Македонскиот пазар е преплавен со евтино увозно млеко. Ако до пред две недели најевтиното млеко можеше да се најде за 60 денари за литар и тоа ако е на акција, сега литар млеко може да се купи и за 45 денари. На дел од нив на пакувањето може да се прочита земја на производител, но на поголем дел стои само ознаката дека е со потекло од ЕУ. За оваа цена има млеко со 3,2 проценти масленост, но има и со помала масленост, но и витаминизирано за ...

Цената на дизелот останува иста, 95-ката поевтинува за 2,5 денари, а 98 за 3 денари по литар. Регулаторната комисија за енергетика ги објави новите цени на горивата. Со оваа промена, бензинот од 95 октани ќе се точи по цена од 84 денари. 98-цата од полноќ ќе се продава по 85,5 денари за литар. Дизелот останува со цена од 95,5 денари за литар. Од овие цени, бензинските станици можат да ги продаваат горивата и до 3 денари по литар поевтино ...

Регулаторната комисија за енергетика одлучи дека од денеска на полноќ цената на бензините (95 и 98 октани) ќе се намали за 2,5 до 3 денари за литар, додека цената на дизел горивото ќе остане иста како и до сега. Со тоа, максималната цена на еден литар Еуросупер 95 ќе биде 84 денари по литар, на Еуросупер 98 – 85,5 денари по литар, на Еуродизел 95,5 денари по литар, а на екстра лесното масло 92,5 денари по литар што е поскапување од половина ...