Во НУ Центар за култура во Битола од денеска е отворена традуционалната државна 38. по ред изложба со детски ликовни творби работени на тема “Народната култура како трајна инспирација во моето творештво“. По отворањето на изложбата беа доделени наградите на најдобрите училишта, ментори и автори – ученици, меѓу кои и од Битола.Валентин Соклевски, како стручен соработник во организацијата на изложбата како најава за оваа 51 по ред изложба рече ...

Легендарната актерка и режисерка Снежана Коневска-Руси е гостинка во „Претрес со Ландов”. Таа говори за состојбите во културата, (не)културата, негувањето и почитувањето на македонскиот јазик. „(Не)културата и културата кај нас се борат. Сè уште нема победник. Некултура најмногу има во политиката”, вели Коневска-Руси. — реклама — Легендарната актерка и режисерка Снежана Коневска-Руси е гостинка во „Претрес со Ландов”. Таа говори за ...

Во Центарот за култура „АСНОМ“ во Гостивар, на 20 мај (среда), ќе се одржи промоција на стихозбирката „Elegy and Beyond“, самостојно издание на авторката Славица Милошевска, која пишува под псевдонимот Cranky Frankie. Станува збор за збирка напишана на англиски јазик, составена од 52 поеми, поделени во две тематски целини: Elegy и Midnight Confessions. „Оваа книга е интимен наратив, што се движи меѓу поезијата и сеќавањата, во кој авторката ...

Софија е 40-годишна професорка по филозофија, која се наоѓа во третото доба. Десет години е во брак со Ксавиер, професор по политички науки. Тие имаат удобен живот и нивната врска е прилично стабилна и покрај нередовниот сексуален живот. Не се жалат, но јасно е дека нешто недостасува во нивната врска. Од друга страна, тие имаат богат и радосен социјален живот помеѓу нивните пријатели и почитуваните родители. Удобниот живот на Софија се ...

Инспириран од вистински настани, „Брич“ е драматичен трилер сместен во ходниците на ФБИ – чуварот на најчувствителните тајни во САД. Mладиот Ерик О’Нил е унапреден од неговата работа за надзор на ниско ниво во седиштето на Федералното истражно биро. Неговиот сон да стане полноправен агент почнува да станува реалност. Уште поимпресивно е што О’Нил е избран да работи за познатиот оперативец Роберт Хансен во рамките на „обезбедување информации“, ...

Во 23-от век, на секои пет илјади години се појавува апсолутно зло што му се заканува на човештвото. Единствената одбрана е мистериозниот „петти елемент“ – совршено суштество во човечка форма по име Лилу, кое паѓа во животот на поранешниот војник и сега таксист Корбен Далас. Додека моќниот индустријалец Жан-Батист Емануел Зорг работи за темните сили, Корбен и Лилу тргнуваат во трка со времето за да ги пронајдат четирите камења што ги ...

Српскиот меѓународно лиценциран НЛП тренер, комуниколог и автор на подкастот „Ментален нудист“, Мартина Ѓокиќ сподели интересна анализа што го прави Јаков Јозиновиќ ваков феномен. „За него знаев само како за феномен кој постои и ништо повеќе. Едно утре добив повик да одам на концерт на Јаков Јозиновиќ. Три часа го набљудував како се однесува, движи, пее и комуницира со публиката. И ова го заклучив за неговиот mindset кој всушност го прави ...

Холивудскиот актер со кубанско потекло Енди Гарсија го претстави својот долгогодишен проект „Дијамант“ на Канскиот филмски фестивал, речиси две децении откако првпат ја добил идејата додека ѝ помагал на својата ќерка со училишна задача да напише кратка ноар-приказна. Филмот се прикажа надвор од официјалната конкуренција. Гарсија е режисер и ја игра главната улога во филмот инспириран од ноар-жанрот. Во филмот играат и Бил Мaреј и Дастин ...

Ова е прв дует на популарен женски бенд и познат кантавтор, а песната ја носи атмосферата на старите градски кафеани, боемските ноќи и емоциите што враќаат спомени уште при првото слушање. Со години, Фрајле се познати по својата енергија, добра забава и специфичен боемски дух, а овој сензибилитет се рефлектира и во песната „Среда“. Тоа е песна со која наздравувате, пеете до доцна во ноќта и евоцирате спомени на големи љубови и пријателства. ...

Велес, 19 мај 2026 (МИА) - Во Локална библиотека „Гоце Делчев“ во Велес денеска беше промовиран романот „Жетва“ од велешкиот автор Емилио Јанковски, негово шесто книжевно дело. За романот говореше рецензентот Виктор Хаџи-Арсов, кој се осврна на тематиката и пораките што ги носи делото. Во разговорот за МИА, Хаџи-Арсов, за Јанковски оцени дека е уметник кој се изразува на свој посебен суптилен и таинствен-мистериозен начин. -Зошто мистериозен? ...

Скопје, 20 мај 2026 (МИА) – Во Културно-информативниот центар во Скопје, во Продажниот ликовен салон, вечер во 19 часот ќе биде отворена самостојната изложба на графики „Од раѓање до живот“ на уметницата Јована Тодоровска. Тодоровска е дипломирана на Факултетот за ликовни уметности при УКИМ во Скопје, на насоката графика во рамки на ликовната педагогија. Досега има реализирано самостојни изложби во Битола, Загреб и Њујорк, како и учество на ...

Годинава се одбележаа многубројни јубилеи на основоположници на современата македонска поезија и на современи автори; публиката слушаше стихови од нашите етаблирани поети, но и од најмладите; ученици од основните и средните училишта од целата земја се натпреваруваа кој поубаво ќе прочита песна, а некои од нив учествуваа во интерактивни програми, пишуваа песни и ги читаа на поетската сцена. Покрај поезијата на Блаже Конески и Анте Поповски, до ...

– Зарина е лик од денешницата што во сижето паралелно се поврзува со ликот на нејзината мајка, со приказна сместена некаде во осумдесеттите години на минатиот век. Двете приказни се поврзани со настани од нивното време, а темата е онаа вечната: љубовта. Но не само љубовта на еден маж и една жена, туку и забранетата љубов, но уште повеќе безусловната љубов, вели Пандева за весникот ВЕЧЕР „Зара Зарина“ е наслов на новиот роман на Лилјана ...

Во Драмски театар Скопје денеска се одржа првата проба за комплексниот предизвик што ќе се реализира согласно Годишната програма за работа на театарот. Станува збор на почнување на процеси на подготовки на диптих од претстави работени по текстовите, „Федра“ на Расин и „Федра“ на Сара Кејн во режија на Дино Мустафиќ, соопштија од Театарот. Преставите се насловени „Федра“ и „Љубовта на Федра“. Главниот лик Федра во двете претстави ги игра ...

Во рамки на програмата на НУ ЦК „Ацо Шопов“ – Штип и со финансиска поддршка на Министерството за култура и туризам, на 23 мај 2026 година (сабота), со почеток во 19:30 часот, во НУ ЦК „Ацо Шопов“ – Штип ќе се одржи IX Интернационален фестивал на камерни хорови „Астибо-Фест“. Фестивалот претставува значајна меѓународна културна манифестација која придонесува за афирмација на хорската уметност, развој на културната соработка и промоција на ...

Во современата архитектура и градежна наука, поимот „болна зграда“ (Sick Building Syndrome) не се однесува на визуелен или стилски недостаток, туку на состојба во која внатрешната средина на објектот негативно влијае врз здравјето и благосостојбата на корисниците. Симптомите најчесто вклучуваат главоболки, замор, иритација на очите, проблеми со дишењето и општа нелагодност, кои исчезнуваат кога лицето ќе ја напушти зградата. Овој феномен е ...

На 29 мај (петок), во Камерната сала на Филхармонија со почеток во 19 часот, ќе се одржи музичко-поетската италијанска вечер насловена „Поетиката на музиката и музикалноста на поезијата: големата италијанска традиција“. Концертот е дел од годинешното издание на „Скопски Брас Фестивал“. Како солист на труба ќе настапи еден од најреномираните италијански трубачи, Марко Пиеробон, придружуван од ИД Камерниот оркестар под диригентската палка на ...

Со гала концерт под наслов „Љубов“ на 12 јули на Античкиот театар во Охрид свечено ќе биде отворено 66. издание на фестивалот „Охридско лето“. Под диригентската палка на Марко Боеми од Италија, а во придружба на оркестарот на Националната опера на РС Македонија на отворањето на фестивалот ќе настапат големата оперска дива Ермонела Јахо, сопран од Албанија, и светски реномираниот тенор Чарлс Кастроново од Соединетите Американски Држави. Веќе ...

Овогодинешната селекција носи два авторски филма кои преку различни естетски и наративни пристапи ги отвораат прашањата за современото разбирање на семејството, телото, идентитетот, заедништвото и припадноста. Во нивниот фокус е интимното искуство, кое не останува затворено во приватното, туку се трансформира во поширок, универзален општествен коментар што зборува за начинот на кој живееме во растргнат свет и ги наоѓаме и градиме нашите ...

На лична покана на амбасадорот на Република Кипар во Софија, Н.Е. Хараламбос Кафкаридес (Haralambos Kafkarides), проф. д-р Зоран Пејковски, директор на Македонскиот културно-информативен центар во Софија и дипломатски советник, присуствуваше на свечениот настан организиран по повод Претседателството на Република Кипар со Советот на Европската Унија во 2026 година. Настанот се одржа во свечена и пријателска атмосфера, во присуство на бројни ...

На 27 и 28 мај (среда и четврток), со почеток од 20 часот, на големата сцена на Театар Комедија ќе се одиграат претпремиерата и премиерата на претставата „Избраниот“ по текст на Ева Камчевска, а во режија на Јане Спасиќ. Во претставата играат актерите: Тони Денковски, Жаклина Петровска, Виктор Арсов, Сергеј Димоски, Елена Кузманов и Ангела Лефкова. „Избраниот“ е апсурдна комедија за тричлено семејство кое живее во една рудиментарна средина и ...

Општина Чаир го претставува „Културно лето на Чаир 2026“, едномесечна програма со културни, уметнички, спортски и забавни активности за сите генерации. Од 1 до 30 јуни, Чаршијата и повеќе локации на територијата на општината ќе се претворат во центри на културата, традицијата, музиката и креативноста, преку низа активности кои имаат за цел збогатување на јавниот живот и промоција на културните вредности. „Културно лето на Чаир 2026“ ...

Битолскиот оркестар „Дива“ утре, на 21 мај ќе одржи концерт со почеток во 20 часот во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп. Во големата сала од Центарот публиката ќе има можност да ги проследи најдобрите музички поп и рок хитови MTV hits – vol.2, во изведба на солистите Наде Талевска, Полина Тасева, Бојан Стојков, Александра Трајческа, Јасна Димитровска и Огнен Димовски. Публиката ќе биде дел од вечерта полна со емоции, ритам и ...

Во време кога грижата за природата станува неопходност, а не избор, „Сакам книги“ поставува нов стандард во домашната издавачка индустрија, организирајќи настан за садење дрвја како дел од својата поширока општествено одговорна мисија. Настанот ќе се одржи во понеделник, 6 април, со почеток од 11 часот во мега паркот во Карпош, Скопје, во соработка со Град Скопје и ЈП Паркови и зеленило, при што издавачката куќа донира садници за пошумување и ...

Познатиот актер Иван Босиљчиќ ја претстави својата прва книга насловена „Naše priče“. Иако сме навикнати да го гледаме на големото платно, во серии и на концертни сцени, Босиљчиќ сега се претставува пред публиката во сосема нова, но блиска за него улога – како писател. Книгата неодамна беше претставена на фестивалот „Град Чита“ во Белград, а авторот откри дека пишува уште од средношколските денови. „Малкумина знаат, всушност моите најблиски ...

Во современата архитектонска практика, поимот „луксузна зграда“ одамна престана да биде еднозначен синоним за големина, скапи материјали или визуелна раскошност. Денес, луксузот во архитектурата се поместува од сферата на „претставување на богатство“ кон сферата на искуство, квалитет на живеење и прецизност на дизајнот. Како што истакнуваат современи архитектонски теоретичари, вистинскиот луксуз не е во вишокот, туку во намерноста на секој ...

Пет први места и апсолутна доминација – младите ја враќаат вербата во македонскиот мелос Во време кога сè почесто се поставува прашањето дали младите ја негуваат македонската музичка традиција, хорот на ООУ „Кузман Јосифовски – Питу“ од Скопје даде силен и гласен одговор – македонската песна живее, и тоа на големите светски сцени. На престижниот меѓународен хорски фестивал во Јесоло, Италија, учениците под диригентската палка на маестро Вера ...

На 26. мај 2026 година, во 19:19 часот, во Културно информативниот центар – Скопје, Салон 19:19, ќе биде промовирана книгата „Раскажани стихови: историја на една љубов“ од Марина Димитриева- Ѓорѓиевска во издание на издавачката куќа „Македоника литера“. Книгата ќе ја промовираат Нове Цветановски и Ранко Младеноски, стихови ќе чита Ева Стојчевска Книгата содржи суптилна и издржана лирика во која главни теми се љубовта и човечките доблести и ...

Вечерва, на 20 мај во 20 часот во Младинскиот културен центар (МКЦ) Скопје во соработка со Град Скопје се отвора изложбата со наслов „Професори + студенти“. Во проектот односно изложбата учестуваат факултети од областа на визуелните уметности и дизајнот каде што студентите заедно со нивните ментори ќе ги изложат своите дела во галеријата на МКЦ. Според пропозициите, секој професор учествува со по едно дело, најмногу со двајца студенти. ...

По повод 24 Мај, Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј, и во рамките на одбележувањето на 35 години од основањето на „Матица македонска“, првата издавачка куќа во самостојна Македонија почнува големата акција „Мисли на македонски, читај домашно“. Акцијата ќе трае од денес до 27 мај, во книжарниците на „Матица македонска“ и преку веб-страницата www.matica.com.mk, а во нејзините рамки, меѓу другото, читателите ќе можат да ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
86%
1029
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
0.51
93%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
0.51
65%
1028
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.03
100%
1030
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
3.06
93%
1031
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
1.03
87%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.68
65%
1028
weather icon

Тирана

12ᴼ / 8ᴼ
1.54
69%
1025
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
1.54
81%
1026
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
3.09
62%
1032
weather icon

Будимпешта

1ᴼ / -1ᴼ
0.51
86%
1030
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
3.09
90%
1029
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Платина

49319.25

Злато

130856.75

Рутениум

61086.42

Паладиум

32279.35

Калај

46.54

Родиум

295786.87

Кобалт

33.53

Иридиум

315077.32

Алуминиум

3.07

Цинк

3.76

Сребро

1670.34

Бакар

12.58