Вчера во 21:50 часот во полициската станица во Струмица било пријавено за тешка сообраќајна несреќа што се случила помеѓу селата Габрово и село Банско во струмичко. Имено во несреќата учествувале патничко возило „ауди“ со струмички регистарски ознаки, управувано од О.К.(42) од село Баница и мотоцикл „јамаха“ без регистарски ознаки, управуван од М.Н.(46) од село Банско. Од здобиените повреди мотоциклистот починал на местото, а смрт констатирал ...

Овен Доколку имате чувство дека лутате, дефинирајте ги вашите деловни цели и усогласете ги со интересите на соработниците. Не за џабе рекле: „Сложни браќа, куќа градат“. Насмеаното лице на вашата сакана личност кога е во ваша близина е само мал доказ дека сè што правите за неа е прекрасно и дека таа го цени тоа. Бик Денеска ќе доживеете ново и поучно искуство при средбата со соработниците. Обидете се да извлечете поука од ситуацијата и да бидете ...

Повторно хаос во јавниот превоз. Приватните превозници според информација на Сител донеле одлука со која од понеделник нема да возат. Според нивната одлука тие ќе пуштат по еден автобус на секоја линија по што ќе ги паркираат автобусите и нема воопшто да се пуштат во сообраќај. Оваа одлука на приватните превозници ќе се носи на дневна основа односно одлуката е само за во понеделник, а за деновите понатаму ќе се одлучува ден за ден. Причината ...

50-годишен скопјанец починал додека возел велосипед. - На 29.08.2024 во 17.15 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на подрачјето на Гази Баба О.С.(50) од Скопје додека возел велосипед му се слошило и паднал. Од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство, информираа од МВР. Излезено било на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото ...

Со тешки повреди се здобил малолетник од Кавадарци откако додека се возел на рингишпил во Кавадарци врз него паднал метален предмет. „Утринава во 00.40 часот во ОВР Кавадарци бил извршен службен разговор со В.К.(38) од Прилеп, сопственик на рингишпилот во Кавадарци, по претходно пријавен настан од кавадаречката болница. Според пријавеното, бил донесен малолетник, врз кој, додека бил на рингишпилот во Кавадарци, паднал метален предмет од ...

На 29.08.2024 во 21.10 часот во СВР Куманово било пријавено дека на ул.„1“ во с.Долно Којнаре, кумановско, патничко возило „хјундаи“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од И.М.(49) од с.Лопате, кумановско, излетало надвор од коловозот и удрило во бетонска ограда и паркирано патничко возило „шкода“ со кумановски регистарски ознаки, информира МВР. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општата болница ...

Овен Овни, ќе имате многу енергија да работите и да ги постигнете своите цели. Бидете отворени за нови идеи и соработка со колегите. Денеска вашата спонтаност и храброст ќе бидат клучни во вашиот љубовен живот. Можни се возбудувања и неочекувани пресврти. Физичката активност ќе ви донесе чувство на задоволство и рамнотежа. Обрнете внимание на исхраната. Бик Фокусирајте се на практични задачи и организација на работата. Поставете реални цели и ...

Утринава околу три часот изгореа две возила на паркинг кај „Три бисери“ во скопската населба Аеродром, пренесува Република. Спорет порталот граѓаните кои живеат во непосредна близина велат дела слушнале екплозии. На местото на настанот дошла и пожарна. Според командирот на противпожарната единица Ѕвонко Томевски пожарот избувнал кај едно од возилата, а потоа го зафатил и другото возило. Станува збор за возило Сеат Ибица со скопски регистарски ...

Министерката за образование и наука Весна Јаневска и министерот за образование, наука и млади на Хрватска Радован Фукс потпишаа нова четиригодишна соработка со која се унапредува соработката во образованието и науката. Со ваквиот чекор националните образовани системи стануваат подостапни за граѓаните на двете земји. Во областа на основното и средното образование, учениците државјани на едната држава имаат право да се школуваат во другата ...

28-годишна кривопаланчанка е повредена од огномет за време на концертот на хрватската пејачка Северина во Крива Паланка. - На 28.08.2024 во 22.47 часот во ОВР Крива Паланка било пријавено дека С.К. (28) од село Конопница, кривопаланечко, на градскиот плоштад во Крива Паланка, при одржување на концерт, била повредена од огномет. С.К. се здобила со телесни повреди, констатирани во „Здравствен дом“ Крива Паланка, информираа од полицијата. Се ...

22-годишен скопјанец кршел покуќнина во домот во скопски Карпош, се заканувал на мајка си, а и физички го нападнал нејзиниот партнер. Како што информираа од МВР вчера во 21.40 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Полициската станица Карпош го лишиле од слобода М.С.(22) од Скопје, по претходна пријава дека во домот кршел покуќнина, се заканувал и се обидел физички да ја нападне неговата 50- годишна мајка, а потоа ...

„Почеток“ – ова е насловот на последната објава на македонската глумица Весна Петрушевска. Во неа таа говори за борба со ракот. „Ракот е патување во кое патуваш сам. Има многу места каде можеш да застанеш и да го земеш лeкот, само треба да сакаш. Некогаш можеш затоа што можеш, некогаш затоа што мораш. Во оваа приказна си сам, како и што се раѓаме сами и умираме сами. Во оваа борба ти станува јасно дека времето е твојот најголем непријател.“, ...

Демографската слика во Македонија се движи кон катастрофа. Како што пренесува Алфа за 7 години бројот на ученици се намалил за 17 илјади, додека бројот на првачиња е намален за 3500. Поради ваквото намалување на населенито во нашата држава се затвараат и училишта. Само во период од 1 година се затворени дури 14 училишта. Универзитетскиот професор Ацевски за Алфа вели дека причината за ваквото иселување е движењето на државата во погрешна ...

Дивите таксисти го преплавија Скопје откако јавниот превоз речиси колабираше. Граѓаните по долгите чекања на автобуските станици се решеваат да влезат во прво такси кое ќе им дојде, а тоа е најчесто нелегално. Сашо Рајчановски, претседател на Групацијата на авто-такси превозници, вели дека аларментен е бројот на нелегални такси превозници. Поради преголемиот број на повици кон легалните такси компании тие не се во можност да им излезат во ...

Овен Оптоварени сте со различни обврски, но правите сè што е потребно за да се фокусирате на приоритетните цели. Позицијата на Месечината влијае на вашата емоционална или ментална вознемиреност. Потешко ги разликувате вашите субјективни желби во однос на реалната слика. Сега не е време за донесување важни одлуки. Искористете го денот за одмор и релаксација. Бик Се однесувате напнато во ситуации кога некој друг има поедноставно решение од вашето. ...

Денеска Советот на Град Скопје треба да ја одржи конечно долгоочекуваната седница каде ќе се гласаат програмите на Комунална хигиена за вработување на околу 120 лица и дополнителните средства за ЈСП Скопје за поправка на автобусите. Откако претседателот на Владата, Христијан Мицкоски ги повика советниците да ги изгласаат овие програми, претседателот на Советот, Трајко Славевски закажа седница за денес каде кажа дека сите програми на ...

Нашите мисли имаат големо влијание врз начинот на кој ги живееме нашите животи. Начинот на кој размислуваме ги обликува нашите мисли и перцепција за работите околу нас, влијае на нашите одлуки и го одредува квалитетот на нашите искуства. Позитивните мисли можат да нè подигнат, да ни дадат храброст да ги следиме нашите соништа и да ни помогнат да се движиме низ предизвиците со издржливост. Од друга страна, негативните мисли можат да не ...

Заминете на време. Заминете и од својата куќа, дури и ако никој не ве чека. Заминете од забава, од пропаднати врски и од лоши навики. Заминете од мрачните мисли, болните спомени, негативните луѓе или од луѓето покрај вас. Заминете на време. Не оставајте рани на телото на вашиот живот, не ја заразувајте вашата душа со вирусот наречен „грижа на совест“, кој со неверојатен ентузијазам ве отфрла од сопствениот живот и од самите себе. Заминете на ...

Една од најлошите работи кои можат да се случат во една врска е кога ќе му кажете на саканиот дека го сакате, а тој не ви возвраќа на вашите љубовни изливи. Многу жени мислат дека направиле грешка во тој момент и дека тие се виновни за тоа. Но, во овој случај, навистина не е до вас, туку до него. Еве неколку причини поради кои тој не ви возвратил на вашето „Те сакам“. Не е сигурен во вашата врска Една од причините поради кои не ги кажал тие ...

Според National Sleep Foundation на САД, луѓето во последно време се сѐ повеќе ненаспани. Според нив, иако дремките не можат да ја надокнадат непроспиената ноќ, сепак 20-30 минутна сиеста може да го поправи вашето расположение и добросостојба. Ова се дополнителни бенефити од дремките: Ја зголемува енергијата и свесноста во текот на денот Триесетминутна дремка помага да се чувствувате освежено и будно. Ја подобрува меморијата Подобро ќе ...

Скопје денеска го погодија серија на пожари. Како што претходно информираше Скопје инфо, од граѓани беше забележан пожар во близина на Раде Кончар. За другите два пожари кои избувнаа во селата Соње и Добри Дол информираше Центарот за управување со кризи. Најновиот пожар избувна во близина на скопската обиколница каде гори хала. Пожарникарите се на терен и го гаснат пожарот. Повеќе детали за тоа како избувнал овој пожар се очекуваат во текот на ...

Во текот на завчерашниот ден четири лица од Скопје пријавиле во полициските станици во градот, каснување од куче скитник, извести МВР. На 26.08.2024 во Полициската станица Карпош, Н.П.(18) од Скопје пријавила дека на ул.„Јуриј Гагарин“ во Скопје била касната од куче скитник. На 26.08.2024 во 19.45 часот во Полициската станица Карпош, М.М.(49) од Скопје пријавила дека на ул.„Јуриј Гагарин“ во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од ...

Овен Некој на работа ќе даде важен предлог што треба да го послушате. Бидете повнимателни во деловните одлуки. Претерувањето не носи ништо добро. Избегнувајте некој што ве прави нервозни и има нереални очекувања. Денес не е ден за нервоза и не дозволувајте некој да ви го расипе расположението. Бик Ќе бидете нестрпливи за напредок и докажување, но се чини дека луѓето околу вас не ве разбираат. Бидете малку пореални и запомнете дека за сè е ...

Премиерот Христијан Мицкоски ја повтори посветеноста на Владата кон европските интеграции, но истакна дека за отстранување на бугарското вето е потребно формирање на стабилна влада во Софија. На денешната прес-конференција, Мицкоски посочи дека Македонија е подготвена да продолжи со реформите и да ги исполни сите услови за членство во Европската Унија, но дека процесот е блокиран поради билатералниот спор со Бугарија. „Ние сме за одблокирање ...

Во текот на вчерашниот ден во полиција се пријавени две одделни „женски“ тепачки. - На 26.08.2024 во 14.30 часот во СВР Скопје, А.К.(39) пријавила дека на 23.08.2024 околу 20.00 часот во село Петровец, скопско, по претходно нарушени односи, била физички нападната од М.К., двете од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. - На 26.08.2024 во 07.41 часот во СВР Скопје, Ј.В.(27) пријавила дека на подрачјето на ...

Обид за поткуп имало врз премиерот Христијан Мицкоски да го потпише тендерот за Коридорот 8, секција три. Тој кажа дека требало да потпише за оваа тендерска документација кој завршува на 17 септември, но дека истиот не го прифатил. „Додека сум јас премиер, можам никогаш да ставам потпис на проект, да потрошам пола милијарда пари на моите граѓани за проект кој завршува на половина тунел, на слепа улица. Бидејќи бев жртва на обид за поткуп ...

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека од септември почнува исплатата на 2.500 денари линеарно покачување на пензиите на пензионерите, посочувајќи дека од март следната година ќе ги добијат уште 2.500 денари, што значи дека ова ветување на Владата ќе биде исполнето. „Апсолутно, законот е во подготовка за линеарното покачување, а не како што беше до сега, и за овој септември и за во март, така што оние 5000 денари кои што беа ветени за ...

Овен Креативните идеи кои долго ги чувавте можат да донесат позитивни резултати. Денес е идеален момент за подлабок разговор со партнерот. Отворениот разговор може да ги расчисти недоразбирањата и да ја зајакне вашата врска. Внимавајте на исхраната и внесувањето течности. Бик Бикови, подобро организирајте се за поефикасно да ги завршите задачите. Вашата стабилност привлекува внимание. Изненадете ја вашата сакана со мал гест на внимание. Можна е ...

Оние кои ги осудуваат луѓето, немаат време да ги сакаат, е еден од најубавите цитати на Мајка Тереза која е прогласена за светица. Таа е родена на денешен ден пред 114 години, како Агнеса Гонџа Бојаџиу или низ светот позната како Мајка Тереза. Родена е во Скопје на 26 август 1910 година на тогашната улица “Поп Кочина” број 14, која што се наоѓала на сегашниот плоштад Македонија. Мајка Тереза често велеше „Сепак, не јас, туку Христос живее во ...

Во фејсбук групата „Стари скопјани“ се споделени неколку фотографии од Скопје во 1982 година. Со посебна носталгија старите скопјани се сеќаваат на ова време, кога немаше толку сообраќај и големи гужви во јавниот превоз. - Градот беше чист, а јавниот превоз беспрекорен, добро со оние малку (балкански) доцнења, се сеќава една скопјанка. Денеска сведочиме на хаос во јавниот сообраќај, коментира друг скопјанец кој се сеќаа дека овие години од ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
76%
1028
weather icon

Белград

14ᴼ / 12ᴼ
2.57
76%
1027
weather icon

Загреб

14ᴼ / 9ᴼ
1.03
86%
1027
weather icon

Софија

4ᴼ / 4ᴼ
2.57
87%
1029
weather icon

Сараево

13ᴼ / 13ᴼ
2.15
63%
1027
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 11ᴼ
0.27
98%
1027
weather icon

Атина

21ᴼ / 19ᴼ
2.68
61%
1023
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
67%
1023
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
1.54
59%
1025
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 10ᴼ
2.06
67%
1026
weather icon

Будимпешта

14ᴼ / 10ᴼ
0.0
92%
1025
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 18ᴼ
3.09
45%
1024
Currency

61.54

Currency

51.9943

Currency

70.894

Currency

34.5854

Currency

37.7485

Currency

65.593

Currency

7.32137

Currency

0.62474

Currency

0.3513

Currency

0.5226

Currency

1.25919

Currency

0.5888