
Скопје
24ᴼ /
24ᴼ



Стигна Новата Година. Ова е период кога секој од нас на своите најблиски роднини, пријатели, колеги… им посакува здравје, радост, мир… Всушност си посакуваме следните 365 дена да ни бидат поубави од минатите. Ама желбите се едно, но што ќе биде во реалноста во Новата година? Тука веќе кај македонското население владее песимизам. Ако не иста, како оваа што изминува, тогаш Новата 2024-та година ќе биде полоша. Вакво е доминантно чуство кај ...
Богатството на 38 од 50-те и 385 од 500-те најбогати луѓе во светот, годинава се зголемило, во еден случај дури за седум пати. Како што пишува „Гардијан“, растот на трошоците за живот значеше дека многумина мораа да се помачат да имаат пристоен оброк за Божиќ и Нова Година, за разлика од американските технолошки милијардери и руските олигарси, на кои празничниот период им е прилично лесен. Од Илон Маск и Марк Закерберг на врвот на пирамидата до ...
Фудбалскиот клуб Вардар се заблагодарува на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, како и на сите советници кои едногласно ја донесоа и спроведоа одлуката за доделување на финансиска помош. ФК Вардар упатува благодарност и до својата верна навивачка група „Комити Запад“ која во текот на целиот изминат период, неуморно работеше на реализацијата на донесената одлука. – По сите перипетии, ова е прва голема победа и доказ дека искрената ...
Претворањето на Света Софија во џамија како личен успех го спомена во говорот синоќа турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, по повод доделувањето на ликовните награди во Истанбул. Предметните награди се востановени во спомен на милитантниот исламистички турски поет Неџип Фазил Кисакиурек, кој беше жесток борец за повторното отворање на Света Софија како џамија и политички се судри со кемалистичкиот естаблишмент. – 37 години по неговата смрт ...
Лидерот на опозициската Демократска партија на Косово (ПДК), Мемли Красниќи не очекува поголем егзодус на граѓаните по 1 јануари 2024 година, кога почнува безвизното движење на Косовците во Шенген-зоната, од миграцијата што се случи во последните две години, за време на владата на Албин Курти. Во новогодишното интервју за порталот „Економиа онлајн“ Красниќи изјави дека загрижувачко е заминувањето на 200. 000 луѓе, повеќето професионалци и ...
Соединетите Американски Држави вчера објавија дека собориле два проектила насочени кон танкер во јужниот дел на Црвеното Море, лансирани од делови на Јемен под контрола на Хутите. Брод кој плови под знамето на Сингапур, во данска сопственост, пријавил дека бил погоден од проектил, па американските воени бродови УСС Грејвли и УСС Лабун одговориле на неговите повици за помош, соопшти американската Централна команда (ЦЕНТКОМ) на платформата „Икс“ . ...
Што најмногу верглаа највидните функционери од македонската власт во 2023 година? Да де, се знае, најчесто даваа ветувања. Сепак, има ли македонската јавност слушнато некоја голема поента во годината која истекува? Некој говор кој би останал запаметен? Впрочем, светската јавноста препознава дамнешни обраќањата на Винстон Черчил за „крвта, потта и солзите“ што ги чекаат Британците, на Мартин Лутер Кинг со неговото „Имам сон“… Што да се издвои ...
Американските научници од Универзитетот „Рајс“, Универзитетот „“АМ“ во Тексас и Универзитетот во Тексас идентификуваа нов метод за борба против клетките на ракот. Користејќи блиска инфрацрвена светлина за стимулирање на молекулите на аминоцијанин, научниците предизвикаа синхронизирани вибрации, ефикасно пробивајќи ги мембраните на клетките на ракот, пишува „Саенс алерт“. Молекулите на аминоцијанин, кои вообичаено се користат во био-слики, се ...
Турската полиција уапси 189 лица осомничени дека се екстремисти на Исламската држава (ИСИЛ) во рации низ целата земја, соопштија денеска официјални лица. Во 37 градови и провинции беа извршени апсења на осомничени за припадност на таа сунитска исламистичка група. Апсењето дојде еден ден откако Анкара ги спречи планираните џихадистички напади врз синагогите и црквите во Турција со апсење на околу 30 лица. Турција претходно доживеа неколку ...
Во градот Ниамеј илјадници луѓе го прославија заминувањето на француските војници од Нигер, земја во која воена хунта е на власт по државниот удар, јавија француските медиуми. На средбата присуствуваа премиерите на Нигер, Буркина Фасо и Мали. – Овој собир го означува крајот на протестите кои започнаа на 2 септември пред воздухопловната база во Ниамеј, а се одржаа „до заминувањето на француските сили, изјави членот на граѓанското општество Адаму ...
Ракометната репрезентација на Македонија во контролен натпревар ја победи Црна Гора со 39:37. Натпреварот се одигра во Стара Пазова, а според договорот по завршувањето на мечот, ракометарите одиграа уште едно полувреме. Македонските репрезентативци на овој начин ја завршија првата фаза од подготвките. Тие утре се враќаат во Македонија, од селекторот ќе добијат два слободни дена, а на 2 јануари ќе ја започнат втортата фаза од подготовките за ЕП. ...
Малолетничка била вчера прегазена во Неготино. Во несреќата таа се здобила со тешки телесни повреди. – Вчера во 09.05 часот било пријавено дека на ул.„Маршал Тито“ во Неготино, патничко моторно возило „опел астра“ со неготински регистарски ознаки, управувано од И.Р.(41) од Неготино, удрило во малолетничка од Неготино, која се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во ЈЗУ Здравствен дом „Неготино“, информираат од МВР. Извршен бил увид од ...
Јужна Африка денеска покрена постапка пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг, обвинувајќи го Израел за геноцид врз Палестинците во Газа и барајќи од судот да и нареди на земјата да ги запре нападите на палестинска територија. Како што е наведено во поднесокот до Меѓународниот суд на правдата, актите на Израел се од „геноциден карактер“, бидејќи се извршени со намера „да се уништат Палестинците во Газа како дел од пошироката палестинска ...
Слеп патник на летот од Алжир за Франција бил однесен на интензивна нега откако бил пронајден во подвозјето на авионот кој летал за Париз, соопштија француските власти. Како што пренесува „Би-Би-Си“, персоналот го пронашол човекот во одделот за опрема за слетување откако тој летал два и пол часа од Оран до парискиот аеродром Орли. Извор од аеродромот рекол дека патникот страдал од тешка хипотермија кога бил пронајден. Тој не носел никаква ...
Македонскиот олимписки комитет (МОК) синоќа на свечената церемонија во хотелот „Хилтон“ во Скопје по трет пат ги додели признанијата „Златна Олимпија“ за 2023 година на жените во спортот, за нивните врвни достигнувања и успеси. Традиционално, на овој настан се доделуваат 11 признанија во исто толку категории наменети за најуспешните спортистки, женски спортски клубови и женски спортски работници во олимписките спортови. Признанието за најуспешна ...
Турските новинари кои се наоѓаат во Саудиска Арабија на стадионот во Ријад објавија дека натпреварот од Суперкупот меѓу Фенербахче и Галатасарај е одложен. Натпреварот меѓу Фенербахче и Галатасарај требаше да се одигра на стадионот Ал Наср со почеток во 18:45 часот. Турските новинари присутни на стадионот објавија дека натпреварот е откажан и дека ќе се игра на друго место, сега се чека само официјална потврда од двата клуба. Причината за ова е ...
На социјалните мрежи се појави видео од експлозија во станбен облакодер во Киев. На видеото се гледа како проектилот удира во зградата и како се создава огромна експлозија и голем облак од чад. Во денешниот огромен руски напад врз неколку украински градови загинаа најмалку 28 лица, а повеќе од 140 беа повредени. Само во Киев загинаа пет лица, а 30 се повредени. Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека, според проценките, Русија ...
Во периодот од 18 до 24 декември во Грција е регистрирани зголемен број на заразени со Ковид-19, на хоспитализирани лица, но и на починати, согласно податоците од Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), а Министерството за здравство упатува силна препорака за носење маски во здравствените установи и вакцинација на лицата над 60 години, јави дописничката на МИА од Атина. Според неделниот извештај на ЕОДИ, починале 62 лица на возраст од ...
Оние кои ќе одбијат работа во Германија повеќе нема да добиваат помош во вид на компензација, изјави германскиот министер за труд – Хубертус Хајл. Според неговиот план, на секој што целосно ќе одбие да работи, ќе му бидат укинати бенефициите до два месеци. Но, државата ќе продолжи да им ги плаќа становите за да се спречи бездомништвото. – Планираната уредба за вкупни одбитоци е наменета за оние кои неразумно и самоволно одбиваат да прифатат ...
Горзад Михајлов ќе биде тренер на Вардар во вториот дел од сезоната и тој доаѓа на местото на Александар Васоски кој пак го наследи него во Силекс. Ангажманот на Михајлов го потврдија од Вардар преку социјалната мрежа Фејсбук. – ФК Вардар ја известува јавноста дека Горазд Михајлов од денес е нов шеф на стручниот штаб на тимот. Му посакуваме среќа и успешна соработка со најтрофејниот клуб во Македонија. Добредојде во црвено црното семејство, стои ...
Универзитетската клиничка служба на Косово соопшти дека од јануари до крајот на 2023 година се регистрирани повеќе од 2.000 случаи на рак, што е зголемување за речиси 15 отсто во однос на 2022 година, кога биле регистрирани 1.750 случаи, пренесе „Бета“. Универзитетската клиничка служба соопшти дека од јануари 2023 година на Клиниката за онкологија на Универзитетскиот клинички центар на Косово им се нудат 50.000 онколошки услуги, јавија ...
Машката ракометна репрезентација на Македонија ја совлада селекцијата на Црна Гора со 39:37 (22:17) во рамките на подготовките за настап на Европскот првнсnтво (ЕП) во Германија. Македонија утре се враќа од Стара Пазова, а ракометарите ќе добијат два слободни дена, по што на 2 јануари ќе продолжат со тренинзите. На 4 и 5 јануари Македонија ќе одигра два контролни натпревара со Грција во Скопје. Ракометарите за Германија ќе патуваат на 8 јануари. ...
Турција денеска уапси 29 осомничени екстремисти на Исламската држава кои наводно планирале напади врз синагоги и цркви, објави министерот за внатрешни работи Али Јерликаја. Припадниците на разузнавачките и полициските сили претресуваа адреси во девет провинции, вклучително и Истанбул и главниот град Анкара, рано во петокот за да ги уапсат осомничените, напиша Јерликаја на платформата „Икс“. Полицијата во рациите конфискувала дигитални документи, ...
Светското население се зголеми за 75 милиони луѓе оваа година, а на 1 јануари ќе надмине осум милијарди луѓе, според податоци од Бирото за попис на САД. Растот на светската популација за изминатата година беше нешто под 1 процент. Како што почнува новата година, се очекуваат во просек 4,3 раѓања и два смртни случаи во секунда, покажуваат проекциите на Бирото за попис на САД. Стапката на раст на населението во САД минатата година беше 0,53 отсто, ...
На крајот од секоја година вообичаено е да се прави топ – листата на најдобрите песни кои оставиле белег во 365-те денови. И во Македонија се пееше многу и конкуренцијата беше силна. Тесно, ама сепак победи, премиерот Димитар Ковачевски. Тој својот хит го обзнани на крајот на 2022 година и потоа завладеа со етерот целата следна година. Еве, како оди таа песна: -Факт е дека за само пет години, од 2017 година наваму, изградени се патишта во ...
Најголем собирач на македонски народни умотворби. Тоа е епитет кој речиси секогаш го придружува изговарањето на името на Марко Цепенков, кој почина на денешен ден пред 103 години, на 29 декември 1920 година. Од сите собирачи на македонското народно творештво, Цепенков има временски најдолг запишувачки „стаж“ – повеќе од 40 години собирал народни умотворби. Освен тоа, за разлика од другите најистакнати собирачи на македонските народни умотворби – ...
Едно од најпријатните изненадувања минатата сезона, екипата на ГРК Тиквеш во пролетниот дел од тековниот шампионат ќе има нов тренер. Радослав Стојановиќ од денес е новиот шеф на стручниот тренерски тим на екипата од Кавадарци. -Своите ракометни почетоци ги имав во овој регион па сега е време со својата работа да возвратам на регионот од чија ракометна школа излегоа квалитетни ракометари. Се радувам што сум тука во улога на тренер и познавајќи ...
Агенцијата за млади и спорт во соработка со Сојузот на спортски федерации по 69-ти пат ги избра најдобрите во спортот во Македонија. Во изборот учествуваа 30 национални спортски федерации (НФС), 13 спортски медиуми и седум членови на највисокото тело за спорт во државава, Советот за спорт. Се гласаше во девет категории, со по пет номинирани, а три признанија беа доделени на најдобрите за остварувања во училишниот спорт. Признанието за најдобра ...
Српскиот неделник „Недељник“ ја објави традиционалната листа на 100 најбогати луѓе во регионот. Како што велат, листата претрпе големи промени и сега доминираат три компании од Хрватска. На листата водат сопствениците на хрватскиот „Инфобип“ Силвио и Роберт Кутиќ и Изабел Јелениќ. Вредноста на нивната компанија за една година се зголемила за речиси 807,6 милиони евра и сега изнесува 3,307 милијарди евра. Второто место го зазема Дубравко Гргиќ, ...
Иран и Русија го финализираа договорот според кој во иднина ќе користат рубли и риали наместо долари во билатералната трговија, објавија во средата иранските државни медиуми. Договорот бил финализиран за време на состанокот на гувернерите на централните банки на двете земји одржан во Русија, се наведува во извештајот пишува „Ројтерс“. И Иран и Русија се под санкции на САД. – Банките и економските субјекти сега можат да ја користат ...