Набљудувачите на Обединетите нации забележаа нагло зголемување на цивилните жртви во Украина минатиот месец, како што руските сили ги засилија нападите, соопшти денес Канцеларијата на ОН за човекови права. Бројот вклучува најмалку 57 деца убиени или повредени во март, двојно повеќе од бројот во февруари, се вели во извештајот. Набљудувачката мисија на ОН за човекови права верификуваше најмалку 604 цивили убиени или повредени во Украина во март, ...

„Ние ќе спречиме миграција ако им дадеме на луѓето работа и можност да се едуцираат. Тоа е она што ги држи луѓето да одат напред и да имаат работа и да преживеат. Ние имаме паметни луѓе, нашите факултети не се лоши, не се на Шангајска листа, но на нашите студенти не им е проблем да ги нострифицираат дипломите и да отидат во странство“, вели Калина Гривчева Старделова, претседателка на Лекарска комора. Македонските лекари ги полнат странските ...

Пристапот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху кон војната во Газа е „грешка“, рече американскиот претседател Џо Бајден во интервју објавено во вторникот, нудејќи дополнителни критики за начинот на кој Израел се справува со конфликтот. „Мислам дека тоа што го прави е грешка. Не се согласувам со неговиот пристап“, рече Бајден во коментарот за Univision, американска ТВ мрежа на шпански јазик. Бајден, исто така, претходно го нарече израелското ...

САД ќе ѝ продадат на Украина опрема вредна до 138 милиони долари за одржување и надградба на нејзините системи за противвоздушна одбрана HAWK за да помогне во одбраната од напади со руски беспилотни летала и крстаречки ракети, изјави во вторникот претставник на американскиот Стејт департмент за Ројтерс. САД почнаа со испорака на ракети-пресретнувачи HAWK во Украина во 2022 година како надградба на ракетните системи за воздушна одбрана „Стингер“. ...

Претседателот Џо Бајден треба да го пречека јапонскиот премиер Фумио Кишида во Белата куќа вечерва, во официјална посета што ќе претставува една од најголемите структурни надградби на американско-јапонскиот безбедносен сојуз во последните неколку децении. Посетата, исто така, треба да доведе до понатамошна интеграција на Токио во безбедносната рамка на Вашингтон со другите сојузници во регионот, што е клучен фактор за одвраќање на Пекинг. Бајден ...

Пентагон не отстапува од својата поддршка за Израел, и покрај зголемената фрустрација од некои американски законодавци дека Израел ги преминува етичките линии додека го напаѓа Хамас во Газа. За време на сослушувањето на Комитетот за вооружени служби на Сенатот на САД денес, прекинато неколку пати од демонстранти кои го обвинуваа Израел и САД дека имаат невина крв на рацете, секретарот за одбрана Лојд Остин се спротивстави. Сенаторот Том Котон, ...

По разговорите во Пекинг, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, денес рече дека Кина и Русија дополнително ќе ја зајакнат безбедносната соработка во Европа и Азија. Лавров додаде дека двете земји се договориле „да започнат дијалог со вклучување на други наши истомисленици за ова прашање“. На средбата со Шји Џјинпинг, Лавров искажал пофалби за кинескиот претседател, јавуваат руските медиуми. Во извештаите се наведува дека Лавров му ...

Врховниот суд на Аризона денес пресуди дека сојузната држава може да го спроведе својот долгогодишен закон со кој се криминализираат сите абортуси, освен кога е загрозен животот на мајката. Случајот испитуваше дали државата сè уште се води според закон кој постои уште пред Аризона да стане сојузна држава. Законот од 1864 година не предвидува исклучоци за силување или инцест, но дозволува абортуси доколку животот на мајката е во опасност. ...

Секретарот за одбрана Лојд Остин и претседателот на здружените началници, генералот Чарлс К. Браун Џуниор во вторникот сведочеа на Капитол Хил за буџетот на Пентагон од 850 милијарди долари за 2025 година. Досега останаа прашањата дали законодавците ќе ги поддржат тековните потреби за трошоци за Израел или Украина. Сослушувањето во Сенатот беше првпат законодавците од двете страни да го испрашаат највисокото цивилно и воено раководство на ...

Натпреварите од Лигата на шампионите оваа недела ќе се одржат според планираното и покрај заканата од тероризам на Исламската држава, соопшти управното тело на европскиот фудбал. Медиум кој е поврзан со терористичката група објави повеќе објави во кои повикува на напади на стадионите на кои се одржуваат четвртфиналните натпревари во Париз, Мадрид и Лондон во вторник и среда. „УЕФА е свесна за наводните терористички закани упатени кон ...

За неполн час изгоре голем дел од внатрешноста на Универзална Сала во пожар што избувна утринава. Во огнот, нема загинати, а две лица, од околните згради биле пренесени на Клиниката за токсикологија поради вдишување густ чад од запалениот објект. За пожарот, како што соопштија од МВР, на распит се повикани три лица кои, како што се вели, биле градежни работници, присутни во објектот во моментот кога се случил пожарот. Embed share Изгоре дел од ...

Американскиот претседател Џо Бајден, претседателски кандидат на Демократската партија во 2024 година, и поранешниот претседател Доналд Трамп, кој се смета за водечки кандидат на Републиканската партија, имаат многу различни ставови за клучните надворешни и внатрешни прашања. Следниве се позициите за клучните прашања во надворешната политика. Русија и Украина Бајден поддржува испраќање воена и хуманитарна помош во Украина за да помогне во борбата ...

Највисокиот дипломат на Ватикан во вторникот ја започна шестдневната посета на Виетнам како дел од напорите за нормализирање на односите со комунистичката нација. Ричард Галагер, министер за надворешни работи на Светата столица, се сретна со неговиот виетнамски колега Буи Тан Сон и ја изрази „благодарноста“ на Ватикан за напредокот што е постигнат за подобрување на врските. Посетата се случи откако надбискупот Марек Залевски стана првиот ...

Законодавецот Сајмон Харис беше избран за премиер на Ирска со гласање во парламентот во вторникот, станувајќи најмладиот лидер на земјата досега на 37 години. Харис ја презема функцијата шеф на трипартиската коалициска влада на Ирска од Лео Варадкар, кој минатиот месец ја објави својата ненадејна оставка. Харис, кој беше министер за високо образование во владата на Варадкар, беше единствениот кандидат што го замени на чело на ...

Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во вторникот пресуди во корист на група постари Швајцарки кои тврдеа дека несоодветните напори на нивната влада за борба против климатските промени ги изложуваат на ризик од смрт за време на топлотните бранови. Одлуката на Европскиот суд за случајот, донесена од повеќе од 2.000 жени, би можела да има домино ефект низ Европа и пошироко, поставувајќи преседан за тоа како некои судови се справуваат со ...

Највисокиот европски суд за човекови права ќе пресуди за група значајни случаи за климатски промени кои имаат за цел да ги принудат земјите да ги исполнат меѓународните обврски за намалување на емисиите на стакленички гасови. Европскиот суд за човекови права ќе донесе одлуки за три случаи покренати од француски градоначалник, шест млади Португалци и повеќе од 2.000 членови на постарите жени за заштита на климата, кои велат дека нивните влади не ...

Првиот човек на министерсвото за внатрешни работи – една од најдоговорните институции за демократскиот тек на изборите се уште се сомнева дека процесот ќе биде фер. Панче Тошковски, кој е кадар на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, повтори дека одговорноста ја гледа кон владата зашто таа, како што вели, не му дозволила, како што е законски утврдено, да назначи началници на секторите за внатрешни работи на територијата на целата земја. „Јас не моаже а да ...

Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон во вторник ќе се сретне со американскиот државен секретар Ентони Блинкен во Вашингтон, како дел од патувањето за да ги поттикне американските власти да поддржат нова помош за Украина. Посетата на Камерон, исто така, ќе го натера да разговара со конгресните лидери, вклучително и со претседателот на Претставничкиот дом Мајк Џонсон, кој се спротивстави на продолжување со нацрт-законот за ...

Агенцијата за мониторинг на климата на Европската унија соопшти дека глобалните температури достигнаа ново високо ниво веќе 10-ти месец по ред во март. Службата за климатски промени Коперник соопшти дека глобалните температури минатиот месец во просек изнесувале нешто повеќе од 14 Целзиусови степени, што е за 1,64 степени Целзиусови потопли од просечните температури за истиот месец помеѓу прединдустриската ера која се протега од 1850 до 1900 ...

Кинескиот лидер Шји Џинпинг се сретна со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во знак на взаемна поддршка поради инвазијата на Москва на Украина и споделеното противење на западните демократии предводени од САД. Веднаш не беа објавени детали за состанокот, иако Лавров одржа прес-конференција претходно во вторникот со неговиот кинески колега Ванг Ји, на која тие ја потврдија солидарноста во меѓународните прашања. Лавров рече дека ...

Турција соопшти дека воведува трговски ограничувања на Израел кои влијаат на низа производи додека Израел не прогласи прекин на огнот во Газа. Ограничувањата вклучуваат трговија во 54 категории, вклучувајќи железо, челик, цемент, воздухопловно гориво и вештачко ѓубриво. Потегот доаѓа еден ден откако Израел го блокираше турското барање за испраќање помош од воздух за Газа. Повеќе земји спроведоа падови на помош за да се обидат да се спротивстават ...

Толпи набљудувачи на небото низ Северна Америка го гледаа затемнувањето на Сонцето денес, прославувајќи го со овации, музика и свадби. Од мексиканско одморалиште на плажа во близина на местото каде што затемнувањето падна на бреговите на реката Охајо, до Нијагарините водопади на американско-канадската граница, толпата која го гледаше тоталното затемнување реагираше радосно. Во Раселвил, Арканзас, град со околу 30.000 жители во близина на ...

Хамас го отфрли израелскиот предлог за прекин на огнот на разговорите во Каиро, изјави во понеделникот висок претставник на Хамас, а израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека е одреден датум за инвазија на Рафа, последното засолниште на Газа за раселените Палестинци. Израел и Хамас испратија тимови во Египет во неделата на разговори, во кои беа вклучени катарски и египетски посредници, како и директорот на ЦИА Вилијам Барнс. Присуството ...

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров пристигна во Пекинг за да ги нагласи дипломатските врски и да разговара за војната во Украина и ситуацијата во азиско-пацифичкиот регион. Состанокот меѓу Лавров и неговиот кинески колега Ванг Ји, доаѓа во време кога двете земји се усогласуваат за неколку прашања и се` повеќе се во спорсо демократските држави и членките на НАТО. Посетата на Лавров ќе трае до утре и се совпаѓа со крајот на ...

Официјални лица во Мозамбик соопштија дека најмалку 96 лица загинале, а најмалку 20 се водат како исчезнати откако импровизиран траект со околу 130 луѓе се преврте во неделата кај северниот брег на земјата. Во интервју за националната телевизија во понеделникот, провинцискиот државен секретар Хаиме Нието рече дека траектот бил преправен рибарски брод и бил натоварен многу повеќе од неговиот капацитет. Тој рече дека тргнал од градот Лунга и се ...

Американскиот претседател Џо Бајден ќе биде домаќин на јапонскиот премиер Фумио Кишида и на филипинскиот претседател Фердинанд Маркос Џуниор на самитот во Белата куќа, кој треба да ја зајакне трилатералната поморска соработка во Јужното Кинеско Море, што е голем потег за спротивставување на Пекинг. Првиот собир од ваков вид на САД и нивните двајца азиски сојузника е закажан за в четврток. Тоа е дел од стратегијата на Бајден да ги спои ...

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес изјави дека е одреден неоткриен датум за копнена инвазија на градот Рафа во јужна Газа, дури и додека Белата куќа соопшти дека нејзините преговарачи во Каиро им предале на милитантите на Хамас предлог за прекин на огнот и ослободување на заложниците. „Денеска добив детален извештај за разговорите во Каиро“, рече израелскиот лидер во Ерусалим. „Постојано работиме на постигнување на нашите цели, пред ...

Договор за ослободување на заложниците во Газа е тежок, но остварлив, изјави денес израелскиот опозициски лидер Јаир Лапид, откако тој и американскиот државен секретар Ентони Блинкен разговараа за потребата Израел и Хамас да го решат нивниот конфликт. „Тоа е тежок договор. Ова е договор што можеби нема да ни се допадне, но е остварлив и затоа треба да се постигне“, рече Лапид. Во Египет се одржаа разговори за договор за ослободување на ...

Американската секретарка за финансии Џенет Јелен во понеделникот ја предупреди Кина дека Вашингтон нема да дозволи нови индустрии да бидат десеткувани од кинескиот увоз, додека таа ги завршува четиридневните состаноци за да инсистира Пекинг да го заузда вишокот индустриски капацитет. Јелен на прес-конференција рече дека американскиот претседател Џо Бајден нема да дозволи повторување на „кинескиот шок“ од раните 2000-ти, кога поплавата од кинески ...

Кинеските мигранти кои доаѓаат преку јужната граница на САД велат дека го направиле предавничкиот пат за да избегаат од авторитарното владеење на Кина, да го бараат американскиот сон или да избегаат од растечката политичка и економска несигурност дома. Но, предизвиците не завршуваат откако ќе пристигнат, а некои одлучуваат да се вратат во Кина, додека други немаат избор. Минатиот април, Ксиа Ју пристигна во Соединетите Држави откако патуваше низ ...

weather icon

Скопје

14ᴼ / 14ᴼ
1.03
88%
1012
weather icon

Белград

19ᴼ / 17ᴼ
3.6
67%
1010
weather icon

Загреб

19ᴼ / 14ᴼ
1.03
68%
1011
weather icon

Софија

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
77%
1013
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
1.85
81%
1012
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 12ᴼ
0.51
88%
1012
weather icon

Атина

21ᴼ / 18ᴼ
2.57
58%
1010
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
0.51
72%
1011
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
2.57
72%
1011
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 15ᴼ
2.06
54%
1011
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 19ᴼ
4.12
62%
1011
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 9ᴼ
7.72
76%
1012
Currency

61.525

Currency

53.9688

Currency

71.8364

Currency

34.5242

Currency

39.1483

Currency

65.5163

Currency

7.46101

Currency

0.65242

Currency

0.37903

Currency

0.52878

Currency

1.42095

Currency

0.63592

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15519.00

Рутениум

20190.67

Калај

31.20

Сребро

1057.05

Злато

107001.17

Бакар

9.87

Паладиум

29707.29

Платина

30669.41

Родиум

172810.26

Цинк

2.57