
Скопје
12ᴼ /
12ᴼ



Американскиот претседател Џо Бајден го предупреди израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека израелската воена операција во Рафа ќе ја продлабочи анархијата во Газа и тие се согласија тимовите од секоја страна да се состанат во Вашингтон за да разговараат за тоа, соопшти Белата куќа. Советникот за национална безбедност на Белата куќа Џејк Саливан, им рече на новинарите дека двете земји ќе имаат сеопфатна дискусија за иднината во Газа, каде што ...
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен треба да ги посети Саудиска Арабија и Египет оваа недела на разговори за кои рече дека ќе се фокусираат на притисок за прекин на огнот во Газа, ослободување на заложниците кои ги држат палестинските милитанти и планирање за повоена Газа. Зборувајќи за време на посетата на Филипините, Блинкен им рече на новинарите дека ќе треба да има договори за тоа како да се пристапи кон управувањето, безбедноста, ...
Советот на Европската Унија денес го ратификуваше договорот за зголемување на поддршката на ЕУ за вооружените сили на Украина за 5 милијарди евра (5,44 милијарди долари) преку наменски фонд за помош. „Со фондот, ние ќе продолжиме да ја поддржуваме Украина да се брани од руската агресивна војна со сè што е потребно и онолку долго колку што ни треба“, рече во изјавата шефот за надворешна политика на ЕУ Жозеп Борел. Инјекцијата во готовина доаѓа во ...
СКОПЈЕ – Замрзнување на цени, насочени мерки кон одредени ланци маркети и трговци, казни но и затварање. Ова се мерките кои ги најави министерот за економија Крешник Бектеши. Инфлацијата е под контрола а трошоците кои влијаат на цените се намалени и затоа трговците немаат основ за да ги покачат цените. „Ако во случај имаме големо зголемување на цените посебно на основните прехранбени производи секако дека ќе и предложиме на Владата мерки со цел ...
САД и Јапонија предложија резолуција до Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН), во која се нагласува дека државите треба да го почитуваат договорот со кој се забранува ставање нуклеарно оружје во вселената, порака што изгледаше насочена кон Русија. Вашингтон верува дека Москва развива вселенско антисателитско нуклеарно оружје, чие детонирање би можело да предизвика хаос со попречување на сè, од воена комуникација до услуги за возење ...
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен вели дека во година кога повеќе од половина свет ќе одржува избори, новите технологии, вклучувајќи ги социјалните медиуми и вештачката интелигенција, ги направиле дезинформациите поголема закана од кога било. Говорејќи на третиот Самит за демократија во Сеул, Блинкен додаде дека иако тие технологии драматично ја забрзале и онака брзо менувачката информациска средина, тие исто така „создадоа забрзувач ...
САД не ја исклучуваат можноста за продолжување на военото присуство во Нигер, и покрај изјавата на владејачката воена хунта во земјата дека става крај на договорот што дозволува присуство на американски сили ангажирани во мисии за борба против тероризмот. Американските одбранбени претставници денес рекоа дека САД допрва треба да повлечат кој било од своите околу 1.000 воен персонал од Нигер, и заедно со официјални лица од Белата куќа и Стејт ...
Американскиот претседател Џо Бајден разговараше со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес за ситуацијата во Рафа и напорите за зголемување на помошта за Газа, соопшти Белата куќа. Повикот беше прв меѓу двајцата лидери од 15 февруари, и доаѓа во време на остри тензии меѓу Израел и неговиот најцврст сојузник околу начинот на кој Нетанјаху се справува со војната во Газа што уследи по смртоносниот напад на Хамас на 7 октомври во Израел. ...
Палестинците се соочуваат со неизбежен глад во северниот дел на Газа од сега до мај, се заклучува во денешниот извештај за безбедност на храната, поддржан од Обединетите нации (ОН). Групите за хуманитарна помош предупредуваа во текот на поголемиот дел од израелската војна против милитантите на Хамас во Газа, дека стотици илјади Палестинци се прегладнети бидејќи премалку камиони со помош се пропуштаат на територијата покрај израелските ...
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, денес отпатува за Грузија каде што се состана со лидерите на разговори за зајакнување на соработката меѓу нацијата и алијансата и за патот до евентуалното членство. Столтенберг ја изрази својата благодарност за „суштинските придонеси на Грузија во НАТО“ и рече дека НАТО целосно го поддржува суверенитетот и територијалниот интегритет на Грузија. Тој рече дека Јужна Осетија и Абхазија се дел од ...
Изливот на меѓународни протести го одбележаа последниот ден од гласањето на претседателските избори во Русија, додека поддржувачите на загинатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални го послушаа повикот за акција. Во неделата, на улиците на Берлин, Јулија Навалнаја, вдовица на поранешниот руски опозициски лидер Алексеј Навални, се приклучи на протестот против рускиот претседател Владимир Путин. Таа одеше со сограѓаните Руси кои беа наредени ...
САД ги ставија на црна листа поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева и актуелниот градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски поради „постапки со кои го поткопаа владеењето на правото и вербата на јавноста во демократските институции и јавните процеси на нивните влади“. Покрај Јанева и Јакимовски, Стејт департментот ги санкционираше и нивните потесни членови на семејството - двата полнолетни синови на Јакимовски, Гоце ...
Американскиот претседател Џо Бајден и првата дама Џил Бајден организираат прием во Белата куќа по повод месецот на женската историја. Администрацијата вели дека претседателот ќе го објави најсеопфатниот сет на извршни активности што некогаш биле преземени за унапредување на истражувањето и иновациите за здравјето на жените. Претседателот Бајден во неделата во Белата куќа му посака добредојде на ирскиот премиер Лео Варадкар, во знак на сеќавање ...
Рускиот претседател Владимир Путин го предупреди Западот дека директен конфликт меѓу Русија и воената алијанса НАТО предводена од САД ќе значи дека светот е на работ на Трета светска војна, но рече дека ретко кој сака такво сценарио. Војната во Украина ја предизвика најдлабоката криза во односите на Москва со Западот од Кубанската ракетна криза во 1962 година. Путин често предупредуваше на ризиците од нуклеарна војна, но вели дека никогаш не ...
Германскиот канцелар Олаф Шолц во неделата ја доведе во прашање „ужасно високата цена“ на офанзивата на Израел против палестинската исламистичка група Хамас во Газа, велејќи дека светот не може едноставно да стои настрана и да гледа како Палестинците умираат од глад во енклавата. Зборувајќи по разговорите со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Ерусалим, Шолц рече дека ја споделува својата загриженост за големиот број цивилни жртви и ...
Северна Кореја истрела балистички ракети со краток дострел во морето во понеделникот, за прв пат по два месеци, додека американскиот државен секретар Ентони Блинкен е во посета на Сеул на конференција за промоција на демократијата, чиј домаќин е претседателот Џун Сук-Јол. Војската на Јужна Кореја соопшти дека неколку проектили со краток дострел прелетале околу 300 километри откако биле истрелани помеѓу 7:44 часот и 8:22 часот од Пјонгјанг, ...
Израел во понеделник ќе испрати делегација на високо ниво предводена од својот шеф на Мосад во Катар за да посредува во разговорите со Хамас со цел да се обезбеди шестнеделно примирје во Газа со кое палестинските милитанти ќе ослободат 40 заложници, изјави израелски официјален претставник. Оваа фаза од преговорите може да потрае најмалку две недели, процени официјалниот претставник, наведувајќи ги тешкотиите што може да ги имаат делегатите на ...
Работната недела од 40 часа е стандардна во САД повеќе од осум децении. Сега некои членови на Конгресот сакаат да им дадат на работниците дополнителен слободен ден. Екстремно левичарскиот независен сенатор од Вермонт, Берни Сандерс достави предлог-закон со кој ќе се скрати на 32 часа времето што многу Американци можат да го работат секоја недела пред да им се должат прекувремената работа. Со оглед на напредокот во автоматизацијата, роботиката и ...
Ова е Силиконската долина, дом на Фејсбук, Гугл, и некои од најголемите и најбогати компании во земјата. Градот Сан Хозе се наоѓа не многу далеку до овде. Дали мислите дека секогаш ќе останете бездомник? „Да. Се помирив со фактот дека веројатно така ќе умрам“, вели бездомникот Џими. Embed share Илјадници бездомници живеат на улиците во Сан Франциско Embed share The code has been copied to your clipboard. The URL has been copied to your ...
Американскиот државен секретар Eнтони Блинкен вели дека технологијата треба да се користи за да се одржат демократските вредности наспроти напорите на авторитарните и репресивни режими да применат технологија за поткопување на демократијата и човековите права. Блинкен ги даде забелешките во понеделникот на третиот Самит за демократија во јужнокорејскиот главен град Сеул. Американскиот државен секретар им рече на присутните дека владите мора да ...
Израелската војска соопшти дека спроведува операција во болницата Шифа во градот Газа, област каде што беше под меѓународна критика за рацијата во ноември. Портпаролот на израелските одбранбени сили, контраадминистраторот Даниел Хагари, изјави дека израелските сили дејствуваат бидејќи високи функционери на Хамас ја користеле болницата за да командуваат со напади против Израел. „Ќе ја спроведеме оваа операција со претпазливост и грижа додека ќе ...
Пакистан изврши прекугранични воздушни напади врз милитантски засолништа во Авганистан рано во понеделникот, при што загинаа неколку луѓе, според официјални лица. Пакистански безбедносен функционер, кој анонимно зборуваше за Гласот на Америка, бидејќи не бил овластен да комуницира со медиумите, ги потврди нападите пред зори, велејќи дека тие биле насочени кон команданти поврзани со Техрик-е-Талибан Пакистан или ТТП, глобално означена ...
Воената кампања на Израел во Газа и нејзиниот ефект врз палестинските цивили е во фокус на меѓународна осуда. „Природниот начин на обезбедување помош преку патишта е затворен, а гладот се користи како воено оружје“, изјави Жозеп Борел, висок претставник на ЕУ за надворешна политика. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху не попушта. „Ниту еден од овие притисоци нема да не` спречи. Иднината на Израел, опстанокот е во прашање“, изјави Нетанјаху. ...
Рускиот претседател Владимир Путин го прослави освојувањето на новиот шестгодишен мандат по гласањето на кое на гласачите не им беа дадени вистински алтернативи поради заплашувањето или затворањето на повеќето потенцијални противници. Путин им рече на приврзаниците дека го смета гласањето за демократско и ги отфрли оние кои протестираа против гласањето. „Имаме многу задачи пред нас. Но, кога ќе се консолидираме - без разлика кој сака да не ...
Геополитичките движења и борбите за проширување на сферите на интерес во светот се чини дека директно се одразуваат на ограничување на демократските права на граѓаните во многу држави. Паралелно со тоа дигиталните технологии се повеќе се унапредуваат и отвораат можности за злоупотреба. Како што дезинформациите и поларизацијата се засилуваат, креаторите на политиката го поставуваат прашањето како да се помогне во одбраната на демократијата ...
Првиот брод со прехранбена помош стигна до брегот на појасот Газа денес, каде што надежите за прекин на огнот за спас на населението од глад претрпеа нов удар, откако Израел го отфрли последниот контрапредлог за примирје од Хамас. Бродот Open Arms, со 200 тони храна, можеше да се види оддалеку од плажата на крајбрежниот појас. Добротворната организација World Central Kitchen има за цел да ја достави помошта на привремен брег, иако прецизни ...
Американскиот претседател Џо Бајден денеска му беше домаќин на ирскиот премиер Лео Варадкар по повод Денот на Свети Патрик во Белата куќа. Не запираат и повиците за бојкот на настанот од многумина во Ирска кои се огорчени од цврстата американска поддршка на Израел во неговата војна против Хамас. „Денес се слават 100 години, 100 години дипломатски односи меѓу Ирска и Америка“, рече Бајден пред новинарите на средбата со Варадкар. Варадкар ја ...
Судијата во Џорџија, кој го надгледуваше судењето на Доналд Трамп, под обвинение дека се обидел да го поништи неговиот изборен пораз во американската сојузна држава, рече дека главната обвинителка Фани Вилис може да остане во случајот, сè додека го отстрани заменикот со кој имала лични односи. Пресудата на судијата Скот Мекафи беше удар за републиканскиот поранешен претседател на САД, кој се обидува да го собори демократскиот претседател Џо ...
Потпретседателката на САД Камала Харис посети клиника која врши абортуси во сојузната држава Минесота, во знак на поддршка на репродуктивните права на жените. Нејзината канцеларија соопшти дека тоа е првпат еден од двајцата водечки американски лидери некогаш да посети ваква медицинска установа. Правото на абортус останува нестабилно прашање пред претседателските избори во ноември, во земја каде што вообичаено се вршат повеќе од 80.000 абортуси ...
Глас на Америка: Господине Муцунски, минатата недела присуствувавте на Конгресот на Европската народна партија. Кои се пораките од вашите сестрински партии од Европа? Тимчо Муцунски: Прво благодарам за поканата да гостувам во ова интервју на вашиот ценет медиум. Да, присуствуваме заедно со претседателот Мицкоски, колегата потпретседател Николоски, меѓународниот секретар Стефан Андоновски и кандидатот за претседател на Република Македонија, ...