Претседателот на Алијансата за Албанците и кандидат за претседател на коалицијата ВРЕДИ, Арбен Таравари ја презентираше Претседателската платформа која се заснова на четири столба - Северна Македонија интегрирана во регионот и Европа, Северна Македонија производител на безбедност, правната држава и консензуалната демократија. Доколку биде избран за претседател, Таравари најавува избор на претседател на државата во Собранието со двојно гласање, ...

„Очекувам кампањата да биде слична на претходните, со многу негативности. Црна кампања ќе доминира над позитивна кампања. Црната кампања која највеќе ја водат најголемите политички партии од двата блока, овој пат, ако се води масовно, ќе покаже зголемен интерес и гласање за помалите политички партии“, вели комуникологот Бојан Кордалов. Тој смета дека ако се оди само со негативна кампања тоа ќе ги „спушти“ политичките противници, но нема да ...

Врховниот суд на САД овој месец ќе ги сослуша аргументите за претседателскиот имунитет и дали на поранешниот претседател Доналд Трамп може да му се суди по обвиненијата дека заговарал да ги поништи резултатите од изборите во 2020 година. Одлуката на највисокиот Суд ќе определи како некои од правните случаи на наводниот кандидат за републиканска партија напредуваат во процесот во изборна година каде што тој се соочува со 91 обвинение за кривично ...

Израелската војска во средата соопшти дека нејзиниот воздушен напад во кој загинаа седум хуманитарни работници во Газа е „голема грешка“. Началникот на израелската војска, генерал-полковник Херзи Халеви, го припиша нападот, во кој загинаа членовите на хуманитарната група Светска централна кујна (СЦК), на „погрешна идентификација ноќе, за време на војна, во многу сложени услови“. „СЦК е организација чии луѓе работат низ целиот свет, вклучително и ...

Илјадници домови и деловни објекти останаа без струја, бидејќи силните временски услови пустошеа низ неколку американски сојузни држави, предизвикувајќи најмалку еден смртен случај и можни торнада. Една од најтешко погодените области беше североисточна Оклахома, каде силните обилни дождови предизвикаа три торнада. Невремето е причина и за смртта на 46-годишна бездомничка во Тулса, според полицијата. Според Националната метеоролошка служба бури ...

Седумнаесет листи на кандидати ќе учествуваат на претстојните парламентарни избори закажани за 8 мај. До полноќ во ДИК, кога истекуваше рокот, се пријавиле толку кандидатски листи. Повеќето од нив – 13 ќе се натпреваруваат во сите шест изборни единици, останатите 4 решиле дека ќе имаат кандидатски листи само во неколку, а не во сите изборни единици. Меѓу партиите и коалициите кои доставиле кандидатски листи за сите шест изборни единици се оние ...

Министрите за надворешни работи на НАТО на состанокот во среда во Брисел се очекува да разговараат за предлогот за креирање фонд од 100 милијарди долари за поддршка на војската на Украина. Планот, изнесен од генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, исто така вклучува и подиректно вклучување на НАТО во координирањето на воената помош што ја обезбедуваат земјите-членки, улога што ја исполни коалицијата предводена од САД од повеќе од 50 ...

СКОПЈЕ – „Ќе продолжам да работам за плата а не за проценти и да ги третирам сите еднакво, да ги почитувам младите луѓе. Ќе продолжам да им помагам на понижените, ќе продолжам да ги критикувам криминалот и високата корупција на сите и на оние кои гласале за мене. И во 2014 година и во 2019 година на гласачкото ливче бевме број три а бевме број еден. И во мај ќе останеме на врвот“. Вака кандидатот за претседател на коалицијата предводена од СДСМ, ...

Врховниот суд на Флорида оваа недела издаде две пресуди кои практично наведуваат дека прашањето за абортусот ќе биде на ум за многу гласачи во ноември. Во мислењето објавено во понеделникот, Судот пресуди дека уставот на Флорида не го вклучува правото на жените во државата да имаат абортус. Пресудата го отвори патот за државата да ја спроведе забраната за абортус по шестата недела од бременоста, која законодавците ја усвоија, и гувернерот Рон Де ...

Овој естетски транспортен центар не само што ги поздравува оние што го посетуваат Светскиот трговски центар, туку служи и како доказ за силата и издржливоста на Њујорк по 11 септември. Дизајниран од шпанскиот архитект Сантијаго Калатрава, Окулус наликува на гулаб кој одлетува од детски раце. Доколку патувате од Њу Џерси, еден од најлесно достапните превози е користењето на железницата или метро превозот. Од градот Хобокен во Њу Џерси најлесно и ...

Земјотрес со јачина од 7,2 степени според Рихтеровата скала го погоди Тајван рано во средата, предизвикувајќи големи прекини на електричната енергија и делумно уривање на неколку згради во источен Тајван. Најмалку седум лица загинаа, а повеќе од 700 луѓе се повредени. Тајванската агенција за следење на земјотресите соопшти дека земјотресот го погодил источниот округ Хуалиен, според Геолошкиот институт на САД. „Беше многу силно. Се чувствуваше ...

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, предложи петгодишен пакет воена помош за Украина од 100 милијарди евра (107 милијарди долари), што ќе ѝ даде на западната алијанса подиректна улога во обезбедувањето поддршка на Киев, изјавија во вторникот пет дипломати. Според планот, НАТО ќе преземе дел од координативната работа од ад-хок коалицијата предводена од САД - чекор дизајниран делумно да се заштити какво било намалување на поддршката на ...

САД денес го предупредија Иран да не им возвраќа за нападот врз комплексот на амбасадата на Иран во Сирија, велејќи му на Советот за безбедност на ОН дека нема претходно предупредување за нападот, за кој Техеран го обвини сојузникот на Вашингтон - Израел. Нападот во понеделникот, за кој Иран рече дека убил двајца негови генерали и пет воени советници, претставува еден од најзначајните напади досега врз иранските интереси во Сирија, каде Израел ...

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави денес дека САД го повикале Израел веднаш да го истражи израелскиот воздушен напад во Газа, кој резултираше со смрт на седум хуманитарни работници. Блинкен го повтори повикот Израел да даде приоритет на заштитата на животите на цивилите. „Разговаравме директно со израелската влада за овој конкретен инцидент. Побаравме брза, темелна и непристрасна истрага за да се разбере што точно се случило“, ...

Убиството на седум лица кои работеле за добротворната организација Светска централна кујна на познатиот готвач Хосе Андрес во Газа е „неизбежен резултат на начинот на кој оваа војна моментално се води“, изјави денес портпаролот на Обединетите нации Стефан Дујарик. Тој рече дека ОН „уште еднаш“ повикуваат на итен хуманитарен прекин на огнот во шестмесечната војна меѓу Израел и Хамас. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека воздушниот ...

Сите седуммина кандидати за претседател на државата се појавија, но не сите денеска го потпишаа кодексот за фер и демократски избори. Неколкумина од претендентите за врвната функција во државата изразија сомнеж за претстојниот изборен процес, но само еден и формално одби да го потпише. Причината беше откажувањето на т.н мастер дебата на кандидатите. Embed share Не сите го потпишаа Кодексот за фер избори Embed share The code has been copied to ...

Канцеларијата на Високиот комесар за човекови права на ОН ја обвинува Русија за сериозно кршење на меѓународните човекови права и хуманитарните закони во нејзината војна против Украина. Новиот извештај предупредува дека рускиот вооружен напад и окупацијата на украинска територија ќе имаат долготрајни последици за Украина и нејзиното население, во време кога се чини дека глобалното внимание на критичната ситуација слабее. „И покрај ужасните ...

Во пожар во ноќен клуб во Истанбул кој се реновирал, загинаа 27 лица, а неколку беа тешко повредени, соопштија официјални лица и извештаи. Најмалку осум лица се повредени, од кои седум се хоспитализирани во тешка состојба, јави државната агенција Анадолу. Ноќниот клуб, кој беше затворен поради реновирањето, се наоѓа на приземјето на 16-катната станбена зграда во квартот Бешикташ на европската страна на градот пресечен од Босфорот. Пожарот е ...

Претседателот Џо Бајден повторно го предупредил кинескиот претседател Шји Џјинпинг да не се меша во ноемвриските претседателски избори во САД за време на телефонскиот разговор на двајцата лидери денес. Повикот е дел од напорите на САД за одржување на „отворени линии на комуникација за одговорно управување со конкуренцијата и спречување на ненамерен конфликт“, соопшти Белата куќа. Во различни ангажмани, САД го изразија своето „континуирано ...

Дискриминацијата и нападите врз муслиманите и Палестинците достигнаа рекордни нивоа во САД во 2023 година, поттикнати од зголемената исламофобија и фанатизам додека беснееше војната во Газа, покажаа податоците од Советот за американско-исламски односи. Бројот на жалби изнесуваше вкупно 8.061 во 2023 година, што е зголемување од 56 отсто во однос на претходната година и најголем број откако Советот за американско-исламски односи почна да води ...

СКОПЈЕ – Вечерва на полноќ истекува законскиот рок во кој коалициите и политичките партии треба да ги достават кандидатските листи за претстојните парламентарни избори кои ќе се одржат заедно со вториот круг на претседателски избори на 8 мај во Државната изборна комисија (ДИК). ДИК има законски рок од 48 час во моментот од поднесување на кандидатските листи да ги провери и да ги потврди односно прифати. Kандидат за пратеник, според Уставот и ...

Покана за членство во НАТО, воена помош, политичко единство на Европа, замрзнати руски средства, се дел од очекувањата што Украина ги има од сојузниците, од САД, од Европа, посочува, меѓу другото, амбасадорката на Украина во Северна Македонија, Лариса Дир, во интервју за Гласот на Америка. Амбасадорката Дир се надева дека Северна Македонија ќе продолжи да ја поддржува Украина на воен план, како и дека земјава би дала поддршка и за украинското ...

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен треба да се сретне со министрите за надворешни работи и одбрана на Франција, како дел од посетата, Стејт департментот рече дека ќе вклучи дискусија за поддршка на Украина и спречување на војната меѓу Израел и Хамас во Газа да се прошири. Подоцна Блинкен треба да разговара со францускиот претседател Емануел Макрон. Највисокиот американски дипломат, исто така, треба да ја изрази американската поддршка ...

Новоизбраниот градоначалник на Истанбул, Екрем Имамоглу, се појави како главен предизвикувач на владеењето на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Но, во некои аспекти, Имамоглу ги следи стапките на Ердоган, кој го водеше градот во 1990-тите. И двајцата се по потекло од регионот источно од Црното Море и на двајцата им беше попречена кариерата од турските судови. И Имамоглу и Ердоган биле фудбалери во младоста. По победата на изборите во ...

Јужноамериканската нација Перу е зафатена од уште една политичка криза, откако шестмина членови на кабинетот на претседателката Дина Буларте ненадејно поднесоа оставки во понеделникот по полицискиот упад во нејзиниот дом. Буларте е под истрага за наводно набавка на сет луксузни часовници без да ги открие како дел од нејзиниот имот. Полицијата упадна во домот и канцеларијата на претседателката минатиот петок за да ги бара луксузните часовници. ...

Иран побара од Советот за безбедност на ОН да одржи итен состанок за да разговара за израелскиот воздушен напад што го уништи иранскиот конзулат во главниот град на Сирија. Во нападот во понеделникот загинаа најмалку седум лица, вклучително и високи воени советници, соопшти иранскиот корпус на гардата на исламската револуција. Во писмото во понеделникот, иранската амбасадорка во ОН, Захра Ершади, го повика Советот за безбедност да разговара за ...

Полицијата во Албанија соопшти дека седуммина мигранти загинале кога автомобилот во кој се возеле излетал од патот и паднал во река. Возачот загинал кога автомобилот паднал во реката Вјоса на околу 240 километри југоисточно од главниот град Тирана. Агенцијата Франс прес вели дека патниците штотуку ја преминале границата меѓу Грција и Албанија, цитирајќи ги властите. Мали групи од арапски и африкански народи кои бегаат од конфликти и сиромаштија ...

12-годишен ученик загина, а двајца се ранети откако соученик отвори оган во училиште во јужна Финска во вторникот. Пукањето се случило во градот Вантаа додека траел училишниот ден. Осомничениот стрелец, идентификуван како 12-годишен ученик, побегнал пеш, а подоцна бил фатен и уапсен. Состојбата на двајцата ранети ученици не е објавена. Премиерот Петри Орпо рече дека е „длабоко шокиран“ во објавата на платформата за социјалните медиуми Х, порано ...

На 27 март, руската државна новинска агенција РИА Новости објави два текста за најновиот извештај на Обединетите нации за состојбата со човековите права во Украина, кој го опфати периодот од 1 декември 2023 година до 29 февруари 2024 година. „Песков, коментирајќи го извештајот на ОН за тортурата на руските воени заробеници во Украина, рече дека тоа не е новост за Москва, сите злосторства на режимот во Киев се документирани“. Додека најголемиот ...

Хуманитарната организација Светска централна кујна соопшти дека во израелски воздушен напад загинале седум нејзини персонал во Газа и дека групата веднаш ја прекинува својата работа во регионот. Светската централната кујна во соопштение рече дека завршила со испорака на 100 тони помош во храна во складиште во Деир ал-Балах и дека конвојот од два оклопни автомобили со логото на групата го напуштал местото кога бил погоден. Светската централна ...

МВР Билтен

47 минути - МИА
weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
2.06
94%
1012
weather icon

Белград

17ᴼ / 16ᴼ
2.06
70%
1010
weather icon

Загреб

16ᴼ / 12ᴼ
0.0
72%
1011
weather icon

Софија

12ᴼ / 12ᴼ
2.06
82%
1012
weather icon

Сараево

15ᴼ / 15ᴼ
1.2
88%
1011
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 11ᴼ
0.51
91%
1011
weather icon

Атина

20ᴼ / 17ᴼ
2.06
59%
1010
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
0.0
88%
1012
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
0.51
72%
1011
weather icon

Букурешт

16ᴼ / 13ᴼ
1.54
56%
1012
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 18ᴼ
4.63
64%
1010
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 9ᴼ
6.17
76%
1012
Currency

61.525

Currency

53.9688

Currency

71.8364

Currency

34.5242

Currency

39.1483

Currency

65.5163

Currency

7.46101

Currency

0.65242

Currency

0.37903

Currency

0.52878

Currency

1.42095

Currency

0.63592

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15519.00

Рутениум

20190.67

Калај

31.20

Сребро

1057.05

Злато

107001.17

Бакар

9.87

Паладиум

29707.29

Платина

30669.41

Родиум

172810.26

Цинк

2.57