Скопје
12ᴼ /
12ᴼ
Владата доби нов состав откако Собранието денеска на 112. седница ги изгласа предлозите за разрешување на дел од министрите и замениците министри, поднесени од премиерот Христијан Мицкоски. Со одлуката од функциите се разрешени министрите за правда Игор Филков, за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, за односи меѓу заедниците Игор Стоиљковиќ, за здравство Азир Алиу, за социјална политика, демографија и млади Фатмир ...
Еден од најпознатите симболи на старо Скопје, хотелот „Бристол“ во центарот на главниот град, доби нов сопственик. АД „Македонијатурист“ го продаде објектот, а според податоците од Агенцијата за катастар на недвижности, како нов сопственик е запишана компанијата ГМ Проперти. Вредноста на купопродажбата засега не е објавена. Можно е сумата да биде позната во следниот период, доколку биде објавена како информација преку Македонската берза. ГМ ...
На 12.07.2026 околу 06:45 часот во СВР Скопје од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје е пријавено дека починал М.А.(56) од с.Миладиновци, скопско, кој на 08.07.2026 бил донесен со тешки телесни повреди, со кои, според пријавеното, се здобил откако паднал од првиот кат од терасата од куќа. По насоки од јавен обвинител телото на починатиот е предадено во судска медицина за обдукција. На 12.07.2026 околу 06:45 часот во СВР Скопје од ...
Основниот граѓански суд Скопје донесе пресуда со која делумно го усвои тужбеното барање на Орце Тодоровски, утврдувајќи дека бил наклеветен со јавно изнесени невистинити тврдења поврзани со наводна набавка на 150 автобуси од Унгарија. Според пресудата, Судот оценил дека преку јавни настапи и средства за јавно информирање биле изнесени невистинити информации дека Орце Тодоровски, како поранешен генерален директор на Македонската ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,59% во однос на одлуката од 06.07.2025 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 3,467%, кај дизелот ...
На 12.07.2026 во 19:35 часот на патот Тетово-Гостивар поточно пред клучка Врапчиште од страна на полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи на МВР со специјално возило пресретнувач беше измерена брзина на движење на возило од 179 км/ч каде брзината на движење е ограничена со сообраќаен знак на 80 км/ч. По насоки на јавен обвинител возачот Л.М.(27) од Тетово е лишен од ...
Халкбанк, банката што посветено и постојано ја поддржува културната и музичка сцена на нашите простори, ова лето ја продолжува својата поддршка и партнерство со многубројни културни настани и иницијативи. Официјално, оваа музичка и културна програма Халкбанк ја започнува со поддршката на филмскиот фестивал Ohrid Beach Film Fest, кој ќе започне на 22 јули, а во текот на летото ќе следуваат и голем број партнерства со различни културни и ...
Реконструкцијата на владиниот состав е дел од процесот за подобрување на ефикасноста и продолжување на реформите, порача премиерот Христијан Мицкоски во Собранието, каде ги образложи предлозите за промени во Владата. Тој истакна дека принципот според кој функционира Владата е дека функциите не се трајно право, туку обврска која секојдневно треба да се оправдува со работа и резултати. „Од првиот ден кажав дека оваа Влада нема да биде влада на ...
Во текот на изминатиот викенд (11/12.07.2026) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ државата, од вкупно 1426 издадени платни налози, 455 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење. Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило биле 64 лица, од кои 11 за возење под дејство на алкохол, 27 за ...
Најмалку 27 лица загинаа во текот на ноќта во пожар што избувна во бар во Бангкок, Тајланд, додека 60 лица се хоспитализирани, од кои осум се здобиле со тешки повреди. Причината за пожарот засега не е позната и е предмет на истрага, изјави тајландскиот премиер Анутин Чарнвиракул, додавајќи дека е започната официјална истрага, пренесува АП. Според „Скај њуз“, пожарот избувнал во популарниот бар „Ронг Бир На Лат Фрао“, кој се наоѓа во познатата ...
Синоќа околу 23:00 часот во Скопје, на територија на ПС Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.Џ.(31) од Скопје, затоа што, според пријавеното, со нож му нанел убодни рани на својот татко Е.Л. (52) од Скопје. Според пријавеното, на 12.07.2026 околу 22:35 часот во семејниот дом, Е.Л., кој бил под дејство на алкохол, физички ја нападнал својата 54-годишна сопруга (мајка на Б.Џ.), по што Б.Џ. му нанел убодни рани на ...
Бројот на жртви во двата земјотреса што ја погодија Венецуела на 24 јуни се искачи на 4.490, соопшти денеска претседателот на Националното собрание и раководител на штабот за привремени кампови, Хорхе Родригез. Официјалниот број на повредени останува непроменет и изнесува 16.740 лица, додека 6.462 луѓе се спасени, пренесува „Ројтерс“. Според официјалните податоци, без покрив над главата останале 17.907 лица. Бројот на жртви во двата ...
Повеќе од 390 лабораториски анализи на водата за пиење спроведени во изминатата седмица потврдија дека водата од скопскиот водовод е безбедна и ги исполнува сите законски стандарди за квалитет. Според неделниот лабораториски извештај на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, Секторот за санитарна контрола во периодот од 6 до 10 јули 2026 година извршил земање на 196 примероци за физичко-хемиска и уште 196 примероци за микробиолошка анализа на ...
Овен Денес ќе бидете полни со енергија и подготвени да преземете иницијатива. На работното место ќе добиете можност да ги покажете своите способности. Во љубовта, искрен разговор ќе ги расчисти недоразбирањата. Бик Фокусирајте се на финансиските прашања и избегнувајте непотребни трошоци. Семејството ќе ви биде најголема поддршка. Вечерта е идеална за одмор и релаксација. Близнаци Комуникацијата ќе биде вашата најсилна страна. Ќе запознаете ...
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен повремено засилен ветер претежно од северен правец. Долж Повардарието ветерот ќе достигне брзина од 50 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а максималната ќе достигне од 24 до 34 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 30 ...
Во голем пожар што избувна во бар во Бангкок загинаа најмалку 27 лица, потврдија официјални лица откако пожарникарите успеаја да го стават пожарот под контрола, објави NBC News. Спасувачките екипи изјавија дека биле повикани на пожарот околу полноќ. Снимките објавени на интернет од службите за итни случаи покажаа огромни пламени како излегуваат од влезот на барот во северниот тајландски главен град додека луѓето се обидуваа да избегаат, а ...
На 12.07.2026 во 02:45 часот во село во кавадаречко, полициски службеници од ОВР Кавадарци ја лишија од слобода М.К.(37) од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава дека во домот физички ја нападнала нејзината 57-годишна мајка и ѝ се заканувала. По преземени мерки било констатирано дека М.К. била под дејство на алкохол, односно ѝ биле измерени 1,02 промили алкохол во крвта. Таа била задржана во полициска станица, известен бил јавен ...
Илјадници луѓе учествуваа во тивок марш по Променада де Англе, променада во Ница, Франција, во недела наутро, со што се одбележа 10-годишнината од џихадистичкиот напад со камион во кој загинаа 86 лица, а повеќе од 400 беа повредени на 14 јули 2016 година. Повеќето од учесниците носеа бели облеки и бели рози. Толпата се собра пред Детската болница Ленвал, каде што возачот на камионот го започна своето дивеење и каде што многу од ранетите беа ...
Разорниот шумски пожар во јужна Шпанија, во кој загинаа најмалку 12 лица, престана да се шири откако пожарникарите со денови се обидуваа да го локализираат, објави во недела германската новинска агенција ДПА. Шефот на регионалната влада во Андалузија, Хуанма Морено, изјави во недела дека ситуацијата се стабилизирала. На пожарникарите им помагаат значително послабите ветрови и високата влажност. Околу 500 пожарникари, војници и други работници ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави во неделата дека предложил смена на премиерката Јулија Свириденко. Зеленски ја потврди веста на социјалната мрежа Х, заблагодарувајќи ѝ се на Свириденко за досегашната работа, пренесува Ројтерс. „Благодарен сум ѝ на Јулија за нејзината јасна, посветена и ефикасна работа како премиер и за нејзините години продуктивна служба во украинскиот тим. Ѝ понудив да го преземе водството на нова и важна ...
Пиротехничарот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Ѓорѓи Стефанов, безбедно отстрани неексплодирана артилериска граната со калибар 75 mm, што потекнува од Првата светска војна и ја транспортира до Армискиот полигон „Криволак“, каде што ќе биде уништена. Гранатата беше пронајдена при градежни работи што ги изведуваше ЈП „Стрежево“ – Битола, во атарот на село Меџитлија, Општина Битола, во близина на македонско-грчката граница. ...
Тирана во саботата беше епицентарот на светските музички случувања откако светски познатиот рапер Кање Вест одржа концерт кој со недели предизвикуваше огромно внимание, но и бројни контроверзи. Дека во албанската престолнина се подготвува еден од најголемите музички настани годинава беше јасно уште во попладневните часови. Низ градот сообраќаа специјални „шатл“ автобуси со натпис Kanye West кои ги превезуваа посетителите кон стадионот „Игл“ ...
Нутриционист и медицински астролог открива кои намирници, според астролошките толкувања, треба да се најдат во вашата кошничка додека трае ретроградниот Меркур (до 23 јули). Ако и вие сте слушнале дека луѓето ги обвинуваат планетите за лошите одлуки, малерот или откажувањето од диетата, станува збор за астрономски феномен што се случува неколку пати годишно. Иако не постојат научни докази дека тој влијае на секојдневниот живот, астролозите го ...
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 22 возачи поради „безобѕирно управување возило“. Од нив 13 од кои по четири во Скопје, и Битола, две во Виница, по едно лице во Куманово, Кавадарци и Тетово управувале возило без положен возачки испит, а еден од нив и управувал возило под дејство на алкохол. Потоа под дејство на алкохол возеле по две лица во Скопје и Крива Паланка и по ...
Германија регистрираше повеќе смртни случаи од давење за време на топлотен бран отколку во кој било друг јуни од 2003 година, објави Германското здружение за спасување на животи (DLRG). Најмалку 99 лица се удавија во јуни оваа година, соопшти DLRG. Последниот пат кога поголем број смртни случаи од давење беа регистрирани во јуни беше за време на топлотниот бран што ја погоди земјата во летото 2003 година, кога починаа 107 лица. „Трагичниот ...
Долгоочекуваното враќање на Конор Мекгрегор во октагонот по петгодишна пауза заврши на најлошиот можен начин. Во главната борба на настанот „UFC 329“, Ирецот го повреди коленото по само 69 секунди, што Макс Холовеј го искористи за брза победа со прекин. И покрај тешкиот пораз, Мекгрегор замина од Лас Вегас со огромна заработка. Со самото влегување во кафезот, на Мекгрегор му беа загарантирани 15 милиони долари, без оглед на исходот од ...
Скопје попладнево е зафатено од силно невреме проследено со пороен дожд, засилен ветер и интензивни грмежи. Според последните информации, врнежи се регистрирани и во северозападните и централните делови на Македонија, а нестабилната временска состојба се движи од запад кон исток. Граѓаните се повикуваат на зголемена внимателност при движењето, особено во сообраќајот, поради можноста од намалена видливост, задржување на вода на коловозите и ...
На 11.07.2026 околу 18:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во стан на подрачјето на општина Аеродром бил пронајден починат Ѓ.П.(40) од Скопје. Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство. Излезено е на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје, а по насоки од јавен обвинител телото на починатиот е предадено во судска медицина за обдукција. На 11.07.2026 околу 18:20 ...
Кејти Пери предизвика реакции меѓу поддржувачите на MAGA откако објави клип за нејзиниот нов сингл „Watch It Burn“ во кој се појавува поранешниот канадски премиер Џастин Трудо. Нивното појавување во видеото особено ги налути поддржувачите на Трамп, бидејќи Трудо е еден од најгласните критичари на американскиот претседател со години. Пери го објави краткото видео на TikTok со пораката: „Древните текстови велат дека ако танцувате на оваа песна, ...
На 11.07.2026 во СВР Скопје е пријавено дека околу 15:00 часот пред угостителски објект во с.Сарај, скопско по претходна расправија бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 14-годишен малолетник и друг малолетник. По кратко време пред продажен објект се сретнале 14-годишникот и 16-годишен малолетник кој го нападнал со остар предмет при што му нанел тешка телесна повреда, а 14-годишникот му возвратил со тврд предмет и му нанел ...