За време на Snapdragon Summit 2022, на кого беше претставен Snapdragon 8 Gen 2, Qualcomm претстави нов бренд за нивните чипови. Новиот бренд е наречен Qualcomm Oryon и се работи за нов процесор којшто ќе се користи кај Snapdragon платформата.

Новиот процесор треба да биде достапен од идната година, а голема разлика ќе треба да направи на пазарот на Windows компјутери кои работат на ARM чипови.

Microsoft никако да го средат Windows доволно за да биде функционален на ARM чип, а тоа во главно се должи на вечниот проблем на компанијата уште од Windows Phone, достапноста на апликациите.

Од Microsoft исто така никако не успеваат да им конкурираат на Apple и нивниот M чип, кои иако првично пуштија емулатор за некомпатибилните апликации, листата на преработени апликации брзо беше зголемена.

Qualcomm Oryon процесорот ќе работи и на други уреди, не само на компјутерите, па може да се очекува и кај мобилните, а од компанијата го најавуваат и кај напредните системи за возење, кај авионите, проширената реалност и слично.

Причината поради која се поставуваат големи очекувања за Oryon е што развојот на овој процесор е резултат на купувањето на компанијата Nuvia во 2021 година, компанија чии основачи се поранешни вработени во Apple кои имаат работено на A серијата на чипови.

ARM дури има поднесено тужба поради тврдењето дека лиценците кои ги има Nuvia, не можат да се пренесат при купувањето на компанијата, па ќе видиме што ќе испадне од тоа. Развојот на сопствен процесор е директна конкуренција на ARM чии дизајни за ги користат повеќето производители.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2Qualcomm
Претходна статијаSamsung е добитник на 46 Награди за иновации на CES 2023
Следна статијаGalaxy S23 можно е да користи посебна верзија од Snapdragon 8 Gen 2
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.