Линкови за пристапност

Претставничкиот дом на САД го усвои нацрт-законот со кој кинеската компанија се принудува да се откаже од „TikTok“


Зградата на „TikTok“ во Калвер Сити, Калифорнија, на 11 март 2024 година. Претставничкиот дом на САД продолжува со нацрт-законот со кој се бара од кинеската компанија „ByteDance“ да го продаде „TikTok“ или ќе се соочи со забрана во САД.
Зградата на „TikTok“ во Калвер Сити, Калифорнија, на 11 март 2024 година. Претставничкиот дом на САД продолжува со нацрт-законот со кој се бара од кинеската компанија „ByteDance“ да го продаде „TikTok“ или ќе се соочи со забрана во САД.

Предлог-законот за „TikTok“ на разгледување во американскиот Сенат

Претставничкиот дом на САД го одобри законот со кој популарната апликација „TikTok“ ќе ја принуди или да се одвои од нејзината матична компанија „ByteDance“ во кинеска сопственост или да ја продаде американската верзија на софтверот.

Законот за заштита на Американците од апликации контролирани од странски противник „им дава на TikTok шест месеци да ја елиминира контролата на странските противници – што би вклучило и одземање на ByteDance од сегашната сопственост – за да остане достапна во САД“, рече Мајк Галагер, претседател на Одборот за избор на Претставничкиот дом за стратешката конкуренција меѓу САД и Кинеската комунистичка партија, и претставникот Раџа Кришнамурти, највисокиот демократ во комитетот.

„Сè што треба да направи TikTok е да се одвои од ByteDance контролиран од Кинеската комунистичка партија. Меѓутоа, ако TikTok одлучи да не се ослободи од оваа контрола на Кинеската комунистичка партија, апликацијата повеќе нема да се нуди како апликација за паметните телефони во САД. TikTok ќе бидат самите виновни“, велат пратениците во изјавата.

Еве што знаеме за законодавството и што ќе се случи следно во Сенатот на САД.

Зошто „TikTok“ е под лупа?

„Загриженоста е што TikTok би можел да пренесе лични информации на својата матична компанија ByteDance, која пак може да ги пренесе на кинеската влада“, вели за Гласот на Америка Кејтлин Чин-Ротман, соработник во Центарот за стратешки и меѓународни студии.

Ротман рече дека загриженоста на некои членови на Конгресот за тоа дека кинеската Комунистичка партија потенцијално го контролира алгоритмот на „TikTok“ за пропагандни цели сè уште не е докажана.

„Тоа не значи дека во иднина нема ризик кинеската влада да изврши притисок“, додаде Рорман.

Што вели „TikTok“ за законодавството?

„TikTok“ во понеделникот ја нарече легислативата „забрана“ и постојано ги негираше наводите. Во изјавата минатата недела на „X“, компанијата рече дека „законодавството има однапред одреден исход: целосна забрана на TikTok во САД“.

Како пратениците гледаат на законодавството?

Нацрт-законот имаше силна поддршка од демократите и републиканците во Претставничкиот дом, и покрај тоа што конгресните канцеларии добиваа телефонски повици од Американци загрижени за губење пристап до апликацијата за социјалните медиуми.

Претседателот на Претставничкиот дом Мајк Џонсон минатата недела рече дека „важна е двопартиска мерка против Кина, нашиот најголем геополитички непријател, кој активно ја поткопува нашата економија и безбедност“.

Што е со Сенатот?

Нацрт-законот може да се соочи со многу потежок пат за усвојување во Сенатот контролиран од демократите, каде што лидерот на мнозинството Чак Шумер рече дека ќе се соочи со разгледување во соодветните комисии.

„Ќе ги слушам нивните ставови за законот и ќе го одредам најдобриот пат“, рече Шумер.

Некои демократи во Сенатот, вклучително и Марк Ворнер, претседател на Избраната комисија за разузнавање на Сенатот, изразија сомневање за законитоста на издвојување на апликација за социјални медиуми во законодавството. Тој воведе алтернативна легислатива што пошироко ги таргетира апликациите што собираат лични податоци.

Но, Ворнер за „CBS News“ изјави дека апликацијата „TikTok“ е сериозна грижа за националната безбедност.

„Ако мислите дека кинеската комунистичка партија не може да го изврти тој алгоритам за да направи вест што тие ја гледаат како одраз на нивните ставови, тогаш мислам дека не ја цените природата на заканата“, рече Ворнер.

Како водечките претседателски кандидати се чувствуваат за законот?

Белата куќа соопшти дека ја поздравува легислативата, иако кампањата на Бајден неодамна се приклучи на „TikTok“ како обид да се допре до помладите гласачи.

Прес-секретрката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер рече дека законот гарантира „сопственоста да не е во рацете на оние кои можат да ни нанесат штета“.

Поранешниот претседател Доналд Трамп – кој првично повика на забрана на апликацијата во 2020 година – сега го смени ставот, тврдејќи дека „Facebook“ ќе биде овластен ако „TikTok“ повеќе не е достапен.

„Има многу добри, а има и многу лоши страни со TikTok. Но, она што не ми се допаѓа е тоа што без TikTok, ќе го направите Facebook поголем“, изјави Трамп во телефонско интервју за американската кабелска мрежа „CNBC“.

Што се случува откако законот ќе помине во Претставничкиот дом?

Освен уставните грижи за спречување на американските граѓани да го искористат своето право на слобода на говор, законот исто така би можел да биде тежок за правно спроведување и да се соочи со предизвици пред американските судови.

„Кинеските закони за контрола на извозот потенцијално би можеле да ја спречат продажбата на алгоритмот на TikTok“, изјави Ротман за Гласот на Америка. „Откупувањето би било многу логистички тешко. TikTok е една од најголемите компании во светот. Значи, секој купувач исто така треба да биде многу голем. Тие би морале да имаат стратешки интерес за купување на TikTok, а потоа спојувањето би морало да не предизвика антимонополски грижи во САД“, рече Ротман.

XS
SM
MD
LG