Најавените измени со кои максималниот поврат од апликацијата „Мој ДДВ“ би можел да се зголеми од 2.100 на 4.200 денари по тримесечје повторно ја отворија дебатата за тоа колку реално граѓаните можат да добијат назад од платениот данок. Иако износот на поврат зависи од потрошувачката и од структурата на купените производи, едноставна пресметка покажува дека дел од домаќинствата би можеле да добијат значително поголем износ на годишно ниво. ...

Левица пак реагираше на одбивањето од страна на ВМРО – ДПМНЕ за зголемување на повратот на ДДВ преку „Мој ДДВ“. Предлогот предвидуваше максимален поврат од 4.100 денари по лице по тромесечие, двојно повеќе од сегашните 2.100 денари. Повратот за македонските производи требаше да се зголеми од 20% на 40%, а за останатите од 10% на 20%. Левица нагласува дека даночниот систем треба да биде поправеден и да ја штити куповната моќ на граѓаните. ...