Повеќе од 3,7 милиони регистрирани гласачи во Албанија ќе излезат на гласање денеска на 11-те општи избори во земјата од падот на комунистичкиот режим во 1991 година. Вкупно околу 3,71 милиони гласачи имаат право да избираат пратеници од 140 пратенички места, а во конкуренција се 53 политички партии и три предизборни коалиции. Гласањето ќе се одвива од 7 до 19 часот по локално време (05:00-17:00 GMT) на 5.225 избирачки места. За прв пат речиси ...

Утрово дел од скопските улици ќе бидат привремено затворени поради улична трка, со што сообраќајот ќе се одвива по изменет режим од 8:30 до 10:30 часот. Секторот за внатрешни работи Скопје најави дека ќе се преземат мерки за пренасочување на сообраќајот по алтернативни правци. – Трката ќе започне со стартна позиција на бул.„Илинден“ – локација Фонтана, а натпреварувачите ќе се движат по булевар „Илинден“ до крстосница со ул.„Никола Парапунов“, ...

Поранешниот бискуп Роберт Френсис Превост наскоро официјално ќе стане папа Лав XIV и со тоа ќе ја преземе една од највлијателните функции во светот – од златен накит и луксузен сместувач, па сè до непробојниот папамобил. Неговиот нов живот во Ватикан ќе биде далеку од растењето во мал американски град во сојузната држава Илиноис, како и од годините кои ги помина како мисионер меѓу сиромашни фармери во руралниот Перу. Лав XIV е првиот папа од ...

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска изјави дека е невозможно да се заврши војната без прекин на огнот. – Без прекин на огнот секако е невозможно да се заврши војната, бидејќи е невозможно да се отвори патот за дипломатијата. Неопходно е да се покаже некаков резултат што е сигнал дека едната или другата страна сака да заврши војната – рече тој на прес-конференцијата по состанокот на „Коалицијата на волните“ во Киев, пренесува ...

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 35-годишен турски државјанин за кого постои сомнение дека сторил кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик. Ноќеска по полноќ на улицата “Метрополит Теодосиј Гологанов” во Скопје, во близина на Клубот на пратеници, со умисла се обидел да лиши од живот друг турски државјанин. По претходна вербална ...

Надлежните во пет општини во Барселона и Тарагона наредија на 147.000 жители да не излегуваат надвор или да ги отвораат прозорците поради пожарот што избувна рано утринава во фабрика за хемикалии за базени, каде што беа складирани приближно 70 тони хлор. Претседателот на каталонската влада Салвадор Иља им се заблагодари на жителите за нивното одговорно однесување и побара од нив да продолжат да ги следат упатствата на Цивилната заштита, за да се ...

Иако доаѓаат од различни држави, студентите од регионот се соочуваат со слични проблеми. За да зборуваат за нив и да побараат решенија за предизвиците со кои се соочуваат, младите се собраа во Скопје на вториот студентски форум. Студенти од Македонија, Албанија, Косово и Србија потпишаа заедничка декларација, која според Бленди Ходаи од Форумот за промени во образованието, има за цел да изврши притисок за забрзување на процесот на усогласување ...

Институтот ИНСИ од Косово го анализираше хаосот во сообраќајот во Тетово, односно критичните точки во градот. За оваа цел се подготвува студија за мобилност, а истиот институт паралелно работи и на генералниот урбанистички план. Според нив, студијата за мобилност има за цел да го намали сообраќајниот метеж. „Анализата на состојбата покажува дека постои пренатрупаност, било на крстосници, било на паркинзи или зонски паркинзи. Неспроведувањето на ...

Втор ден штрајк со глад на дел од затворениците во затворот во Струга. 13 затвореници започнаа со штрајк поради тоа што, како што велат, им биле прекинати договорите за работа надвор од просториите на затворот. Првично тие изјавија дека раководството на затворот ги информирало дека освен прекинот на шестмесечните договори за работа, им се укинува и правото на викенд. Сепак, по интересирот на ТВ21, тие појаснија дека директорот ја сменил изјавата ...

Постои оптимизам дека компромис за уставните измени може да биде постигнат до крајот на годинава – изјави австрискиот амбасадор во Македонија, Мартин Памер. Според него фокусот премногу се става на тоа прашање отколку на сроведувањето на техничките работи кои ја носат Македонија поблиску до Европската Унија. „Владата на Северна Македонија во моментов работи на патоказите и акциските планови, мислам дека патоказот за малцинствата е предаден до ...

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство го отвори младинскиот хакатон „Кликни безбедно“ кој е нов проект за побезбеден интернет. Со овој проект се опфатени ученици од средно образование со различни вештини во дигиталниот свет како програмери, дизајнери, иноватори, а ќе работат на проекти за подобрување на животот на младите на интернет. „За прв пат организиран ...

Украинскиот претседател Володомир Зеленски и лидерите на Велика Британија, Франција, Германија и Полска кои се во посета на Киев, разговараа со американскиот претседател Доналд Трамп, зборувајќи за напорите за мир, објави украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибига на социјалните мрежи. Сибига изјави дека Украина и сите нејзини се подготвени за целосен безусловен прекин на огнот на копно, воздух и море најмалку 30 дена, почнувајќи од ...

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Индија и Пакистан се согласиле на „целосно и моментално“ примирје. Тој ја објави веста на својата социјална мрежа Truth Social. „По долга ноќ преговори водени од Соединетите Американски Држави, со задоволство објавувам дека Индија и Пакистан се согласија на целосен и моментален прекин на огнот. Честитки до двете земји за нивниот здрав разум и одлична интелигенција. Ви благодарам за вашето ...

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денес изјави дека во Украина мора да се спроведе целосно и безусловно 30-дневно примирје без никакви предуслови. „Коалицијата на волјата се состана денес. Го поддржуваме предлогот за целосно и безусловно примирје од 30 дена. Мора да се спроведе без никакви предуслови за да се отвори патот за значајни мировни преговори“, напиша таа на социјалната мрежа X. Таа посочи дека ЕУ е ...

На само пет месеци пред одржувањето на локалните избори, политичките партии се уште не ги откриваат своите адути во трката за градоначалници. Во ВМРО-ДПМНЕ се уште трае процесот на сондирање за можните кандидати, а како што изјави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски со еден дел од кандидатите ќе излезат до крајот на месецов, додека за Град Скопје ќе се знае нешто подоцна. Сепак, како што велат, кандидатот ќе биде од редовите ...

На 09.05.2025 во 09.45 часот во Полициското одделение Македонска Каменица било пријавено дека во водите на Калиманско езеро била пронајдена почината Д.А.(58) од Македонска Каменица, која претходно била пријавена дека се оддалечила од домот. Од страна на лекар констатирана била смрт без видливи траги на насилство. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Делчево, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатата било предадено на семејството. ...

Советскиот меѓупланетарен вселенски брод „Космос-482“, кој не успеа да стигне до Венера во 1972 година, денеска навлезе во густите слоеви на атмосферата и падна во Индискиот Океан, објави денес руската вселенска агенција Роскосмос. „Според пресметките на експертите од АД ЦНИИМаш (дел од Роскосмос), станицата влегла во густите слоеви на атмосферата во 9:24 часот по московско време, 560 километри западно од Средниот Андамански Остров и паднала во ...

Мексико го тужи интернет гигантот Гугл поради промена од Мексиканскиот Залив во Американскиот Залив на неговата услуга „Мапс“, изјави вчера мексиканската претседателка Клаудија Шајнбаум. Претседателката го објави ова за време на нејзината дневна прес-конференција, но не сподели многу детали за тужбата. Гугл сè уште не го коментираше случајот. Во февруари, Гугл го промени името на Мексиканскиот Залив во Американски залив за американските ...

Градоначалниците повеќе нема да бидат недопирливи – за нивно отповикување ќе може да се организира референдум, доколку тоа го побараат најмалку 20 проценти од граѓаните со право на глас во општината. Ова е предвидено со измените и дополнувањата на Законот за локална самоуправа, кои ги образложи министерот за локална самоуправа, Перински. Референдумот ќе го распишува општинскиот совет, а истиот ќе се смета за успешен доколку на него излезе и ...

Пожар избувна во сабота наутро во фабрика за производство на хемиски производи за базени во Барселона. Фабриката има складирано околу 70 тони хлод, а поради пожарот околу 150.000 жители на пет каталонски општини останаа дома, и им се препорача да не излегуваат од своите домови. Цивилната заштита на Каталонија испрати пораки до мобилните телефони на жителите на населбите Виланова и ла Гелтру, Сант Пере де Рубес и Кубелес, Кунит и Калафел, како и ...

Најмалку 13 цивили беа убиени во пакистанскиот дел од Кашмир во 12-часовна размена на оган меѓу индиските и пакистанските сили по воената акција на Исламабад против Индија во раните утрински часови, соопшти регионалната служба за вонредни ситуации. Според истата служба, повеќе од 50 лица се повредени и во пакистанскиот регион, објави Ројтерс. Тензиите меѓу двете нуклеарни сили, кои ја делат контролата врз Кашмир, ескалираа откако Индија во ...

Поранешниот Претседател на Република Македонија, проф. д-р Ѓорге Иванов учествуваше на 28. Евроазиски економски самит во Истанбул, организиран од Фондацијата Мармара, кој се одржа на 7 и 8 мај 2025 година. Претседателот Иванов се обрати на сесијата „Дијалог на глобалните лидери“, посветена на темата „Мирни решенија, обновување на мирот“. На оваа сесија се обратија и поранешни претседатели од повеќе држави, како Албанија, Бугарија, Црна Гора, ...

Драган Лабовиќ, поранешен српски кошаркар почина на 38-годишна возраст. Некои од српските медиуми пишуваат дека причината за смртта е срцев удар. Лабовиќ во својата кариера настапуваше во неколку клубови во неговат аземја и во странство, а настапи и една сезона во македонскиот шампионат во Карпош Соколи, во сезоната 2016/2017, и го освои Купот на Македонија. Во својата кариера играше и за ФМП, Борац Чачак, Арис, Скајлајнерс Франкфурт, Енисеј, ...

На 10.05.2025 во 00.30 часот на ул. „Џон Кенеди“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.А.(57) од с.Визбегово, скопско. На 09.05.2025 околу 21.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Џон Кенеди“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.А. и мотоцикл „бмв“, со скопски регистарски ознаки, управуван од А.Ц.(25) од Скопје. Во несреќата со тешки ...

Додека европските сојузници на Украина се среќаваат во Киев во сабота, 10 мај 2025 година, Русија оваа недела беше домаќин на лидери од целиот свет за да го одбележи Денот на победата. Словачкиот премиер Роберт Фицо беше единствениот лидер на земја-членка на ЕУ кој отпатува во Москва. Во заедничка изјава објавена пред нивното пристигнување во Киев, Кир Стармер, Емануел Макрон, Фридрих Мерц и Доналд Туск рекоа дека „ќе заминат во Киев во ...

На 09.05.2025 во 06.35 часот полициски службеници од ОВР Струга на улицата „Боро Калајџиески“ во Струга, го лишиле од слобода И.М.(36) од Струга. Тој претходно, пред казино лоцирано во населбата „Плитишта“ во Струга, управувајќи мотоцикл, излетал од патот, а по преземени мерки, полициските службеници констатирале дека мотоциклот го управувал под дејство на алкохол, односно со 2,28 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случајот, ...

Пакистанската војска објави дека Индија извршила напади врз неколку пакистански воени бази во текот на ноќта. Исламабад објави дека како одговор започнал голема воена операција наречена „Бунџанун Марсус“. Пакистанската цивилна воздухопловна управа објави дека воздушниот простор на земјата ќе остане затворен во следните 24 часа, пренесува АФП. Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф свика состанок на Националната команда во саботата, соопшти војската, ...

Ученичка во основно училиште од подрачјето на Бит Пазар во Скопје, им дала 25.000 евра на соученици, кои се заканувале дека ќе го тепаат нејзиниот помал брат. Случајот во полиција го пријавил нејзиниот татко половина час по полноќ на 9. мај. „Во 00.30 часот во СВР Скопје, 52-годишник од Скопје пријавил дека неговата малолетна ќерка, ученичка во основно училиште на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, подолг период добивала закани од двајца ...

Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за спроведување истражна постапка против вкупно 5 лица, од кои првоосомничениот како директен извршител на кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 4, како и Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик. Останатите четворица се осомничени за – Помагање на сторителот по извршено кривично дело од член 365 ...

Неколку илјади демонстранти вчера излегоа на улиците на словачкиот главен град Братислава и други градови за да протестираат против посетата на премиерот Роберт Фицо на Москва. Фицо присуствуваше на годишната руска воена парада по повод победата на Советскиот Сојуз над нацистичка Германија. Додека поголемиот дел од Европа ја одбележа годишнината завчера, Русија секогаш ја одржува својата парада на победата на 9 мај. Фицо беше единствениот лидер ...

weather icon

Скопје

18ᴼ / 18ᴼ
1.54
68%
1011
weather icon

Белград

21ᴼ / 19ᴼ
2.06
78%
1008
weather icon

Загреб

23ᴼ / 19ᴼ
1.03
65%
1006
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
2.06
77%
1012
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
1.84
67%
1008
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 17ᴼ
1.03
88%
1008
weather icon

Атина

29ᴼ / 25ᴼ
2.24
52%
1008
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
2.06
56%
1009
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
1.03
53%
1009
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 19ᴼ
1.54
68%
1007
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 21ᴼ
0.45
66%
1006
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
1.54
44%
1009
Currency

61.56

Currency

52.8524

Currency

71.1471

Currency

34.5425

Currency

38.4843

Currency

65.8599

Currency

7.35727

Currency

0.67308

Currency

0.35593

Currency

0.52473

Currency

1.3085

Currency

0.61322

Алуминиум

2.61

Иридиум

145468.59

Кобалт

42.99

Никел

14900.00

Рутениум

25656.30

Калај

33.32

Сребро

1227.63

Злато

107715.09

Бакар

11.22

Паладиум

39770.47

Платина

46441.62

Родиум

186474.33

Цинк

2.78