Скопје
12ᴼ /
12ᴼ
Скопје, 26 ноември 2025 (МИА) - Режисерот Гоце Цветановски го отстапил на Македонскиот културно-информативен центар во Софија без финансиски надомест прикажувањето на неговиот наградуван долгометражен цртан филм „Јон Вардар против Галаксијата“, а за тој гест директорот на МКИЦ во Софија Зоран Пејковски му доделил на Цветановски благодарница „Мостови на културата“. -Со овој гест, публиката добива можност поблиску да се запознае со современото ...
Изданието е на лабораторијата за книжевен превод во рамките на Катедрата за славистика и е резултат на истражувачки труд, посветеност и академска љубопитност на студентите и на нивните ментори. Изданието е слободно и бесплатно достапно преку официјалната веб-страница на Филолошкиот факултет во делот „Издавачка дејност“. Автори на преводите и истражувачи се студентите Јован Ковачевски, Фросина Милковска, Бранко Ставровски и Ана Тодорова. Во ...
Во Музејот на револуционерната борба вечер ќе се одржи промоција на стихозбирката „Има така некои денови“ од Елка Јачева-Улчар, во издание на СИВЕЈАН. Промотор на книгата е професор д-р Владимир Мартиновски, за издавачот Тихомир Методи Јанчовски, а стихови ќе чита Ирена Илиевска. Музичкиот блок е на Благој Ламњов, кларинет, а водител ќе биде Татјана Алексиќ. Насловната страница на стихозбирката е илустрирана со сликата „Прегратка“, 2021 г., ...
Горан Стефановски бил роден во Битола на 27 април 1952 година. Тој е еден од најголемите македонски драмски писатели, кој зазема значајно место во современата македонска книжевност и се смета за најистакнат македонски драматург во периодот по Војдан Чернодрински. Во Битола неговите родители работеле во Народниот театар. Неговиот татко, Мирко, бил театарски режисер, а неговата мајка, Нада, глумица. Голем дел од детството на Горан го поминал во ...
Модна ревија на „URBAN ARMOUR“ на Татјана Гиновска / УКИМ 29.11.2025 27.11.2025 • Информации Уметност „Urban Armour“ е моден проект кој ја истражува синергијата помеѓу урбаната архитектура, брутализмот и индивидуалниот стил. Проектот го претвора градскиот пејзаж во инспирација за облека, сценографија и визуелни приказни, создавајќи мост помеѓу архитектонските форми и модната експресија. Работен во тим со искусни професионалци за да се ...
Делчево, 26 ноември 2025 (МИА) - Во организација на Јавната локална библиотека „Илинден“ – Делчево, во соработка со Национална установа центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“ и Средното општинско училиште „Методи Митевски – Брицо“, денеска беа одбележани 22 години од објавувањето на романот „Македон“, прв роман во историјата на Делчево, дело на роднокрајниот автор Славчо Десподов. Настанот, кој се одржа пред учениците од четврта година од ...
Олимпискиот факел за Зимските олимписки игри Милано Кортина 2026 беше запален во денес, на 26 ноември, на официјална церемонија во Олимпија, Грција, што се смета за духовен дом на Олимпијадата. Со овој традиционален чин започна неговото симболично патување од античка Олимпија кон Италија. Поради силниот дожд и ветер во регионот, главниот дел од Церемонијата за палење на пламенот се одржа во Археолошкиот музеј во Олимпија. Инаку, поради лошите ...
Куманово, 26 ноември 2025 (МИА) - Кумановската библиотека „Тане Гегоргиевски“ денеска со свечена манифестација во Занаетчискиот дом одбележа 80 години од постоењето. Ученици, професори, читатели го проследија настанот кој визуелно го прикажа растот на установата од скромните почетоци како народно читалиште со 1.300 книги до современа јавна установа што ги следи модерните, културни и образовни текови. - Основана во 1945 година, библиотеката ја ...
Македонскиот министер за култура и туризам, Зоран Љутков денеска во името на нашата држава прими во Нови Сад пехар за благодарност доделен на држава партнер на Меѓународниот саем за туризам што се одржува во Нови Сад. Тој притоа изрази искрена благодарност за довербата дадена на државава да биде земја партнер на Саемот за туризам во Нови Сад. Педесет и шестиот Меѓународен саем за туризам се одржува од 27 до 29 ноември, на 6.000 метри ...
Скопје, 26 ноември 2025 (МИА) - Во македонскиот Културно-информативен центар во Загреб, со концертот „Вибрации на флејта“ Фјола Рамадани на флејта и Едита Руси на пијано приредија несекојдневно музичко патување за бројната публика. -Со суптилната изведба на дела од класичната и традиционалната музика, Фјола Рамадани и Едита Руси приредија вистинско празнување на музиката кое публиката го награди со искрени и долготрајни аплаузи. Двете ...
Премиерата на претставата „Лола, Мила и Забната самовила“ се очекува во Малиот театар „Душко Радовиќ“ во Белград, според идејата на авторите Сергеј и Кристина Ќетковиќ, во режија на Никола Завишиќ и Јован Стаматовиќ-Кариќ. Ова празнично патување е инспирирано од популарниот цртан филм „Лола и Мила“, кој ги освои срцата на децата низ целиот регион, а премиерата се очекува на 12 декември. Лола и Мила се истражувачи, детективи, слаткари, ...
Како што неодамна музичкиот портал Музика24 прв објави: „Кралот без круна“ слави 35 години на сцената – Миле Кузмановски со голем концерт во МОБ, речиси на еден месец пред одржувањето на спектакуларниот предновогодишен концерт, а по повод неверојатните 35 години јубилеј на музичката фолк сцена, Ве потсетуваме дека еден од најпознатите македонски фолк-уметници, Миле Кузмановски, ќе одржи голем солистички концерт на 24-ти декември со почеток во ...
Камерниот оркестар „Профундис“ ќе настапи како дел од оф-програмата на најпрестижниот летен фестивал кај нас – Охридско лето, која годинава, за првпат, ќе биде претставена пред скопската публика. Концертот ќе се одржи на 29 ноември, во големата сала на Македонската филхармонија, во препознатливата candlelight атмосфера, под светлината на илјадници свеќи – амбиент кој ширум светот прерасна во современ симбол за интимно, емотивно и визуелно ...
И по осум месеци откако Прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ ги затвори вратите, од институциите нема ниту една јасна информација — дали ќе се гради нов објект, кој веќе седум години тапка во место, или пак ќе се реконструира постоечкиот. Иронијата е болна: во градот кој го чува најстариот театарски фестивал во Македонија, театар повеќе нема. Актерите сведочат за најтешките месеци во својата професионална кариера. „Кога дознав дека се ...
Во среда, 3 декември, со почеток од 19:00 часот во „Јавна соба“, Скопје, ќе се одржи промоцијата на монографијата „Рисима“ од Јасна Франговска, посветена на најпознатата и најуспешна македонска кореографка за современ танц ‒ Рисима Рисимкин. Изданието е на „ПНВ Публикации“ и објавено е со поддршка од Министерството за култура и туризам. Монографијата низ разговор со Јасна Франговска и Рисима Рисимкин ќе ја претстави Јулијана Величковска, ...
„Болва в уво“ по текст на Жорж Фејдо, а во режија и адаптација на Синиша Евтимов премиерно ќе биде прикажана на 17 декември во Драмски театар Скопје. Пристигнува најпровокативната премиера годинава, најавуваат од Драмски за новата претстава на Евтимов, проверениот хит-мејкер на театарската сцена. Што се случува кога сомнежот, страста и погрешниот избор на врата во погрешен момент ќе ја запалат атмосферата во еден хотел што крие многу повеќе ...
Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, вчеравечер во Македонскиот културно-информативен центар во Белград ја отвори изложбата „Откритија“, прва од серијата изложби посветени на македонски ликовни уметници чии дела се чуваат во приватни белградски колекции. Во присуство на многубројни гости, министерот Љутков во своето обраќање истакна дека изложбата на која се претставени дела од реномирани македонски уметници, меѓу кои и дела од ...
Од печат излезе најновата, четврта збирка кратки раскази од Живко Грозданоски: прозаист, преведувач, поет и актуелен претседател на Друштвото на писателите на Македонија. Книгата, која носи индикативен наслов „Како сепија, со мастило правам место за себе во светот“ содржи 26 кратки автобиографски раскази, поместени во пет циклуси. „Автобиографските записи се мошне малку распространети во нашата литература, зашто, соочувањето со себеси е, ...
Универзитетски професори, академици, хрватски македонисти, писатели, дипломати, уметници, новинари, студенти, ученици и членови на македонската заедница, во Загреб, заеднички, на највисоко ниво го чествуваа делото на македонскиот поет Раде Силјан. Салата на централната загрепска библиотека „Богдан Огризовиќ“, вчера, на денот кога пред 86 години е објавена Рациновата „Бели мугри“, имаше љубопитна публика за одбележување два значајни јубилеја ...
„Дијалози на слободата“ новата книга на новинарот Љупчо Јолевски ќе биде промовирана во четврток, на 27 ноември, во 19 часот во галеријата „Метаноја“ во Скопје. Во книгата се забележани четириесеттина разговори со исто толку современи македонски визуелни уметници работени во периодот пред, за време и по пандемијата. Годините кои по многу нешта го изместија нашето живеење, моментите на преиспитување на нашите поимања на опстојбата и потребата ...
По почетниот извонреден успех на „Злобница 2“ (Wicked: For Good’s), продукциската куќа „Јуниверзал пикчрс“ (Universal Pictures), се чини, е подготвена за повеќе приказни од „Земјата на Оз“. Имено, Мајкл Мозес – маркетинг-директор на студиото, изјави за „Валчр“ (Vulture) дека „нештата се во тек“, прашан за продолжување на серијалот филмови. – Поради успехот на „Злобница“, но и обожавателите, имаме јасна одговорност да откриеме како можеме да ...
Градежните работи во историскиот храм „Света Софија“ во Истанбул предизвикаа експлозија од револт, откако беа објавени фотографии од тешки камиони и машини во внатрешноста на 1500-годишниот споменик. Според научниците, постои опасност од потенцијални сериозни оштетувања во објектот, кој е дел од светското културно наследство на УНЕСКО. Снимките од камиони со голема тонажа, кранови и градежни платформи кои работат внатре и надвор од храмот ...
Униврзитетски професори, академици, хрватски македонисти, писатели, дипломати, уметници, новинари, студенти, ученици и членови на македонската заедница, во Загреб, заеднички, на највисоко ниво го чествуваа делото на еден од најзначајните македонски и јужнословенски поети на денешницата, Раде Силјан. Салата на централната загрепска библиотека „Богдан Огризовиќ“, вчера, на денот кога пред 86 години е објавена Рациновата „Бели мугри“, беше ...
Скопје, 25 ноември 2025 (МИА) - По претставувањето на реновираното гледалиште во Театар Комедија, каде што е вграден нов под и се заменети столчињата за публиката, министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска соопшти дека се работи интензивно на реконструкции и санации во објектите на други театари и национални установи во државава. Одговарајќи на новинарско прашање Љутков кажа дека за наредната 2026 година е планирано да се ...
Декември 2025 во Кинотеката на Македонија пристигнува како месец во кој македонската кинематографија и европското авторско кино се пресретнуваат во едно заедничко, пулсирачко движење. Овојпат, декемвриската магија не се исцрпува во формална програмска понуда – таа станува мапа на нов заеднички дух што се создава меѓу авторите, публиката и институциите, дух што го афирмира филмот како колективно доживување и просторно-емотивна точка на ...
На 25.11.2025 година, во 18:30 часот, пред бројна публика во Галеријата „BHROX Bauhaus Reuse“ во Берлин, Германија, беше отворена архитектонската изложба „Жените во македонската архитектура: обновата на Скопје“ (Women in Macedonian Architecture: Rebuilding Skopje) на авторите Ана Ивановска Дескова, Владимир Десков, Јован Ивановски, Теа Дамјановска и Михајло Стојановски. Сместена на Ернст-Ројтер-Плац (Ernst Reuter Platz), Галеријата „BHROX ...
– Во организација на Културно-информативниот центар – Скопје вечер со почеток во 20 часот ќе биде отворена изложбата насловена „Период на кентаурите“ од академскиот скулптор од Србија Недим Хаџи Ахметовиќ – Мафа. Изложбата ќе биде отворена до 12 декември 2025 година. Неговото творештво вклучува неколку различни циклуси насочени кон критикување на насилството на технологијата врз човештвото. Тој се изразува во повеќе медиуми, главно негувајќи ...
Промовирана книгата „Principia Architectonica“ на македонски јазик 26.11.2025 • Информации Литература На 19 ноември 2025 година во Изложбената сала на Архитектонскиот факултет-Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје беше промовирана книгата „Principia Architectonica“ од Алберто Кампо Баеза, во превод на македонски јазик на проф. д-р Влатко Коробар. Во рамките на промоцијата, поставена е изложба на проекти и објекти од ...
На 21 ноември, во тивката есенска вечер на Софија, Македонскиот културно-информативен центар стана нешто повеќе од сцена. Стана светилник, пресвртница, простор што за миг го промени своето значење, претворајќи се во жив организам роден од вибрации, создадени од звукот, емоцијата и заедничкиот здив на сите присутни. Концертот на „Баклава“ не беше само прослава на дваесет години творештво, туку тој беше ретка вечер, ритуал што ги поврза ...
Креативниот туризам – нова ера на патувања – Креативниот туризам е одлична можност за Македонија да ја претвори својата културна и уметничка разноликост во уникатно искуство што ги поврзува луѓето и времињата. Нашата цел е да создадеме модел на туризам кој не само што ја открива природната убавина на нашите простори, туку ја пренесува и душата на нашите традиции, преку креативност, иновација и вистинска соработка со локалните заедници. ...