Вчера на планината Јахорина во БиХ, дете падна од жичница откако одредено време висеше држејќи се за седиштето. На снимката од настанот се гледа како други скијачи се обидуваат да помогнат, но детето на крајот падна на земја. Скијачите кои се нашле на патеката под жичницата се обидувале да го фатат за да го ублажат падот. Засега не е познато зошто детето испаднало од седиштето. Детето е пренесено во болница Од Горската служба за „БН“ ...

СВР Штип поднесе кривична пријава против Ј.В.(83), В.Џ.(80) и Т.А.(68), сите од Штип, поради постоење основи на сомнение дека сториле продолжено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ и продолжено кривично дело „измама при добивање кредит или друга погодност“, како и против З.С.(44) од Штип поради постоење основи на сомнение дека сторила продолжено кривично дело „измама при добивање кредит или друга погодност“. Првите ...

Најмалку 16 лица загинаа, а десетици се повредени во експлозија во пакистанскиот град Карачи. Полицијата и спасувачките екипи соопштија дека дел од зграда се урнала во експлозијата. Продолжува потрагата по преживеани или тела во урнатините. Експлозијата се случила додека луѓето подготвувале оброк пред зори на првиот ден од муслиманскиот свет месец Рамазан во станбена област во Карачи, главниот град на покраината Синд, соопшти локалната ...

За припадниците на исламската вероисповед, Рамазан, месецот на постење, милосрдие и објавување на Куранот на пророкот Мухамед, започнува денес и ќе трае 29 дена. Рамазан е деветтиот месец од исламскиот календар и еден од најсветите месеци во исламската религија, во кој муслиманите ширум светот постат од зори до зајдисонце. Овој месец е особено важен бидејќи претставува време на интроспекција, духовно прочистување и приближување кон Бога. ...

Утрово регистрирани се минусни температури низ Македонија. Според информациите на УХМР, најстудено е во Берово каде се измерени -7 степени. Следуваат -5 Крива Паланка, -4 Скопје – Петровец, Демир Капија, -3 Гевгелија, Прилеп, Тетово, -2 Охрид, Виница, Крушево. Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Во текот на ноќта почнувајќи од западните делови ќе има ...

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) апелира до сопствениците на домашни миленици – кучиња за исполнување на законската обврска за идентификација на миленикот со микрочип и негова регистрација во модулот за домашни миленици на Информативниот систем на Агенцијата за храна и ветеринарство, за што се издава и пасош за домашен миленик. Апликацијата на микрочипот е еднократна, односно, миленикот чипот го носи до крајот на животот. ...

Овен Фокусирајте се на вашиот внатрешен мир наместо да се стремите кон надворешни цели. Овој четврток е добро време за тишина и интроспекција. Можеби ќе почувствувате наплив на интуиција што ќе ви помогне да откриете комплицирана ситуација на работа. Избегнувајте конфликти со авторитетни личности и потпрете се на дипломатијата. Бик Социјалните контакти доаѓаат до израз. Очекувајте интересен предлог од пријател или колега што може да ви ги ...

Наутро ведро и студено, а во текот на денот времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Во текот на ноќта почнувајќи од западните делови ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец. Утре во текот на ноќта и во петок под влијание на нов ...

Беким Ќоку од коалицијата ВЛЕН во „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека министрите и функционерите од ВЛЕН се на тие позиции затоа што ги предложил ВЛЕН. Беким Ќоку: „Јас го поддржувам принципот. Принципот е овој – министрите и функционерите на ВЛЕН ги предлага ВЛЕН. И министрите што се таму, како и сите функционери, се таму затоа што ВЛЕН ги предложил.“ ТВ21: Значи премиерот нема право кога вели дека е мандатар? Беким Ќоку: Тој е мандатар. Не е ...

САД го предупредија Иран дека би било „многу препорачливо“ да се постигне договор, велејќи дека има „многу причини“ да се нападне, еден ден по разговорите за кои двете земји изјавија дека имаат намера да продолжат. Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, го издаде најновото предупредување откако Иран изјави дека „развива рамка“ за напредок во разговорите со САД. Претседателот Доналд Трамп, исто така, го предупреди Лондон да не се ...

Осум скијачи го загубија животот, а едно лице се води како исчезнато по разорната лавина што го погоди планинскиот предел во Северна Калифорнија. Трагедијата се случила во вторникот околу пладне, во областа Касл Пик кај градот Траки, соопштија локалните власти. Групата од вкупно 15 скијачи била на враќање од тридневно скијање надвор од означените патеки, во организација на компанијата „Блекберд Маунтин Гајдс“. Силната лавина ги изненадила ...

Координаторот на пратеничката група на коалицијата ВЛЕН, Беким Ќоку, во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 зборуваше и за последните случувања во Движењето БЕСА. Ќоку нагласи дека Движењето БЕСА може да ја напушти Владата само доколку ВЛЕН ја напушти Владата, додавајќи дека БЕСА е ВЛЕН, а ВЛЕН е БЕСА. ТВ21: Дали може да се случи поради Фатмир Лимани Движењето БЕСА да ја напушти Владата? Беким Ќоку: Движењето БЕСА може да ја напушти Владата само ...

Со вечерашното заоѓање на сонцето започна светиот месец Рамазан. Во Сараево овој момент никогаш не е само обичен датум во календарот, туку миг кога целиот град застанува, го стишува гласот и се потсетува на она најважното – дека не живееме само едни покрај други, туку едни со други. Светилка од прозорецот на Драган Во духот на оваа сараевска рамазанска слика, имамот на џамијата Ферхадија, Мухамед еф. Велиќ, сподели приказна која во неколку ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во кругот на министерството присуствуваше на предавање на опрема обезбедена во соработка со Американската амбасада во Македонија и програмата АТА. Се работи за донација за опрема за потребите на Единицата за откривање и демонтирање на експлозивни средства и направи во Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен ...

Тирана денеска беше центар за дискусија за сите инфраструктурни поректи кои се во план или чија реализација е во тек, долж трасата на Коридорот 8. Патиштата, железницата, пристаништата кои се дел од овој коридор се стратешки проект, не само за Земјите од Западен Балкан, туку и цела Европа. Коридорот 8 е врската помеѓу Јадранот и Црното море, која треба да донесе економски раст, побрз проток на луѓе и производи, но и да овозможни подобра ...

Унгарија повторно ќе ја потврди поддршката за мировните напори на претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, утре на основачката седница на Одборот за мир во Вашингтон, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто, нагласувајќи дека надворешнополитичката стратегија на унгарската влада и натаму е насочена кон избегнување војни. Говорејќи во пресрет на заминувањето за Вашингтон, Сијарто потврди дека ...

Компанијата ДПТУ Енерџи Лукс испрати демант до медиумите во врска со, како што наведуваат, неточни и тенденциозни информации поврзани со проектот за изградба на мала хидроцентрала кај селото Блатец. Од компанијата тврдат дека проектот се реализира врз основа на важечка концесија и соодветна документација издадена од надлежните институции на Република Северна Македонија, како и дека сите постапки се водат во рамки на законските процедури и ...

Дали ќе побарате одговорност од министерот за односи меѓу заедниците Иван Стоиљковиќ затоа што избрка од работа седуммина вработени кои се од албанската заедница. Ова прашање упатено до вицепремиерот Беким Сали му го постави пратеничката на Европскиот фронт Рина Ајдари, која истакна дека овие седум лица потоа се повторно вратени на работа со што министерството ќе треба да плати отштета. -Бидејќи видовме дека министер за политички систем нема ...

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, денеска на пленарна седница потврди дека нема да го повлече нацрт-законот за високо образование, иако опозициските пратеници побараа тоа. Јаневска истакна дека за законот сè уште се одвиваат јавни расправи на сите универзитети и дека нацрт-текстот е достапен на ЕНЕР за коментари од сите засегнати страни. „Нема да го повлечам законот. Ќе ви објаснам дека е за добробит на сите“, рече Јаневска ...

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска на собраниска седница оцени дека минималната плата во земјата е повеќе дневнополитичка тема отколку реално економско барање. Тој ги изнесе податоците за бројот на вработени и ги образложи економските параметри кои ја дефинираат платата. На прашањето на пратеникот од Левицата, Амар Мециновиќ, Дурмиши посочи дека во земјата има околу 700.000 вработени, од кои 100.000 во јавниот сектор и ...

Ф.Н. од Скопје освои СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТОТ, вреден 7.070.623 денари. Најпосакуваната ВЛТ добивка е освоена со играта „Флеминг Хот“, на видеолотариските терминали кај деловниот соработник „Моцарт“, на 15.02.2026 година, во Скопје. Тимот на Видеолотарија Касинос Австрија од срце му честита на добитникот Ф.Н. и му посакува многу радост, исполнети соништа и незаборавни моменти. Во периодот од 09.02.2026 до 15.02.2026 година, Видеолотарија ...

Криминалот не се исплати, ве молам формализирајте го својот бизнис. Ваква порака испрати премиерот Мицкоски на годишната конференција „Формализација на неформалната економија: Преку соработка до успех“. Тој воедно најави системска борба со сивата економија, која го јаде државниот буџет. Земјава нема прецизни мерења, но според податоците на Светска банка сивата економија опфаќа околу 30 проценти од Бруто-домашниот производ. Најмногу ја има во ...

Внатрешни тензии го зафатија Движењето БЕСА, откако Централното собрание на партијата донесе одлука за целосно разрешување на претседателството, како формален чекор кон обединување на коалицијата ВЛЕН во еден политички субјект. Одлуката во јавноста беше толкувана како стратешки потег на претседателот Биљал Касами, додека во позадина беа спомнати и можни судири со потпретседателот Фатмир Лимани. Во меѓувреме, група локални функционери објавија ...

По предлог на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, вчера на две лица, кои претходно беа сослушани во својство на осомничени, судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје им определи мерка краткотраен притвор во траење од 48 часа. „Како резултат на преземените дејствија и анализата на прибраните информации и докази, постојат основи на сомнение дека лицата преземале ...

Владата ќе се повлече од планот за купување нов државен авион, по серијата критики од СДСМ. Премиерот Мицкоски изјави дека иако на средбите со лидерот на СДСМ, Венко Филипче, било договорено да не се критикува одлуката за набавка на авион, тие сепак не го одржале зборот. Според него, владиниот авион е во возна состојба во моментов, а иницијативата за купување нов авион потекнала од лицата кои управуваат и оперираат со леталото. „Гледам дека ...

На 17.02.2026 во СВР Скопје е пријавено дека во 15:20 часот на локалниот пат с.Кучевиште – с.Кучевишка Бара се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд фиеста“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.П.(65) од Скопје и патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ж.С.(57) од с.Кучевиште, скопско. На местото на несреќата починал возачот на патничкото возило „форд“ В.П., а лекар од Итната ...

На 18.02.2026 во 02:00 часот кај наплатна станица Демир Капија, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода Р.С.(36) од САД. При сообраќајна контрола, полициски службеници сопреле патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.С., кој дал на увид сообраќајна дозвола и возачка дозвола, но одбил да приложи документ за лична идентификација, по што физички ги нападнал полициските службеници кои вршеле ...

Расправа за предметот „Пулс“, што се води под К.бр.1872/25 и се однесува на пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, закажана за 19 февруари 2026 година, е одложена поради влошена здравствена состојба на еден од обвинетите. Од Основен кривичен суд Скопје информираат дека обвинетиот Г.М. се наоѓа на болничко лекување во Општата болница во Кочани и, според лекарските проценки, не е во состојба да присуствува на главната расправа. Во текот на ...

Поплавите кои повторно го зафатија Кичевскиот регион, како и области во Скопје и Гостивар, предизвикаа сериозни штети и зголемена загриженост кај населението. По обилните врнежи од дожд и излевањето на водотеците, голем број домаќинства се соочуваат со поплавени домови, оштетен имот и отежнато движење. Црвен крст на Република Северна Македонија веднаш излезе на терен и активно се вклучи во активностите за помош, во координација со надлежните ...

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска се обрати на конференцијата „Формализација на неформалната економија: Преку соработка до успех“, посветена на системските мерки и заедничките политики за намалување на сивата економија и јакнење на формалниот сектор. Во своето обраќање, министерот Дурмиши истакна дека неформалната економија е сложен и долгорочен предизвик кој ја нарушува конкуренцијата, ги оштетува работниците и го намалува ...

weather icon

Скопје

16ᴼ / 16ᴼ
1.03
48%
1007
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
5.14
47%
1006
weather icon

Загреб

14ᴼ / 13ᴼ
1.03
59%
1004
weather icon

Софија

13ᴼ / 11ᴼ
1.54
37%
1010
weather icon

Сараево

15ᴼ / 15ᴼ
3.14
62%
1008
weather icon

Љубљана

13ᴼ / 11ᴼ
1.54
74%
1005
weather icon

Атина

23ᴼ / 21ᴼ
7.2
49%
1004
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.03
55%
1007
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
1.03
55%
1007
weather icon

Букурешт

17ᴼ / 15ᴼ
2.24
52%
1008
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 15ᴼ
4.63
42%
1006
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
8.75
67%
1006
Currency

61.635

Currency

52.6135

Currency

71.1795

Currency

38.1626

Currency

38.3837

Currency

67.3039

Currency

7.74807

Currency

0.70936

Currency

0.33312

Currency

0.52509

Currency

1.15814

Currency

0.54978

Кобалт

45.39

Калај

55.99

Платина

68577.54

Сребро

2812.48

Бакар

13.22

Злато

151413.64

Паладиум

47550.95

Цинк

0.00

Рутениум

51376.89

Родиум

320703.70

Иридиум

253540.09

Алуминиум

3.64