Американските и британските власти денес поднесоа обвиненија, воведоа санкции и го обвинија Пекинг за сеопфатна кампања за сајбершпионажа која наводно погодила милиони луѓе, вклучително и законодавци, академици и новинари, како и компании, вклучително и изведувачи на одбраната. Властите ја нарекоа хакерската група Advanced Persistent Threat 31 или „APT31“, велејќи дека е рака на кинеското Министерство за државна безбедност. Официјалните лица го ...

Високиот суд на Лондон утре ќе ја донесе одлука за тоа дали основачот на Викиликс Џулијан Асанж ќе може да поднесе жалба против екстрадицијата од Велика Британија во САД, што би можело да биде неговиот последен правен предизвик пред британските судови. Американските обвинители сакаат да му судат на Асанж (52) за кривични обвиненија во врска со објавувањето на Викиликс на доверливи досиеја на американската војска и дипломатски телеграми. Тие ...

Советот за безбедност на ОН денес го прекина неколкумесечниот ќор-сокак и усвои резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа. „Ова мора да биде пресвртница. Ова мора да доведе до спасување животи на теренот“, изјави пред Советот палестинскиот претставник во ОН Ријад Мансур. „Ова мора да го сигнализира крајот на овој акт на злосторства против нашиот народ“. Резолуцијата бара итен прекин на огнот за месец Рамазан, кој е на половина, ...

Советот за безбедност на Обединетите нации денес го издаде своето прво барање за запирање на борбите во Газа, повикувајќи на прекин на огнот за време на светиот муслимански месец Рамазан, откако САД се воздржаа. Тоа наиде на итен протест од израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Нетанјаху ја откажа планираната посета на делегација на високо ниво на Вашингтон и ги обвини САД дека се „повлекуваат“ од „принципиелната позиција“ со тоа што дозволиле ...

Потпретседателката Камала Харис планира да се сретне со претседателот Бернардо Аревало од Гватемала додека САД се борат со приливот на мигранти кон нејзината јужна граница, илјадници од таа централноамериканска нација. Двајцата лидери се очекува да разговараат за употребата на администрацијата на Бајден на таканаречените „канцеларии за безбедна мобилност“, кои беа формирани во Гватемала, Колумбија, Костарика и Еквадор наесен, меѓу другите ...

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп е во понеделник во судница во Њујорк, барајќи да го одложи своето кривично судење под обвинение дека прикрил уплата на порно ѕвезда непосредно пред претседателските избори во 2016 година за да ја скрие од гласачите кога неочекувано победи и освои четиригодишен мандат во Белата куќа. Случајот ќе биде прво кривично судење на американски претседател, едно од четворите со кои се соочува Трамп, но ...

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен се состана со израелскиот министер за одбрана Јоав Галант во понеделник во Стејт департментот во Вашингтон. Блинкен се состана со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и други израелски официјални претставници минатиот петок во Тел Авив за да обезбеди шестнеделен прекин на огнот меѓу Израел и Хамас во замена за ослободување на заложниците запленети во терористичкиот напад на 7 октомври. Блинкен го ...

СКОПЈЕ – ВМРО – ДПМНЕ денес ја промовираше изборната програма со која ќе настапи на претстојните парламентарни избори. Програмата го носи името „Платформа 1198“ согласно бројот на мерки кои се предвидени во неа а во текот на целиот ден тимови од партијата ги елаборираа предложените мерки од различните области. Претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, презентираше педесетина мерки и чекори кои ќе ги преземе партијата доколку победи на ...

Американскиот претседател Џо Бајден во саботата го потпиша законот за буџетот вреден 1,2 трилиони долари, ставајќи крај на заканата од потенцијално делумно затворање на владата. Претседателот Бајден го потпиша законот неколку часа откако мерката беше одобрена од конгресните законодавци по неколкумесечни тешки преговори. Иако законот го финансира Одделот за одбрана на САД, заедно со други агенции, тој не содржи 95 милијарди долари безбедносна ...

Луѓето во Сенегал ги чекаат резултатите од претседателските избори во земјата, откако гласачите во неделата излегоа на гласање за да изберат наследник на претседателот во заминување Меки Сал. Гласањето беше главно мирно, откако беше одложено за еден месец поради обидот на Сал да ги одложи изборите до крајот на годината. За претседателската функција се натпреваруваа околу 17 кандидати, а за победа на изборите во првиот круг потребно е апсолутно ...

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, во понеделникот изјави дека има итна потреба од хуманитарен прекин на огнот во Газа, каде гладот „ги повредува Палестинците“. Говорејќи за време на посетата на Јордан, Гутереш рече дека Обединетите нации ќе продолжат да вршат притисок за поголем пристап и влезни точки за помош и тој го повика Израел да не воспоставува никакви ограничувања или пречки за испораката на помошта. Меѓународните хуманитарни ...

Нов Зеланд соопшти дека договорот за слободна трговија со Европската унија ќе стапи на сила на 1 мај, откако парламентот на земјата го ратификуваше договорот. Нов Зеланд ја извести Европската унија дека го ратификувала договорот претходно во понеделникот, се вели во соопштението на министерот за трговија и земјоделство Тод МекКлеј. Велингтон и Брисел го потпишаа договорот во јули 2023 година, при што Европскиот парламент ја ратификуваше својата ...

Московскиот суд во неделата одреди истражен притвор за четворица осомничени за акти на тероризам во врска со нападот во концертна сала во руската престолнина во кој загинаа најмалку 137 лица. Четворицата осомничени се појавија на предистражно сослушување во Московскиот окружен суд Басмани, каде што им беше наредено да бидат задржани најмалку до 22 мај во очекување на судењето. Телеграмскиот канал на московските судови ги идентификуваше ...

Воени бродови на САД пловат кон Газа во хуманитарна мисија. Наредено од претседателот да изградат пловечко пристаниште во морето на плажите во Газа за доставување помош. „Откако ќе биде изграден и ќе биде целосно способен за мисија, ќе можеме да доставуваме околу 2 милиони оброци помош дневно на брегот“, вели генералот Бред Хинсон од Армијата на САД. Embed share Според експерти, хуманитарното пловечко пристаниште на САД е бавен проект Embed ...

Жан Карлос Молина, неговата сопруга Роуз Мери и нивните десетгодишни близнаци спијат на оваа плажа во Некокли, Колумбија. Тука близнаците добиле сипаници. Трагите сè уште се видливи на нивните лица и на раце. Додека биле болни, децата ги молеле родителите да си заминат оттука. После еден месец живеење вака почнале да продаваат кафе на други мигранти. Малку по малку до заштеда – кафе за 25 центи, има плус од цигари и бонбони. За храна се ...

СКОПЈЕ – Владејачката СДСМ на денешниот 28 Конгрес ги соопшти носителите и коносителите на официјалните листи за пратеници на претстојните парламентарни избори. Листи прво ги минаа партиските филтри односно Централниот и Извршниот одбор каде беа дефинирани сите 120 кандидатски места. Очекувано, партиското раководство ќе биде носител на листите во сите шест изборни единици. „СДСМ на овие избори ќе понуди луѓе кои ќе ги застапуваат интересите на ...

МОСКВА (АП) - Руската Федерална служба за безбедност соопшти дека 40 лица загинале, а повеќе од 100 се ранети во нападот во петокот во концертната сала во Москва. Нападот, кој руските власти го истражуваат како тероризам, е најсмртоносниот во Русија во последните години. Неколку вооружени напаѓачи упаднале во концертната сала во Москва и започнале да пукаат од автоматско оружје, убивајќи и ранувајќи десетици при што избил и голем пожар. Руските ...

Лесни борбени возила JLTV, одела за деминирање, робот за отстранување експлозиви, тактичка вежба на армиските ренџери беа дел од повеќето активности и опрема што македонската армија ги покажа денеска на отворениот ден за граѓаните. Настанот се одржа на армискиот стадион во Скопје, а по повод 75-години од основањето на НАТО и четири години членство на Северна Македонија во Алијансата. Присуствуваше и претседателот на државата и врховен командант ...

Нулта толеранција за корупција, транспарентност, систем базиран на заслуги и лична одговорност, но и континуиран раст на бруто домашниот производ над 5 проценти – се столбовите на реформскиот план „Визија за забрзан економски раст“ на Северна Македонија, што го предлага Македонија2025. Професорката д-р Никица Мојсоска Блажевски, која е извршна директорка на организацијата, за Гласот на Америка вели дека основната цел на овој план е делови од ...

Жените сè уште се натпреваруваат со врзани нозе во трката за родова рамноправност, а која со сегашното темпо би се постигнала дури после 131 година. Жените во управувачките и раководните структури ќе значат и поголема ефикасност за јавниот и за приватниот сектор. Тоа беа дел од клучните пораки и заклучоци упатени од конференцијата „Успешни жени за успешен регион“ што се одржа денеска во Скопје. Настанот воедно беше и промоција „Жени во органи на ...

ЛОНДОН (АП) - Кејт, принцезата од Велс, во петокот рече дека има рак и дека е на хемотерапија. Нејзината состојба беше откриена во видео-порака снимена во средата и емитувана во петокот по неколкунеделни шпекулации на социјалните мрежи за нејзината локација и здравје, откако беше хоспитализирана во јануари поради неодредена операција на стомакот. Кејт побарала „време, простор и приватност“ додека се лекува од неодреден тип на рак. „Добро сум“, ...

Грузиската редакција на Гласот на Америка го интервјуираше Џим Таунсенд, помошен виш соработник во Трансатлантската безбедносна програма, поранешен заменик-помошник секретар за одбрана за европска и НАТО политика. Таунсенд во интервјуто за грузиската редакција се осврна на членството на Шведска и Финска во НАТО, изјавата на францускиот претседател Макрон за можноста за испраќање европски трупи во Украина, шведските подводни капацитети во ...

На Светскиот ден на водата, 22-ри март 2024, го насочуваме фокусот на проблемот со Преспанското Езеро. Гласот на Америка разговараше со професорот од Техничкиот факултет во Битола, Дејан Трајковски. Тој е уверен дека на ова езеро му се заканува катастрофа и за неколку децении дури исчезнување од мапата на природни езера. Професорот вели дека ваквите тврдења ги поткрепува врз основа на сегашниот тренд на намалување на нивото на езерото, кое во ...

Американскиот сенатор Боб Менендез од Њу Џерси во четвртокот во претходно снимена изјава рече дека нема да се кандидира на прелиминарните избори на Демократската партија, бидејќи се соочува со федерални обвиненија за корупција. Оваа одлука доаѓа додека Менендез, неговата сопруга Надин и тројца деловни соработници се во процес против федералните обвиненија за поткуп. Менендез, сепак, ја остави отворена можноста да се кандидира како „независен ...

Шарл Мишел, претседател на Европскиот совет, и честиташе на Босна и Херцеговина, додавајќи дека останува уште многу работа да се заврши пред земјата да се приклучи на ЕУ. Претседателот на Европскиот совет оцени дека: „Ја покануваме Комисијата да ги направи чекорите што ќе бидат потребни, имајќи ги предвид релевантните чекори што треба да ги направи Босна Херцеговина. Му честитам на премиерот на Босна Херцеговина и ја изразуваме нашата ...

Пролетни температури и цут на јапонските цреши. Ова го прави Вашингтон интересен за гости од цела Америка, ако и странски туристи, кои деновиве излегоа кај резервоарот на реката Потомак да ги видат расцутените дрвја. Годинава тие се расцветаа порано, за разлика од претходните години, кога пикот беше најчесто во април. „Вторпат доаѓаме тука за да ги видиме јапонските цреши. Многу е убаво, шетаме и се фотографираме. Слушнав дека ќе сечат дрвја, па ...

Американскиот државен секретар Антони Блинкен во петок заминува за Израел во обид да обезбеди прекин на огнот меѓу Израел и милитантната група Хамас додека Советот за безбедност на ОН се подготвува да гласа за нацрт-резолуцијата на САД со која се повикува на „итно“ примирје. Во Израел, Блинкен „ќе разговара за потребата да се обезбеди пораз на Хамас, вклучително и во Рафах, на начин што ќе го заштити цивилното население, нема да ја попречува ...

Советот за безбедност на Обединетите нации треба да гласа за резолуцијата спонзорирана од САД со која се прогласува „итен и одржлив прекин на огнот“ во војната меѓу Израел и Хамас во Газа со „императив“ да се заштитат цивилите и да се овозможи хуманитарната помош ќе биде доставена до повеќе од 2 милиони гладни Палестинци. Амбасадорката на САД во ОН Линда Томас-Гринфилд рече дека е оптимистка дека новата, построга нацрт-резолуција ќе биде ...

Официјални лица од 36 земји и агенции на Обединетите нации (ОН) се собраа денес во Кипар за да разговараат за тоа како да се забрза помошта за опколените Палестинци во Газа преку поморскиот пат започнат минатата недела. Додека Газа се соочува со глад, агенциите бараат алтернативни патишта за да стигнат до помош во енклавата, освен преку копнените премини. Според договорот склучен со Израел, товарите можат да бидат подложени на безбедносни ...

САД работат со странските влади да ги зајакнат нивните механизми да бараат одговорност од корумпираните актери, рече координаторот за антикорупција на Стејт департментот Ричард Нефју, на денешното сослушување во Комитетот за надворешни работи на Сенатот, за тоа како американската влада ја имплементира антикорупциската стратегија. Стејт департментот го објави планот за имплементација на антикорупциската стратегија во септември 2023 година. ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
94%
1010
weather icon

Белград

15ᴼ / 12ᴼ
2.06
80%
1009
weather icon

Загреб

14ᴼ / 10ᴼ
1.54
81%
1009
weather icon

Софија

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
87%
1011
weather icon

Сараево

14ᴼ / 14ᴼ
1.3
91%
1010
weather icon

Љубљана

10ᴼ / 8ᴼ
1.03
93%
1010
weather icon

Атина

19ᴼ / 16ᴼ
1.54
52%
1008
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
88%
1010
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
0.51
82%
1010
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 9ᴼ
1.54
79%
1010
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 14ᴼ
1.79
72%
1009
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 9ᴼ
5.66
76%
1010
Currency

61.525

Currency

53.9688

Currency

71.8364

Currency

34.5242

Currency

39.1483

Currency

65.5163

Currency

7.46101

Currency

0.65242

Currency

0.37903

Currency

0.52878

Currency

1.42095

Currency

0.63592

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15550.00

Рутениум

20190.67

Калај

30.95

Сребро

1079.39

Злато

105721.82

Бакар

9.71

Паладиум

29642.99

Платина

30985.83

Родиум

172810.26

Цинк

2.61