Скопје
11ᴼ /
11ᴼ
Најмалку 40 лица починаа од колера за една недела во регионот Дарфур, во западен Судан, кој е разурнат од војна, соопштија во четврток „Лекари без граници“. „Покрај раширената војна, суданскиот народ моментално се соочува со најлошата епидемија на колера во земјата во последните многу години“, предупредија „Лекари без граници“. „Само во регионот Дарфур, тимовите на „Лекари без граници“ лекуваа повеќе од 2.300 пациенти минатата недела и ...
Литванскиот претседател Гитанас Науседа изјави дека земјите од „коалицијата на добронамерните“ – воени сојузници кои ја поддржуваат Украина – мора да бидат подготвени да распоредат трупи во Украина, објави литванскиот јавен радиодифузен сервис ЛРТ. Науседа учествуваше на состанок на 31 земја што ја поддржува Украина, што се одржа вчера преку интернет, посветен на дискусија за претстојната средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и ...
Пожари беснеат во Црна Гора веќе петти ден. Во текот на изминатата ноќ, пожарникарите, армијата, меѓународните сили и локалното население изгаснаа големи пожари во околината на Подгорица и Тузи, а гаснењето е отежнато од непристапниот терен. Владата на Црна Гора го прогласи денешниот ден за Ден на жалост поради трагичната смрт на помладиот водник Дејан Божовиќ во битката со огнената стихија. Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, изјави ...
Во време кога секој денар е важен, а енергенсите стануваат сè поскапи, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја насочува својата политика кон оние на кои помошта им е најпотребна – граѓаните од ранливите категории, велат од партијата. Преку субвенционирање на инвертер клима-уреди и финансиска поддршка за потрошена електрична енергија, Владата вели дека достоинствените услови за живеење нема да бидат привилегија, туку право за сите. „Владата ...
Неколку деца беа повредени откако ролеркостер излета од шините во крајбрежен забавен парк во Велика Британија. Службите за итни случаи пристигнаа во паркот за забава „Кони Бич“ во Порткол, Велс, вчера вечерта откако сведоци пријавија дека атракцијата „Ваки Ворм“ излетала од шините кратко пред 18 часот, објави британскиот таблоид „Сан“ . Полицијата соопшти дека повредени се 13 деца и еден возрасен, а некои морале да побараат медицинска помош. ...
Два активни пожари има во моментов во Македонија. И натаму активен е пожарот во ловиштето Јасен, додека пожар има и во струшко Октиси. По контрола се ставени три пожари, додека изнаснати пожари во изминатото деноноќие се 20. АКТИВНИ (2): 1. Општина Македонски Брод: Повеќенаменското подрачје „Јасен“ (мешана шума) 2. Општина Струга: Октишка краста (ниска вегетација) ПОД КОНТРОЛА (3): 1. Општина Сарај 2: с. Радуша кон с. Дворце (ниска вегетација) ...
Во средата, 13 август 2025 година, во повеќе градови низ Србија избувнаа насилни судири помеѓу демонстранти и припадници на полицијата, како и со групи поддржувачи на владејачката Српска напредна партија (СНС) и претседателот Александар Вучиќ. Овие настани се последица на деветмесечните протести што се одвиваат низ земјата, кои започнаа како реакција на политиките и постапките на актуелната власт, а кулминираа во последните денови. Ескалацијата ...
Премиерот Христијан Мицкоски, вчера имал средба со Крис Павловски, бизнисмен од Канада со потекло од Македонија, и основач на платформата „Rumble“, како алтернатива на Youtube. Мицкоски истакна дека со Павловски разговарал за перспиктивите и иднината на Македонија, како и шанси за развој и просперитет на македонските граѓани. „На пријателска вечера со Крис Павловски, кој овие денови е во посета на неговата Преспа. Разговаравме за перспективите и ...
Овен Четврток ви носи поплава од покани, состаноци и можности што тешко можете да ги прифатите. Иако е возбудливо да бидете толку барани, времето да научите да кажете „не“ без вина започнува денес. Одвојте свети џебови време само за себе и внимателно чувајте ги вашите граници – вашата благосостојба зависи од тоа. Бик Средината на работната недела ви дава можност да ги покажете вашите лидерски вештини на нов начин. Забавете доволно за да го ...
Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во северозападните планински региони ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од ...
Актуелниот европски првак ПСЖ се закити со уште еден трофеј во својата историска година, откако го освои пехарот во УЕФА Супер-Купот. По изведување на пенали, францускиот клуб успеа да триумфира и да се закити за првпат во својата историја со овој трофеј. А, ПСЖ беше во многу независна ситуација, откако Тотенхем до 86. минута имаше предност од 2-0. Ван де Вен во 39. минута му донесе предност на лондонскиот тим, а потоа Ромеро по грешката на ...
Најголемата фабрика на „Хајнекен“ во Франција во близина на градот Лил беше евакуирана денес поради истекување на амонијак, соопштија префектурните власти и противпожарната служба, објавија француските медиуми. Точната причина за истекувањето не е пронајдена, но како што изјавија локалните власти, нивото на амонијак во воздухот, кое беше измерено во и надвор од фабриката, не претставува опасност за локалното население, објави „Ле Фигаро“. Според ...
Големиот пожар овие денови остави зад себе потресни призори и на просторот на царинарницата во Патра, каде што се наоѓале стотици возила под надзор на Грчката независна управа за јавни приходи (AADE). Според првичните проценки, дури 550 автомобили биле целосно уништени, што претставува огромно мнозинство од вкупниот број возила паркирани на отворениот простор на царинското складиште. Повеќе од половината од овие возила веќе биле расходувани и не ...
Ова се реновираните простории на Универзитетската клиника за урологија. Директорот на Башким Шабани, заедно со министерот за здравство Азир Алиу, ја пречекаа екипата на ТВ21 за да покажат што е сработено. Одделот на болницата е целосно реновиран – просториите се претворени во модерни болнички соби, уредени како апартмани. Секоја соба е опремена со нови кревети, телевизори, нови тоалети, клима-уреди и бактериолошки прочистувачи на воздухот. ...
ЕВН Македонија и СОС Детско село потпишаа меморандум за соработка за поддршка на деца и млади во социјален ризик. ЕВН ќе обезбеди стипендии за овие млади со цел продолжување на средното или високото образование како и финансиска поддршка на програмите на СОС Детско село за зајакнување на капацитетите и одржливоста. Покрај тоа, стипендистите ќе имаат можност да реализираат практикантска работа и менторска програма во просториите на ЕВН, со што ќе ...
По повеќе од шест часа во Основниот суд Тетово, судијата, заедно со претставници од Центарот за социјална работа и јавниот обвинител, донесе одлука за определување мерка притвор за малолетниот Л.М. од село Гајре, под сомнение дека е соучесник во убиство. Обвинителството побара притвор и за уште три лица. „Издадена е наредба за спроведување истражна постапка против осомничените за убиство според член 123, за неовластено производство и поседување ...
По двегодишен прекин, повторно се воведуваат испитите за вработување во градинките. Поради нефункционален електронски систем за полагање, голем број кандидати не можеа да го полагаат испитот, што предизвика застој токму кога имаше најголема потреба од кадар во градинките. Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, изјави дека со законски измени е овозможено професионалниот испит да се одвива во писмена форма за ...
„УНИЦЕФ го поздравува усвојувањето на новите формули за финансирање на основното и средното образование од страна на Владата на Северна Македонија. Оваа значајна реформа ветува подобрување на правичноста, ефикасноста и квалитетот на образованието и подобрување на резултатите од учењето на децата низ целата земја. „УНИЦЕФ, заедно со Светска банка и Владата на Швајцарија, имаше чест да ја обезбеди својата техничка експертиза и поддршка на ...
Уставниот суд соопшти дека е формиран предмет УЗ.44/2025, по иницијатива на Лилјана Поповска, во кој се оспорува Протоколот од вториот состанок на Заедничката меѓувладина комисија со Бугарија, потпишан на 17 јули 2022 година во Софија. Во моментов е во тек претходна постапка, во рамки на која се прибираат и испитуваат податоците и известувањата потребни за донесување на одлука. Според иницијативата, Протоколот го прекршува член 8 став 1 алинеја ...
Во близина на село Октиси, на место викано Октишка Краста, е избувнат пожар од поголеми размери кој претставува потенцијална закана за имотот на населението. На терен се присутни екипите на ТППЕ Струга и дел од месното население, но според проценката на командирот на ТППЕ Струга, пожарот се простира на специфичен и непристапен релјеф, што го оневозможува гаснењето од копно. Поради тоа, итно е потребно ангажирање на воздухоплови. По барање на ...
Речиси четвртина или 23,7 проценти од младите во земјава на возраст од 15 до 29 години, ниту работат, ниту учат, ниту се обучуваат. Податоците ги објави здружението Хера по повод Денот на младите, и порача „младите не се хаштаг, туку приоритет“. Побараа младите да бидат рамноправни партнери во носењето одлуки и креирањето на иднината. Ги прашавме познавачите кои се причините за неактивноста на младите при барањето работа. Велат, има разединување ...
На 12.08.2025 во 22:05 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода З.Ј.(59) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека околу 20.20 часот со употреба на сила ставил 60-годишна жена од Охрид во неговото возило „југо“ со охридски регистарски ознаки и ја однел во неговиот дом. По преземени мерки, полициски службеници ја пронашле жената во неговиот дом, по што тој бил лишен од слобода. По целосно документирање на ...
СВР Тетово и Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за општ и насилен криминал до Основното јавно обвинителство Тетово поднесоа кривична пријава против четири лица во врска со вооружената престрелка и убиството што се случи на 10.08.2025 во Тетово. Против Р.Т. (37) од Тетово, кој беше повреден во престрелката и сместен во медицинска установа во Скопје за укажување на помош, и против 15-годишник од с. Гајре, тетовско, кој беше лишен од ...
Министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани денеска во изјава за медиуми го најави започнувањето на полагањето за стручни испити за добивање лиценци за работа во детските установи, процес кој беше во застој од 2023 година. Во своето обраќање пред медиумите тој истакна дека лиценцата за работа за воспитувачи, негувателки, стручни работници, соработници и директори е задолжителен предуслов за вработување во градинките. ...
На 24-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, министерот Изет Меџити порача дека документот не е само спомен од минатото, туку жива основа врз која се гради современа, правична и инклузивна држава. „Денес не се потсетуваме само на договор кој стави крај на конфликтот, туку на политичка и институционална визија – држава на сите и за сите. Охридскиот договор е темел врз кој ја изградивме еднаквоста, инклузивноста и правдата ...
Денеска кај Мечкин Камен, Крушево, се случија два одделни инцидента со параглајдеристи. Во првиот случај, параглајдерист при индивидуален самостоен лет и при обид за приземјување се закачил на дрво високо околу пет метри и не може безбедно да биде спуштен на земја. Веднаш е извршена координација со Дирекцијата за заштита и спасување со цел упатување на соодветен специјализиран тим за спасување на локацијата. Во вториот случај, во истата област, ...
Рамковниот договор и по 24 години од неговото потпишување останува да биде синоним за тоа како на мирен начин да се заврши конфликтот и да се сврти кон градење на иднината. Токму на 13 август 2001 година во Охрид тогашните лидери на 4-те најголеми партии Љупчо Георгиевски на ВМРО-ДПМНЕ, Бранко Црвенковски на СДСМ, Арбен Џафери на ДПА и Имер Имери на ПДП ги ставија своите потписи на мировниот Охридски договори како и гарантите на тој договор ...
Шумски пожари беснеaт низ јужна Европа во недела, при што најмалку три лица загинаа во Шпанија, Турција и Албанија. Пожарникарите беа исцрпени во многу од погодените земји додека се бореа со повеќекратни епидемии по неколкунеделните топлотни бранови. Во близина на грчкиот пристанишен град Патра, пожарникарите се бореа да ги заштитат домовите и фармите додека пламените јазици беснееја низ маслиновите насади. Додека авиони и хеликоптери со вода ...
Внатрешноста на новиот Audi Q3 покажува како формата и функцијата стануваат едно. Премиум материјалите, интелигентните технологии и прилагодливиот концепт за осветлување и звук се спојуваат за да создадат неверојатно искуство во возењето. Чисти линии, интуитивно работење и паметна технологија се комбинирани во новиот Audi Q3. Мирниот, јасен дизајн на контролната табла продолжува во чистиот, уреден распоред на конзолата. Едноставниот дизајн и ...
СВР Тетово и Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за општ и насилен криминал до Основното јавно обвинителство Тетово поднесоа кривична пријава против четири лица во врска со вооружената престрелка и убиството што се случи на 10.08.2025 во Тетово. Против Р.Т. (37) од Тетово, кој беше повреден во престрелката и сместен во медицинска установа во Скопје за укажување на помош, и против 15-годишник од с. Гајре, тетовско, кој беше лишен од ...