
Скопје
24ᴼ /
24ᴼ



Досегашниот фудбалер на АП Брера Струмица, Ване Крстевски и официјално промовиран како ново засилување на Шкендија за пролетниот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига. 20-годишниот напаѓач во Струмица дојде од Штип во 2019 година кога заигра за младинските погони на тимот. Од сезоната 2020/2021 беше и стандарден првотимец на АП Брера притоа одигрувајќи вкупно 72 натпревари во четири сезони и постигнато осум гола и исто толку ...
Според информациите, се превртеле камиони со возачи од Романија, Србија и Хрватска. Возачот од Хрватска имал 23-години и неговиот камион со преиколка при судар се превртел на десната пришто тој е хоспитализиран, но со полесни повреди. Невремето предизвикува големи проблеми во областа Северна Приморска, а ударите на ветерот достигнуваат и повеќе од 100 километри на час. Поради невремето затворен е и крајбрежниот главен пат од врската меѓу ...
Србите во Босна и Херцеговина се „ментално интегрирани“ со Србија и ќе ја поддржат евентуалната независност на Република Српска, рече нејзиниот претседател Милорад Додик во интервју за Франс прес. -Не сакаме да останеме овде, рече Додик во интервју за француската агенција објавено на Денот на Република Српска, прослава на која централните власти на Босна и Херцеговина и Организацијата за европска безбедност и соработка (ОБСЕ) сметаат дека е ...
Ракометната репрезентација на Македонија, на стартот на Европското првенство (ЕП) 2024 година во групата А, утре (18 часот) ќе игра против олимпискиот првак, Франција. Потоа се среќава со домаќинот Германија, на 14-ти (20.30), и на крајот, во третото коло, на 16 јануари против Швајцарија (18ч). Првите две селекции од секоја од шесте групи (од вкупно 24 репрезентации) одат во втората фаза. За Македонија ова ќе биде осми настап на ЕП. Македонија ...
Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа елиминирана е во првото квалификациско коло на гран-слем турнирот на Австралија опен во Мелбурн. Таа загуби од Катаржина Кава од Полска, во три сета со 5:7, 6:4, 3:6. За Ѓорческа (29) ова беше второ учсство во квалификациите на Австралија опен. Во 2017 година таа беше елиминирана во третото коло. Во квалификациите во Мелбурн настапуваат по 128 тенисери и тенисерки. По трите кола ќе бидат познати ...
„За многу години да е празникот“, „Христос се роди – Ваистина се роди“, „Господ да не чува„, „Да одиме по патот на Господа“…, беа само дел од честитките кои во овој празничен божикен период си ги разменуваа повеќето граѓани во Македонија. Се одеше месовно и во црковните храмови, се палеа свеќи, се упатуваа молитви. Тоа го правеа и највисоките државни функционери. Пригодно порачуваа да се чува единството, мирот, слогата, татковината… да се шири ...
Најголемата економија во Европа има проблеми. Илјадници земјоделци во Германија и денеска ќе ги блокираат главните патишта со трактори. Ќе протестираат и пред клучните владини институции. Едноставно, од вчера во Германија се гледаат сцени на кои не е навикната земјава. Поради масовноста, државните служби изразуваат загриженост и овој протест го нарекуваат најголем во повоената историја. Се стравува дека речиси ниту еден дел од државата нема да ...
До скорo сите за него зборуваа, сега веќе никој не го ни спомeнува. Ваков е „статусот“ на предлогот за прoмена во Изборниот законик со кој Македонија би станала една изборна единица. A власта силно ветуваше (дури и на своите помали коалициони партнери) дека тоа ќе биде изгласано. Идејата е стара веќе неколку години. Поодамна ги помина и првите собраниски комисиски филтри. Ама потоа се застана. Помалите партии кои се дел од владината коалиција ...
Македонската ракометна репрезентација денес пристигнаа во Германија каде ќе го има своето осмо учество на Европско првенство. Селекторот Кирил Лазаров претстојниот шампионат го гледа како добра можност неговите избраници да стекнат искуство потребно за понатамошен нивни развој. – Во првото коло ќе играме со Франција, една од најдобрите репрезентации на светот, олимписки првак. Потоа се среќаваме со домаќинот на ЕП, исто така извонредно тежок ...
Патот од Коридорот 8 што беше најавуван како мега-проект почна да се гради во февруари 2014 година. Изградбата на автопатот со вкупна должина од 57 километри првично беше проектирана на 374 милиони евра, за по неколку анекси на договорот и продолжувања на роковите неговата цена да достигне 598 милиони евра. Сите досегашни рокови се пробиени, а завршувањето на проектот се уште нe е ниту на повидок. Експертите од областа на градежништвото го ...
Тричлено семејство и двајца водичи ја поминаа ноќта во пештерата Крижна јама, каде што беа заробени трет ден. Спасувачите денеска повторно ќе се обидат да ги спасат, а бидејќи во текот на ноќта водата се повлекла, изгледите за спасување се добри. За време на нивната саботна екскурзија, пештерата се наполнила со вода поради обилните дождови, па не можеле да се вратат. Како што доцна синоќа за „N1“ Словенија изјави шефот на спасувачката служба, ...
По зимскиот распуст поради новогодишните и божиќните празници, учениците во Грција денеска се враќаат во училишните клупи, но со препораки и упатства од Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ) поради зголемениот број заразени со Ковид-19 и грип во земјата. Во изминатиот период во Грција е зголемен бројот на заразени со Ковид-19, но и болни од грип, па затоа од ЕОДИ во петокот објавија упатства за наставниците, учениците и останатиот ...
Светската здравствена организација (СЗО) објави дека речиси две недели не може да стигне до северниот дел на Појасот Газа за да достави медицински материјали. Планираната мисија во болницата „Ал Авда“ и уште четири други во северниот дел на Газа е откажана по четврти пат бидејќи безбедноста не може да се гарантира, објави СЗО на платформата за социјалната мрежа Х. „Поминаа 12 дена откако последен пат успеавме да стигнеме до северниот дел на ...
Согласно одлуката на Владата на Србија од 25 декември минатата година, на територијата на Србија од денеска е овозможено слободно движење на возила со косовски „РКС“ регистарски таблички. Како што претходно најави директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, Владата на Србија донела ваква одлука „за да им помогне на Србите од Косово“, пренесе Бета. Објавувајќи ја одлуката за медиумите, тој рече дека тоа е дополнителен импулс ...
Елиф Елмас е во центарот на вниманието на фановите на РБ Лајпциг од првиот ден откако го облече дресот на бунделсигашот. Нашиот репрезентативец, познато е, по четири сезони се реши да го напушти Наполи и својата кариера ја продолжи во еден од најдобрите германски клубови. Германскиот претставник во Лигата на шампионите од пред неколку дена е на подготовки во Шпанија, а медиа-тимот на РБ Лајпциг направи видео со македонскиот репрезентативец, на ...
Шефот за хуманитарна помош на ОН Мартин Грифитс рече дека Газа е непогодна за живеење три месеци по израелската војна со Хамас, предупредувајќи дека населението е во опасност од глад. Тој додаде дека 2,3 милиони жители на Газа секојдневно се соочуваат со закани додека светот гледа. -Луѓето се соочуваат со највисоко ниво на несигурност во храната досега забележано. Неколкуте делумно функционални болници се преполни и критично недостигаат резерви, ...
Објавени се деветнаесет нови незапечатени документи од тужбата во која е вмешан Џефри Епстин, осудениот педофил кој почина во затвор пред да се соочи со обвиненијата за сексуална трговија. Ова е втора серија соопштенија, а документите објавени утрово се вкупно повеќе од 300 страници. Документите се дел од граѓанската тужба за клевета од 2015 година, поднесена од Вирџинија Робертс Џуфре, Американка која тврдеше дека Епстин сексуално ја ...
Еден пар од Пенсилванија, САД, остана без својата заштеда, откако нивното сакано куче изџвакало 4.000 долари во готовина. Клејтон Ло извадил 4.000 долари од заедничката штедна книшка која ја имале со сопругата, минатиот месец. Тој и неговата сопруга поставиле нова ограда во нивниот дом во Питсбург, а работниците за завршената работа побарале да им платат во готово, пишува „Вашингтон пост“. Откако се вратил од банка со запечатен плик полн со ...
Македонскиот интернационалец Бојан Миовски (24) одигра одлична полусезона во дресот на шкотскиот Абердин што не остана незабележано. Последните пофални зборови за Миовски ги кажа легендата на Глазгов Ренџерс, Крис Бојд, кој тврди дека за него има место во најдобриот тим на полусезоната во шкотската Премиер лига. Во моментов Премиер лигата е во мирување, а натпреварите ќе продолжат на крајот од јануари. Сезонава на 29 меча во сите конкуренции ...
Случувањата во Контролата за летање се ептен загрижувачки. Се допира ли дното до кое не водат партизираните институции? Еј, група насилници непречено упадна во објект кој би требало да е строго чуван. Имало и физичка пресметка со контролори кои во тој момент го чуваат македонското небо и управуваат со многуте авиони кои летале над Македонија. А што бил поводот за да се случи инцидентот? Партиски вработувања. Страшно. Алармантно. Опасно. ...
Северна Кореја истрела повеќе од 200 артилериски ракети во близина на нејзиниот западен брег, во близина на јужнокорејските острови Бенгњеонг и Јеонпјеонг. Си-Ен-Ен јавува дека ова утрово го соопштиле јужнокорејските власти. Се вели дека артилериските проектили паднале во зоната на одвојување, северно од Северната гранична линија (NLL) помеѓу девет и 11 часот по локално време. Јужна Кореја нареди евакуација на два нејзини острови по ...
Во маки и понижување се претвора наметнатата обврската на граѓаните до 12-ти февруари да ги заменат личните документи. Всушност така е веќе поодамна, ама сега тоа е се поочигледно и подзасилено. Како што наближува денот кога власта кажа дека нема да признава лични карти, пасоши, возачки дозволи… на кои го нема нивниот омилен збор „северна“ – така се зголемуваат редиците пред пунктот во полициската станица „Пролет“ во Скопје каде се вадат лични ...
Ракометната репрезентација на Македонија со 33-30 го доби првиот од двата пријателски натпревари против Грција кои се последните тестови пред заминувањето на Европското првенство во Германија. Македонија влезе во финалната фаза од подготовките за континенталниот собир кој го започнуваме од 10. јануари. Денеска во салата „Борис Трајковски“ се одигра првиот дуел против селекцијата на Грција. Македонската репрезентација имаше бавен старт на ...
Речиси половина од тинејџерите се чувствуваат како да се зависни од социјалните мрежи, според анализата на Универзитетот во Кембриџ. Раните наоди од студијата, спроведена на универзитетот, беа опишани како „зачудувачки“, а истражувачите велат дека односот на некои луѓе со социјалните медиуми може да биде „сличен на бихејвиоралната зависност“. Тимот од Кембриџ ги анализира податоците од студијата, која ја спроведува Центарот за лонгитудинални ...
Талибанците уапсиле жени во авганистанската престолнина поради носење „лош хиџаб“, изјави во четвртокот портпаролот на Министерството за доблести на земјата, пренесува АП. Тоа е прва официјална потврда за репресии врз жените кои не го следат кодексот на облекување наметнат од талибанците откако се вратија на власт во 2021 година и има одгласи со соседен Иран, кој со децении спроведува задолжителен хиџаб. Развојот е последниот удар за ...
Привршуват подготовките на најдобрите ракометари на Македонија пред настапот на Европското првенство (ЕП) во Германија, од 10 до 28 јануари. Избраниците на селекторот КиреЛазаров денеска ќе одиграат контролен натпревар против Грција, во СЦ „Борис Трајковски“ во 17 часот. Овој меч е од отворен карактер, додека утрешниот ќе се одигра зад затворени врати. Заминувањето на македонските ракометати за Германија е планирано за 8 јануари. Македонија е во ...
Германската економија ќе продолжи да се забавува во следните години. Според новиот извештај на Центарот за економски и бизнис истражувања (CEBR), се очекува во 2027 година, Германија да го отстапи своето место како четврта најголема економија на Индија. Истражувањето вели дека падот на Германија на петтото место ќе биде резултат на нејзиното потпирање на руската енергија да го лансира својот производствен сектор, пренесува РТ. – Важноста на ...
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп поднесе жалба до Врховниот суд на САД откако највисокиот суд во Колорадо му забрани да биде на гласачкото ливче на претседателските избори следната година. Трамп ја оспорува одлуката на Врховниот суд во Колорадо од 19 декември која се однесува само на републиканските прелиминарни избори во државата на 5 март. Но, нејзиниот заклучок најверојатно ќе влијае и на статусот на Трамп за општите избори на ...
Скопје влезе во новата година со многу од старите проблем. Во наредниве 360 дена ќе се решат барем дел од нив или и во 2025 година пак ќе констатираме дека – Скопје влезе во новата година со старите проблеми? Градоначалничката Данела Арсовска веќе е на средината од мандатот, време е да се зафати со посериозно работење на поважните прашања кои му тежат на Скопје. Од каде да започне? 1. Зголемена чистота, која потоа континуирано ќе се одржува ...
Американското Министерство за финансии во вторникот објави дека бруто националниот долг на федералната влада надмина 34 трилиони долари, што е рекордно високо ниво, јави агенцијата „Анадолу“. Државниот долг скокна за 2,6 трилиони долари во шесте месеци до декември. На 30 октомври, Сенатот усвои предлог-закон за трошење во последен момент за финансирање на федералната влада до 17 ноември, за малку избегнувајќи исклучување. На 17 ноември, ...