
Скопје
21ᴼ /
21ᴼ



Москва останува на ставот дека во украинскиот новогодишен напад во градот Макиивка во Донбас загинале 89 луѓе. Украина тврди дека биле убиени до 400 руски војници. РСЕ истражуваше и по име ги идентификуваше 140-те војници загинати во инцидентот. „Никогаш не се пожали“, вели една жена од рускиот регион Средна Волга за својот партнер, кој беше убиен борејќи се во Украина на 1 јануари 2023 година. „Тој ни кажа дека сè е во ред. Кон крајот на ...
Ни казни, ни жолти ленти, па ни решенија за уривање не спречуваат одредени инвеститори да се откажат од узурпирање на државниот имот и градење дивоградби, вели градоналникот на Горан Герасимовски кој бара измени на закон за конфискација на дивоградби. Архитектите велат дека овој предлог е популистички и ја покажува немоќта на институциите да ги спроведуваат веќе постоечките закони, па затоа навидум бараат нови решенија. Градењето на диво не ...
Земјоделците од Источна Европа се вознемирени од евтините украински житарки и други производи кои го преплавија пазарот, откако ЕУ се откажа од царинските давачки и увозните квоти за украински производи. Тие сега прават притисок да се реши проблемот. Земјоделци во бугарскиот град Русе минатата недела со трактори ги блокираа главните гранични премини со Романија, за да спречат камиони да го преминат главниот мост што се протега на Дунав. Тие ...
Македонски институции го користат софтверот на рускиот производител „Касперски“, иако тој е на „црна листа “ во многу земји. Дел од институциите се Министерството за образование, за внатрешни работи, за животна средина, Централен регистар... Кривичен суд го има инсталирано, но не го користи, оти е претежок за старите компјутери. Касперски се користи и во државните институции во дел од земјите во регионот. Државни институции, болници, судови во ...
Њузлетер 07.04.2023 - Неделава замрзнати цените на зеленчук и овошје, но функционерите никако да си ги замрзнат платите. Добива ли Артан Груби преголема моќ? Распродажба на државно земјиште По „замрзнати“ цени се продава државно земјиште, се по закон, правилник, тарифник и некои други, помалку познати услови. Фирмата, во која сопственички удел има сопругата на премиерот Димитар Ковачевски, ќе добие државно земјиште по цена од 70 денари за метар ...
Додека Обвинителството и Антикорупциската комисија истражуваат дали има прекршувања на законите во постапката за проектот за изградба на коридорите 8 и 10, првиот вицепремиер Груби доби нова улога - координатор на активностите поврзани со проектот. Слаѓана Тасева од „Транспаренси интернешнал“ вели дека сега се на потег институциите, кои треба да ги расчистат предметите и да и дадат одговори на јавноста. Артан Груби, првиот вицепремиер во Владата ...
Во записници од состаноци одржани зад затворени врати во 2017 и 2019 година меѓу официјални лица од Управата за сајберпростор на Кина и Роскомнадзор, до кои дојде РСЕ, се открива нивото на соработка меѓу Кина и Русија во контролата и цензурирањето на нивнот Интернет простор. Години пред кинескиот лидер Си Џинпинг и рускиот претседател Владимир Путин да прогласат партнерство „без ограничувања“ и Кремљ да започне широка кампања за цензура по ...
Лажен сајт на УЈП, лажни меилови од полиција, лажни наградни игри на социјалните мрежи, лажни награди на мобилните телефони... Граѓаните треба да отвораат четири очи пред некаде да го пишат бројот на платежните картички или своите лични податоци. Ако некој ви нуди награда за ништо, веројатно лаже. Блаже Конески пишуваше дека ќе дојде време на лажни пророци, а дојде време на лажни сајтови. Некој уште пред еден месец регистрирал интернет страница ...
Повеќе пари за помалку производи. Кафеаните стануваат луксуз. Поради поскапувањата, граѓаните го стегаат ременот. Купуваат само она што им е неопходно и бираат поевтини брендови. Другото ќе почека. Цените се зголемени за 17 отсто, а приходите од ДДВ само 1 отсто во првите два месеци од годинава. Ако граѓаните лани купувале поскап шампон или кашкавал, сега ги бираат поевтините брендови или ги чекаат на попуст, па дури и тие чинат повеќе отколку ...
Руската инвазија на Украина ги убеди Шведска и Финска да се откажат од долгогодишната политика на воено неврзување. Финска и официјално стана 31 членка на НАТО, но Шведска ќе почека на зелено светло од Турција и Унгарија. Официјална Анкара смета дека Стокхолм не ги сфаќа сериозно нејзините забелешки, а Будимпешта се жали на непријателски однос кон премиерот Орбан. Патот на Шведска кон членство во НАТО останува блокиран од Турција и Унгарија, ...
Или нема цитостатици, или нема апарат за радиотерапија, а кога има апарат нема кој да работи со него. Ова се основните проблеми со кои се соочуваат пациентите заболени од рак, а ги нотира државниот ревизор. За сите нив последнава деценија известуваше Радио Слободна Европа, но се уште не се решени. Скопската Клиника за онкологија е во топ десет должници на листата на Министерството за финансии. Заклучно со декември минатата година, оваа болница ...
Укинувањето на пресудата за „организаторите“ на 27 април е последниот во низата случаи за високи функционери кои се вратени на повторено судење. Јавноста е збунета, а Кривичниот суд и скопска Апелација се објаснуваат јавно кој е во право. Адвокатот Тортевски критикува дека има „пропусти“ заради системска грешка во целиот правосуден процес. Судскиот предмет за организаторите на 27 април или познат како „Собрание“, „Таргет-Тврдина“, „Трезор“, ...
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп се соочува со обвинение за тајни исплати на порно ѕвезда, но се соочува со правни битки и за изборна измама, нападот врз Капитолот, задржување на класифицирани документи, а против него има и прекршочни и граѓански парници. Њујоршките обвинители минатиот четврток направија историски исчекор поднесувајќи обвинителен акт против Доналд Трамп, што е првпат тоа да му се случи на поранешен американски ...
Пандемија, онлајн настава, маски, губење настава поради штрајк и поради бомби го обележаа образовниот процес на актуелна генерација матуранти. Дел од нив може да имаат потешкотии во иднина поради специфичните услови во кои го поминале средното образование, сметаат експертите. Оваа година матурира генерацијата на која уште во прва година ѝ се случи пандемија со Ковид-19 и онлајн настава. Пред тоа губеа часови и поради штрајкот на просветните ...
Владата ја задолжи општината Радовиш да и продаде на фирмата во која една од сопственичките е сопругата на премиерот, државна парцела за изградба на фотоволтаична централа. Владата не кажува по која цена ја продала парцелата, но според тафирникот, цената е 70 денари за метар квадратен. Фирмата во која сопственички удел има сопругата на премиерот Димитар Ковачевски ќе добие државно земјиште по цена од 70 денари за метар квадратен за изградба на ...
Апелацискиот суд ја укина првостепената пресуда со која на вкупно 25 години затвор беа осудени организаторите на „крвавиот четврток“, спикерот Трајко Вељаноски, поранешните министри, Спиро Ристовски и Миле Јанакиески и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски. Предметот е вратен на повторно судење. Апелациониот суд Скопје денеска ги уважи жалбите на обвинетите Трајко Вељаноски, Спиро Ристовски, Миле Јанакиески и Владимир Атанасовски и ...
Неполн месец по замрзнати цени ќе се продаваат домати, пиперки, грав, банани... Анализите покажале дека овие производи се продавале со маржи и над 200 отсто. Бизнисмените негодуваа, а економските аналитичари не гледаат никаква стратегија и велат дека се работи за популистички мерки. Од сега по замрзнати цени ќе може да се купат и банани, лимони, карфиол... По замрзнувањето на цената на лебот, па потоа и тестенините, млечните производи, јајцата, ...
Хашим Тачи, Кадри Весели, Јакуп Красничи и Реџеп Селими се изјаснија за невини пред судот во Хаг. Тие се обвинети за воени злосторства и злосторства против човештвото, вклучително и прогон, убиства, тортура. Специјалното обвинителствто тврди дека има доволно докази за да ги докаже обвиненијата. Во близина на судот протест во знак на поддршка за обвинетите. Поранешниот претседател на Косово Хашим Тачи се изјасни за невин на почетокот на судењето ...
Македонското Министерство за надворешни работи лансираше нова регионална платформа за целосно усогласување со надворешната и безбедносната политика на ЕУ. Србија и БиХ не се дел од иницијативата. Официјално Скопје и Подгорица уверуваат дека не загрозува друга регионална иницијатива, а Тирана и Приштина без коментар. Европска четворка или „ЕU Quad “. Вака е именувана најновата иницијатива или неформален форум во кој главни актери се Северна ...
Сите политички лидери излегоа на гласачките места, но анкетите сугерираат дека и ова гласање нема да даде резултат што ќе го запре политичкиот ќорсокак во Бугарија. Излезноста на изборите се стравуваше дека може да биде загрозена по серијата закани со бомби во училиштата, но денеска нови закани. Гласачите во Бугарија излегуваат на петтите по ред парламентарни избори во земјата во последните две години. Сите лидери на партиите кои учествуваат на ...
Црна Гора во вториот круг од претседателските избори избира меѓу Мило Ѓукановиќ и Јаков Милатовиќ. Првиот е актуелен шеф на државата и 33 години е на водечки државни функции. Вториот е поранешен министер и три години е во политиката. Во Црна Гора денеска се одржува вториот круг од редовните претседателски избори. Граѓаните избираат меѓу Мило Ѓукановиќ, актуелен претседател и кандидат на Демократската партија на социјалистите и Јаков Милатовиќ, ...
Неможноста некое дете да следни настава или да подготви одговор, да се надоградува со знаење во училиште со помош на учебно помагало претставува сериозна повреда на правата на детето, вели советничката на Народниот правобранител Васка Бајрамовска-Мустафа. Условна казна доби струшкиот лекар што извади матка на пациентка, потоа на жена од Тетово и ги извадија градите и потоа се утврди дека таа немала рак и не требало да се направи таква ...
Осомничен за дискредитација на руските воени сили, затоа што стоел со транспарент „Гушни ме ако си против војната“.Ризик од затворска казна поради објава на Фејсбук. Ова се дел од примерите на 149 Руси кои јавно проговориле против режимот на рускиот претседател Владимир Путин. Автор: Роберт Коалсон Од околу 5,5 милиони луѓе кои живеат во Санкт Петербург, вториот по големина град во Русија и родниот град на претседателот Владимир Путин, осум во ...
За модернизација на армијата во наредната деценија ќе бидат потрошени скоро 1 милијарда евра. Министерката за одбрана вели дека дел од таа опрема ќе биде донација од сојузниците од НАТО. Со тоа старото оружjе од советско и југословенско производство ќе се менува со ново од западно производство. Македонија ќе потроши околу 900 милиони евра за модернизација и опремување на армијата во периодот 2019 – 2032 година, соопшти министерката за одбрана ...
Ако ВМРО-ДПМНЕ одбие да се вклучи во работната група за уставните измени, тоа ќе биде негативно за процесот кој треба да ја одреди иднината на државата, но со таков чекор партијата ќе го загуби и правото потоа да се жали за формулацијата на уставните амандмани, сметаат аналитичари. Ова тело се очекува да биде формирано за десетина дена. Работната група за уставните измени ќе биде формирана по секоја цена, дури и ако опозициската ВМРО-ДПМНЕ нема ...
Борбата за гласовите на дијаспората, па дури и обиди да се попречи нивното доаѓање на гласање во Црна Гора, го обележаа предизборието пред вториот круг од претседателската трка меѓу Мило Ѓукановиќ и Јаков Милатовиќ Кампањата, пред вториот круг од претседателските избори во Црна Гора, за кои на 2 април ќе се одлучува меѓу Мило Ѓукановиќ и Јаков Милатовиќ, е одбележана со борба за гласовите на дијаспората, како и обиди да се попречи нивното ...
Њузлетер 31.03.2023 - Кремљ најави распоредување тактичко нуклеарно оружје во Белорусија, министерот за правда Кренар Лога најави можни и други измени во Уставот освен внесувањето на Бугарите, па рече не бил разбран. Средношколците и медицинскиот персонал на протести, Владата со нови „замрзнувања“, правната држава пред предизвик со запленетиот имот на Сашо Мијалков... Најмногу од се неделава го слушавме зборот „минималец“, а тој на крајот излезе ...
Oд почетокот на годината Агенцијата за вработување издала работни дозволи на две лица од Непал и 10 од Пакистан, од Бангладеш немало заинтересирани. Најмногу дозволи се издаваат на работници од соседството и од Турција. Во Македонија има сè помалку луѓе кои може да работат, па еден од начините е да се увезат работници од странство. Но за тоа е потребен добар план. Нема да биде лесно во Македонија ни да се увезат работници од странство. Потребна ...
Ученичка во средното медицинско училиште „Д-р Јован Калаузи“ од Битола беше полесно повредена кога падна таванот во училишните тоалети. Ако имаме проблем со безбедноста, тогаш воопшто и не е битно што нема учебници, коментираат граѓаните на социјалните мрежи. Други прашуваат како има пари за коли, а нема за книги. Трети, пак, велат – со оглед на грешките, децата нема да изгубат многу. Има пари за скапи службени коли и ручеци, има за сомнителни ...
Со безжична слушалка, од тајни ливчиња, од скриен телефон или од етикета на шише, се дел од начините на кои препишуваат средношколците. Професорите велат дека методите се сѐ понапредни, но и дека не може цел живот да бидат препишувачи и шверцери и дека некогаш ќе треба своето знаење да го покажат. Новите генерации на средношколци уште ги користат „старите добри“ начини на препишување на тестови како оној со скриени ливчиња. Но, во денешно време ...