа досега. Покрај тоа, златото продолжува да ја привлекува вниманието на централните банки. Оваа година, златото за прв пат од 1996 година сочинува поголем дел од ...

Од први јануари почнува примената на Законот за работно ангажирање лица кој ја регулира областа на сезонското ангажирање и се очекува да влијае на намалувањето на сивата економија, најавува заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески. Ристески посочува дека во земјава за првпат се воведува ваков закон и дека опфатени ќе бидат студенти, пензионери, невработени, самовработени лица кои може дополнително да заработат, без да ги загубат ...

Предлог-буџетот за 2026 година, дополнет со усвоените амандмани, денеска е на дневен ред на 73. седница на Собранието. Во текот на амандманската расправа во матичната Комисија за финансирање и буџет, беа прифатени 20-тина амандмани од вкупно поднесените околу 200 амандмани. Предлог-буџетот за 2026 година е еден од стратешките економски документи што се усвојува при крајот на годината, а со кој се трасира патот на економијата во следната ...

Индексот на трошоците на живот во ноември 2025 година во однос на ноември 2024 година бележи зголемување од 4 проценти, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 3 отсто, соопшти Државниот завод за статистика. Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на живот во ноември 2025 година во однос на октомври 2025 е зголемена за 0,5 проценти. Зголемувањето е резултат на порастот на трошоците на животот во групите: Транспорт за 1.7 %, ...

По два дена расправа, Собранието денеска го донесе Буџетот за 2026 година. Поддршка дадоа 71 пратеник, 14 беа против, а воздржани немаше. Буџетот за 2026 година тежи отприлика 6,7 милијарди евра и во него растот на БДП е проектиран на 3,8 проценти, а инфлацијата на 2,5 проценти. Вкупните приходи треба да изнесуваат 374,9 милијарди денари, расходите 414,2 милијарди денари, а буџетски дефицит 39,2 милијарди денари или 3,5 проценти од ...

Милена Таскова од денешниот лет Скопје – Бари е тримилиониот патник на Меѓународниот аеродром Скопје. Раководството на аеродромскиот оператор во присуство на вицепремиерот и министер за транспорт Алекснадар Николоски приреди изненадување за три милионитиот патник, кој доби бесплатни аеродромски услуги од сестринските компани на ТАВ и два бесплатни билета од Виз Ер. – Го достигнавме три милиониот патник во една година, патничка која првпат ...

Хартиените потврди за царински долг кои се потребни за упис и промени на правниот субјект во Централниот регистар стануваат минато. Централниот регистар со само еден клик ги добива овие податоци од Царинската управа електронски во реално време, што за фирмите и граѓаните значи заштеда на време и ресурси. Истовремено на овој начин овозможуваме безбедност, интегритет и точност на обезбедените податоци со што делуваме во насока на сузбивање на ...

Во модерниот дизајн на ентериери, подот не е само функционален елемент — тој е основа што го поставува „тонoт“ на целата просторија. Луксузни материјали како природен камен или скапи мермерни плочки долго време беа синоним за висок стил и елеганција. Но денес, благодарение на напредокот во материјалите и креативните дизајн трендови, постојат поевтини опции кои на подот му даваат софистициран и скап изглед без да го празнат вашиот буџет. ...

Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување МАПАС, и годинава ги одбележа Деновите на финансиска писменост со низа активности насочени кон едукација, подигнување на свеста и приближување на пензискиот систем кон граѓаните, младите и фриленсерите како посебна таргет група. Во рамките на кампањата, МАПАС воспостави партнерства со три коворкинг простори: The Hub by Adeva, T.G.G. Бизнис центар и Konectivity, каде беа ...

Енди Џеси, извршен директор на „Амазон“, верува дека само луѓето кои се подготвени и способни да ги видат најсложените задачи до крај можат да создадат нешто извонредно. Обраќајќи им се на вработените во „Амазон“, тој изјави дека речиси сè што вреди да се направи бара упорност и отпорност, истакнувајќи ги овие две особини како клучни за успех. Препорачано Многу експерти се согласуваат дека овие квалитети се неопходни за надминување на ...

Марк Закерберг со месеци најавува дека се оддалечува од вештачката интелигенција со отворен код, но најновата насока на Meta во вештачката интелигенција дури сега почнува да се обликува. Meta наводно работи на нов модел, познат интерно како „Avocado“, што би можел да означи голема промена од претходниот, open-source пристап кон развојот на вештачката интелигенција. И CNBC и Bloomberg објавија за плановите на Мета за моделот „Avocado“, при ...

Македонија2025 ги објави резултатите од својата работа во 2025 година, при што организацијата постигна рекордни успеси во поддршката на економскиот развој, лидерството и глобалната поврзаност на земјата. Во 2025 година, Македонија2025 имплементирала, преку повеќе од 40 програми и иницијативи со кои се поддржани 168 компании, доделени се 190 стипендии за едукација и усовршување, а 2.573 лидери и таленти биле директно опфатени со програмите за ...

Глобалните берзански индекси се пред рекордни вредности откако стигна потврда дека циклусот на намалување на каматните стапки од страна на Федералните резерви останува во сила. Европскиот Stoxx 600 порасна за 0,5 отсто до нов врв. Индексот за Азија се приближи на помалку од 2 отсто од своето историски највисоко ниво. Фјучерсите на S&P 500 беа малку пониски откако индексот постави нов рекорден резултат на затворањето на претходната ...

Граѓаните што купуваат онлајн веќе одамна не се движат само по една мапа на понуди, туку низ еден вистински лавиринт каде зад привлечно осветлените реклами понекогаш се кријат продавачи без трага, без адреса, без одговорност. И кога ќе стигне пратката, ако стигне, често се гледа дека она што било на фотографијата и она што го држат во раце не е баш… истото. „Сѐ повеќе се јавуваат луѓе што не знаат кому да се пожалат“, предупредува еден ...

Финансиските пазари доживеаја динамични промени по одлуката на Федералната резерва да ги намали каматните стапки. Претседателот Џером Пауел претставе оптимистички поглед на економската состојба, што иницијално предизвика позитивни реакции кај инвеститорите. Меѓутоа, компанијата Oracle Corp. внесе извесна доза на претпазливост со своите objави за значителните трошоци поврзани со развојот на вештачката интелигенција. Азиските пазари се ...

Хартиените потврди за царински долг стануваат минато, откако Царинската управа и Централниот регистар воспоставија целосно електронско поврзување. Од сега, Централниот регистар со еден клик ги добива податоците од Царината, што значи значителна заштеда на време, ресурси и административни трошоци за фирмите и граѓаните. Директорите на двете институции, Бобан Николовски и Анита Стамнова, соопштија дека годишно се издаваа 7 до 9.000 хартиени ...

Добивај вести на Viber Во рамките на културниот настан „Фолклорот низ генерации живее“ во организација на Скопје Cити Mол и на ансамблот на народни игри и песни „Орце Николов“, од 5 до 7 декември се одржа програма што уште еднаш ја потврди моќта на уметноста да поврзува генерации, да ја зачувува традицијата и да ја инспирира иднината. Публиката со воодушевување ги дочека автентичните фолклорни изведби, го прифати ритамот, спонтано собирајќи ...

Извозот на Кина ја доведува земјата во судир со Европа. Францускиот претседател Емануел Макрон трговскиот дисбаланс со Кина го оцени како „неподнослив“, нагласувајќи дека влогот сега е „прашање на живот или смрт за европската индустрија“. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, смета дека односите на Унијата со Кина „достигнале пресвртна точка“. Размерите на дисбалансите со Европската унија станаа јасно видливи пред ...

Руската централна банка соопшти дека почнува правна постапка во Москва против депозитарот „Еуроклир“ (Euroclear) поради замрзнатите државни средства и се закани на Европската унија со глобална одмаздничка кампања за да ги врати стотиците милијарди евра доколку блокот направи каква било употреба на фондовите. Централната банка во петокот објави соопштение дека поднесува тужба до Арбитражниот суд во Москва против „незаконските дејствија“ на ...

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, се обрати на конференцијата „Родовата еднаквост во фокусот на пристапувањето кон ЕУ: Патоказ за Северна Македонија“, одржана во Скопје во организација на Министерството за европски прашања и UN Women. Настанот обедини високи претставници на институциите, експерти и партнерски организации во заедничка цел – интегрирање на родовата еднаквост како централна компонента ...

Кампањата „Заедно за топол дом, љубов и грижа за секое дете“ што Витаминка ја реализираше преку Стоби Флипс, успешно заврши и резултираше со донација од 1.000.000 денари за СОС Детско село. Средствата ќе бидат искористени за Советувалиште за психолошка поддршка и специјална едукација со рехабилитација на СОС Детско село. Благодарение на поддршката од граѓаните за акцијата со која од секој купен Стоби Флипс се издвојуваше дел, со собраните ...

Заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески зеде учество на панел дискусија со наслов „Бизнис и Млади“ која се одржа во рамки на Саемот на бизниси од Пелагонискиот регион „ПЕЛО ФОРУМ 2025“ во Битола. На панел-дискусијата претставници од здруженијата на млади, бизнис секторот, државни и локални институции дискутира за поголемо вклучување на младите во стопанските текови во Пелагонискиот регион, како и предизвиците со кои се ...

Цените на алкохолните пијалаци во Европа драстично варираат, а податоците на Евростат покажуваат дека нордиските земји, Турција и Ирска имаат највисоки цени, дури и до три пати повисоки од просекот на ЕУ. Цените значително варираат, најмногу поради даноците што се користат за намалување на штетните последици од прекумерната консумација на алкохол. Според податоците на Евростат, во просек 1,50 евра од секои 100 евра потрошени од домаќинствата ...

Распродажбата на криптовалути доведе многу компании за рударење биткоини на работ на непрофитабилност, поттикнувајќи ги операторите да го намалат бројот на машини кои трошат многу енергија и го одржуваат блокчејнот во функција, објави Блумберг. Внимателно следената метрика за приходите од рударење, позната како стапка на хеширање, неодамна достигна рекордно ниско ниво, според Hashrate Index. Просечните трошоци за рударење – вклучувајќи ги ...

Добивај вести на Viber На 13 декември 2025 година, со почеток во 20 часот, на сцената на Националната опера и балет ќе биде изведено комичното оперско ремек-дело „Севилскиот бербер“ од Џоакино Росини – опера која со својата духовитост, брза динамика и препознатливи арии со децении ја освојува светската и домашната публика. Изведбата ќе се одржи под диригентство на Маестро Џанлука Мартиненги (Италија), со режија на Урсула Хорнер (Австрија), ...

Добивај вести на Viber Водени од посветеноста кон потребите на клиентите, УНИБанка АД Скопје, во соработка со ПЗУ Клиничка болница „Жан Митрев“ Скопје и ПЗУ „Жан Митрев Дијагностик“ Струмица, ја претставува новата и исклучително поволна можност за финансирање медицински услуги – наменски потрошувачки кредит со 0% камата. Овој внимателно создаден модел на финансиска поддршка има една јасна цел, да им овозможи на пациентите брз и непречен ...

Нашите компании градеа патишта, мостови низ цел свет, а сега тоа не можеме да си го направиме дома. Проблемот е во драстично намалениот капацитет на македонските градежни фирми, кои изгубија огромен дел од човечкиот капитал, во процесот на транзицијата, но и во немањето визија за развој и едукација во насока на инвестирање во модерни технологии на градење и технички процедури, оценува Андреј Лепавцов, претседател на Инженерската институција ...

Јовевски вели дека „дигитализацијата и вештачката интелигеција значат губење на работни места“ и оти скратувањето на работното време е дел од сценариото за превенција од големи отпуштања од работа. Укажува дека работодавачот е тој што го организира работното време и таквите постапкi треба да се спроведуваат постепено и не во сите сектори бидејќи во некои не е изводливо. „Ако ги гледате европските земји, токму заради имплементацијата на ...

Банката на Русија има намера да го оспори секое директно или индиректно користење на замрзнатите средства во странство во сите достапни случаи, вклучително и во меѓународните организации, објави прес-службата на Банката на Русија, коментирајќи ги плановите на Европската комисија за користење на средствата на руската централна банка. „Објавувањето и спроведувањето на прописите објавени на официјалната веб-страница на Европската комисија ќе ...

weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
4.63
81%
1009
weather icon

Белград

1ᴼ / 0ᴼ
8.75
80%
1007
weather icon

Загреб

6ᴼ / 5ᴼ
1.54
89%
1003
weather icon

Софија

0ᴼ / -1ᴼ
5.14
71%
1011
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
2.0
89%
1012
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
0.0
91%
1002
weather icon

Атина

11ᴼ / 9ᴼ
1.34
76%
1011
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
2.57
82%
1008
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
93%
1008
weather icon

Букурешт

0ᴼ / -1ᴼ
2.06
88%
1011
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / 1ᴼ
3.09
82%
1005
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 6ᴼ
4.63
72%
1011
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Родиум

334367.76

Рутениум

45750.51

Калај

48.33

Кобалт

64.04

Паладиум

54688.42

Алуминиум

3.13

Иридиум

213919.04

Сребро

2586.53

Цинк

3.32

Платина

67130.76

Злато

161412.82

Бакар

11.89