Г7 попладнево ќе одржи состанок за нападите

Г7 ќе одржи состанок по телефон во попладневните часови, дознава Скај њуз.

Се очекува лидерите на Групата седум големи економии да разговараат за нападот на Иран.

Г7 е составена од Соединетите Американски Држави, Велика Британија, Канада, Франција, Германија, Италија и Јапонија, а присуствуваат и претставници од Европската унија.

Италија во моментов претседава со ротирачкото претседателство.

Групата првично беше формирана во 1973 година за да разговара за потенцијалните решенија за глобалните економски и финансиски проблеми, како што се нафтените кризи, пред да се прошири за да вклучи политички прашања во 1980-тите.

Претходна вестИран истрела стотици беспилотни летала и проектили кон Израел, тешко повредено 7-годишно девојче
Следна вестИсчезна тинејџер од Скопје