Овен Овни, бидете храбри и преземете иницијатива на работното место. Вашата енергија ќе ве води кон успехот. Обратете внимание на деталите и бидете организирани. Денеска е одличен ден за љубов. Изненадете го партнерот со некоја забавна активност и оживејте ја страста во врската. Покажете иницијатива и бидете спонтани. Бик Бидете упорни и трпеливи во остварувањето на деловните цели. Слушајте ја вашата интуиција и следете ги вашите амбиции. Вашата ...

Вчера во 22.10 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР – Скопје ги лишиле од слобода А.Ш., на возраст од 22 години од село Петровец и Б.В., 21-годишно лице од село Зелениково, информираат од МВР. Тие се сомничат дека околу 20.20 часот во населено место Дрма, скопско, физички го нападнале 22-годишниот З.Н. од село Мралино, општина Илинден, по што Б.В. со остар предмет му нанел убодни рани. – З.Н. бил пренесен во ...

Полицијата вчера регистрира два случаи на починати лица во Скопје. Во 08.00 часот било пријавено дека во сопствениот дом на подрачјето на Карпош во Скопје била пронајдена почината М.В.(75) од Скопје, која имала здравствени проблеми. Во сопствениот дом на подрачјето на Чаир, околу 14:40 часот бил пронајден починат И.С.(69) од Скопје, кој имал здравствени проблеми. Како што информира МВР, во двата случаи, лекар од Итна медицинска помош ...

Се предаде третоосомничениот за убиството кај Мавровка. Се појавил во полициската станица Пролет со тврдење дека не бил вмешан во убиството. Претходно беше побаран притвор за првиот, вториот уапсен беше ослободен, а по третиот се трагаше од вчера. Од Министерството за внатрешни работи потврдија третоосомничениот за убиството кај Мавровка е во полициска станица Пролет. Според досегашните информации, тој сам се предал на властите. Според ...

Од 12 до 18 август во државава регистриран е 271 нов случај на болни од Ковид-19 што претставува зголемување од 60,4 проценти во однос на претходната недела. Тестирани се вкупно 608 материјали во лабораториите каде се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 33,3 проценти. – Во тековната недела, регистрирани се заболени лица во општините од 17 градови. Најголем дел од регистрираните ...

Основиот кривичен суд Скопје попладнево соопшти дека на осомничениот за вчерашното убиство на паркингот кај ТЦ Мавровска му е изречен триеседневен притвор. - Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство Скопје, за определување мерка притвор против Е.К. од Скопје, осомничен за две кривични дела Убиство и Убиство во обид, како и едно кривично дело Неовластено изработување, држење, посредување и трговија со огнено оружје, а поврзано ...

Премиерот Христијан Мицкоски очекува градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска денеска или утре да организира координација со советничките групи во Советот на Град Скопје и да го презентира планот за подобрување на состојбите со хигиената и јавниот превоз во главниот град. Според Мицкоски, Арсовска на завчерашната средба во Владата немала план и ѝ биле дадени неколку идеи. „Немаше план. Јас ја повикав бидејќи бараше средба, но план не ...

Вчера во 20.30 часот на локален пат од село Боговиње кон село Горно Седларце, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Камењане ги лишиле од слобода 37-годишниот С.И. од село Боговиње, 34-годишниот А.И. од село Боговиње и 43-годишниот А.М. од село Горно Седларце, извести МВР. „Откако полициските службеници се доближиле до патничкото возило „сеат“ со тетовски регистарски ознаки, во кое биле лицата, А.М. растурил кокаин по ...

Уапсен 26-годишен гостиварец од страна на полицијата откако вчера се обидел да го киднапира малолетничка. „Полициски службеници од ОВР Гостивар вчера го лишиле од слобода С.Т.(26) од Гостивар, постапувајќи по претходна пријава дека вознемирувал малолетничка од Гостивар и се обидел со употреба на сила да ја внесе во неговото возило, но не успеал. За настанот бил известен јавен обвинител, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно ...

Скопје инфо како и многу други медиуми на 22 јули објавија вест за пронајдено починато машко лице на клупа во скопски Аеродром. Овој настан беше запишан и во билтенот на МВР. Таму го пишуваше следново: „Вчера во 13.34 часот во СВР Скопје било пријавено дека на клупа пред зграда на подрачјето на општина Аеродром бил пронајден починат Т.М.(44) од Пробиштип, со престој во Скопје. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на ...

Овен Овни, енергијата ќе ве доведе до лидерска позиција во вашата околина. Преземете иницијатива во тимските проекти и ќе ги инспирирате вашите колеги. Денеска вашата страсна природа е во преден план. Изразете ги своите чувства на саканата личност, но обидете се да бидете тактични. Физичката активност ќе ви донесе внатрешен мир. Бик Поставете долгорочни цели и чекори за да ги постигнете. Вашата упорност ќе ве доведе до успех. Ќе испливаат ...

Поради планирани технички интервенции во електродистрибутивната мрежа на ЕВН денеска (среда), без електрична енергија ќе бидат следните корисници: - во период од 05:00 до 12:00 часот населените места Студеничани, Моране - општина Студеничани, Орешани, Таор, Ново Село, Пакошево, Гумалево, Тисовица, Смесница, Дејковец, Добрино о. Зелениково, вклучително и објектите на ЖТП Јане Сандански и ЖТП Зелениково - вд 09:40 до15:00 часот дел од ...

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во текот на целиот ден се преземаат мерки и активности за расчистување на кривичното дело убиство, кое денеска беше извршено на паркинг простор пред ТЦ “Мавровка” и оти мерките и активностите продолжуваат и во текот на вечерта. -Веднаш по добиената пријава за пукање во близина на ТЦ „Мавровка”, при што бил застрелан В.Е.(59), кој починал на местото на настанот, веднаш се преземени низа оперативно ...

Владата на седницата што ја одржа денеска го задолжи Јавното претпријатие за државни патишта да се изработи проектна документација за изградба на обиколница на Кавадарци. -Општина Кавадарци и Тиквешкиот регион имаат потреба од изградба на обиколница на градот, имајќи го предвид целокупниот товарен и патнички сообраќај на возила кои транзитираат низ општината, и истиот се одвива преку примарната и секундарна мрежа на сообраќајници, што во ...

Владата на денешната 13-та седница донесе одлука согласно донесениот ребаланс на Буџетот да се исплатат сите заостанати плати на вработените во Национални шуми, со што, како што информираат од владината прес-служба, се решава проблемот на 2. 000 вработени лица во Национални шуми. На седницата, Владата донела повеќе одлуки и решенија, меѓу кои и за изработка на проектна документација за изградба на обиколница во Кавадарци, спроведување на ...

Комисијата за заразни заболувања на последниот состанок констатираше дека има зголемување на бројот на позитивни случаи на Ковид 19 во однос од минатата недела и по тој повод ги потсетува граѓаните да ги почитуваат општите мерки за превенција од респираторни инфекции: да се избегнува групирање и подолг престој во затворени простории, редовно проветрување на просториите, почесто миење раце и избегнување близок контакт со заболени лица, се вели во ...

Денеска (20.08.2024) во 00.30 часот во СВР Струмица, од Медицинскиот центар Струмица било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен малолетник од струмичко. Според пријавеното, малолетникот се здобил со повредите во забавен парк во с.Ново Село, откако врз него паднал рефлектор. Во врска со настанот од слобода бил лишен Б.К.(40) од Прилеп, соопшти МВР. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Струмица и по целосно расчистување ...

Растат трошоците за едно семејство објави Сојузот на синдикати на Македонија. За 629 денари се зголемила синдикалната кошница споредбено со јули. Според пресметките на ССМ, во август вредноста на минималната кошница изнесувала 61.199 денари. „Податоците од Синдикалната минимална кошница покажуваат дека и без зголемување на платите, трошоците за живот вртоглаво растат, нема оправдување за тоа, а истото никој не се обидува да го спречи, а ги ...

Адвокат е жртвата на пукотницата на паркингот кај Мавровка, дознава и пренесува „Press24“. Според неофицијални информации, ликвидацијата се случила пред очите на неговата сопруга. Адвокатот клекнал на колена, но сепак сторителот испукал еден куршум во неговата глава. Извори на порталот неофицијално велат дека сторилите им се познати на службите. Полицијата веќе фатила еден, а по другиот сѐ уште се трага. Убиството се случи околу 10 часот на ...

Откриени се детали од трагедијата што се случи во понеделникот во забавниот парк во Пефкохори, Халкидики, кога животот го загуби млад човек (19). Младиот човек починал откако паднал од конзолата, бидејќи столчето на кое седел му се скршило за време на возењето. Младиот човек дошол со семејството на одмор на Халкидики и сите отишле во забавниот парк да се забавуваат. Во моментот на несреќата тој бил на вртелешка со еден од неговите браќа, ...

Овен Деловната околина позитивно ќе реагира на вашите идеи и некој ќе ве поттикне да заземете активна улога во работењето. Понекогаш во љубовната врска посакувате повеќе отколку што е можно, но нема причина да се жалите на вашата сакана. Прифатете го она што го добивате. Бик Некој ќе се обиде да ви го наметне своето решение во деловното работење. Нема причина да се вклучувате во јавна дебата. Забележувате дека вашата сакана нема емоционална ...

Освен ситуацијата во Постојаната мисија на ОН во Њујорк, имаме индиции за финансиски злоупотреби уште во најмалку две дипломатско-конзуларни претставништва на државава во странство, изјави вечерва министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, без да прецизира за кои амбасади станува збор. -За жал, јас имам идентификувано уште неколку други случаи на непрофесионално работење, Морам да констатирам, во последните неколку недели утврдивме и ...

Вечерва после 20 часот, луѓето од нашето подрачје ќе имаат можност да го проследат феноменот на тн. „сина супермесечина“. Доколку времето дозволи – Месечината ќе блесне во полн сјај и ќе изгледа поголема од вообичаеното. Кога нашиот природен сателит во неговото кружење ќе ја достигне најблиската точка до Земјата, што е познато како „перигеј“ (точката каде што Месечината е најдалеку од нашата планета е „апогеј“). „Супермесечината“ се јавува ...

„Сега сме позагрижени отколку пред состанокот“. Ова го изјави министерот за локална самоуправа, Златко Перински по средбата со градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска. Потоа кажа дека на состанокот како Влада не слушнале ништо конструктивно за решавање на проблемите. Од нивна страна не слушнавме ништо констуктивно, очајна е состојбата, и како заклучок се донесе дека немањето комуникација помеѓу советничките групи во Град Скопје, е ...

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, не се менуваат, односно остануваат на исто ниво, како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.08.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 79,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 81,50 ден/лит. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и ...

РТЦГ (Радио телевизија на Црна Гора) соопшти дека оваа држава ѝ се враќа на „Евровизија“. Кој ќе ја претставува Црна Гора на „Евровизија“, ќе се одлучува преку натпревар што ќе го носи името „Монтесонг“. Веста е објавена и на официјалната евровизиска веб-страница, каде се потсетува и дека Црна Гора последен пат учествуваше во 2022 година со Владана и нејзината песна „Breathe“. Учеството во 2025, ќе биде 13. на Црна Гора, откако за првпат се ...

На 18.08.2024 во 16:06 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат с.Сиричино – с.Желино, тетовско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд ка“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.Г.(82) од с.Сиричино и патничко возило „опел“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од В.А.(30) од с.Теарце, тетовско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот М.Г., а со телесни повреди се здобил ...

Се судрија мотоциклист и „мерцедес“ во Скопје, едно лице е тешко повредено. - На 18.08.2024 во 07.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Финска“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „дукати“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А.Б.(43) од село Арачиново, скопско и патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(61) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил ...

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска ќе се сретне со градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, информираше Владата. „Денеска во 15:30 часот, Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски заедно со Министерот за локална самоуправа Златко Перински ќе остварат средба со Данела Арсовска, Градоначалник на Град Скопје во просториите на Владата“, се наведува во соопштението. Оваа средба доаѓа откако ...

Директорот на Центарот за управување со кризи за Радио Слободна Европа вели вели дека таа институција била користена за вработување на партиски кадри. Според него 70 отсто од раководителите имаат завршено македонски јазик или педагошка кадемија. Тој посочува дека голем дел од вработените се неупотребливи. „Ние во Центарот за управување со кризи работиме на чкрги. И овде јас работам со десетина луѓе, сите операции, покривам по една област со по ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
2.06
66%
1028
weather icon

Белград

14ᴼ / 12ᴼ
2.06
76%
1027
weather icon

Загреб

15ᴼ / 10ᴼ
0.0
86%
1027
weather icon

Софија

6ᴼ / 6ᴼ
2.57
76%
1028
weather icon

Сараево

12ᴼ / 12ᴼ
2.48
63%
1027
weather icon

Љубљана

13ᴼ / 11ᴼ
0.27
94%
1027
weather icon

Атина

21ᴼ / 19ᴼ
4.12
62%
1023
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
1.54
71%
1023
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
1.54
48%
1024
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 10ᴼ
1.54
67%
1026
weather icon

Будимпешта

13ᴼ / 13ᴼ
0.45
83%
1025
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 19ᴼ
4.63
37%
1023
Currency

61.54

Currency

51.9943

Currency

70.894

Currency

34.5854

Currency

37.7485

Currency

65.593

Currency

7.32137

Currency

0.62474

Currency

0.3513

Currency

0.5226

Currency

1.25919

Currency

0.58976