Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
На денешен ден почина Вера Кличкова, (Скопје, 24.4.1911 – Скопје, 25.05.1998) македонски етнолог, музеолог и фолклорист. Во 1934 година дипломира на Филозофскиот факултет во Скопје по предметите: етнологија, антропогеографија, географија, а 1947 година во Загреб завршува специјален музеолошки курс. Работниот век го минува во музејско-конзерваторската струка како: асистент, кустос, виш кустос и директор на Етнолошкиот музеј – Скопје (денес ...
Поетесата Лидија Размоска Тримовска од Скопје ја освои највисоката награда Гран-при на 12-то издание на Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри“ што се одржува во Гостивар. Нејзе и на уште неколку учесници им беа врачени признанијата на пригодна свеченост во Центарот за култура „АСНОМ“. Жири комисијата на овогодишното издание, во состав: Бранко Цветкоски, Габриела Петроска и Гордана Страшевска, за најдобар странски автор го прогласи ...
Рачно изработен кавал е еден од подароците што му беше врачен на Папата Лав XIV од македонската државно – цркона делегација која на 22 мај го посети Ватикан по повод традиционалната манифестација „Во чест на Свети Кирил“. Изработувач на кавалот е Бобан Анакиев, дваесет и петгодишно момче од Кочани, кое во 2022 година ја доби главната награда во Долнени – „Гајдата на Пеце“, на Фестивалот посветен на Пеце Атанасовски. -Со мене стапија во ...
Овогодинешното издание на реномираниот музички фестивал ОФФест носи вистинско освежување за љубителите на светската музика со настапот на инструменталното трио „Guitari Baro“. Концертот на овој извонреден состав ќе се одржи на 3 јуни во Националната опера и балет, со почеток во 20:00 часот. „Guitari Baro“, што во превод значи „Гитарски разговори“, е уникатен ансамбл кој ги обединува врвните гриот музичари од Гвинеја и Мали. Срцето на овој ...
Фолк Фест Валандово 2026 денес ги објави официјалните рефрени од сите 20 нови композиции што ќе бидат изведени на годинашната натпреварувачка вечер, закажана за 27 мај во салата „Јанко Узунов“ во Валандово. Со оваа објава, публиката добива прва можност да слушне дел од новите песни што годинава ќе прозвучат на валандовската сцена, во изведба на познати музички имиња, млади вокали и гости од регионот. На натпреварувачката вечер ќе бидат ...
Мостот Пон Неф на реката Сена доби нов изглед, 40 години откако уметникот Кристо за првпат го обвитка со ткаенина најстариот мост во Париз. Францускиот фотограф и уметник Џеј-Ар создаде спектакуларно дело насловено „Пештерата на Пон Неф“ (La Caverne du Pont Neuf) , кое го претвора мостот во пештера низ која посетителите можат да поминуваат. Инсталацијата е долга 120 метри, широка 20 метри и достигнува максимална височина од 18 метри. За ...
Алекса Балашевиќ, син на легендарниот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ во Босна и Херцеговина ќе го снима филмот „Неверник“ инспириран од истоимената песна на неговиот татко. Дејствието се одвива во 1993 година, екот на крвавата војна. Младиот Балашевиќ е продуцент заедно со Алеш Павлин, а ќе го режира Словенецот Марко Набершник. „Инспириран е од стих од песната на мојот татко „Неверник“, без разлика колку филмот ќе наликува на реална ситуација до ...
Централен музички настан на почетокот на јуни во Скопје веќе 25 години е ОФФест, фестивалот на „музиката на светот“, или по ново, како што ни објасни Оливер Белопета, „глобалната музика“, која ќе биде презентирана со учесници од 12 земји. Јубилејно 25. издание на ОФФест ќе се одржи од 3 до 6 јуни во Скопје. Првите три фестивалски вечери ќе се одржат во Националната опера и балет, а последната во Младинскиот културен центар. Следејќи ја ...
Младата пејачка Теа Трајковска во Црна Гора доби признание за позитивно медиумско влијание во Македонија. Наградата ѝ беше врачена во рамки на манифестацијата „Бизнис бит конференс 2026“, во организација на УМПЦГ. Посебен момент на вечерта беше нејзината изведба на „Македонско девојче“, со која, како што велат од тимот на пејачката, добила голем аплауз. Таа неодамна во дует со Христијан Тасковски-Таско го објави синглот „Луда“. „’Луда’ е ...
Во галерискиот простор на Македонскиот КИЦ во Софија е поставена самостојната изложба „Дамки“ на македонскиот уметник Перо Кованцалиев, автор кој преку својот препознатлив визуелен јазик и експериментален пристап создава дела со длабока филозофска, општествена и еколошка димензија, што остава силен впечаток со својата концептуална зрелост и автентична визуелна енергија. На отворањето на изложбата се обрати директорот на Македонскиот ...
Долгоочекуваната адаптација на Кристофер Нолан на „Одисеја“ од Хомер, објавена од „Universal Pictures“ на 17 јули, имаше голем предизвик пред себе. Да се опише „Одисеја“ како „култно“ литературно дело, секако, би било точно – но тоа нема да ја долови големината на она што се смета за едно од најважните дела во човечката историја. Донесувањето на таа големина на големото платно би барало… па, хомеровски напор. И така, Нолан ги повлекол сите ...
Со концерт на камерниот ансамбл „Консонанс“ ќе заврши годинашното чествување на св. Кирил во Рим, во рамки на одбележувањето на Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј. Концертот, кој вечер ќе се одржи во салата „Хорти салустијани“, го организира Министерството за култура и туризам. Ќе се обрати министерот Зоран Љутков, кој вчера изјави дека настапот на ансамблот е можност македонската култура достоинствено да биде претставена ...
Во духот на 24 Мај – Денот на сесловенските просветители, делото на Светите браќа Свети Кирил и Свети Методиј останува едно од највеличествените цивилизациски наследства во македонската, словенската и европската историја. Нивната мисија, родена во деветтиот век, не била само духовна и христијанска, туку и длабоко просветителска, културолошка и човечка. Таа претставувала пресвртница што засекогаш го променила духовниот и културниот развој на ...
Деновиве излезе од печат новиот број на алтернативното истанбулско списание „Enternasyonal“ во кое по покана со свои текстови е застапен македонскиот писател Александар Прокопиев. Тој со своја проза од дневнични фрагменти преведени на турски учествува, заедно со уште неколку балкански автори, во блокот инспириран од дневниците на големиот италијански писател Чезаре Павезе. Прозата на Прокопиев неретко се објавува во Турција, неговата ...
Скулптурата „Перо“ од вајарот Андреј Митевски станата дел од колекцијата на папата Лав Четиринаесетти. Скулптурата заедно со кавал изработен од Бобан Анакиев, завчера му ја врачи претседателот на македонското Собрание, Африм Гаши, на традиционална аудиенција по повод чествувањето на 24 Мај, Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј. На државниот секретар Пјетро Паролин му беше врачен мозаик со мотив на паун кој се наоѓа на мозаиците ...
Филмот „Фјорд“ од романскиот режисер Кристијан Мунѓу ја освои Златната палма вечерва на 79-от Меѓународен филмски фестивал во Кан, објавија француските медиуми. Мунѓу ја доби својата прва Златна палма во 2007 година за филмот „4 месеци, 3 недели и 2 дена“. Гран при наградата ја освои продукцијата „Минотаур“ од рускиот режисер во егзил Андреј Звјагинцев, додека наградата на жирито ја доби филмот; „Сонуваната авантура“ во режија на Валеско ...
„Фјорд“ на романскиот автор Кристијан Мунџиу, со Ренате Ренсве и Себастијан Стан како романски религиозни родители кои се преселуваат во мало норвешко село и се обвинети за злоупотреба на деца, ја освои Златната палма на 79. Кански филмски фестивал. Ова е деби на англиски јазик на Мунџиу, кој со победата се приклучува на елитниот клуб на двократни кански лауерати, по неговата победа во 2007 со „4 месеци, 3 недели и 2 дена“, жестока приказна ...
Еден од најзначајните музички настани годинава ќе се одржи на 10 март во концертната сала на Македонската филхармонија, со почеток во 20 часот. Поводот е голем – 60 години музичка кариера на Тихомир Поп Асановиќ. По шест децении исполнети со креативност и автентичен звук, Поп Асановиќ се враќа во Скопје – градот каде што започна неговата музичка приказна и каде што остави длабока трага во историјата на рок сцената. Познат како мајстор на ...
Дубиоза Колектив ја објави новата песна „YEBIGA“, а промоцијата доаѓа со прес текст напишан – од вештачка интелигенција. Во свој препознатлив стил, бендот иронично ја отвора темата за алгоритмите, технолошкиот хајп и стравовите што ги носи новата AI ера. Во текстот „авторот“ – односно самата вештачка интелигенција – шеговито признава дека песната сепак не е нејзино дело, туку е напишана од луѓе. Според таа иронија, доколку ја создавал ...
Од 21 март во „Аудиокултура“ во Скопје започнува новиот циклус џез концерти „Џезотериа“, во организација на продуцентската куќа „Трето уво“. Отворањето му припаѓа на пијанистот Гордан Спасовски, кој ќе настапи на првата концертна вечер. Програмата продолжува на 28 март со пијанистката Дуња Иванова, на 4 април со гитаристот Тони Китановски, а на 18 април ќе настапи гитаристот Георги Шарески. На 25 април сцената ќе ја преземе Оливер Јосифовски ...
На 14 март (сабота) во 12 часот, Македонската филхармонија ќе го одржи симфонискиот концерт за деца „Магичната флејта на Вулфи“. Авторка на приказната и нараторка на концертот е Тина Иванова, а на сцената ќе настапи и актерот Мартин Јордановски, миленик на најмладата публика. Диригент е маестро Иван Еминовиќ, а оркестарот ќе изведе избрани дела од богатиот опус на Волфганг Амадеус Моцарт. „Магичната флејта на Вулфи“ е детска книга инспирирана ...
Бендот Conquering Lion ќе го промовира својот шести студиски албум „One World“ со жив концерт во клубот Public Room во Скопје, на 21 март (сабота), со почеток во 21 часот. Влезниците се во претпродажба по цена од 500 денари и се достапни онлајн преку Tix.mk. Conquering Lion е даб/реге/кросовер бенд од Тетово, основан на 7 април 2007 година. Нивниот деби-албум „I“ беше објавен во 2009 година преку PMG Recordings и содржеше 10 песни, меѓу кои и ...
Во пресрет на првата годишнина од трагичниот пожар во дискотеката во Кочани, Мето Ди Флеш и Ана Петановска ја објавија песната и видеоспотот „Ангелски здив“, посветени на прерано згаснатите животи во несреќата што ја потресе целата држава. Музиката, текстот и аранжманот ги потпишува Методи Поповски, кој вели дека песната ја создал „во еден здив“, воден од искрени чувства и длабока почит кон младите луѓе кои трагично го загубија животот. ...
Гитарскиот виртуоз Влатко Стефановски го сними својот најнов албум „Мускулна меморија“ (Muscle Memory), кој од 20 март ќе биде достапен како компакт-диск и во дигитално издание. На албумот се најавени девет нови композиции што го опфаќаат препознатливиот стил на Стефановски – со комбинација од прогресивен рок и фјужн, богати со гитарска виртуозност и емотивен израз. На „Мускулна меморија“ се застапени четири инструментални композиции и пет ...
Балетот „Оревокршачка“, со поддршка на Видеолотарија Касинос Австрија, ќе се изведе вечерва од 19:30 часот на сцената на Националната опера и балет во Скопје. Станува збор за едно од најпознатите дела од класичниот балет, кое редовно привлекува публика од сите генерации. Во изведбата учествуваат балетскиот ансамбл и оркестарот на НОБ, а претставата носи богата сценографија, музика и кореографија што ја прават препознатлива за сите генерации. ...
„Мизар“ со ексклузивен акустичен концерт во Филхармонија ќе настапи утревечер во Скопје, носејќи „best of“ избор од нивниот богат музички опус. Настанот е најавен како поинтимно музичко доживување, со специјални гости и нови аранжмани на дел од композициите. Концертот е дел од одбележувањето на нивната долгогодишна кариера, а публиката ќе има ретка можност да ги слушне во порафиниран, акустичен формат. Поврзани вести: МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: ...
Бугарската пејачка Дара е победничка на овогодинешното издание на Песна за Евровизија 2026, кое синоќа се одржа во Виена, Австрија. Песната „Бангаранга“ успеа да ја освои и публиката и жирито, а Бугарија на крајот собра вкупно 516 бодови и стигна до победата по неизвесна вечер што траеше речиси четири часа. Второто место го освои Ноам Бетан од Израел, додека третото место ѝ припадна на Австралија. Добар пласман на натпреварот остварија и ...
Со визија, работа, посветеност и доверба Скопје како носител на титутлата европска престолнина на културата за 2028 доби историска можност токму културата да стане двигател на урбаната трансформација и трајна основа за развојот на градот, нагласи градоначалникот Орце Ѓорѓиевски на свечениот настан „Скопје – европска престолнина на културата 2028. – Добар град не е само град со настани. Добар град е град во кој човек сака, пред сè, да остане. ...
Од синдикатот на културата најавуваат дека ќе излезат на протест пред највисокиот суд во земјата на 28 април од 13:00 часот. Според нив Колективниот договор не треба да се поништува, а Уставниот суд не смее да биде алатка за реваншизам и средство за казнување на оние што се гласни и што имаат свои права. Културните работници протестираа пред Министерството за култура минатата недела и побараа вклучување во вистински дијалог со Министерството ...
Прочитаната книга носи богатство. Колку македонските граѓани се богати? Оваа дилема ја отвораме денеска кога се одбележува Светскиот ден на книгата. Нема дилема – скоро сите знаеме дека книгите носат богатство, но дали посегнуваме по нив или богатството го бараме во читање кратки и често непотребни информации на телефоните. За многумина богатството е скриено и во билтените на обложувалниците, па најчесто само тоа читаат. Имаше кај нас и ...