Српски навивачи се собраа пред стадионот на кој настапува Новак Ѓоковиќ и извикуваа со пароли „Србија и Русија“. Во Мелбурн тие вееја и знамиња со ликот на Путин што предизвика незадоволство кај останатите љубители на тенисот. Видео: Multiple Serbian chauvinists questioned by Australian police after they unveiled banned flags in support of 🇷🇺’s invasion of 🇺🇦, including with a large picture of Putin’s face, chanted "Serbia-Russia" and ...

Војна во Украина, 340 ден. Се водат жестоки битки за Вуледар и Бахмут. Украинските вооружени сили известија дека Русија го насочила својот артилериски оган кон 40 населени места во близина на Бахмут. Воени извори велат дека украинските сили сега се борат да го задржат градот, по повлекувањето на украинската армија од блискиот град Соледар. „Вагнер“ тврди дека ја презел контролата врз Блаходтна, Киев демантира. НАТО вели дека е подготвен за ...

На 28.01.2023 во 18.40 часот на подрачјето на Центар од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишен е од слобода А.Р.(40) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. На 28.01.2023 во 22.15 часот на подрачјето на Центар од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишен е од слобода Д.С.(18) од ...

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ во финалето на Австралија опен има предност од 2-0 против Гркот Стефанос Циципас. Иако во финалето константно водеше, Ѓоковиќ влезе во еден нервозен период во вториот сет. Причината за тоа беше однесувањето на публиката, која го свиркаше и му пречеше во обид да го промени текот на мечот. По освојувањето на еден од клучните гемови, српскиот тенисер одговори со сочни пцовки, кои беа насочени кон дел од навивачите. ...

Испораките на тенкови и оклопни единици во Украина нема да го спречат избувнувањето на Третата светска војна, ако до тоа воопшто и дојде. Ова во саботата го изјави заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Димитриј Медведев. Како што рече, одбраната на Украина, која никому во Европа не му е потребна, нема да му помогне на „гнилиот Стар свет да избегне да плати за своите гревови“. Според Медведев, доколку навистина се случи Трета ...

Поранешниот министер за финансии, Џевдет Хајредини со остри критики кон лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Хајредини на својот Фејсбук профил се осврна на изјавата на Ахмети за „одбраната на сограѓаните Македонци“. – Претседателот на ДУИ, Али Ахмети изјави дека секогаш ќе биде ангажиран во одбрана на каузата на сограѓаните Македонци, нивниот идентитет, јазик и култура… ххх Кога и во кое својство ќе биде ангажиран да го брани јазикот на “своите ...

По двата случаи во Струга, од кои едниот со пушка, другиот со отрови, во кои беа усмртени голем број бездомни кучиња, нов случај со масовно труење на бездомници, овој пат во Гостивар. Како што јавува Гостиварпрес, низ градот на неколку места биле забележани кучиња скитници кои беспомошно лежеле на улиците. – Вчеравечер во Гостивар на неколку локации забележани се повеќе затруени кучиња скитници. Граѓани кажуваат дека се ужаснале од глетката – ...

За 560 сантиметри висински е намалено Преспанското Езеро за две години, а водата драстично се повлекува и од брегот, тоа се мери во километри. Засега никој нема точен одговор која е причината за значителното повлекување на второто најголемо природно езеро во Македонија. Екологисите и жителите на околните населени места во Преспа со години алармираат за овој голем проблем, но засега нема конкретни акции со кои би се спречило повлекувањето. ...

Честитки пристигнуваат од сите страни, а меѓу нив беше и „белградската“ кула која се наоѓа на шеталиштето Сава, а блескаше во чест на најдобриот српски тенисер. Веќе нема дилема. Новак Ѓоковиќ е најдобар во историјата. Тоа уште еднаш го потврди освојувајќи ја јубилејната 10-та титула на Австралија опен, а воедно и 22-риот Грен слем во својата богата кариера. Новак ечеше низ Мелбурн. Ниту повредата на задната ложа, ниту силно мотивираните ...

Грчки дравјанин починал вчера во казино во Гевгелија, информираат од Министерството за внатрешни работи. – Околу 15.20 часот вчера во Полициска станица Гевгелија е пријавено дека во казино од хотел, 67-годишниот Г.З. од Република Грција се струполил на подот. Лекар од итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, појаснуваат од МВР. Увид извршиле увидна екипа на Полициска станица Гевгелија и јавен обвинител, по чија ...

Над 4 милијарди денари или скоро 65 милиони евра лани биле исплатени за боледувања и надоместоци, само од Фондот за здравствено осигурување. Податоци за исплатени плати од газдите за работници кои користеле боледување – нема. Тоа што и кај двете засегнати страни недостасува е евиденција колку од нив биле лажни , но од фондот потврдуваат дека има лица кои и 6, 7 па и 8 години не одат на работа, користејќи боледувања. По барањето на газдите да се ...

Новак Ѓоковиќ го совлада Гркот Стефанос Циципас со 3:0 во сетови 6:3, 7:6, 7:6 и ја освои 10. титула на Австралија опен. Ова е вкупно 22. Грен слем титула за Новак. Тенисерот стигна до својата јубилејна 10-та титула на првиот Грен слем сезонава! Фантастичниот Новак Ѓоковиќ ја продолжи серијата на непобедливост на најмалиот континент и со победата над Циципас стигна до 28 последователни победи. Одличен сет на Новак кој веќе стигна до брејк топки ...

Новак Ѓоковиќ го освои 22. трофеј на Грен слем турнирите, откако десетти пат се радува на Австралија Опен. Стефанос Циципас не можеше да го запре залетаниот Србин, кој силно мотивиран по ланските случувања дојде доминантно до трофејот. По финалето, Ѓоковиќ беше особено емотивен, а освен преку солзите, тоа се виде и во неговата изјава. „Јас и Циципас доаѓаме од две мали земји без тениска традиција. Пораката за секој млад играч која ја испраќаме ...

Како смее во ситуација на очигледен конфликт меѓу Македонија и Бугарија, известувач за Македонија да биде државјанин на Бугарија, прашува професорката Мирјана Најчевска. Таа на својот Фејсбук профил посочува „оти Бугарите никогаш не биле дел од државотворноста на Македонија“. Нејзинот пост ви го пренесуваме во целост. – Некој ептен се подигрува со нашата држава. И не, Бугарите не се и никогаш не биле дел од државнотворноста на Македонија. ...

25-годишна полицајка во Бугарија е уапсена во саботата попладне откако е пронајдена марихуана во нејзиниот приватен автомобил, објави Нова ТВ. При спроведување на специјализирана полициска акција во близина на Разлог е запрен автомобил. Возачката при увидот се легитимирала со службена книшка на полицаец од главниот град. Нејзините колеги не биле воодушевени од визит-картата и го провериле автомобилот, каде нашле пакет сува зелена трева. Нарко ...

Новак Ѓоковиќ по десетти пат ја освои круната на Австралија опен, тоа за него беше 22. грен-слем титула, а тоа го направи откако во финалето го победи Стефанос Циципас со 3-0. По мечот Гркот имаше големи зборови за српскиот тениски ас. „Новак, не знам што да ти кажам, сѐ што си направил говори само за себе, сѐ што правиш за нашиот спорт, сѐ што си направил досега. Сѐ е во бројките. Честитки. Не само за тебе, туку што имаш и поддршка од ...

Да се именува бугарски културен центар во Македонија по цар Борис е исто како да се именува германскиот центар во Израел по Адолф Хитлер. Моли за конфликт. Апсолутна провокација и сигурен сум дека нашите националисти играат игра во ова прашање и тоа пред избори… Кој го нарекува Ослободител? Борис 3 не е спасител на никого. Пред 70 години Германците му дадоа бесплатно да владее со Македонија и уште повеќе од Грција и Србија. Што ослободи? ...

Вицепремиерот за јавен ред и безбедност и министер за внатрешни работи, Иван Демерџиев на 30 јануари, понеделник, ќе пристигне во Скопје на работна средба. Во текот на разговорите ќе се разговара за организацијата на претстојното одбележување на 151-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, како и за заеднички акции за обезбедување мирна и безбедна средина за прославите на 4 февруари. На средбата, која ќе започне во 12 часот по локално време во ...

Во интервју за Гласот на Америка на албански јазик, на прашањето за влијание на Русија во Македонија, министерот за надворешни работи Бујар Османи вели дека има руско влијание во целиот Западен Балкан и проценува дека доколку не се направат уставни измени (за влез на Бугарите во Уставот), дека и тоа ќе биде можност за такво влијание. „Руската Федерација нема што да му понуди на Западен Балкан во однос на перспективата, економскиот напредок, ...

На 13 јануари, еден ден пред собирот на неколку бугарски здруженија во центарот на Скопје пред спомен плочата на Мара Бунева, на граничниот премин Табановце, четворица Бугари биле фатени при влез во Македонија со пендреци и со ножеви. Предметите им биле одземени, по што им бил спречен влезот во Македонија, дознава порталот МКД.мк. Еве што било запишано тој ден во билтенот на МВР: „На 13 јануари во 15,30 часот на граничниот премин Табановце ...

Бугарската собраниската Комисија за надворешна политика усвои декларација за Македонија која ќе се достави на гласање во пленарната сала. Документот, како што е наведено, „категорично ги осудува актите на насилство врз Бугарите во РСМ, нивните организации и клубови, а особено тешкото злосторство врз Бугаринот Христијан Пендиков и цврсто инсистира на преземање систематски мерки од сите институции за откривање на сторителите и нивно изнесување ...

Претседателот на Македонски Концепт, Петар Богојески на својот Фејсбук профил изрази поддршка за стражата на гробот на апостолот на македонската борба, Гоце Делчев. -Почитувани македонски граѓани, повелете ставот на нашата партија Македонски Концепт во врска бугарските провокации за одбележување на 04.02.2023 – роденденот на Великанот! Ставот на нашата партија се неговите зборови (види слика): #МакедонскиКонцепт #ИлинденскаОрганизација ...

До редакцијата на Инфомакс ексклузивно пристигнаа информации дека е побегнат уште еден затворени од затворот во Скопје. Се работи за затвореник со иницијали А.А. од Кичево кој својата затворска казна ја отслужувал во затворот Идризово. Сега за сега нема информации како се случило бегството. Да потсетиме дека неодамна имавме филмско бегство од затворот Идризово во кое беше ранет припадник на затворската. Бегството беше резултат на грабнувањето ...

Најдоброто нешто за Бугарија е Македонија и Албанија да бидат во Европската Унија и НАТО, рече лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов во седиштето на партијата на средба со пратениците Според него, постои обид Македонија да се врати под руско влијание и тоа се прави намерно и многу активно. Криминалното дело како што е претепувањето на Бугарин го прави народот целосно на страната на тој човек, а тоа може да не „сврти“ во друга насока, што е целосно во ...

Провокациите од бугарска страна не престануваат! Најнова доаѓа преку најавеното отворање на т.н. бугарски културен клуб во градот симбол на антифашистичката борба – Куманово. Досегашната пракса ја потвди исправноста на ставовите на Левица по однос на Бугарија. Источниот сосед ја користи Европската унија како алатка за уценување и барања на кои очигледно немаат крај. Додека пак, договорот за добрососедство за кој предупредувавме, максимално се ...

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во пресрет на самитот ЕУ-Украина изјави дека Украина има безрезервна поддршка од европскиот блок, пренесе Ројтерс Таа изјави дека Украина мора да ги победи руските сили за да ги брани европските вредности. „Ние стоиме на страната на Украина без никакви „ако и но““, рече Фон дер Лајен во обраќањето кон нејзината Христијанско-демократска партија ЦДУ во Дизелдорф, пренесе Ројтерс. ...

Како што ја сакате и почитувате вашата држава Македонија, така сакајте ја својата матична Србија и како што говорите и треба да знаете македонски јазик и да пишувате македонско писмо, секаде и секогаш не заборавајте да говорите на српски јазик и да го знаете српското писмо, порача синоќа во Скопје српскиот вицепремиер и министер за одбрана Милош Вучевиќ на одбележувањето на Националниот ден на српската заедница во Македонија, Св. Сава. Вучевиќ, ...

По се изгледа во најновата сезона на популарното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, Македонија има потенцијален кандидат за во финалето, а многумина веруваат дека тој ќе биде и еден од најсериозните учесници за првото место. Се работи за скопјанецот Јасмин Алиевски, кого јавноста го знае како учесник во ова шоу од пред неколку години, но овојпат неговите досегашни преставувања во оваа сезона никого не оставаат рамнодушен. Неговиот последен настап ...

Почитувани, подржувачи, симпатизери и членови на ДЕСНА. Денес, 28 Јануари 2023 година се одржа првиот конгрес на Политичката партија ДЕСНА во ЦРКВАТА Св Богородица, Бразда. Присуствуваа 110 делегати од цела Македонија кои успешно за 5 часа успеаја да ги донесат следните по важни одлуки : Измена и дополна на СТАТУТОТ на партија, со проширување и зголемување на бројот на членови во сите тела на партија и други дополнувања заради по ефикасно ...

НАТО разбира дека амбициите на Русија ги надминуваат границите на Украина и не исклучуваат директен воен судир со неа. Сепак, ризиците од нуклеарна војна се сè уште ниски. Како што рече адмиралот Роб Бауер, претседател на воениот комитет на НАТО, за португалскиот канал РТП рече блокот на НАТО е подготвен за војна, но неопходно е да се префрли на „воена мирновременска економија“ и да се вклучи во повторно вооружување. Адмиралот забележал дека ...

Скопје

18ᴼ/18ᴼ
4.63
63%
1011

Белград

22ᴼ/19ᴼ
4.63
64%
1012

Софија

17ᴼ/13ᴼ
4.63
70%
1013

Сараево

20ᴼ/20ᴼ
3.2
61%
1011

Љубљана

23ᴼ/18ᴼ
1.54
52%
1004

Атина

20ᴼ/14ᴼ
6.17
62%
1006

Тирана

18ᴼ/18ᴼ
6.17
63%
1012

Подгорица

21ᴼ/20ᴼ
2.57
56%
1011
Currency

61.5987

Currency

57.1762

Currency

71.7446

Currency

37.7477

Currency

41.8214

Currency

63.1777

Currency

8.07825

Currency

0.62373

Currency

0.37325

Currency

0.52555

Currency

1.76582

Currency

0.68517

Алуминиум

2 $

Иридиум

155948 $

Кобалт

530 $

Никел

603086 $

Рутениум

24115 $

Калај

32 $

Сребро

854 $

Злато

74022 $

Бакар

9 $

Паладиум

30452 $

Платина

30736 $

Родиум

151607 $

Цинк

92926 $