Евакуација на трговски центар во Сиднеј, четворица мртви и многу повредени во масовно прободување со нож

Стотици луѓе се евакуирани од трговски центар во Сиднеј по масовно прободување со нож. Најмалку четири лица загинаа, а неколку се ранети, објави „news.com.au“.

Според непотврдени информации напаѓачот бил застрелан.

Во тек е полициска операција во прометниот трговски центар во близина на плажата Бонди поради сомневање за прободување на повеќе лица, се вели во извештајот.

Двајца сведоци изјавија за Ројтерс дека се слушнале истрели.

Државната полиција на Нов Јужен Велс соопшти дека полициската операција е во тек, но не соопшти повеќе детали.

Објавите на социјалните мрежи покажаа дека луѓето бегаат од трговскиот центар, а автомобилите на полицијата и итната помош брзаат кон областа.

Претходна вестДИК утврди, но и отфрли неколку листи за избор на пратеници во Собранието
Следна вестПретреси во Битола- приведени двајца дилери