Вечерва на Плоштадот „Скендербег“ се одржа финалето на Чаир 3×3 Streetball, настан кој ја исполни Чаршијата со енергија, страст и младост. Присуството на бројни млади, мотивирани и активни учесници создаде позитивна и натпреварувачка атмосфера, која ја потенцира важноста на спортот и заедништвото во општината. Изет Меџити истакна дека ваквите турнири не само што ги промовираат спортот и локалниот талент, туку и ја зајакнуваат чувството на ...

Во рамки на Медицинскиот симулациски центар (МСЦ) се обучуваат специјализанти, студенти по медицина, тимови на брза помош, персонал од интензивна нега, гинекологија, неонатологија. Симулаторите во МСЦ се врвна технологија, на кои може да се симулираат речиси сите патолошки појави и состојби на човекот. Тоа е средина каде што знаењето се претвора во искуство, а искуството станува сигурност за секој живот што зависи од здравствениот систем. ...

Синдикално организираниот кабински персонал на „Ер Канада“ ја напуштија работата рано наутро во саботата откако преговорите за договорот со најголемиот авиопревозник во земјата беа заглавени, што потенцијално ги наруши плановите за патување за повеќе од 100.000 патници. Синдикатот што претставува повеќе од 10.000 кабински персонал на „Ер Канада“ ја потврди акцијата во објава на социјалните мрежи. Ова е првиот штрајк на кабинските персонали од ...

Претседателите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин, не успеаја да постигнат договор за прекин на војната во Украина по тричасовниот состанок. Средбата, која ја нарекоа самит, според нив беше многу продуктивна. Трамп рече дека ќе контактира со украинскиот претседател Володимир Зеленски и лидерите на НАТО за да сподели информации од состанокот. Путин рече дека е постигнат договор, но не даде детали, објави Фокс њуз. „Денешната спогодба ...

Рано утринава, 16.8.2025г., околу 2:50 минути, до Единицата за информирање и командување при Министерството за внатрешни работи е пристигната дојава за експлозивна направа во воздухоплов на Меѓународен аеродром Скопје. Согласно процедурите за постапување, аеродромските служби на Меѓународен аеродром Скопје како и сите релевантни служби и институции при МВР беа веднаш известени и активирани беа сите планови и процедури за постапување при вакви ...

Oвeн – Oвoj виĸeнд e пoдoбpo дa бидeтe caми зa дa мoжeтe дa ce пoвpзeтe co вaшeтo внaтpeшнo jac и дa гo вpaтитe миpoт. Peлaĸcиpaнaтa пpoшeтĸa ќe нaпpaви чyдa. Heмa ништo ceбичнo вo жeлбaтa дa ja иcпoлнитe вaшaтa жeлбa. Биĸ – Bepojaтнo ќe нaидeтe нa пpивpeмeнa пpeчĸa. Бидeтe yпopни, cè нacĸopo ќe ce пpoмeни. He нaвлeгyвajтe вo нeвaжни дeтaли, тyĸy фoĸycиpajтe ce нa oнa штo e нaвиcтинa вaжнo. Bнимaтeлнo избepeтe ги виcтинcĸитe збopoви зa ниĸoj дa ...

Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а ...

Астероид со големина на куќа ќе прелета блиску до Земјата утре, 16 август , со брзина од над 28.000 километри на час, објави американската вселенска агенција НАСА . Вселенската карпа, позната како 2025 PR1 , има дијаметар од околу 17 метри и ќе биде најблиску до нашата планета во сабота на растојание од околу 980 илјади километри, покажуваат податоците од Лабораторијата за млазен погон на НАСА . Серија астероиди во наредните денови Се очекува ...

Доналд Трамп и Владимир Путин се сретнаа во Алјаска. По поздравите, ракувањата и фотографирањето, тие се упатија кон своите автомобили. Средбата Трамп-Путин ќе се одржи во воздухопловна база од времето на Студената војна во Алјаска и ќе биде нивна прва средба лице в лице откако Трамп се врати во Белата куќа. Тоа ќе биде и првата средба меѓу американските и руските лидери од 2021 година, кога Џо Бајден се сретна со рускиот претседател во Женева. ...

Денес, директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али, заедно со командирот на ТППЕ Тетово, Авни Ахмети, и раководителката на РЦУК Тетово, Арлинда Мухареми, од терен ја координираа целата акција, која резултираше со успешно ставање на пожарот под контрола. Големиот пожар што избувна во Јажинце е ставен под контрола благодарение на навремената координација и брзата реакција на сите надлежни служби. Во гаснењето беа вклучени ...

Денеска (15.08.2025) околу 16:15 часот во Тетово полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода С.М.(19) од Скопје, со привремено место на живеење во Тетово, кој бил затекнат додека палел кабли со што предизвикал пожар кај железничкиот надвозник на ул.”Маршал Тито” во Тетово. Со интервенција од Тетовската противпожарна единица, пожарот бил изгаснат, а С.М. е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде ...

Денеска (15.08.2025) полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, по претходно обезбедена наредба од Основен суд Гевгелија, извршија претрес на две локации кај П.Ѓ. од Гевгелија, спортски директор на ФК „Кожуф“ од Гевгелија и по спроведена предистражна постапка, а по насоки на ОЈО Гевгелија, ОКП поднесе кривична пријава против Б.Х., претседател на ФК „Башкими“ од Куманово за кривични дела „измама“ по чл.247 ст.6 од КЗ, ...

Нова опрема за модернизирање на Армијата. Соединетите Американски Држави испорачаа 29 оклопни возила во касарната „Јане Сандански“ во Штип кои се дел од договорот меѓу Македонија и САД. Овие возила ќе придонесат за поголема подготвеност на македонските оружени сили и се дел од постојаната поддршка за модернизација на македонските одбранбени капацитети потребни за НАТО, истакна амбасадорката на САД Анџела Агелер. „Од самиот почеток на оваа ...

Големиот пожар во Јажинце го затвори патот кон граничниот премин. Сите противпожарни екипи од Тетово и две специјализирани возила на Дирекцијата за заштита се на терен и работат на заштита на имотите од огнот. На пат кон интервенција се и авион „Ер Трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување и хеликоптер на МВР. Патот кон граничниот премин Јажинце (со Косово) е затворен до понатамошно известување. Граѓаните се повикуваат да ја избегнуваат ...

Македонија е рангирана на 6-то место во светот според привлечноста за странски инвеститори според обемот на „greenfield“ инвестиции во однос на бруто домашниот производ, информираат од Министерството за надворешни работи, повикувајќи се на извештај подготвен во последните 10 години од истражувачкиот оддел на Financial Times од Лондон. На прес-конференцијата, министерот Тимчо Муцунски објасни дека greenfield инвестициите подразбираат изградба на ...

Почна владината мерка „Училишна кошница“ со која се намалуваат цените на училишниот прибор. Новите цени според одлуката на владата се пресметуваат така што на цените на производите кои што се опфатени со мерката, се враќаат на нивото од 01. Јуни 2025 година и на нив се врши намалување од 10 отсто во големопродажба и 15 отсто во малопродажба. Оваа мерка која ќе важи од денеска, 15 август, ќе трае еден месец и завршува на 15 септември. Според ...

Точни, разбирливи и навремени информации во договорите за кредити и депозити, брз и ефикасен одговор на поплаките на потрошувачите, како и контрола преку „тајни купувачи“. Народната банка со 4 одлуки ќе ги штити потрошувачите на финансиски услуги од банките и штедилниците. Целта е поголема транспарентност и зајакнување на системот за заштита на корисниците. „Информациите треба да дадат јасни насоки во однос на основните придобивки, ризиците и ...

Во периодот од 04.08 до 10.08 2025 година, Управата за јавни приходи (УЈП) спроведе вкупно 383 теренски контроли за фискализација, насочени кон различни типови деловни субјекти, меѓу кои: ресторани, кафе барови, шанкови на плажа, хотели, бутици, колонијали, цвеќарници, месарница, паркинзи и други трговски објекти за продажба на мало. Контролите беа реализирани низ државата во повеќе градови, меѓу кои и туристичките места каде во летниот период ...

Денес, Фондацијата д-р Верица Механџиска и компанијата Зегин донираа апарат TMS M50 Ultimate, наменет за подобрување на социјалната интеракција и комуникациските вештини, регулирање на сензорната хиперактивност и подобрување на когнитивната флексибилност на лицата со нарушување од аутистичниот спектар. Овој апарат, кој се донира на ЈЗУ Центар за рехабилитација на патологијата на вербалната комуникација претставува огромен исчекор во третманот и ...

Замислете си една алпска падина по која тече река, а подолу на брегот, стои информациска табла на која пишува дека водата ја користи мала хидроцентрала, ја позајмува и враќа назад. Ова е многу реална ситуација ако се земе предвид дека околу 6409 мали хидроцентрали или 21 отсто од над 21 илјади хидроцентрали во Европа се наоѓаат во заштитени зони, пренесува Нова Македонија. Овие хидроцентрали работат под строги правила кои овозможуваат заштита на ...

МВР и РСБСП со заедничка кампања за намалување на бројот на повредени лица кои управуваат електрични тротинети. Преку видео едукативен спот укажуваме на законските обврски и препораки за безбедно возење со е-тротинети, споделуваме лично сведоштво од лице кое доживеало несреќа со електричен тротинет, како и докторска експертиза за тешките последици од повредите настанати како резултат на несреќи со вакви возила. Целта на кампањата е да ја ...

Земјотрес со јачина од шест степени според Рихтеровата скала е регистриран денес на источниот брег на Камчатка, соопшти Германскиот центар за геолошки студии. Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од десет километри. Земјотрес со интензитет од 8,8 степени според Рихтеровата скала го погоди крајниот источен дел од рускиот полуостров Камчатка на 30 јули , а оттогаш во оваа област се измерени стотици посилни земјотреси. Според Американскиот ...

Тимовите на Државниот пазарен инспекторат од денес на терен ги контролираат правните субјекти дали се придржуваат до одредбите на владината одлука со која ги задолжи трговците да ги намалат цените на училишниот прибор за најмалку 10% во трговија на големо и 15% во трговија на мало, а која ќе важи од денес 15.08.2025 година до 15.09.2025 година. Согласно одредбите на Одлуката, правните субјекти се должни покрај новата намалена цена на производите ...

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, при посетата на Централната лабораторија на Министерството, истакна дека ќе се спроведува зајакнат мониторинг на загадувањето на воздухот со нова опрема и технологии. Лабораторијата е опремена со напреден инструмент ICP-MS во вредност од 160.000 евра, финансиран од УНОПС, кој ќе овозможи прецизна анализа на тешки метали во почва, вода и воздух. Исто така, ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, и директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони, Гоце Димоски, денеска одржаа тематска прес-конференција, на која говореа за последниот извештај на „Фајненшл Тајмс“ – fDi Intelligence, според кој Северна Македонија е рангирана меѓу првите во Европа и шеста во светот по обем на гринфилд инвестиции во однос на БДП. „Денес споделуваме резултати што се видливи ...

„Ќе бидам прецизен за да не бидам погрешно разбран, зборувавме дека сме четврта економија во Европа. За жал се уште постојат такви кои на брутален начин лешинарски се обидуваат да дефокусираат, многу јасно и прецизно рековме тогаш дека станува збор за четврти најголем раст на БДП во Европа. Така и ова ние сме шеста држава по бројот, обемот и волуменот на странски инвестиции во светот според БДП, значи да бидеме прецизни, да не оставиме на овој ...

Аљаска, тоа е местото каде Истокот се среќава со Западот. Под нејзините планински масиви, тоа е местото каде Трамп се среќава со Путин. Само неколку километри вода го одделуваат овој агол на Соединетите Американски Држави од Русија. На крајот од Студената војна, Аљаска познава конфронтација преку морето. Ракетни бункери зборуваат за минатата историја додека се испишува современата историја. И руската мечка е тука. Времето и Трамп ја стоплија ...

Трикратно е зголемен бројот на заплени од мобилните царински тимови, при Одделението за оперативни работи на Секторот за контрола и истраги, во првите седум месеци од годинава. Вкупно од први јануари заклучно со 31 јули, спроведени се над пет илјади контроли, при што откриени се 199 прекршочни и кривични дела. Во овој период мобилните царински тимови запленија околу 100 илјади евра девизи, 455 штеки цигари, a откриени се и 27 случаи на повреда ...

Летото е период кога природата нè повикува да се движиме, да излеземе надвор и да го почувствуваме ритамот на животот. А кога тоа движење станува дел од иницијатива со вистинска еколошка вредност, секој чекор добива поголема смисла. Токму таква е мисијата на ХалкЕко, зелената платформа на Халкбанк која обединува луѓе околу заеднички вредности – грижа за природата, лична одговорност и фокус кон позитивна промена. ХалкЕко не е обична апликација ...

Министерството за внатрешни работи продолжува со дигитализацијата на процесите и услугите за граѓаните кои треба да резултираат со побрзи и поефикасни услуги и заштеда на времето на граѓаните кога имаат потреба од услугите на МВР. Во таа насока со цел зголемување на ефикасноста и брзата размена на податоци меѓу институциите, Секторот за информатичка технологија при МВР изработи веб решение за размена на податоци за објавување на изгубени или ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
0.51
94%
1014
weather icon

Белград

8ᴼ / 7ᴼ
3.6
95%
1015
weather icon

Загреб

4ᴼ / 3ᴼ
0.51
93%
1018
weather icon

Софија

12ᴼ / 11ᴼ
6.69
66%
1016
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
1.86
97%
1015
weather icon

Љубљана

1ᴼ / 0ᴼ
0.51
94%
1018
weather icon

Атина

20ᴼ / 18ᴼ
5.66
84%
1016
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
4.12
77%
1012
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
0.51
100%
1012
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 8ᴼ
3.6
93%
1015
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
1.05
93%
1017
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 13ᴼ
2.06
100%
1018
Currency

61.5038

Currency

53.207

Currency

69.9311

Currency

34.4779

Currency

37.8248

Currency

65.9942

Currency

7.46604

Currency

0.65612

Currency

0.34549

Currency

0.52515

Currency

0.59948

Currency

1.25929