
Скопје
13ᴼ /
13ᴼ



Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна на имотот Сандрингам во Норфолк, каде ќе се сретне со кралот Чарлс Трети. Воениот хеликоптер со кој патуваше слета на теренот на имотот, по полетувањето во близина на Ланкастер Хаус, каде што претходно присуствуваше на самитот со европските лидери. Доаѓањето на украинскиот претседател го привлече вниманието на локалното население – неколку луѓе се собраа пред имотот, некои носеа украински ...
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска порача дека на важниот самит во Лондон имале „добра и искрена дискусија“ за Украина. Како што вели, на Украина и се потребни „сеопфатни безбедносни гаранции“ кои ги поддржуваат нејзините економски и воени позиции, рече таа. Фон дер Лајен вели дека Европа мора итно да се „превооружи“, а план за тоа Комисијата ќе предложи на Европскиот совет на 6 март. „Сега е исклучително важно ...
По самитот во Лондон, генералниот секретар на НАТО Марк Руте порача дека неколку земји најавиле зголемување на инвестициите во одбраната. Како што вели, се уште нема мировен договор за Украина. „Но, ние мора да се подготвиме за тој момент и да се погрижиме европските земји да бидат подготвени да помогнат со безбедносни гаранции“, рече тој. Руте додава дека сојузниците сакаат да „обезбедат рускиот претседател Владимир Путин никогаш, никогаш ...
Европските лидери се состанаа денеска во Лондон за да разговараат за безбедносните гаранции за Украина, продолжувањето на воената и политичката поддршка и иднината на мировниот процес. Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна на состанок по жестоката средба со Доналд Трамп и неговиот потпретседател Џеј Ди Венс во петокот во Белата куќа, каде што требаше да се договорат за договор за минерали, но тој пропадна. На средбата се и ...
Градинката во село Теарце, која требаше да биде готова во 2023 година, доцни поради пропусти во изградбата која започна со 2021 година и чекањето дозвола од Министерството за социјална политика. Градоначалникот на општината вели дека доцнењата се поврзани со дополнителни инвестиции и дека ги чекаат одобренијата за вработувања пред отворањето на градинката. „Предлогот, систематизацијата ја испративме во Министерството за социјална политика, и тоа ...
Во 2024 година, во охридскиот регион се случиле 280 сообраќајни несреќи, при што загинале 5 лица. Најголем дел од несреќите се регистрирани на автопатот Охрид-Кичево, кој сè уште е во изградба. Поради овие податоци, полицијата го зголеми надзорот на оваа делница, следејќи ја брзината, користењето на алкохол и мобилни телефони за време на возењето. „За жал, се зголеми бројот на жртви, што значи дека полицијата интензивно треба да биде присутна на ...
„Моќниците“ во Кичево не прашуваат за законот. Градежните дозволи предвидуваат згради со четири или пет ката, но инвеститорите додаваат уште три дополнителни ката. Градоначалникот на Кичево Фатмир Дехари вели дека ваквата состојба е последица на законот за легализација на објекти или поточно неговото продолжување без критериуми. „Главната причина беше законот за легализација на објекти без дозвола, не носењето на првиот закон. Продолжувањето на ...
Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски информира дека бројни корисници на мобилните апликации како Телеграм и Вибер денеска известуваат за добивање на пораки за верификација на нивните податоци, барање на податоци од дебитни картички или сим ИМЕИ броеви. Тој апелира да се проверуваат испраќачите и никако да не се споделуваат лични информации. „Апелирам да се проверуваат испраќачите на овие пораки и во ниеден случај да не се ...
Украинскиот претседател синоќа беше пречекан од британскиот премиер Кир Стармер, кој рече дека телефонски разговарал со Зеленски и Трамп. „Дозволете ми само да кажам дека сте многу, многу добредојдени овде на Даунинг стрит и, како што слушнавте од аплаузите на улицата надвор, ја имате целосната поддршка на Обединетото Кралство. Ние стоиме со вас, со Украина, онолку долго колку што ќе биде потребно“, вели Кир Стармер. Двете држави потпишаа заем ...
За разлика од повеќето европски лидери, државниот врв во земјава ги нема коментирано заострените односи меѓу ЕУ и САД, особено по кавгата на украинскиот претседател Володимир Зеленски и американскиот Доналд Трамп. Според политичкиот аналитичар Петар Арсовски, тоа може да се должи на антагонизмот од неисполнетите ветувања на ЕУ кон Македонија. „Таа причина на антагонизам, мислам дека таму треба да се бара причината зошто молчиме, односно зошто ...
Денеска (02.03.2025) од страна на полициски службеници од БЈБ при МВР на наплатна рампа Сопот, велешко, при преглед на патничко возило “поло” со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од В.А. од Гевгелија и сопатник М.Ж. од Р. Хрватска, биле пронајдени две торби во кои имало вкупно 40 пакувања со растителна материја. Известен е јавен обвинител од ОЈО Велес и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 ...
Над 20 институции во Македонија за да се заштитат купувале руски антивирус. Ова во интервју за Радио Слободна Европа го откри министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. „Точно е дека голем број на институции сместуваат податоци на граѓаните на сервери кои потоа не се грижат дали се доволно заштитени и каде им се сместени“, вели Стефан Андоновски. Македонија е една од малкуте држави во светот која нема закон за сајбер безбедност. ...
Премиерот Христијан Мицкоски упати порака по повод празникот Прочка. „Денес ja одбележуваме Прочка, денот во пресрет на Велигденските пости, кој нè потсетува на големото значење на простувањето, смирението и човечката блискост. Во брзината на секојдневието, често пати забораваме дека вистинската сила е во способноста да покажеме разбирање за потезите на другите и да продолжиме напред со чисто срце. Овие длабоки гестови не се само обичај, туку ...
Американската компанија Firefly Aerospace денеска стана втората американска компанија која успешно слетала на Месечината со своето вселенско летало Blue Ghost. Со ова започнува двонеделна истражувачка мисија. Се работи за летало Blue Ghost, кое има големина на компактен автомобил и опремено е со четири „нозе“. Истото носи 10 научни товари. Слета во 9:30 часот во близина на античкиот вулкански отвор на Mare Crisium, голем слив во североисточниот ...
На 01.03.2025 во 08.00 часот во ОВР Крушево М.Х.(38) од Крушево, вработен како полициски службеник во ОВР Крушево, пријавил дека во временскиот период од 31.10.2024 до 01.03.2025 од страна на непознат сторител од металниот шкаф, кој пријавителот го користел за сместување на опремата и службеното оружје, во просториите на ОВР Крушево му бил одземен службениот пиштол со рамка во која имало 13 куршуми. Се преземаат мерки за расчистување на ...
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и министрите ќе учествуваат на унгарско-македонскиот владин самит на 3-4 март 2025 година кој ќе се одржи во Република Унгарија. Согласно агендата предвидени се тет-а-тет средба помеѓу претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и претседателот на Владата на Унгарија, Виктор Орбан. Во рамки на владиниот самит предвидено е да се одржат и билатерални средби помеѓу ресорните министри на двете влади, по ...
Демократската унија за интеграција (ДУИ) ја истакна својата целосна поддршка за предложената Директива на Европската комисија за борба против корупцијата, која има за цел да ја модернизира постојната антикорупциска правна рамка на ЕУ. „Оваа иницијатива е усогласена со тековната посветеност на ДУИ за интегритет и транспарентност, во момент кога партијата започна сеопфатни внатрешни реформи, вклучувајќи ветинг на партиските претставници и поддршка ...
ИФАБ (фудбалскиот управен орган) донесе нова одлука важна во фудбалот. Се работи за одлука која ќе важи од 1 јули, а истата гласи доколку голманот ја држи топката повеќе од осум секунди, на противничката екипа ќе му биде досуден корнер. На овој состанок учествуваа и претставници на ФИФА и Фудбалскиот сојуз на Англија, Шкотска и Велс, а одлуката беше донесена едногласно. Организацијата излезе со соопштение во кое појасни дека голманите сега имаат ...
Три лица од Кавадарци со употреба на алат упаднале на плантажа на компанија со цел да крадат. Тие се уапсени од страна на полициски службеници од ОВР Неготино. „Вчера во 12.50 часот полициски службеници од ОВР – Неготино ги лишиле од слобода Б.В.(25), А.В.(19) и Ѓ.К.(25) сите од Кавадарци, затоа што кај место викано Лепово, неготинско, на плантажа во сопственост на правно лице, со употреба на алат се обиделе да украдат предмети. Б.В., А.В. и ...
„Економските индикатори и факти за животот во Македонија зборуваат јасно – животниот стандард на граѓаните е во постојан пад, додека Владата не презема никакви конкретни мерки за да ја подобри економската состојба. Не само што не презема ништо, туку и не прифаќа ништо понудено до СДСМ, а тоа се докажани мерки за намалување на трошоците за живот“, истакна денеска на прес конференција Каја Шукова, потпретседателка на СДСМ. Според неа, фактите ...
Ако некоја институција сама реши да се заштити, таа тоа го прави. Но, се уште немаме обврска сите институции тоа да го прават и затоа е ваквата невоедначеност која ни се случува и определени институции се многу често мета на сајбер напади, вели во интервју за РСЕ министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. “За жал, ние сме држава без Закон за сајбер безбедност додека сите држави и од регионот и од Европа донесоа такви закони пред ...
Канцеларијата за печат на Светата столица извести дека „папата сè уште одмара по мирната ноќ“. Како што велат, здравствената состојба на папата остана стабилна со респираторна физиотерапија наизменично помеѓу неинвазивна механичка вентилација и долги периоди на дополнителна оксигенација со висок проток со добар одговор на размена на гасови. Во изјавата вчера се истакнува и дека папата нема треска и не покажува знаци на леукоцитоза (висок број на ...
Израел ја запре целата хуманитарна помош да влезе во Газа откако истече првата фаза од договорот за прекин на огнот. Првата фаза од прекинот на огнот во Газа, според кој во јануари беа ослободени десетици израелски заложници и стотици палестински затвореници, истече вчера, сабота. Хамас инсистира да премине во втората фаза, обвинувајќи го Израел за „трајна манипулација“ со предложеното продолжување на исламскиот свет месец Рамазан и еврејскиот ...
На 02.03.2025 околу 00.15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистерски таблички, управувано од Н.Н. (48) од Гостивар удрило во Б.Л. (25) од Битола. Со возило на Итна медицинска помош Б.Л. е пренесена во Клинички центар „Мајка Тереза“, каде и се констатирани тешки телесни повреди. Н.Н. е алкотестиран и утврдено е дека возилото го управувал под дејство на 1,35 ...
Околу 200 таксисти од Белград тргнаа од паркинг, каде се собраа, кон Ниш за да ги вратат дома студентите кои претходните денови пеш од разни градови стигнуваа во Ниш. Ним ќе им се придружат околу 100 колеги од другите градови покрај автопатот. Еден од таксистите за српските медиуми вели дека овие таксисти исто така учествувале и во претходните акции за враќање на учениците од Нови Сад и Крагуевац. На пат кон Ниш треба да им се придружат колегите ...
Прочка претставува голем празник за македонскиот народ и со него се поврзани голем број обичаи и верувања. Очигледно е дека проштавањето е обичај востановен под влијание на црквата, додека огновите, гатањата, карневалите… се остатоци од претхристијанските пролетни забави. Празникот Прочка или Велики поклади, меѓу народот познат и како Проштени поклади, спаѓа во најголемите христијански празници, според некои веднаш по Божик и Велигден. Овој ...
Утрово најстудено на Попова Шапка и Лазарополе каде се измерени -1 степен. По нив следува и 1 во Маврови Анови, 2 во Берово, 3 во Крушево, Битола, 4 во Крива Паланка, Претор, Охрид, 5 во Прилеп, 6 во Тетово, Виница, Штип, 7 во Велес, Кавадарци, Скопје-Зајчев Рид, Струмица, Гевгелија, 8 во Скопје-Петровец, Демир Капија. Најмногу дожд имало: 9 l/m2 Крива Паланка, 7 во Виница, 3 Струмица, 2 Берово, Штип, 1 Велес, Пожар – Радовиш, Претор. Снежната ...
Овен Енергијата е силна, но и малку непредвидлива. Импулсивните одлуки можат да донесат брзи промени, но ова не е време за големи ризици. Фокусирајте се на она што можете да го контролирате. Страстите горат, но можни се недоразбирања во комуникацијата. Не брзајте да донесувате одлуки за врската – некој може да реагира поемотивно отколку што очекувавте. Бик Интуицијата може да ви помогне да решите дилема, но не ги игнорирајте конкретните факти. ...
Променливо облачно, наутро по одделни котлини со услови за појава на магла. Во текот на денот ќе има врнежи од дожд, наместа пообилни (до 15 l/m2). Во попладневните и ноќтите часови поради продор на постуден воздух од север на планините и на некои повисоки места претежно во северозападните делови врнежите ќе бидат од повремен снег. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната ...
Велика Британија и Украина постигнаа договор за заем од 2,26 милијарди фунти (околу 2,73 милијарди евра) за поддршка на одбранбените капацитети на Украина, изјави украинскиот министер за финансии Сергеј Марченко. Украинскиот претседател Володимир Зеленски и британскиот премиер Кир Стармер, заедно со британската канцеларка Рејчел Ривс, вечерва остварија видео-повик со Марченко, јави Би-Би-Си. Марченко на социјалните мрежи напиша дека средствата ...