
Скопје
35ᴼ /
35ᴼ



Претседателот Стево Пендаровски e во Давос, Швајцарија. Таму ќе учествува на многу важни дебати во рамки на 54-от Годишен состанок на Светскиот економски форум. Македонија сигурно ќе има многу придобивки од тоа. Но, граѓаните имаат и една мака која Пендаровски треба да ја решава тука – во земјава. Хаосот и понижувачкото менување на личните документи уште трае иако имаше други ветувања. Дали уште трае и „расипаниот телефон“ меѓу премиерот Димитар ...
Македонското образование веќе со години и години оди надолу. Не се знае, просто кажано, има ли некој сегмент каде работата не е проблематична. Затоа, на тестирањата на ученичките знаења се покажуваат катастрофални резултати. Загрижувачко е знаењето кое го стекнуваат децата. Да споменуваме ли дека секоја учебна година се случува да нема дел од учебниците, а и кога ги има тие се полни со парадоксални грешки? Никој веќе не сака да биде рецензент на ...
Иран изврши серија напади со дронови и проектили врз цели во Пакистан. Мета на иранскиот напад бил штаб на сунитска милитантна група која според „Ал Арабија“, се спротивставува на Техеран во Пакистан. Новинската агенција „Тасним“ објави дека два „важни штаба“ на Џаиш ал-Адл што во превод значи Армија на правдата во Пакистан биле „уништени“. Агенцијата соопшти и дека нападите биле насочени кон област во пакистанската провинција Балучистан „каде ...
Швајцарските научници развиваат метод за „лемење“ на раните наместо да ги зашијат, бидејќи тоа би можело да помогне да се спречат компликации опасни по живот. Истражувачки тим од Швајцарската федерална лабораторија за наука и технологија за материјали (Емпа) и Федералниот институт за технологија ЕТХ Цирих аплицираа за патент за процесот, објави денеска Емпа. Во принцип, „лемењето“ на рани со новиот метод функционира на ист начин како и лемењето ...
Неколкумина се глумците кои оставија сериозна трага во македонското актерство. Еден од нив е Мето Јовановски. За жал, со него македонската јавност се прости минатата година во ноември, а денеска се навраќаме на него по повод денот кога пред 78 години беше роден на 17 јануари 1946 година во пехчевското село Панчарево, во 1946 година. Овој одличен актер има улоги во околу стотина филмски и телевизиски остварувања. Тој има добиено бројни награди и ...
Селекторот на македонските ракометари, Кирил Лазаров, им ја честита играта и борбата во денешниот натпревар против Швајцарија, каде нашите момци излегоа како победници. -Одигравме екстра квалитетен натпревар, со голема борба, голема жар, многу желба за победа и знаете, кога посакувате, тоа им го кажав на момците пред натпревар, не е важна ниту стратегија ниту тактика, само да ја посакуваме победата повеќе од Швајцарија. Така и беше иако и тие ...
Вештачката интелигенција ќе влијае, односно загрози најмалку 40 проценти работни места ширум светот и клучно е земјите да изградат мрежа на социјална безбедност за да го ублажат влијанието на ранливите работници, смета лидерката на Меѓународниот монетарен фонд Кристалина Георгиева, пишува „Гардијан“. Вештачката интелигенција е подготвена длабоко да ја промени глобалната економија, а понапредните економии ќе бидат во поголем ризик од нарушување. ...
Четворица муслимански ученици побарале да се воведат строги исламски правила во нивното средно училиште „Нордштат“ во Нојс, град во германската покраина Северна Рајна-Вестфалија. Како што пренесе „ДВ“, 17-годишник, двајца 18-годишници и еден 19-годишен ученик барале часовите да бидат строго поделени по пол, мажи да им држат часови по пливање на момчиња, а жени на девојчињата и дека девојките мора да носат шамии. Тие бараа дури и групите за ...
Нешто не е како што треба во комуникацијата меѓу премиерот Димитар Ковачевски и шефот на државата Стево Пендаровски. Тоа го покажа и денешната „размена“ на изјави на двајцава околу тоа – кој што треба да прави за да се реши големиот проблем – што самите го направија наметнувајки обврска граѓаните да мора да ги сменат личните документи. Срамното и понижувашко чекање на граѓаните за промена на пасошите и други лични документи продолжува иако ...
Научниците анализирале 13-годишни податоци од вселенскиот телескоп Ферми со гама-зраци и забележале мистериозен сигнал. Не го очекувавме тоа. Сè уште не можеме да објасниме, вели Френсис Реди од Центарот за вселенски летови Годард на НАСА. Моќен телескоп може да детектира гама зраци, огромни изливи на енергија илјадници до стотици милијарди пати посилни од она што можеме да го видиме со голо око. Ваквите „сигнали“ се јавуваат кога ѕвезди ...
Толку многу афери има во Македонија што дури и големите се подзабораваат иако неодамна беа. Да ве потсетиме на една таква – клиниката за онкологија и страшното манипулирање со терапијата наменета за тешко болните од карцином. Еј, излезе во јавноста дека дури на некои пациенти им давале физиолошки раствори, а вистинските лекови се препродавале на трети лица. И, до каде е расветлувањето на оваа афера која ја згрози македонската јавност? Веќе пет ...
Околу 1.000 туристи останаа заробени во зафрлено туристичко село откако лавини го погодија северозападниот кинески регион Ксинџијанг со метри снег и променливо време што ја отежнува евакуацијата, објави во вторникот државната телевизија. Патот до селото Хем, живописна дестинација во близина на границите на Казахстан, Русија и Монголија, каде што беа заробени туристи, веќе неколку дена е отсечен од лавини, пренесува Кинеската државна телевизија. ...
Македонската ракометна репрезентација вечер ќе го има својот последен настап на Европското првенство во Германија. Противник на избраниците на селекторот Кирил Лазаров, ќе биде репрезентацијата на Швајцарија. Во првите две кола, Македонците забележаа два пораза, од Франција и од Германија, додека Швајцарците успеаја да изигра нерешено со Франција. Селекторот Кирил Лазаров смета дека сепак има каква таква шанса за победа. – Швајцарија завчера ...
Нијаз Јусуфи повеќе не е дел од ФК Вардар и од наредната полусезона ќе настапува за ФК Гостивар. Трансфер спогодбата е постигната во согласност помеѓу двата клуба. -Би сакале да истакнеме дека направивме максимални напори, со цел да изнајдеме позитивен договор за продолжување на соработката, свесни за потенцијалот на младиот Вардаров бисер, но сепак на крајот не успеавме да ја промениме одлуката и пред се желбата да си замине. За црвено-црниот ...
Скоро да нема ден да не се слушне во јавноста за некое ново масовно вработување во државните институции. И тоа не во оние каде платите се поскромни, не се одбираат работните местенца… Треба ли да се каже кој тоа на осиромашениот македонски грб товара нови лица од кои повеќето ќе бидат по занимање: клати врата – земај плата? Треба ли да се каже кој тоа сиве овие години не убедуваше дека веќе нема да има партиски вработувања и дека приоритет им е ...
„Република Македонија воведува сопствена парична единица што ќе го носи името „денар“ и еве задоволство ми е да видите како тие парични единици се печатени..“ Со овие зборови во април 1992 година од собраниската говорница беше промовирана прва македонска валута „денар“. Обзнанувањето го направи првиот македонски премиер во осамостоената независна македонска држава Република Македонија Никола Кљусев. Тоа е историски чин. Секако, историски момент ...
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп за започна изборната сезона во САД, откако во Ајова ги доби гласовите за претседателски кандидат на Републиканската партија, пренесува Си-Ен-Ен. Телевизијата објави и дека голем број републикански конгресмени со симпатии кон Трамп изјавиле за станицата по објавувањето на резултатите од Ајова дека неговата победа таму е јасен сигнал до неговите ривали дека треба да се откажат од трката. Според ...
Нешто пред полноќ во северниот дел на Косовска Митровица е фрлена бомба во близина на еден од рестораните, на раскрсницата кај Техничкиот факултет. Најмалку едно лице е повредено, а екипи на косовската полиција се на терен, јавува „КоССев“. Заменик-командантот на косовската полиција за северниот регион, Ветон Ељшани за „Радио Контакт плус“ изјави дека експлозивната направа, најверојатно рачна бомба, била фрлена во близина на мотелот „Бишевац“. – ...
Македонската заедница во Австралија објави фотографија со забранети знамиња, каде што се наоѓа и македонското знаме. Знамето е забрането заедно со Израел, Русија, Белорусија, Палестина и Тајван, а засега не е позната причината на организаторот, јавува австралиското радио СБС на македонски. Забрането е и старото знаме со 16 краци од Кутлеш. Знамињата на Палестина и Израел се забранети поради војната, а руските и белоруските знамиња поради војната ...
Здравствената агенција на ОН (СЗО) денеска соопшти дека ѝ се потребни 1,5 милијарди долари во 2024 година за спасувачка помош на десетици милиони луѓе заробени во здравствени итни случаи, вклучително и во Украина и Газа. Светската здравствена организација предупреди дека на речиси 300 милиони луѓе во светот се очекува да им биде потребна хуманитарна помош и заштита оваа година. Меѓу нив, „околу 166 милиони луѓе ќе имаат потреба од хуманитарна ...
Во Велика Британија се затвораат илјадници гостилници и кафулиња, поради зголемените сметки за комунални услуги и наем, пишува „Индипендент“ (Independent). – Угостителската индустрија попушта под тежината на зголемените сметки за струја… Илјадници барови, ресторани и пабови ширум Велика Британија се затвораат трајно, поради превисокиот наем и тековни трошоци, се наведува во написот, врз основа на податоци од Kонсултантската групација ЦГА. Од ...
Припадници на Агенцијата за истрага и заштита на БиХ (СИПА) вршат претрес во приватни високообразовни установи во областа на Мостар, поради сомнение дека издавале фалсификувани дипломи. Акцијата „Кластер“ се спроведува по налог на Судот на Босна и Херцеговина, а од приватните факултети во Мостар се одземаат документи и сомнителни студентски досиеја, соопшти СИПА. Привременото одземање на документација се врши поради постоење основи на сомнение ...
Неколку илјади луѓе се собраа денеска во Берлин на масовниот протест на земјоделците против укинувањето на субвенциите за дизелот, при што министерот за финансии Кристијан Линднер го прекина говорот по навредите, придружени со гласни свирежи, упатени кон него од демонстрантите, јавуваат германските медиуми. „Лажго“ и „Изгуби се“, извикуваа демонстрантите за време на говорот на Линднер, фрлајќи пиротехнички средства и лушпи од банана. Уапсени се ...
Полека истекуваат мандатите на претседателот Стево Пендаровски и особено на премиерот Димитар Ковачевски кој за нешто повеќе од 10-тина дена ќе ја напушти владината фотелја. Но, иако се при крај со мандатот и двајцата засилено работат за доброто на Македонија. Еве на пример, Пендаровски веќе утре ќе патува во Давос, Швајцарија. Тој таму на 16 и 17 јануари ќе учествува на 54. Годишен состанок на Светскиот економски форум. Форумот има многу ...
Возниот парк на македонските граѓани е скромен. Да, знаеме дека некои возат прескапи возила, но просекот е се уште многу позади она што го има во поразвиените земји на ЕУ. Едноставно, не може просечниот граѓанин да плати за подобро, помодерно возило. Е, ама ако сака да вози во странство мора да најде пари за „зелен картон“. Затоа и има многумина кои го немаат, а пак голем дел од граѓаните го купуваат. Во текот на 2023 година сите 11 осигурителни ...
Обезбедувањето на влезот во салата во Берлин каде вчера на Европското ракометно првенство играа Германија и Македонија, им одземаше знамиња со сонцето од Кутлеш. „Немате толку обезбедување колку што имаме ние знамиња“, порачаа македонските навивачи – Знамето со 16те краци беше забрането на натпреварот и обезбедувањето ги одземаше на влезот. Но немате толку обезбедување колку што имаме ние знамиња. Затоа следниот натпревар ќе има уште повеќе ...
Полека поминуваат првите големи православни празници во новата година. МПЦ и верниците во Македонија достоинствено празнуваа и се молеа во храмовите. Сега се чекаат Водици… Се чека и разврска на едно важно црковно прашање. До каде е работава околу автокефалниот статус на МПЦ-ОА? Се заокружи тој процес или продолжува и се чека Томос од Вселенската патријаршија, е дилемата која ја има во јавноста. Полека изминува и втората година откако ...
Министерот за надворешни работи во техничкиот мандат и претседател на Социјалистичката партија на Србија (СПС) Ивица Дачиќ изјави дека Србија нема намера да води војна, „но ако сака ни милион „Џавелини“ не би му помогнале на Косово“. Тој ја коментираше најавата на американскиот амбасадор Кристофер Хил дека САД во недела навечер ќе испорачаат на Косово противтенковски системи „џавелин“ во емисијата „Хит Твит“ на ТВ Пинк. – Станува збор за ...
Со синоќешниот пораз од Германија (34:25), најдобрата македонска репрезентација е елиминирана од Европското ракометно првенство. Ова е веќе трет континентален шампионат по ред на кој Македонија не ја поминува прелиминарната фаза, а последен пат тоа се случи на ЕП во 2018 година. За избраниците на селекторот Кирил Лазаров останува да се одигра и последниот трет натпревар од групата „А“ против Швајцарија која сигурно ќе има огромен натпреварувачки ...
Македонската ракометна репрезентација вечерва ќе го одигра вториот меч на ЕП 2024 и тоа против домаќинот Германија (20.30 часот) во „Мерцедес бенц арена“ во Берлин. Во историјата немаме ниту една победа против Германците. Во вкупно пет одмерувања на силите, Македонија само еднаш ремизира со Германија, на последната пресметка на Европското првенство во Загреб (25-25). На претходните дуели бележевме два убедливи, еден поднослив и еден минимален ...