Во Центарот за култура „АСНОМ“ во Гостивар, на 20 мај (среда), ќе се одржи промоција на стихозбирката „Elegy and Beyond“, самостојно издание на авторката Славица Милошевска, која пишува под псевдонимот Cranky Frankie. Станува збор за збирка напишана на англиски јазик, составена од 52 поеми, поделени во две тематски целини: Elegy и Midnight Confessions. „Оваа книга е интимен наратив, што се движи меѓу поезијата и сеќавањата, во кој авторката ...
Вечерва во Центарот за култура „АСНОМ“ во Гостивар беше промовирана првата збирка поезија на Славица Милошевска, која пред читателите се претставува под псевдонимот Cranky Frankie. Збирката, насловена „Elegy and Beyond“, е напишана на англиски јазик и претставува интимно, но и длабоко универзално патување низ тагата, љубовта, загубата и емоционалната трансформација. Книгата е поделена на два тематски дела. Првиот, Elegy, претставува, како што ...

