Управата за извршување на санкции информира дека во Казнено-поправната установа Затвор Струмица денес започнале подготовките за претстојната зима. Како дел од активностите, осудениците и вработените подготвија зимница од сопствено производство. Во првата фаза биле ставени корнишони во стерилизирани тегли, со вкупна количина од 250 килограми. Од Управата нагласуваат дека процесот се одвива со полн елан и внимание на секој детал, а ваквите ...

Поради констатирани нерегуларности во работењето и непостапување по задолжение за отстранување на истите, Министерството за образование и наука информира дека е донесена одлука за привремено запирање на работата на приватната висока стручна школа – Факултет за бизнис економија во Скопје. Нерегуларностите се констатирани од страна на посебна комисија во рамки на МОН за вршење надзор над законитоста во работењето, а одлуката за времено запирање на ...

Вака беше состојбата кај „Рекорд“ во Скопје. Граѓаните се жалат дека денеска и во текот на неделата имало доцнења на градските автобуси. Стравуваат дека во наредните денови може да има прекин на јавниот превоз поради информациите што ги слушнале, дека компанијата Пуцко Петрол ќе го прекине снабдувањето со нафта. Од Независниот синдикат на возачите велат дека проблемот трае повеќе од три години, бараат ЈСП и Град Скопје да преземат мерки за да не ...

Недостиг од медицински кадар во Кичево, додека повеќе од 20 лекари се невработени. За да се потврди оваа состојба, нашата екипа ја посети Агенцијата за вработување во Кичево, каде побара податоци за бројот на лекари пријавени како невработени. Раководителката на Агенцијата, Ардијана Цуцули Сејдини, соопшти дека моментално се евидентирани 18 невработени лекари. „Моментално во нашата евиденција лица активни кои бараат работа, пријавени дека имаат ...

Тендерот на Министерството за внатрешни работи за набавка на нови полициски униформи предизвика судир меѓу политичките партии. Демократската унија за интеграција бара повлекување на тендерот, бидејќи според нив, на униформите е предвидено натписите и симболите да бидат само на македонски јазик. „ДУИ јасно кажува: Албанците нема да прифатат вакви понижувања. Законот е јасен — во општините каде Албанците се најмалку 20%, секоја државна институција ...

Граничните премини меѓу Полска и Белорусија ќе бидат повторно отворени во среда на полноќ, изјави вчера полскиот премиер Доналд Туск. Полска ја затвори својата граница со Белорусија овој месец поради воените вежби предводени од Русија во Белорусија. Загриженоста во Полска, членка на НАТО и Европската Унија, во врска со воените игри „Запад“ се интензивираше кога руски дрон влезе во нејзиниот воздушен простор околу 21 часот во ноќта меѓу 9 и 10 ...

Украинската војска нападна два руски објекти за дистрибуција на нафта во регионите Брјанск и Самара во текот на ноќта, објави денес украинскиот Генералштаб. Во регионот Самара беше погодена производствена линија каде што се меша нафтата од Урал за извоз, објави штабот на Телеграм. Во регионот Брјанск беше погодена производствена линија на нафтовод клучен за снабдување на руската војска. „Се утврдува степенот на штетата“, објави штабот. Руското ...

Бележиме раст од 6,1% во секторот транспорт, што говори дека оваа индустрија се развива, но исто така говори дека сè уште има простор за раст и развој. Преземаме краткорочни и долгорочни мерки што ја олеснуваат вашата работа, но реализираме и големи крупни капитални проекти кои директно влијаат врз развој на транспортниот сектор, се обрати вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, на денешниот состанок со транспортерите. Планот ...

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јули 2025 година достигна 45 276 денари, што претставува пораст од 10.5 проценти во споредба со истиот месец лани, соопшти Државниот завод за статистика. Најголем придонес за растот имаат следните сектори: Административни и помошни услужни дејности – пораст од 16.5 % Образование – пораст од 15.0 % Здравствена и социјална заштита – пораст од 14.8 % Во однос на јуни 2025 година, намалување на ...

„Раст на наплатата на приходите за 65,5 милиони евра заклучно со август, забрзување на транспортот и олеснување на легалната трговија, како и подобрена безбедност на стоките што се внесуваат и изнесуваат од државата, преку подобрено менаџирање и имплементација на ИКТ системи усогласени со оние во Европската Унија, но и редовен дијалог со бизнис заедницата. Ова е новиот систем на Царинската управа, систем што создава повисоки приходи, што ...

Актуелното раководство на Министерството за образование и наука со нов Закон за учебници, изработен заедно со сите засегнати чинители во одобрувањето, изработката и испораката на учебници во основното и средното образование го реши предизвикот кој четири министри на претходната Влада не успеаја да го надминат. Оваа учебна година има учебници за сите ученици и испораката е веќе завршена. Целосно нови учебници има во седмо одделение во основното ...

ДПА на Мендух Тачи одлучи да не учествува на локалните избори, и лидерот на оваа партија вели дека не жали за таквата одлука. Но, изрази каење што станал дел од Европскиот фронт, бидејќи, како што рече, коалициските партнери не останале доследни до крај на договорот. Тачи: Се каам што влегов во Европскиот фронт. Секако. Затоа што јас сум човек кој кога ќе се договори, останува до крај на договорот, и мислам дека мажите и жените кои не стојат до ...

Министерството за здравство, во соработка со Универзитетската клиника за пулмологија започнува дводневен скрининг на населението во Трубарево, кој ќе се одржи во среда и четврток (24 и 25 септември). „Ги повикуваме жителите од Трубарево и околните населени места да се вклучат во скринингот. Скринингот ќе го вршат две екипи од Клиника за пулмологија со амбулантни возила. Прегледите се наменети за сите заинтересирани граѓани од Трубарево и од ...

Гостиварскиот Апелационен суд ја потврди пресудата на Основниот суд во Тетово за двегодишна казна затвор на Менсур Пајазити од Мала Речица, за прегазувањето на 22-годишната Теодора Ристовска на пешачки премин во Тетово, која набрзо по несреќата почина. Семејството на Теодора по одлуката испрати соопштение во кое наведоа дека се згрозени од, како што ја нарекоа, „срамната одлука на Апелационион суд“. „Оваа пресуда е срам за правдата. Животот на ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска учествуваше на 16. Меѓународна научна конференција „Системската корупција – најголема безбедносна закана“ во организација на Факултетот за безбедност – Скопје. Министерот Тошковски на конференцијата на која се креираат безбедносни и стратешки пристапи за адресирање на сложените предизвици поврзани со корупцијата изрази сигурност дека оттука ќе произлезат идеи кои ќе ја унапредат научната ...

Субвенции за инсталирање на филтри на оџаците за домаќинства кои се греат на фосилни горива и дрва, најави премиерот Христијан Мицкоски. Рече дека на денешната седница на Влада ќе ја предложи оваа мерка, а целта е во пресрет на грејната сезона, да се намали загадувањето. Субвенционирањето би одело по принципот прв дојден-прв услужен. –Можеби треба да размислиме по истиот принцип како што субвенцинираме за клима-уреди, за топлински пумпи и за ...

Работиме многу на сузбивање на корупцијата, а изминатава година имаше доста голем број коруптивни случаи што ги откривме истакна министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на научната конференција „Системска корупција – најголема безбедносна закана“. Рече дека има намалување на корупцијата, но, како што истакна треба уште многу да се работи во борбата против ова општествено зло кое задира и во безбедносниот систем. Тој рече дека има случаи ...

Денес, литванскиот Сејм одобри измени што ѝ овозможуваат на армијата побрзо и полесно да ги неутрализира беспилотните летала што претставуваат закана за воздушниот простор на земјата. Измените на Законот за воздухопловство и Статутот за употреба на воена сила беа поддржани од сите литвански пратеници присутни во салата, јавува литванскиот јавен сервис ЛРТ. Амандманите беа разгледани според посебна итна постапка – според статутот на Сејмот, ова е ...

Министерството за внатрешни работи ве известува дека од 01.04.2025 до 23.09.2025 година, регистрирани се вкупно 2.012 пожари на отворен простор, при што приведени се вкупно 56 лица, а по преземени мерки поднесени се 32 кривични пријави. Најголемиот број на настанати пожари е утврдено дека се предизвикани од човечки фактор, со различни мотиви и се преземаат мерки и активности за расчистување на случаите и откривање на нивна евентуална меѓусебна ...

Силна бура ја погоди Италија, предизвикувајќи свлечишта, излевање на реките и поплави, објави РАИ. Во Милано, реката Севесо се излеа и училиштата беа евакуирани, а портокалово предупредување беше издадено за Ломбардија, Венето и Лацио. Силен пороен дожд го погоди островот Искја кратко по 8:30 часот наутро, кога огромна количина дожд наврна за помалку од еден час, придружена со бура и грмотевици. Силните дождови предизвикаа бројни проблеми на ...

Речиси 400 училишта и болници во Букурешт и низ целата земја добија пораки со закани за крвави злосторства, од вчера вечерта до утрово. Авторот тврди дека е вооружен и дека планира масакр. Како што објавуваат романските медиуми, полицијата и тајните служби веќе направиле првични истраги и велат дека заканите се лажни и нема причина за загриженост. Меѓутоа на училиштата и болниците им е наредено да ги зајакнат безбедносните мерки. „Сите ...

Премиерите на Луксембург, Малта и Монако официјално ја признаа палестинската држава вчера на Генералното собрание на Обединетите нации. „Ова е почеток на обновена посветеност на надежта, дипломатијата, дијалогот, коегзистенцијата и решението за две држави. На идејата, кревка, но сепак можна, дека мирот може да преовлада“, рече премиерот на Луксембург, Лук Фриден, на Генералното собрание на ОН. Тој додаде дека има „моменти во историјата кога ...

Претежно сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 33 степени. Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Сончево и топло со слаб јужен ветер. T=33°C. P=982hPa. U=28%. V=2m/s. Во четврток попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Од петок под влијание на серија влажни воздушни маси времето ќе биде претежно облачно и посвежо со ...

Скопска епархија при Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија ги поканува верниците да учествуваат во осветувањето на велелепниот храм посветен на светите цар Константин и царица Елена, кој се наоѓа во срцето на Скопје. Церемонијата ќе се одржи на 28 септември 2025 година, со почеток во 8:30 часот, а осветувањето ќе го изврши Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, во сослужение со бројни архијереи ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изрази благодарност и честитки до градоначалникот на Штип, министерот за спорт и пратениците од штипскиот регион за вложениот труд во реализацијата на проекти кои го трансформираат градот. „Штип доби една современа, модерна физиономија и навистина делува импресивно. Очекувам дека во следните четири години ќе продолжи со истата динамика на реализација на проектите за уште поубав и модернизиран Штип, а ние како ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска од Штип рече дека чувствува мачнина кога слуша за зголемување на платите на судиите и обвинителите, и додаде дека има дилема дали и сегашните плати ги заслужуваат, со оглед дека имаат само 2% доверба од граѓаните. „Моите ставови за судството и обвинителството се многупати кажани, и секогаш кога ќе кажат дека доцниме во законите за реформи во судството, основната суштина е зголемување на буџетот, а со тоа и ...

Премиерот Христијан Мицкоски, со цел намалуваењ на аерозагадувањето, исакна дека на владина седница ќе се размислува за обезбедување на филтри за оџаците за оние кои се греат на дрва или на тешки фосилни горива. „Размислуваме во насока, како што субвеционираме сметки, на 5 до 10 илјади домаќинства да им обезбедиме филтри на оџаците, на оние кои користат дрва или други фосилни горива за греење. Работев на оваа проблематика и градовите кои се ...

Руските сили утрово извршија напад на југот од регионот Одеса, при што загина една жена, а уште три лица беа ранети, соопшти Државната служба за вонредни состојби на Украина. Нападот предизвика пожар што зафати пет комерцијални згради пред пожарникарите да го изгаснат. Оштетени се и неколку згради и повеќе возила, соопштија официјални лица. Русија ја започна својата „специјална воена операција“ на 24 февруари 2022 година и тврди дека нејзината ...

Според податоците од Анкетата за приходите и условите за живеење, која се спроведува во согласност со препораките на Европската Унија, Државниот завод за статистика (ДЗС) ги пресмета индикаторите за сиромаштија за 2023 година. Сиромаштијата се пресметува врз основа на приходите, а прагот е дефиниран како 60% од медијалниот еквивалентен приход. ДЗС соопшти дека во 2023 година стапката на сиромаштија во Република Северна Македонија изнесувала ...

На 22.09.2025 во 19:13 часот во ОВР Дебар е примен повик за помош од страна на белгиски државјани кои планинареле во планинскиот појас над Дебар, но биле нападнати од кучиња. Констатирано е дека тие се наоѓаат во близина на селото Новак, општина Центар Жупа, по што полициски тим со теренско возило веднаш се упатил кон селото, каде заедно со ловочуварот од селото Новак ги пронашле тројцата планинари, белгиските државјани Л.М.(42), М.Л.К.(62) и ...

weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
88%
1018
weather icon

Белград

11ᴼ / 10ᴼ
2.57
79%
1018
weather icon

Загреб

6ᴼ / 6ᴼ
1.54
93%
1018
weather icon

Софија

13ᴼ / 13ᴼ
0.0
60%
1019
weather icon

Сараево

14ᴼ / 14ᴼ
0.56
90%
1019
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 9ᴼ
2.06
70%
1019
weather icon

Атина

24ᴼ / 22ᴼ
3.13
71%
1017
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
1.03
77%
1015
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
0.51
72%
1016
weather icon

Букурешт

14ᴼ / 13ᴼ
2.24
87%
1018
weather icon

Будимпешта

13ᴼ / 13ᴼ
3.09
74%
1017
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 19ᴼ
2.57
73%
1020
Currency

61.5038

Currency

53.1929

Currency

69.846

Currency

34.5366

Currency

37.8684

Currency

66.0499

Currency

7.47357

Currency

0.65794

Currency

0.34652

Currency

0.52488

Currency

0.60009

Currency

1.26056