Митревски блескаше и ја доби дерби пресметката со Талески во Португалија

Никола Митревски и неговиот Порто изборија дерби победа над Бенфика на Филип Талески во дерби средбата во плејофот во Португалија.

Се одигра ефикасно на двете страни, а како пресудно се покажа изданието на домаќините во второто полувреме, фаза која ја добија со 19:15 што на крајот донесе конечно славје од 36:32.

Еден од хероите беше ветеранот Митревски кој забележа 14 одбрани и притоа постигна два гола од исто толку обиди. Кај Бенфика, Талески беше автор на три гола од шест обиди.

Порто во следното коло се соочува со Брага, Бенфика пак има нов гостински меч, ново дерби против Спортинг.

Претходна вестХрватската полиција протера српски министер од Јасеновац
Следна вестПочнува 19. Саем за вработување и кариера – Job Fair 2024