Фото: Qualcomm

Snapdragon 8 Gen 2 беше претставен оваа недела и со тоа дојдоа и доста очекувања за подобри перформанси кај уредите оваа и идната година. Карактеристиките кои ги објавија од компанијата сигурно ги поставуваат очекувањата високо, а посебно кај Galaxy S23 серијата која идната година треба да користи само еден чип во целиот свет.

Сепак, пред популарната Galaxy S серија од Samsung, на пазарот ќе видиме неколку модели кои ќе бидат претставени до крајот на оваа година.

OnePlus веќе ја најавија својата нова OnePlus 11 серија која ќе дојде со Snapdragon 8 Gen 2, а вакви најави направија и уште неколку други компании кои би не интересирале.

Смартфон со Snapdragon 8 Gen 2 може да очекуваме и од Motorola, а тие го најавија нивниот Moto Edge X40.

Xiaomi ќе го претстават Xiaomi 13, очекувано, како уред кој ќе дојде со најновото од Qualcomm, а тука се и моделите Red Magic 7 Pro и IQOO 11.

За Samsung има гласини дека ќе има посебна и нешто посилна верзија од чипот, а тоа ќе може да се забележи во нешто повисоката фреквенција на Cortex-X3 јадрото. Од компанијата изгледа ќе го имаат еден од најдобрите смартфони на пазарот кога се во прашање перформансите после неколку години на критики за Exynos верзиите во Европа.

ИЗВОРAndroid Central
Претходна статијаA1 Game Fest и оваа година со рекорден број натпреварувачи
Следна статијаSamsung е добитник на 46 Награди за иновации на CES 2023
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.