Во Музејот на современата уметност во Скопје утре на пладне ќе се одржи настанот „МСУ водич и матине“ со кустосот Бојана Јанева, која ќе ја прошета публиката низ интернационалната изложба „Истокот е сè уште можен“. Координатор на настанот е Анжелика Апсис, а музичкиот избор е на Нино Наумов. Изложбата е продолжение на соработката меѓу МСУ – Скопје и МГ+МСУМ, Љубљана, што започна со заедничката изложба „Ткаење светови: Колекции во разговор“, ...

Групата „Љубојна“ ќе одржи концерт на 29 март во Филхармонијата, со кој ќе прослави 25 години кариера, објави продукцијата „Пасворд“. „Еден од водечките музички брендови на Македонија својата музика ја свири страсно, со енергија на рок бенд и тоа во сите нејзини форми: изворна, класична, популарна и експериментална. Ја соопштува преку фантастичната вокална експресија на Вера Милошевска, која заедно со контрабасистот, композитор и продуцент ...

Поетското творештво на поетесата Сузана Сојтари Авдовиќ ќе биде промовирно денеска во 15 часот во Медијатеката на библиотеката „Гоце Делчев“ во Велес. Сузана Сојтари Авдовиќ е истакната горанска поетеса, чии зборови одекнуваат низ планините, долините и шумите. Таа е еден од столбовите-чувари на горанското културно богатство, која го чува наследството на генерациите и им овозможува да ја истражуваат минатото, да ја разберат сегашноста и да ја ...

Пишува: Звонко Димоски Новата продукција „Евгениј Онегин“ на Париската национална опера, изведувана во величенствената Палата Гарниер, се појавува како еден од најзначајните европски оперски настани на сезоната. Не само поради статусот на делото во светскиот репертоар, туку и поради режисерското деби на британскиот актер Ралф Фајнс. Во време кога оперската режија често се движи меѓу радикални концепти и визуелна преекспонираност, ова читање ...

Милан Завков е роден во Скопје на 1 јули 1962 година. Хармоника започнал да свири кога имал 8 години. Првиот обид го имал на 14 години, кога бил дел од оркестарот на Ѓорѓи Димчевски во ансамблот „Млад Танец“. Во раните години, Завков свирел во КУД „Мирче Ацев“. Во времето кога се запишал на студии, немало отсек за хармоника. Така, тој дипломирал на музичката академија во Скопје, а главен инструмент му бил контрабас. Со октетот „Македонија“ ја ...

Филмот е реализиран како копродукција меѓу Германија, Косово, Македонија, Словенија, Албанија и Белгија. Македонски копродуцент е Марија Димитрова со „Лист продукција“ од Скопје, а со поддршка од Агенцијата за филм на Република Македонија. „Срам и пари“ беше дел од натпреварувачката категорија “World Cinema Dramatic Competition” на фестивалот, кој оваа година за последен пат се одржува во Парк Сити (Јута, САД) од 22 до 31 јанаури 2026 година, ...

Виолета Шапковска е родена на 6 февруари 1952 година. Таа е македонска театарска, филмска и телевизиска глумица. Како веќе искусен глумец, таа се вработила во Драмски театар – Скопје во 1981 година, и работела се до нејзиното пензионирање во 2020 година. Театрографија: Пелиново од Жарко Команин, р. Љубиша Георгиевски, Македонски народен театар 1974; Кандила и родан од Бранко Ставрев, р. Бранко Ставрев, Македонски народен театар 1974; Чук, чук ...

Еден ден инбоксот ми светна со порака од „новите клинци“. Си реков, еј супер, уште една алка за нашиот голем проект „Графити времеплов: 30 години македонска улична уметност“. Се потпишуваат како FRTT (баш добро оди со нашиот графити магазин ГРРФТ!), нова екипа од Гевгелија формирана летото 2025 година. Главните виновници се CVDR и RISK OA. Млади дечки кои сакаат да рапуваат и цртаат. Имаат енергија, имаат желба. Но, пораката имаше и втор дел. ...

Во срцето на рурална Македонија, земјоделецот Никола, притиснат од новите државни политики, случајно наоѓа ранет бел штрк на депонија и решава да му помогне. Нивниот кревок, полека граден однос со доверба се претвора во спасоносна врска која му враќа смисла на Никола, ги обновува врските со заедницата и ги буди старите преданија и односот кон природата. Четврток, 5 февруари18:0020:00 Оригинален јазик Александар Цонев, Александра Цонева, ...

Има времиња кога тишината не е мир, туку наметната неправда. Кога зборот се оспорува, името се негира, а чувството се обидува да се избрише. Во такви времиња, македонската песна не молчи – таа се издигнува. Таа станува глас, сведоштво и татковина. Зашто македонството не е изговорен збор, туку длабоко вкоренета вистина што живее во срцето на народот. Со чест и со непоколеблива одговорност кон татковината, уште еднаш покажавме дека македонските ...

Како резултат на соработката меѓу Македонскиот културно-информативен центар во Софија и Новиот бугарски универзитет, на 5 февруари 2026 година (четврток), со почеток во 18.30 часот, ќе биде отворена изложбата „Кинетички арт-театар“ од Петко Јакимов. На изложбата Петко Јакимов ги претставува своите графички студии како идејни решенија за кинетички скулптури, дел од истоимениот проект „Кинетички арт-театар“. Делата се создадени со спој на ...

Културниот календар се исполнува со настани што носат вредност, длабочина и значење. Моцартовиот „Дон Џовани“ нуди токму таква вечер. Опера што со векови ја задржува својата сила затоа што зборува за универзалните човечки прашања, преку музика што е бескомпромисна во својата убавина и драматургија што никого не остава рамнодушен. Би сакале да ве поканиме да бидете дел од ова искуство, на 7 февруари 2026, во салонот на Македонската опера и ...

Шестото издание на „Денови на литературата“ ќе се одржи од 5 до 22 февруари во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на www.literatura.mk. Во рамките на продажната акција ќе бидат понудени попусти на книги и повеќе од 30 настани: промоции на нови наслови, работилници за деца, како и дружби со маскотите Исидора Мун, Биби и Боби и Стела и Сани. Продажната акција „Денови на литературата“ ќе се одвива во сите книжарници на „Литература.мк“. ...

На 19 февруари, на сцената со Националниот џез оркестар ќе настапи Ренато Кико, пијанист и органист чиј музички израз се обликувал на њујоршката џез-сцена во 1990-тите години. Во тој период, како член на оркестарот на 𝐿𝑖𝑜𝑛𝑒𝑙 𝐻𝑎𝑚𝑝𝑡𝑜𝑛 и музички директор на 𝐽𝑜𝑛 𝐻𝑒𝑛𝑑𝑟𝑖𝑐𝑘𝑠 & 𝐶𝑜𝑚𝑝𝑎𝑛𝑦, Кико делувал во самото јадро на американската биг-бенд традиција, настапувајќи и во култни џез-клубови како 𝐵𝑙𝑢𝑒 𝑁𝑜𝑡𝑒 и ...

В сабота (7 февруари 2026), во 12 часот, Музејот на современа уметност (МСУ) Скоје организира „МСУ Водич и Матине“ со кустосот Бојана Јанева која ќе ги прошета посетителите низ интернационалната изложба „Истокот е сè уште можен“. Координатор на настанот е Анжелика Апсис, а музичкиот избор е на Нино Наумов. Влезницата чини 150ден. Изложбата „Истокот е сè уште можен“ е продолжение на соработката меѓу МСУ – Скопје и МГ+МСУМ, Љубљана што започна ...

Центарот за култура – Битола и Сефедин Бајрамов денеска официјално го најавија и споделија детали за престојниот концерт на Бајрамов закажан за 12 февруари. Концертот ќе се одржи во пресрет на празникот на виното и љубовта во големата сала на Центар за култура – Битола. „Прстен за неа“ не е само еден обичен концерт, тоа ќе биде музичка приказна наменета за љубовта, емоциите, ветувањата и некои други слатки приказни. Салата е веќе половина ...

Оваа сабота (7 февруари), во рамките на фестивалот „Денови на литературата“ на „Арс Ламина“, во книжарницата на „Литература“ во „Дајмонд мол“ со почеток во 18:00 часот, ќе се одржи промоција на книгата „Златната книга на Лудви“ од Тина Иванова. Илустрациите се дело на Рената Јосифовска. Книгата е инспирирана од животот и творештвото на големиот композитор Лудвиг ван Бетовен и е првата од петте книги за деца во серијалот „Музичка кутија“, ...

Монодрамата „Последниот час на Његош“, со актерот Слободан Маруновиќ, првенец на Црногорското народно позориште ќе гостува на сцената во Македонскиот народен театар, на 28 февруари, во 20 часот. По текст на Слободан Томовиќ и во режија на Благоја Ераковиќ, монодрамата во која ликот на Петар II Петровиќ Његош, маестрално ја игра Маруновиќ, досега е изведена повеќе од 1.500 пати на театарските сцени низ светот. Ги има добиено најголемите ...

Датумот е 25 август 1989 година. Весникот е „Вечер“. Насловот: „Графитите меѓу нас“. Во рубриката „Бележиме“, новинарот Б. Ѓорѓевски прави нешто нетипично за тогашниот (често крут) медиумски простор. Наместо да ги осуди „вандалите“ и да повика милиција, тој нуди естетика на грдото. „За нив, сепак, не би можело да се каже дека се грдост на градот,“ пишува тој, поентирајќи дека „неговиот изглед, сигурно, многу повеќе го наградуваат мрачните ...

Првиот LIVEUROPE концерт за 2026 година ќе се одржи на 20 февруари во Младинскиот културен центар (МКЦ) – Скопје. На истата бина ќе настапат три регионални бендови од новата алтернативна сцена: IDEM од Хрватска, Убиј Дедо! од Македонија и Izleti од Србија. Главна ѕвезда на вечерта е IDEM од Загреб – соло-проектот на Антун Алекса (Porto Morto, JeboTon Ensambl, Trophy Jump), кој овојпат ќе настапи со комплетен бенд. Со двата албума „poyy“ и ...

На 21 февруари, во 20 часот, во Македонскиот народен театар ќе гостува претставата „Црнила“, во продукција на Народниот театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп, во режија на Дејан Пројковски. „Црнила“ е психолошко-политичка драма, која ја разоткрива кревкоста на човековата етика во затворен систем на заговори и идеолошка дисциплина. Во фокусот е ерозијата на индивидуалната совест под притисок на колективниот мит. Наместо херојство, пред ...

Во рамки на проектот за санација на кровната купола, олуците и партерот на Театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес во тек се градежни работи кои опфаќаат демонтажа и замена на дотраени олуци, изведба на нова хидроизолација на куполата, како и санација на вертикалната хидроизолација во партерниот дел. Работите вклучуваат и привремени интервенции на тротоарските површини, по што просторот ќе биде вратен во првобитна состојба, ...

По повод роденденот на Гоце Делчев, НУУБ „Св. Климент Охридски“-Битола постави изложба посветена на неговиот живот, делото и идејата што ја остави како аманет. -Делчев не беше само борец за слобода, туку и визионер кој веруваше во единството и достоинството на народот. На изложбата претставени се фотографии, извадоци од периодични списанија и податоци што ја доловуваат неговата борба и идеалите за праведно општество, напишаа вработените од ...

Осум млади домашни бендови ќе го покажат својот талент на фестивалот „Ре:старт“, што ќе се одржи на 6 и 7 февруари во „Лабораториум“ во Скопје. Под мотото „од млади за млади“, фестивалот го организира колективот „Гола планина“, кој во изминатите години се наметна како еден од главните промотори на новата македонска музика. Првиот ден настапуваат „Член 16“, „Малард“, „Корка“ (фото) и „Големата вода“, а следниот ден ќе можат да се слушнат ...

Народен театар – Битола е во процес на проби за новата претстава за деца „Авантурите на Пинокио“ по познатото дело на Карло Колоди. Режијата е на Деан Дамјановски а играат: Никола Стефанов, Валентина Грамосли, Марјан Георгиевски, Јулијана Мирчевска, Маја Андоновска – Илијиевски, Катерина Аневска – Дранговска и Александар Димитровски. Премиерата е закажана за 28 февруари на големата сцена на Народен театар – Битола со почеток во 18 часот. ...

Лауреатот на наградата „Григор Прличев“ за најдобра поема за 2025 година, Братислав Ташковски, напиша слово за Прличев: „Единствениот!, Слово за Прличев, Слово за бесмртниот и првовенчант македонски поет на своето време“. Единствениот! Слово за Прличев, Слово за единствениот, бесмртниот и првовенчан македонски поет на своето време Ако денес бараме компарација со неговото име во нашата тогашна поезија, можеме да кажеме дека тој не се издвојува ...

На „Меѓународниот натпревар за млада музика“ во Атланта, САД, Виолета Арсовска постигна исклучителен успех, освојувајќи го златниот медал и титулата апсолутен победник во својата категорија. – Особено сум среќна што го освоив златниот медал со мојата последна изведба на „Марика мома убава“ од Томислав Зографски – изјави Арсовска. Нејзиниот настап беше придружуван од пијаното на Трајче Роглев. На 13. „Меѓународен московски музички натпревар“, ...

„Кина низ културата: Прекрасниот Сичуан” е насловот на спектаклот со кој вечерва и утревечер во 20 часот на сцената на Македонскиот народен театар во Скопје ќе биде одбележана кинеската Нова година. Проектот синоќа беше изведен во Битола, а во Охрид се одржа поп-ап презентација. Настанот е во организација на Амбасадата на Народна Република Кина, со цел промоција на богатото културно наследство и зајакнување на културната соработка меѓу двете ...

Модата отсекогаш била повеќе од облека. Таа е јазик, перформанс и уметнички израз. Преку неа, индивидуалноста и креативноста можат да блеснат — но исто така, токму преку модата, телото на жената честопати станува арена за експлоатација, сексуализација и комерцијализација. Во последните децении, особено со глобализацијата и социјалните мрежи, линијата меѓу уметноста и маркетингот станува сè повеќе размазана. Дизајнерите и модните куќи ...

Берлин – Памела Андерсон, Ченинг Тејтум и Сандра Хилер пристигнуваат на годинешниот Берлински меѓународен филмски фестивал, објавија организаторите во вторник, неколку дена пред почетокот на Берлинале. Шон Бејкер, кој го освои „Оскарот“ во 2025 година за филмот „Анора“, ќе го одржи говорот наместо почесната добитничка на Златна мечка Мишел Јео („Сè насекаде одеднаш“). Жулиет Бинош, Изабел Ипер и Калум Тарнер, кој глуми со Андерсон во „Кршење ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
3.6
33%
1005
weather icon

Белград

21ᴼ / 18ᴼ
4.02
53%
1002
weather icon

Загреб

14ᴼ / 14ᴼ
3.09
82%
1001
weather icon

Софија

19ᴼ / 18ᴼ
1.54
46%
1006
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
1.82
59%
1005
weather icon

Љубљана

10ᴼ / 10ᴼ
2.06
96%
1001
weather icon

Атина

24ᴼ / 21ᴼ
3.58
52%
1008
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
4.12
33%
1007
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
3.6
52%
1007
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 22ᴼ
2.57
34%
1005
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 14ᴼ
7.72
66%
1002
weather icon

Истанбул

20ᴼ / 18ᴼ
1.54
34%
1008
Currency

61.6417

Currency

52.9053

Currency

70.7501

Currency

38.0585

Currency

38.4874

Currency

67.3773

Currency

7.79601

Currency

0.72213

Currency

0.33373

Currency

0.52486

Currency

1.16149

Currency

0.55145

Иридиум

253540.09

Рутениум

51376.89

Платина

64237.19

Кобалт

45.39

Цинк

0.00

Родиум

320703.70

Калај

59.08

Сребро

2542.61

Алуминиум

3.61

Злато

146959.62

Паладиум

45332.55

Бакар

12.80