Овен Денот носи нови можности на работното место. Ќе бидете полни со енергија и подготвени да преземете иницијатива. Во љубовта, избегнувајте избрзани реакции и посветете повеќе внимание на саканата личност. Бик Финансиските прашања ќе бидат во прв план. Можно е да добиете добра понуда или да решите проблем што ве мачи подолго време. Вечерта е идеална за одмор и дружење со семејството. Близнаци Комуникацијата ќе биде вашето најсилно оружје. ...

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во делови од котлината ќе има услови за изолирана ...

Куба, во рок од една недела, третпат е без електрична енергија, соопшти денеска кубанското Министерство за енергетика. – Дојде до целосно исклучување на електроенергетскиот систем. Активирани се протоколи за враќање на снабдувањето со електрична енергија, се наведува во објавата на Икс на кубанското Министерство за енергетика. Прекинот во снабдувањето со електрична енергија е предизвикан од дефект во термоцентрала, што предизвика исклучување ...

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, денеска се сретна со амбасадорот на Обединетото Кралство во Македонија, Метју Лосон, при што разговараа за досегашната соработка и можностите за нејзино понатамошно продлабочување, информираа од Општината. На средбата било нагласено значењето на партнерските односи меѓу двете земји, изградени врз меѓусебна доверба, како и поддршката што Обединетото Кралство ја дава во јакнењето на демократските ...

Тензиите на Блискиот Исток дополнително ескалираа откако САД извршија нови воздушни напади врз воени цели во Иран, а Техеран возврати со серија напади врз американски воени позиции и закани дека ќе го затвори Ормутскиот Теснец за извоз на нафта и гас. Иранската Револуционерна гарда (ИРГЦ) соопшти дека со балистички ракети ја нападнала американската база во Јордан, повикувајќи го јорданскиот народ да побара отстранување на американските воени ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, во вторникот изјави дека Иран повеќе не е „насилник на Блискиот Исток“ и тврдеше дека неговата воена моќ денес е само „мал дел“ од она што беше пред неколку месеци. Зборувајќи за време на состанокот со новиот ирачки премиер, Трамп рече дека Иран порано беше голем товар за Ирак. „Иран беше насилник на Блискиот Исток, но повеќе нема да биде тој проблем бидејќи е многу дестабилизиран. Неговата воена моќ денес ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека никој не треба да наплаќа такса за премин низ Ормутскиот Теснец, објаснувајќи зошто се откажал од претходниот предлог за воведување надомест за бродовите што пловат низ овој стратешки важен поморски премин. Одговарајќи на новинарски прашања, Трамп рече дека бил контактиран од, како што ги нарече, „силни партнери“, кои му предложиле наместо да плаќаат такса, да инвестираат милијарди долари во ...

ИЗРАЕЛСКИОТ премиер Бенјамин Нетанјаху откри дека ја поддржува Аргентина на Светското првенство, но спортските причини се второстепени во однос на неговите. Во едно опуштено интервју за подкаст, тој го наведе своето пријателство со аргентинскиот претседател Хавиер Миел како главна причина за неговата поддршка. Појавувајќи се во „Моџо подкаст“, Нетанјаху веднаш ја именуваше Аргентина кога го прашаа кого поддржува на турнирот. Иако водителот ...

Силно невреме проследено со град, обилни врнежи и силен ветер ја зафати северна Словенија, при што најпогоден беше регионот Корошка. Поројните дождови предизвикаа поплави на повеќе патишта, а на неколку места беа пријавени материјални штети и прекини во снабдувањето со електрична енергија. Словенечката Агенција за животна средина (АРСО) издаде портокалово предупредување за речиси целата земја, освен за југозападниот дел, а Владата ги повика ...

Одлуките на Судот се засноваат исклучиво на почитување на законските процедури, а не на политички или етнички интереси, изјави претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, осврнувајќи се на реакциите за случајот со именувањето на улиците во Тетово. Тој рече дека институцијата не може да легитимира одлуки донесени надвор од предвидените процедури, бидејќи таквиот пристап би создал опасен преседан за сите општини во државата. Тој ги ...

Властите во Кувајт соопштија дека земјата е под воздушен напад. – Вооружените сили во моментов пресретнуваат непријателски цели во кувајтскиот воздушен простор, соопшти Генералштабот на армијата во соопштение, при тоа ги повика луѓето да „ги следат безбедносните упатства издадени од властите“. Иран изминатите денови изврши повеќекратни напади врз Кувајт и другите сојузници на САД во Персиски Залив, како одговор на американските напади врз ...

Во здравствениот систем во текот на последните две години се инвестирани 9 милијарди денари повеќе, додека платите во јавниот здравствен сектор се зголемени за околу 16 проценти над стапката на инфлација. Поранешниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, кој од денес е министер за здравство, информираше дека буџетот на Фондот достигнал 55,9 милијарди денари, од кои 4,82 милијарди денари се издвоени за иновативни ...

Му посака добредојде. Досегашниот министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ му го отстапи столчето на новиот министер од редовите на ВЛЕН, Агон Ферати. Му рече дека бил кратко време на оваа позиција и му порача да ги продолжи неговите работи. „Ова што го гледате тука, немаше ништо. Кратко време… сепак вие ќе продолжите некои работи што се започнати и останале.“ Досегашниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо ...

На 13.07.2026 во 11:09 часот на автопатот А1, кај село Милетково, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Гевгелија го лишија од слобода црногорскиот државјанин Д.Б.(36). При контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека Д.Б. управувал патничко возило „бмв“ со црногорски регистарски ознаки, со брзина од 205 километри на час, на место каде со сообраќаен знак брзината на движење е ограничена на ...

Од утре се враќаат патничките возови на релација Скопје – Битола и обратно, информираат од ЖРСМ Инфраструктура, откако беа завршени градежните работи на пругата Скопје – Битола – Жабени, во делот од станица Бакарно Гумно до ровариште „Никола Карев“. На релација Скопје – Битола ќе сообраќаат возовите 641 (07:06) на 15.7.2026 година и 645 (20:05) на 15.7.2026 година, додека на релација Битола – Скопје: 644 (18:22) на 15.7.2026 година и 640 ...

Денес околу 16.30 часот изби шумски пожар во атарот на с. Бајково, општина Ново Село, на падините на планината Огражден, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување. „Поради зголемена опасност од ширење на пожарот и опасност по црквата Св. Петар и Павле, во секој момент ќе полетаат два ер трактори на ДЗС кои ќе помогнат на струмичките пожарникари и на доброволците од ДПД Рис, како и неколку граѓани кои помагаат во заштита на црквата“, ...

Неколку безживотни тела се пронајдени по пожар во зграда во центарот на Брисел. Најверојатно телата биле пронајдени во лифт на зградата која била во фаза на реновирање. Според извештаите, пожарот е ставен под контрола. Најмалку шест лица се водат како исчезнати, јавуваат медиумите во Белгија, повикувајќи се на локалните власти. Пристапот до другиот лифт бил првично блокиран, и не може да се исклучи дека внатре има уште тела. Три лица беа ...

Откако премиерката на Украина Јулија Свириденко поднесе оставка, а Врховната рада ја одобри, уште 258 пратеници гласаа за нејзино разрешување, пренесува Укринформ. Заедно со Свириденко, оставка поднесе и првиот вицепремиер и министер за енергетика Денис Шмигал, со кого украинскиот претседател Володимир Зеленски, според „Украинска правда“, веќе разговарал за можноста да ја преземе функцијата премиер, но тој одбил. Свириденко претходно им се ...

Основниот суд во Куманово, по барање на Јавното обвинителство, одреди мерки на претпазливост, односно задолжително јавување за 18-годишната П.А., првата осомничена за бруталното тепање на 14-годишната Л.И. во Куманово, додека за другите две малолетнички Е.Ш. (16) и М.К. (14), кои учествувале во тепањето и ја снимиле жртвата, ќе се води кривична постапка во слобода за кривично дело насилство, според член 386 од Кривичниот законик. „На ...

На ден пред истекот на дополнителниот рок партиите без некакви изгледи дека и воопшто може да ги приближат ставовите и да го донесат Изборниот законик кој е дел од Реформската агенда. Сепак евроамбасадорот Михалис Рокас не губи надеж и очекува дека политичките партии сепак ќе постигнат консензус за ова прашање. „Јас навистина се надевам, има уште еден ден за да се постигне консензус. Јас разбирам координаторите на партиите се среќаваат на ...

Од денес официјално стапија во сила законските измени со кои се воведуваат построги правила за користење на електричните тротинети. Една од главните промени е новата старосна граница. Со електричен тротинет отсега ќе може да управува само лице кое наполнило 18 години. Досега тоа беше дозволено за лица постари од 14 години. Законот воведува и нови ограничувања на брзината. На велосипедските патеки и ленти, максимално дозволената брзина е 20 ...

Осумнаесет возила, од кои две специјално опремени за следење е донацијата што Европската унија и ја даде на Инспекторатот за транспорт. Донацијата вредна 700 илјади евра ја предаде евроамбасадорот Михалис Рокас на министерот за транспорт Александар Николоски. Со помош на Европската унија и грант од речиси 13 милиони евра од механизмот за поддршка од Европската унија веќе се работи на инсталирање интелигентни транспортни системи на Коридорот ...

Вечерва ќе биде познат првиот финалист на Светското првенство 2026 година. Дуелот помеѓу Франција и Шпанија ќе го додели првиот европски финалист на овогодинешниот Мундијал. Ова е меч како што го нарекуваат „финале пред финалето“, затоа што овие две селекции, заедно со Аргентина, важеа за флавни фаворити за пласман во финалниот меч. Французите го победија Мароко со 2-0 во четвртфиналето, додека Шпанија повторно го покажа својот карактер со ...

Државниот завод за ревизија во извештајот за работењето на ЈП Комунална хигиена – Скопје за 2024 година, утврди бројни финансиски и административни неправилности. Претпријатието има околу 12 милиони евра долгови, над 2 милиони евра побарувања со неизвесна наплата, како и неевидентиран имот во вредност од околу 472 илјади евра. Исто така, во текот на минатата година преку приватни агенции биле ангажирани 354 лица, за кои биле потрошени над 3 ...

Основниот кривичен суд Скопје денеска ја донесе пресудата за поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска. Таа е прогласена за виновна за две кривични дела: одавање службена тајна и компјутерски фалсификат, за што судот ѝ изрече единствена условна казна затвор од една година, која нема да се изврши доколку во следните три години не стори ново кривично дело. Поединечно, за одавање ...

Поранешниот премиер Никола Груевски е ослободен од обвинението во случајот „Талир 2“, кој се однесуваше на пречекорување на службените овластувања и противправно финансирање на изградбата на луксузното партиско седиште на ВМРО-ДПМНЕ. Ваквата одлука ја соопшти Основниот кривичен суд Скопје, од каде што директно посочија дека ослободителната пресуда е директен резултат на контроверзните измени на Кривичниот законик (КЗ) од 2023 година. ...

Русија објави видео на кое се гледа разорното влијание на тритонска бомба врз украински град. Снимката од 20 секунди, објавена во понеделник од руското Министерство за одбрана, покажува огромна експлозија и видлив бран на експлозија, проследен со облаци од црн чад во градот Орихив. На снимката може да се слушне како пилотот се фали „тешко е да се замисли цел што не би била уништена од воздушна бомба од оваа големина“. Украинските медиуми ...

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Убиство според член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик. Осомничениот 30 – годишник, на 12 јули, со умисла го лишил од живот својот татко. Откако во домот дошло до расправија и физички напад меѓу таткото и мајката на осомничениот, синот зел нож и во дворот го нападнал таткото, ...

Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против една 18-годишна девојка, а за две малолетнички на возраст од 15 и 14 години е поднесено барање за поведување подготвителна постапка до судијата за деца при Основниот суд во Куманово, бидејќи заедно учествувале во дејствија на кривично дело – Насилство согласно член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. На 13 март годинава тие повикале девојче кое тогаш имало 13 ...

Корисниците на електрични тротинети од денес ќе мора да ги почитуваат новите правила за движење и безбедност во сообраќајот, со кои се воведуваат построги услови за управување со овие превозни средства. Со измените на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, минималната возраст за управување со електричен тротинет се зголемува од 14 на 18 години. Тоа значи дека само полнолетни лица ќе имаат право самостојно да управуваат со ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
2.57
58%
1030
weather icon

Белград

11ᴼ / 10ᴼ
2.06
58%
1027
weather icon

Загреб

9ᴼ / 8ᴼ
1.03
64%
1027
weather icon

Софија

8ᴼ / 7ᴼ
1.54
60%
1029
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
1.23
62%
1030
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 7ᴼ
0.0
70%
1026
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
6.17
54%
1029
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
1.03
58%
1026
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
58%
1027
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 8ᴼ
5.14
50%
1030
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
2.06
58%
1029
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 9ᴼ
4.12
59%
1031
Currency

61.623

Currency

54.966

Currency

73.832

Currency

38.09

Currency

39.238

Currency

67.262

Currency

8.2485

Currency

0.67204

Currency

0.34745

Currency

0.52348

Currency

1.0971

Currency

0.58413

Паладиум

32279.35

Платина

49319.25

Алуминиум

3.07

Родиум

295786.87

Кобалт

33.53

Бакар

12.58

Иридиум

315077.32

Цинк

3.76

Злато

130856.75

Сребро

1670.34

Рутениум

61086.42

Калај

46.54