Samsung оваа година најбрзо до сега ја пушти својата верзија од оперативниот систем за мобилните, базирана на најновата верзија од Android. One UI 5.0, направен на основа на Android 13 корисниците почнаа да го добиваат околу два месеци по пуштањето на Android 13 од страна на Google.

Од компанијата го истакнаа ова, односно се пофалија, а го најавија пуштањето на One UI 5.0 за повеќе уреди, како на пример Galaxy Z Fold4 и Galaxy Z Flip4, а тука се и Galaxy S20, Note20 и S21 серијата. Корисниците на Galaxy A52 и A32 исто така може да ја очекуваат надградбата оваа година.

Чекањето два месеци по достапноста на Android за да почнат да ја добиваат корисниците можеби делува многу, а посебно ако се направи споредба со Apple, но сепак работите се доволно различни.

Samsung има доста повеќе модели од различни класи, а не го развиваат самите оперативниот систем, туку додаваат нивни измени врз Android.

Идната година овој процес треба да се очекува дека ќе биде уште побрз, најавија од Samsung. Тие за таа цел ќе ја засилат соработката со Google која веќе дава резултати, па корисниците ќе може да ја очекуваат достапноста на One UI 6.0, базиран на Android 14 можеби за еден месец по пуштањето на Android 14.

Ова се одлични вести за корисниците кои обично со месеци читаат за новините кои ги носат новите верзии, а тие не ретко не можат да ги добијат ни шест месеци по пуштањето.

ИЗВОРPhoneArena
ИЗВОР 29to5Google
Претходна статијаMicrosoft ја врати SwiftKey во App Store на iOS по откажување на развојот за оваа платформа
Следна статијаУтре во Скопје ќе се одржи вториот Социо-еколошки форум на високо ниво
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.