
Скопје
21ᴼ /
21ᴼ



Земјоделците од северниот дел на Грција за денеска напладне закажаа протест на двата гранични премини со Македонија. На граничниот премин „Евзони“ („Богородица“) грчките земјоделци ќе одржат собир кој ќе започне околу 13 часот по локално време, односно околу 12 часот по македонско време. Се очекува дека сообраќајот на овој премин да биде блокиран неколку часа. Преминот „Ники“ („Меџитлија“), пак, според локалните медиуми, ќе биде затворен во ...
За познатата македонска историчарка, Катерина Тодороска, единствено што властите ѝ дале на државата е понижувачко омаловажување. Таа во интервјуто за бесплатниот неделник „Македонско Ехо“ зборува и за направените големи грешки, за тоа што е нужно да се направи, за… Кога ќе кажете Македонија, кои мисли и слики прво Ви се појавуваат? – Прва мисла ми е прашањето „Како дозволивме државава да нѝ се распаѓа пред очи?“. Иако го знам одговорот, ...
Бара ли Владата и парламентарното мнозинство решение за државниот притвор во кој е пикната третина од македонското население? Граѓаните не по своја вина го немаат во пасошите омилениот збор на власта – „Северна“. Гледаат ли првите луѓе на СДСМ и ДУИ дека 650.000 лица што се во Македонија не смеат да излегуваат преку граница, а дел од нив кои се во странство, пак, не смеат да влезат оти не знаат на кој начин би можеле да се вратат на своите ...
Земјотрес со јачина од 3 степени според Рихтеровата скала ја погоди Бугарија околу 18 часот и 45 минути. Земјотресот е регистриран на 88 километри јужно од Софија, на длабочина од 13 километри. Можни се помали материјални штети со земјотреси од оваа јачина. Инаку, денеска беа забележани уште два земјотреса во регионот, еден во Албанија, што беше почувствуван во западните делови на Македонија и еден во Босна и Херцеговина. Сите земјотреси беа со ...
Кошаркарската репрезентација на Македонија со пораз од Естонија ги почна квалификациите за Евробаскетот 2025, загубивме со 74-69 и уште на стартот на минимум ги сведовме шансите за пласман. Нашиот најдобар кошаркар, Димитријевиќ поради повреда предвреме го заврши натпреварот. Македонија вечерва во СРЦ „Кале“ покажа две лица, добро во првото полувреме и лошо во вториот дел, особено ужасна беше третата четвртина. Во првото полувреме на крлијата на ...
Кога е пред странски политичари нашата власт претежно клечи и прифаќа се што ќе им наредат. Кога е пред својот народ и опозицијата глуми цврстина и непоколебливост. Со тоа го срозаа достоинството на Македонија и не направија поранливи, вели Влатко Дамјановски Што ги одбележа минатите 4 години во кои владееа ДУИ и СДСМ? Малку работа и многу корупција. Друго? Па цело време се верглаше дека мора ова да се направи оти бара Брисел, ова мора да се ...
Вистинска драма се случи на небото на 18 јануари, кога при полетување беше оштетен авионот што го користеше „Ер Србија“, поради несоодветна проценка на параметрите за полетување. Авионот потоа леташе над Белград еден час, пред итно да слета на белградскиот аеродром. Авионот на компанијата Маратон ерлајнс, која врши летови за Ер Србија, со 106 патници слета во неделата вечерта на белградскиот аеродром „Никола Тесла“ со дупка на трупот и оштетено ...
По реакцијата на официјална Москва за изјавата на американскиот претседател Џо Бајден дека „Владимир Путин е луд кучкин син“, реагираше и самиот руски претседател. Путин рече дека изјавата на Бајден покажува зошто Кремљ верува дека за Русија Бајден би бил подобар американски претседател од Доналд Трамп, пишува Ројтерс. Тој искоментира и дека изјавата на Бајден е груба. -Подготвени сме да работиме со кој било претседател. Но, јас верувам дека за ...
Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ во моментов се подготвува за Мастерсот во Индијан Велс кој е закажан од 6 до 17 март. Ѓоковиќ изјави дека минатогодишниот пораз во финалето на „Вимблдон“ од Шпанецот Карлос Алкараз го мотивирал на американската турнеја. Србинот потоа ги освои Мастерсот во Синсинати и ЈуЕс Опен. -Толку ме налути што морав да дојдам и да ги победам сите во Америка – рече Ѓоковиќ. Американски магазин наведува дека српскиот ...
Младите продолжуваат да ја напуштат Македонија во потрага по подобар живот во европските земји. Една од омилените земји за подобар живот е Германија. Земја каде лесно може да се најде работа, а често пати многу луѓе од различни земји одлучуваат својата работа ја пронајдат на илегален начин. Во последната акција на германската царина, организирана група која посредувала за работа на ,,црно” била разбиена. Во опсежната операција, припадници на ...
Клиниката за гинекологија и акушерство утрово информираше дека продолжуваат среќните приказни од нивното одделение за интензивна нега и терапија на новородени деца. Пред неколку дена предвремено родените бебиња – близначињата Марија и Василиј си заминале дома како здрави бебиња. Родени биле е во 27 гестациска недела, Василиј со родилна тежина од 900 грама, а Марија со 940 грама. -По 72 дена престој на ОИН, каде секојдневно ја добиваа ...
Кошаркарската репрезентација на Македонија вечерва од 19 часот е домаќин на Естонија во во СРЦ „Кале“ во обид да стигне до прва победа за успешно отворање на квалификацискиот циклус за ЕП 2025 година. Во групата „Х“ друштво ни прават и репрезентациите на Литванија, и еден од ко-домаќините на наредниот Евробаскет, селекцијата на Полска. Еден од нашите најдобри кошаркари во моментов, Ненад Димитријевиќ пред мечот изјави дека се подготвени за ...
Нови вознемирувачки вести доаѓаат од соседна Србија и училиштето ,,Владислав Рибникар” каде на 3-ти мај 14 годишник застрела и лиши од живот осум деца и еден чувар кој бил вработен во училиштето. Овој пат, според пишувањата на српските медиуми, ученик се појавил на училиште со нож. Полицијата во моментот е пред училиштето „Владислав Рибникар“ поради пријава дека ученик донел нож на училиште. Претходно, родителите на убиената Ема Кобиљски, Нина и ...
Кокаинот е втора најкористена дрога во Европа после марихуаната, а нелегалниот пазар на оваа дрога изнесува над 500 милијарди долари секоја година. Во Европа има доста органиизирани групи кои препродаваат дрога, но и големи полициски акции во кои има заплена на огромни количини. Една таква е и последната во Велика Британија во која е запленета рекордна количина со тежина од 5,7 тони кокаин. Рекордна количина од 5,7 тони кокаин, чија пазарна ...
Партиите предвреме почнаа со кампањата. Почнаа ветувањата, а ретко ги нема отчетите за сработеното. Почнаа и барањата на албанските партии. Пак е на мета Уставот на Македонија. Едноставно, албанскиот политички блок како по некоја шема повторно пред јавноста изнесува барањата за нови и нови промени на уставноправниот и политички систем на државата. Па така градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, кој сега сака, и ќе се кандидира за ...
Дали некогаш сте размислувале само да ги спакувате куферите и да се качите во авион без да ја знаете вашата дестинација? „Скандинавијан ерлајнс“, шведска авиокомпанија, им нуди на членовите на нивната програма за лојалност можност да одат на непозната дестинација. Во соопштението за печатот авиокомпанијата вели дека во рок од неколку минути од објавувањето на 12 февруари над 1.000 члена се пријавиле да летаат без да знаат каде. Регистрацијата ...
Македонскиот интернационалец, Стефан Ристовски со солзи во очите го заврши вчерашниот натпревар во кој Динамо Загреб во кој Ристовски настапува го елиминира шпански Бетис и се пласира во осминафиналето на Лигата на конференции. Тој го напушти тревникот на Максимир со маицата со натпис: „Среќен роденден мамо“. Со емотивниот гест Ристовски го одбележа роденденот на својата мајка, која почина на крајот од минатата година по долго и тешко ...
Пред втората годишнина од руската инвазија на Украина, САД воведуваaт нови санкции против Русија. Заменик-секретарот за финансии на САД, Воли Адејемо нагласи дека 500 цели ќе бидат предмет на казнените мерки, вклучувајќи компании и воено-индустриски комплекси. САД и нивните сојузници се обидуваат да го задржат притисокот врз Русија и покрај сомнежите околу тоа дали американскиот Конгрес ќе одобри дополнителна помош за Киев. Администрацијата на ...
Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер го претрпе 12. пораз во Лигата на шампиони, откако вечерва загуби на гостински терен од лидерот во групата А, Кил, со 29-23 (19-10) во рамки на 12 коло. Германскиот претставник уште од самиот почеток на дуелот тргна максимално мотивирано против последно пласираниот тим во групата и по воведните 10. минути Кил имаше предност од високи 10-4. Кил во неколку наврати во текот на натпреварот доаѓаше и до ...
Во Белград е пријавена епидемија на мали сипаници, потврдија за медиумите во Градскиот завод за јавно здравје, јави дописникот на МИА од Белград. Од 6 февруари кога беше пријавен првиот случај на мали сипаници до денеска во Белград се потврдени 11 случаи на мали сипаници. Епидемиолозите и лекарите наведуваат дека најголем број заболени се или невакцинирани или со непознат статус на вакцинација. Вакцината против морбили, ММР вакцината, децата ја ...
Составот на Голден Арт го претстави новиот тренер, а тоа е искусниот Стојан Петрушевски. Ценетиот ракометен работник кој долго години беше во Вардар, но и имаше неколку улоги во македонските репрезентации, сега има нов предизвик и тоа како главен човек на клупата на „градежниците“ каде целта е една и единствена – да се обезбеди опстанок во Суперлигата. – Чест ми е што доаѓам во една млада и преспективна екипа која заслужува да игра плеј-оф. ...
Керамеос објасни дека сите оние кои се запишани во избирачките списоци до крајот на април можат да одберат гласање преку пошта на европските избори на 9 јуни, без разлика дали се во странство или живеат во Грција. За само два дена откако беше отворена платформата за пријавување за поштенско гласање во Грција, до Министерството за внатрешни работи пристигнале над 8.000 барања, соопшти надлежната министерка Ники Керамеос. Керамеос објасни дека ...
Србија во следните две години ќе инвестира 100 милиони евра во развој на вештачка интелигенција, а стратешката рамка за таков потфат треба да ја обезбеди новата Стратегија за развој на вештачка интелигенција до 2030 година. Нашите соседи во следните две години ќе инвестира 100 милиони евра во развој на вештачка интелигенција, а стратешката рамка за таков потфат треба да ја обезбеди новата Стратегија за развој на вештачка интелигенција до 2030 ...
Полицијата на Закинтос уапси државјанин на Албанија (27) под сомнение дека ја дрогирал и претепал својата 19-годишна девојка, предизвикувајќи ѝ спонтан абортус. Се сомнева дека тој во вторникот вечерта ја одвел од нејзиниот дом девојката која била во 2-от месец од бременоста во неговата куќа, каде што ја врзал, ја претепал и ја принудил да пие лекови за да предизвика абортус. Следното утро со повредите ја однел во болница. Животот на девојката ...
Зад Итан Хап се неколку одработени тренинг-сесии со нашиот национален тим. Треба да биде од голема помош на оние наши, условно кажано, високи играчи кои треба да бидат заштита на нашиот рекет, на нашиот кош во овој прв ФИБА „прозорец“ од новииот циклус од квалификациите, сега за пласман на Европското првенство во 2025 година. Овој 27. годишен кошаркар, како што вели, со потекло од Илиноис, полека се аклиматизира на новите „услови за работа“. ...
Ракометарите на Еурофарм Пелистер, вечерва од 18.45 часот, му гостуваат на германскиот Кил во обид да прикажат уште една добра игра и да го изненадат големиот фаворит. – За нас ова е голема шанса да видиме колку сме блиску или далеку од нив. Тоа е можност да видеиме каде мора да напредуваме ако сакаме да се носиме со гигантите во иднина. Посакувам натпреварот да биде сличен како оној со ПИК Сегед во Битола, тука покажавме дека можеме да играме ...
Албанскиот парламент денеска го ратификуваше договорот за миграција со Италија, кој и дозволува да изгради центри за мигранти во оваа балканска земја. Седумдесет и седум пратеници во 140-члениот парламент гласаа за договорот, објавен во ноември, според кој членката на ЕУ, Италија, ќе отвори два центри за мигранти во Албанија која не е членка на ЕУ. Во едниот центар мигрантите би биле прегледани по пристигнувањето, а во другиот додека се ...
Минатата година Грција ја посетиле 32,7 милиони туристи, за 17,6 отсто повеќе споредбено со 2022 година, со што се зголемиле и приходите за државата од туризмот и достигнале 20,5 милијарди евра, согласно податоците од Банката на Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Приходите за една година се зголемиле за 15,7 проценти, што се должи и на зголемувањето на бројот на туристи, но и на зголемувањето за 11,5 отсто на приходите од жителите на ...
Американскиот претседател Џо Бајден го нарече рускиот претседател Владимир Путин „луд кучкин син“, наведувајчи дека заради него и нему сличните, секогаш треба да се грижи за можен нуклеарен конфликт, иако, како што рече,, климатските промени се егзистенцијална закана за човештвото. Вербалните напади на Бајден против Путин нагло се интензивираа, особено по смртта на опозицискиот лидер Алексеј Навални. – Не знаеме што точно се случи, но нема ...
Раководството на Воска Спорт експресно реагираше и, по отказот на Радовиќ, за нов шеф на стручниот штаб го назначи македонскиот стратег Срѓан Захариевски. Поранешниот предводник на Струга Трим Љум веќе го одработи првиот тренинг со тимот, а нему ќе му асистира Сеит Крека. – Чест и задоволство ни е да ве известиме дека тимот во наредниот период ќе го предводи тренерот Срѓан Захариевски, стои во меѓудругото на објавата на социјалните мрежи на ...