
Скопје
12ᴼ /
12ᴼ



Репортерот на Гласот на Америка беше меѓу повеќе од 200 американски граѓани санкционирани од руската влада во четвртокот. Повеќе, детали: https://mid.ru/ru/press_service/spokesman/official_statement/1938555/ Руското Министерство за надворешни работи во четвртокот објави дека го санкционира Џеф Селдин, кој ја покрива националната безбедност на Гласот на Америка. Селдин беше меѓу неколкуте новинари, вклучително и некои од Вашингтон пост и Њујорк ...
Австралиската министерка за надворешни работи Пени Вонг денес рече дека владата ќе продолжи со финансирањето на Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа, која обезбедува хуманитарна помош за Палестинците во Газа. Во јануари Австралија им се придружи на неколку западни земји во суспендирањето на финансирањето на агенцијата, откако израелското разузнавање сугерираше дека десетина нејзини работници биле поврзани со нападот на милитантите ...
Гласачите денес се упатија кон гласачките места во Русија на тридневни претседателски избори кои сигурно ќе го продолжат владеењето на претседателот Владимир Путин за уште шест години, откако тој ја задуши опозицијата. Изборите се одржуваат во позадина на безмилосно задушување кое ги уништи независните медиуми и истакнати групи за права и му даде на Путин целосна контрола врз политичкиот систем. Тие се случуваат и кога војната на Москва во ...
Додека Палестинците чекале во ред за помош во Газа рано денес, палестинските власти рекоа дека во два израелски напада - едниот во центарот на Газа, вториот на северот - загинале десетици цивили. Во двата одвоени инцидента, загинале најмалку 29 лица, а уште 150 биле повредени додека чекале да добијат помош, според Министерството за здравство управувано од Хамас. Во првиот инцидент, палестинските здравствени власти соопштија дека осум лица биле ...
Осум воени хеликоптери од италијанската компанија „Леонардо“ ќе набавува македонската армија во периодот од 2026 до 2028 година. Набавката ќе чини околу 230 милиони евра и ќе опфати и техничка поддршка, обука за пилоти, изградба на хангар за хеликоптерите. Тоа денеска го најави министерката за одбрана, Славјанка Петровска, заедно со претставници на воздухопловниот ВИНГ на македонската армија. „Беше извршена сеопфатна и објективна анализа на сите ...
Доналд Трамп пристигна во четвртокот во федералниот суд во Флорида, каде што судијата ќе ги сослуша аргументите дали да го отфрли кривичното дело во кое се обвинува поранешниот претседател за складирање доверливи документи на неговиот имот во Мар-а-Лаго откако ја напушти Белата куќа. Републиканскиот претпоставен претседателски кандидат за 2024 година пристигна непосредно пред почетокот на сослушувањето со кое претседава окружна судијка Ајлин ...
Старшип на Спејс Икс, футуристичко возило дизајнирано за евентуално носење астронаути до Месечината и пошироко, беше подготвено за трето тестирано лансирање без екипаж во четвртокот за кое компанијата на Илон Маск се надева дека ќе го однесе подалеку од порано, дури и ако заврши уште еднаш без успех и експлодира во лет. Вселенското летало, поставено на својот ракетен засилувач Super Heavy, требаше да се подигне уште во 8 часот наутро (12:00 GMT) ...
Подготвеност да биде носителка на кандидатска листа, но и воопшто да не биде, изрази министерката за одбрана, Салвјанка Петровска одговарајќи на новинарско прашање дали таа би се појавила на водечките позиции во изборините единици за претстојните парламентарни избори. Embed share Став на министерката Славјанка Петровска за кандидатските листи за претстојните избори Embed share The code has been copied to your clipboard. The URL has been copied ...
Рускиот олимписки комитет (РОК) нема да ги бојкотира овогодинешните Олимписки игри во Париз, изјави неговиот претседател, и покрај ограничувањата за спортистите наметнати од Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) како казна за инвазијата на Украина. „Никогаш нема да тргнеме по патот на бојкотирање на Игрите. Секогаш ќе ги поддржуваме нашите спортисти“, рече Станислав Поздњаков, поранешен олимписки мечувалец кој ја извршува функцијата шеф на РОЦ. ...
Би се радувал доколку имам поддршка од Бранко Црвенковски, но јас досега немам слушнато дека ја има потпишано и мојата иницијатива за кандидатура за претседател на државата. Секој е добредојден, којшто и се нема огрешено на Македонија, вели во интервју за Гласот на Америка на македонски кандидатот за претседател на државата и лидер на партијата ЗНАМ, Максим Димитриевски. Интервјуто во писмена форма: Глас на Америка: Се решивте да се кандидирате ...
Израелската војска во четвртокот објави дека спроведува копнени операции и воздушни напади во централниот и јужниот дел на Појасот Газа. Израелските одбранбени сили соопштија дека операциите вклучувале и рации во Кан Јунис кои уништиле ракетни фрлачи. Американскиот државен секретар Антони Блинкен во средата рече дека Израел мора да ја направи заштитата на палестинските цивили „најважна работа“ во водењето на војната против Хамас во Газа. „Се ...
Кина во четвртокот рече дека одобрувањето на предлог-законот од страна на Претставничкиот дом на САД што ќе го принуди Тик Ток да ги прекине врските со својата кинеска матична компанија или да биде забранет во Соединетите држави, следи „целосно погрешна логика“. Апликацијата за кратко видео се зголеми во популарност ширум светот, но нејзината сопственост на кинескиот технолошки гигант ByteDance - и наводното влијание од владејачката Комунистичка ...
Политичката криза и зголеменото насилство создадоа неодржлива ситуација за народот на Хаити. Премиерот на Хаити Ариел Хенри се согласи да се повлече од функцијата откако ќе се воспостави преодна власт која ќе управува со нацијата погодена од насилство до одржувањето на новите избори. САД го повикуваат да ја забрза оваа транзиција. Во услови на тековната криза што ја загрозува стабилноста на Хаити, САД во понеделникот ја зголемија својата ...
Многу е важно да се одржи поддршката на САД за Украина, вели министерот за одбрана на Летонија Андрис Спрудс во интервју за украинската редакција на Гласот на Америка, откако САД вчера најавија нова воена помош за Украина во вредност од 300 милиони американски долари. Ова е прва ваква најава од крајот на декември, во она што официјалните лица од одбраната го нарекоа „ад-хок“ пакет овозможен преку заштедите на американската Армија. „Се разбира, ...
Расте функционалната неписменост кај македонските ученици. Тоа во разговор за Гласот на Америка го укажува професорката од Педагошкиот факултет, Анита Штерјоска Митреска. „За жал тие резултати се потврдуваат и на националните тестирања, односно на националните следења на писменоста“, вели професорката која е авторка на единствениот македонски научен труд посветен на проблемите со функционалната писменост. Embed share Расте функционалната ...
Слатки кученца кои всушност не постојат. Ниту пак господин во кафуле, нити астронаути. Сите тие се создадени од Опен ЕјАј, истата компанија зад која стои ЧетЏиПиТи. Овој најнов производ се вика Сора. Може дигитално да генерира фотореалистичко видео со висока резолуција, само од текстуални пораки. Дури и вака прикажување сцени кои изгледаат како да се од минатото, се создадени само со пишување на текстот „Историски снимки од Калифорнија за време ...
СКОПЈЕ – Законот за забрана на нефер трговски практики кончено е усвоен во Собранието откако на денешната 148 седница доби 82 гласа „ЗА“. Со овој закон треба да се стави ред во цените на овошјето зеленчукот и прехранбените производи и да се спречи самоволието на трговците и добавувачите. Сепак на првите ефекти од овој закон граѓаните ќе мора да причекаат неколку месеци бидејќи добавувачите мора да се усогласат со одредбите а во меѓувреме и ...
САД денеска назначија и санкционираа три лица кои помогнале во неуставното одбележување на Денот на Република Српска на 9 јануари од страна на Република Српска, поддржувајќи ги на тој начин напорите на претседателот на Република Српска, Милорад Додик, „да го поткопа територијалниот интегритет, мирот и стабилноста на Босна и Херцеговина“, се вели во соопштението од портпаролот на Стејт департментот, Метју Милер. Стејт департментот пренесе дека со ...
ВАШИНГТОН – Хантер Бајден ја одби поканата од републиканците во Претставничкиот дом да се појави на јавно сослушување наредната недела заедно со поранешни деловни соработници, истрага што неговиот адвокат ја нарече „карневалско придружно шоу“. Во писмо добиено за Асошиетед прес, Абе Лоуел, адвокатот на синот на претседателот, ги критикуваше напорите на републиканците да го изведат неговиот клиент пред јавна расправа. Адвокатот на синот на ...
СКОПЈЕ - Видно вознемирен и во лоша физичка и психичка состојба, Александар Ѓорчевски, таткото на Вања Ѓорчевска се појави на јавната седница во Врховниот суд каде се расправаше по неговата жалба за одредениот притвор. Ѓорчевски е осомничен за помагање во грабнувањето на неговата ќерка и повеќе од три месеци се наоѓа во притвор. Во своето излагање пред судот тој даде крајно драматичен исказ: „Јас сум поделен на два света. Во моментот едното дете ...
Претставничкиот дом на САД го одобри законот со кој популарната апликација „TikTok“ ќе ја принуди или да се одвои од нејзината матична компанија „ByteDance“ во кинеска сопственост или да ја продаде американската верзија на софтверот. Законот за заштита на Американците од апликации контролирани од странски противник „им дава на TikTok шест месеци да ја елиминира контролата на странските противници – што би вклучило и одземање на ByteDance од ...
Американскиот претседател Џо Бајден ја осигури претседателската номинација на Демократската партија, а кусо потоа и поранешниот претседател Доналд Трамп ја обезбеди номинацијата на републиканците. Во ноември се очекува реприза на претседателската трка од 2020 година. И Трамп и Бајден победија на прелиминарните избори во вторникот во сојузните држави Џорџија, Мисисипи и Вашингтон, обезбедувајќи доволно делегати за мнозинство во нивните партии. ...
Две лица загинаа, вклучително и член на милитантната група Хамас при напад со израелско беспилотно летало во јужен Либан. При нападот погоден е автомобил пред градот Тир, во близина на брегот на Средоземното Море. Либанските државни медиуми ги идентификуваа членовите на Хамас како од бегалскиот камп Рашидие, област каде што милитантната група има забележително присуство. Израелската војска, исто така, објави дека извршила воздушни напади во ...
Верувам дека имаме уверување од Бугарија оти тие сакаат Северна Македонија да биде членка на Европската Унија (ЕУ), рече специјалниот претставник на Стејт департмент за Западен Балкан Габриел Ескобар, за време на денешниот виртуелен прес-брифинг во Брисел. „Северна Македонија и Бугарија се ценети НАТО членки и сојузници и затоа сакаме мирно решeние на кои било прашања“, кажа Ескобар. Тој рече дека САД охрабруваат дијалогот меѓу Северна ...
Земјите од Европската Унија (ЕУ) се блиску до договор за фонд за воена помош за Украина од 5,46 милијарди долари, изјавија дипломатите денес. Земјите-членки на ЕУ беа ангажирани во повеќемесечни расправии околу фондот, наречен Европски мировен фонд, со Франција и Германија во центарот на поголемиот дел од дебатата. Фондот работи на начин што на членките на ЕУ им се враќаат средства за испраќање муниција во други земји. Дипломатите рекоа дека ...
Белата куќа денес ги повика милитантите на Хамас во Газа да ги ослободат жените, постарите и ранетите заложници и да прифатат привремен прекин на огнот во борбите со Израел, со цел да се обезбеди потраен прекин на огнот. „Примирјето е на маса денес, за шест недели, за да се изгради во нешто потрајно доколку Хамас едноставно ослободи жени, ранети и постари лица“, изјави за новинарите советникот за национална безбедност на Белата куќа Џејк ...
Специјалниот обвинител Роберт Хур, кој минатиот месец предизвика политичка бура со извештај во кој се вели дека претседателот Џо Бајден има „лоша меморија“, се појави пред Конгресот денес за да ја брани својата проценка. „Мојата проценка во извештајот за релевантноста на сеќавањето на претседателот беше неопходна и точна и праведна“, рече Хур во својата подготвена воведна изјава. „Не го менував моето објаснување. Ниту го омаловажував ...
Специјалниот претставник на Стејт департмент за Западен Балкан Габриел Ескобар патува во Австрија, каде ќе се сретне со канцеларијата на ОБСЕ/ОДИХР за да разговара за изборите во Северна Македонија и Србија, соопшти Стет департментот. Освен во Австрија, Ескобар оди и во Белгија, Косово и Црна Гора од 10 до 18 март. „Неговата посета ќе ја потврди посветеноста на САД кон земјите од Западен Балкан додека тие се стремат кон евроатлантска интеграција ...
САД обезбедуваат нова воена помош за Украина во вредност од 300 милиони американски долари, прва ваква најава од крајот на декември, во она што официјалните лица од одбраната го нарекоа „ад-хок“ пакет овозможен преку заштедите на американската Армија. Советникот за национална безбедност Џејк Саливан денес во Белата куќа го објави 55-тиот пакет и рече дека ќе вклучува артилериски куршуми и муниција за ХИМАРС, оружје кое очајно е потребно на ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес изјави дека Израел ќе продолжи со својата воена кампања во Рафа во јужниот дел на појасот Газа, во услови на зголемен меѓународен притисок. Израел се соочува со повици да не влегува во Рафа, една од последните релативно безбедни области, каде што 1,5 милиони луѓе побарале засолниште. „Ќе ја завршиме работата во Рафа овозможувајќи му на цивилното население да се извлече од опасноста“, рече Нетанјаху во ...