Скопје
12ᴼ /
12ᴼ
Пожар попладнево избувна на падините на планината Петрино, во непосредна близина на охридската населба „Бараки“, во северниот дел на Охрид. Веднаш по пријавата, на терен се упатени три екипи на Територијалната противпожарна единица од Охрид, кои интервенираат во обид да го локализираат огнот. Сепак, силниот ветер значително ја отежнува интервенцијата и придонесува пожарот брзо да се шири. Надлежните работат на ангажирање дополнителни ...
Апелациониот суд во Скопје ја потврди казната доживотен затвор за Љупчо Палевски-Палчо, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев, обвинети за киднапирањето и убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Одлуката на Апелациониот суд ја потврди пресудата на Кривичниот суд во Скопје за четворицата обвинети, кои ќе ја издржуваат казната доживотен затвор. Во исто време, Апелација ја укина ослободителната одлука за Александар Ѓорчевски, ...
Денеска преку Единствениот број за итни повици 112 беше примена пријава дека три лица, кои се капеле во реката Треска, биле однесени од надојдената вода предизвикана од зголемен испуст од браната „Матка“ за потребите на производство на електрична енергија. Поради надојдената вода, од силниот воден тек беа однесени две малолетни лица на возраст од 15 години и едно 18-годишно лице. Едното малолетно лице веднаш беше извлечено од водата, додека ...
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска соопшти дека Македонија добила покана да стане дел од Вертикалниот гасен коридор – една од клучните европски иницијативи за зајакнување на енергетската безбедност. Според Божиновска, поканата е резултат на интензивните дипломатски активности реализирани во Вашингтон и на Самитот за енергетска транзиција во Атина, оценувајќи дека станува збор за значаен стратешки ...
Денеска (15.07.2026) од страна на Одделението за внатрешни работи Кочани во координација со ОЈО Кочани, по претходно преземени мерки и активности, покрај доказите кои се однесуваат на непосредно извршување на кривично дело по член 215 став 1 од КЗ, обезбедени се бројни докази кои упатуваат на постоење на основано сомнение дека Александар Лазаров располага со значителен движен и недвижен имот, стекнат со криминална активност, за кој имот од ...
Јавната установа Национален парк „Галичица“ информира дека денеска туристи забележале мечка во реонот над селото Горно Коњско, поради што упати апел до граѓаните за зголемена внимателност. Од паркот ги повикуваат жителите, посетителите, планинарите и сите лица кои престојуваат или работат во тој дел да се придржуваат до препораките за безбедно движење во природа и да избегнуваат ситуации што би можеле да доведат до средба со дивото животно. ...
Американската армија ќе се повлече од Ирак до крајот на септември, соопштија американски и ирачки официјални лица. Овој потег доаѓа по 23-годишно воено присуство, кое започна со операцијата во 2003 година против режимот на Садам Хусеин, а подоцна продолжи со помали операции против групата Исламска држава. Американскиот претседател Доналд Трамп, заедно со ирачкиот премиер Али ал-Заиди во Белата куќа, изјави дека „повеќе не сметаат дека е ...
Последен ден за Изборниот законик, но партиите не ги доближија своите ставови ниту милиметар. Премиерот Христијан Мицкоски на прашањето дали е можно сепак да се донесе законското решение во последен момент и со тоа да се исполни обврската од Реформската агенда рече дека не е оптимист, а вината ја префрли на опозицијата. -Не сум оптимист затоа што имаме работа со неодговорни и незрели политичари во опозицијата. Јас денеска еве ги повикувам на ...
Амбасадорот на Ирска Брендан Вард во своето излагање за тоа кои ќе бидат приоритетите со претседавањето на Европската унија само неколку реченици посвети на проширувањето на Европската унија. Тој рече дека ќе се залагаат за што побрзо интегрирање на земјите од регионот во Унијата, а за Македонија кратко спомена дека силно ја поддржуваат. -Ние ќе работиме кон завршување на пристапните преговори со Црна Гора и ќе настојуваме да постигнеме ...
Пред неколку дена ВЛЕН објави видео од багерот кој започнал со работите за патот Тетово–Призрен. Денеска, на пратеничките прашања упатени до министрите, токму оваа тема беше дискутирана. Пратеничката Рина Ајдари рече дека се пропагира за политички поени изградбата на овој проект кој сè уште е во фаза на проектирање. Пратеничката Ајдари рече дека е законско прекршување да започнат работите без да се завршат процедурите за територија заштитена ...
Започнаа работите за уредување на коритото на Сува Река во Општина Сарај, проект кој има за цел да го намали ризикот од поплави и да ја зголеми безбедноста на жителите. Активностите започнаа од влезот на селото Глумово и продолжуваат до Бојане, со вкупна должина од 12 километри. Почетокот на работите одблизу го следеше премиерот Христијан Мицкоски, кој им се заблагодари на жителите за трпението и рече дека реализацијата на овој проект е ...
Полициски службеници од СВР Куманово денеска (15.07.2026) ги лишија од слобода А.С.Д. (22) и М.В. (34), двете од Куманово, и против нив СВР Куманово поднесе кривична пријава и тоа, против А.С.Д. поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „измама“ по чл.247 ст.4 од КЗ и „злоупотреба на лични податоци“ по чл. 149 ст.1 од КЗ и против М.В. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“ по чл.24 од КЗ. ...
Претседателот на Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ), Стевчо Јакимовски, доброволно започна со издржување на затворската казна од шест и пол месеци, информираа од партијата. Од ГРОМ изразија несогласување со одлуката на Кривичниот суд, оценувајќи дека пресудата против нивниот лидер е неправедна и дека се работи за случај поврзан со поставување две времени градби во Општина Карпош. Според партијата, објектите биле користени за ...
Во 7 години владеење на СДСМ и ДУИ бројот на ученици е намален за 17 илјади. Затоа сега е неопходна оптимизација на училишната мрежа. Имаме многу подрачни училишта со по две-три деца кои ниту се социјализираат, ниту имаат можност да се натпреваруваат со другарчиња, ниту применуваат современа технологија бидејќи во училиштето ја нема. Тие треба да се приклучат кон најблиските поголеми училишта и да имаат поквалитетен воспитно – образовен ...
Жена од Прилеп пријавила во полиција дека станала жртва на интернет измама, откако со месеци испраќала пари на лице со кое комуницирала преку социјална мрежа, верувајќи дека му помага да го лекува своето болно дете. Според информациите од МВР, случајот бил пријавен на 14 јули во 14:30 часот во ОВР Прилеп. Пријавителката навела дека комуникацијата започнала во февруари годинава, а соговорникот во повеќе наврати побарал финансиска помош, ...
Владата останува посветена на политиките за цените на нафтените деривати, со цел подобрување на животниот стандард на граѓаните, изјави денеска премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски. Коментирајќи ги новите воени тензии во Персискиот Залив меѓу САД и Иран, како и повторното затворање на Ормушкиот Теснец, Мицкоски рече дека повторно се соочуваме со предизвици кои можат да влијаат врз цените на горивата. „Ние ги предвидовме сите ...
Апелациониот суд Скопје донесе одлука со која ги потврди најстрогите казни за четворицата обвинети во случајот „Убиството на Вања и Панче“, но отвори нова постапка во делот кој се однесува на Александар Ѓорчевски, таткото на убиената Вања. Судот ги одбил како неосновани жалбите на Љупчо Палевски, Велибор Манев, Боро Видевски и Влатко Кешишев, со што остануваат во сила доживотните затворски казни изречени од Основниот кривичен суд Скопје. ...
Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, учествуваше на пленарната сесија на Самитот Украина – Југоисточна Европа, организиран по повод Денот на државноста на Украина. Во своето обраќање, министерот Сали истакна дека Северна Македонија останува цврсто посветена на поддршката на Украина, потврдувајќи ја својата поддршка за нејзиниот суверенитет, независност и територијален интегритет во согласност со ...
Основниот кривичен суд Скопје бележи значајни резултати во намалувањето на старите предмети, унапредувањето на ефикасноста и јакнењето на транспарентноста, покажуваат податоците презентирани во второто издание на електронскиот весник на Судот. Најзначајниот показател е намалувањето на бројот на старите предмети (предмети постари од две години) за 53 проценти во период од една година. На 30 јуни 2025 година Судот евидентирал 873 стари ...
Врз основа на повеќе наредби издадени од јавен обвинител и дополнителни сознанија на Основното јавно обвинителство Скопје во изминатиот период Министерството за внатрешни работи презеде дејствија со кои се обезбедија докази што даваат основано сомневање дека едно лице извршило кривично дело – Убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик, а неговата сопруга е осомничена за помагање при извршување на кривичното дело. На 21.03.2024 година, ...
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека ослободителната пресуда за ВМРО-ДПМНЕ во случајот „Талир“ претставува потврда дека партијата била изложена на политички прогон, додека за делот од пресудата што се однесува на поранешниот лидер Никола Груевски посочи дека е последица на измените на Кривичниот законик донесени од претходната власт. Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски рече дека предметите „Талир 1“ и „Талир 2“ биле, како што ...
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ѝ го врачи Орденот на Европа на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, за време на нејзината посета на Киев. Тој, исто така, го потпиша указот со кој се регулираат правилата за доделување на новата државна награда, пишува украинскиот национален весник. Според текстот на указот, Урсула фон дер Лајен е одликувана за исклучителни лични заслуги во поддршка на стратешката ...
По спроведена истрага, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против поранешен директор на владината Служба за општи и заеднички работи за продолжено кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 4 во врска со став 1, како и Фалсификување службена исправа од член 361 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, во периодот од 03.07.2021 до март 2024 година го ...
Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, денес пристигна во Киев за учество на Самитот Украина – Југоисточна Европа, кој се одржува по повод Денот на државноста на Украина. По пристигнувањето во Украина, министерот Сали беше пречекан од заменик-министерот за надворешни работи на Украина, Олександр Мишченко, амбасадорот на Република Северна Македонија во Украина, Димитар Блажевски, како и од ...
Литванија ќе ги засили безбедносните мерки околу енергетската и транспортната инфраструктура откако разузнавачките служби предупредија за можни руски планови за извршување напади, изјави претседателот Гитанас Науседа во интервју објавено во среда. Науседа за новинската агенција БНС изјави дека разузнавачките информации не откриваат кога или каде би можеле да бидат извршени потенцијални напади и не наведе дека Литванија е директна цел. „Имаме ...
Касинос Аустриа Интернатионал Македонија инвестира во проекти што оставаат трајна вредност за локалната заедница. Со донација од 6.690.600 денари, компанијата целосно го реконструираше мултифункционалното спортско игралиште во рамките на ООУ „Гоце Делчев“во Виница, создавајќи современ, безбеден и функционален простор за спорт и рекреација. Во рамки на реконструкцијата, дотраената асфалтна подлога беше заменета со современа гумирана тартан ...
Репрезентацијата на Шпанија е првиот финалист на Светското првенство во САД, Мексико и Канада. Шпанците синоќа со 2-0 ја победија селекцијата на Франција, и така се пласираа во големото финале во кое за трофејот ќе се борат против подобриот од вечерашниот дуел помеѓу Аргентина и Англија. Шпанците најпрво поведоа со гол од пенал на Ојарзабал. Пеналот го изнуди Јамал во дуел со Дињ. Во второто полувреме Педро Поро им избега на одбранбените ...
Во рускиот напад врз пристанишниот град Одеса на Црното Море, тројца луѓе беа убиени, додека тројца беа повредени и однесени во болница, соопштија денес украинските власти, во моментот кога претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, пристигна во Киев за да разговара за зајакнување на одбранбената соработка. Шефот на воената администрација на Одеса, Сергеј Лисак, изјави дека во нападот се оштетени станбени згради, но не даде ...
Авион на „Бритиш ервејс“ со техничка грешка ја блокираше пистата на лондонскиот аеродром Гетвик, предизвикувајќи сериозни прекини во воздушниот сообраќај во текот на ноќта. Поради инцидентот, девет авиони го активираа меѓународниот код за итни случаи 7700, додека вкупно 14 летови беа пренасочени кон други аеродроми, објавува „Мирор“. Проблемот настанал откако авионот на летот BA2673 безбедно слетал, но останал на единствената активна писта ...
Министерството за внатрешни работи објави дека е лишен од слобода Алексаднар Лазаров од Кочани, кој пред неколку дена избега од полициската станица во Кочани, а за него беше распишана централна и меѓународна потерница. МВР не даде детали каде е уапсен Лазаров, туку само дека дека е приведен од полициски службеници на СВР Скопје. На 14.07.2026 по добиени оперативни информации за лице за кое од страна на МВР е распишана централна и меѓународна ...