
Скопје
35ᴼ /
35ᴼ



Колумна на Наташа Котлар-Трајкова: Во периодот по ослободувањето и префрлувањето на АСНОМ во Скопје (второ заседание на АСНОМ, декември 1944 г. и третото, во април 1945 г.), настануваат неколку битни процеси: спојување на партиските и државните органи со очигледна насока кон монопартизам (КПМ), отстранување на сите граѓански, автономни, стручни или угледни во народот кадри од власта и политиката, репресија и послушност преовладуваат во новиот ...
Македонската ракометна легенда, Филип Миркуловски и во иднина ќе биде дел од германскиот прволигаш Вецлар. Миркуловски од 2015 година е во овој клуб, клуб во кој прво беше активен како играч, а по завршувањето на кариерата остана во истиот со нова улога како асистент, а на некои натпревари беше и прв тренер. Со новиот договор тој ќе остане меѓу зелено-белите до 30 јуни 2025 година и ќе му биде десна рака на тренерот Франк Карстенс кој исто има ...
Македонија е на 84 по среќа во светот, односно три позиции полоши од 2023 година покажува студијата на Мрежата на Обединетите нации за решенија за одржлив развој, која опфаќа 143 земји. Од Европа – Бугарија е до Македонија, Албанија (87), Турција (98) и Украина (105-то место). -Поради се поголемата несреќност кај помладите, САД и некои големи западноевропски земји паѓаат во глобалниот индекс на среќа, додека скандинавските земји ги задржуваат ...
Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром синоќа го победи градскиот ривал ТФТ Моцарт со 95:69 во 11. коло од регионалната АБА 2 лига. По оваа победа МЗТ Скопје се искачи на второто место на табелата и на две кола пред крајот на регуларниот дел од сезоната и теоретски обезбедија пласман во плејофот. Марко Баковиќ со 22 поени и осум скока беше најдобар во победничкиот тим. Кај ТФТ најефикасен беше Верц со 14 поени. Третиот македонски ...
Бизарна несреќа се случи во Белград, во која загина 69-годишна жена, а уште една жена е повредена. Српски Телеграф објави дека жена била удрена од тркало кое испаднало од автобусот додека тој бил во движење. Од Итната помош соопштија дека жената била прикована за оградата на Инфективната клиника. Друга жена е полесно повредена. Полицијата го истражува овој случај. Тие полесни повреди треба да се земат со резерва, бидејќи во ваква несреќа секоја ...
Компанијата на Џаред Кушнер, зет на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, бесплатно ќе го закупи просторот на бомбардираниот Генералштаб во Белград на 99 години, а ќе изгради и луксузен хотел и станбен комплекс, како и спомен обележје и музеј на тој локалитет, пишува „Њујорк тајмс“, а пренесе Н1. Инвестицијата, како што се наведува, е вредна 500 милиони долари, а државата Србија, според предлог-договорот, треба да добие 22 отсто од ...
Колумна на Заге Филипоски: Има веќе повеќе години откако веќе не очекуваме ништо добро од кандидатите на изборните листи. Беше тоа пред повеќе години кога сеуште постоеше некаква надеж или повеќе би рекол очекување дека еден навидум угледен кандидат ќе може да покаже нешто поинаку и да направи некој стратешки потег за градот. Во тоа време во неврзан кафе муабат со еден мој пријател, искусен стопанственик кој од ништо успеал да создаде нешто, ...
По ерупцијата на вулканот на полуостровот Рејкјанес во Исланд, лавата денеска стигна до источниот дел на малиот евакуиран град Гриндавик, објавија локалните медиуми. Силни и брзи текови лава почнаа да течат доцна синоќа, но властите велат дека оттогаш значително се намалиле, објави Би-би-си. Активноста околу пукнатината, првично долга три километри, исчезна. Метеоролошката канцеларија на Исланд соопшти дека лавата сè уште тече, но со намалена ...
Бугарскиот претседател, Румен Радев, и го додели мандатот за формирање нова Влада на досегашната министерка за надворешни работи Марија Габриел од централнодесничарската коалиција ГЕРБ-СДС, согласно договорот за поделба на власта меѓу двете главни политички партии, според кој секоја од нив ќе има свој премиер девет месеци. Двете партии постигнаа договор за поделба на власта по минатогодишните избори во обид да стават крај на 2,5-годишната ...
Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ не може да се кандидира на претстојните парламентарни избори и да ја преземе премиерската функција, одлучи денеска Уставниот суд на Хрватска. Претседателот на хрватскиот Уставен суд, Мирослав Шепаровиќ, по средбата, која траеше повеќе од два часа, се обрати до јавноста. – Врз основа на член 125, Уставниот суд објавува предупредување врз основа на изјавата на Зоран Милановиќ дека ќе се кандидира. ...
Романија ја започна изградбата на најголемата европска воена база на НАТО. Трансатлантскиот блок се обидува да ги зајакне своите способности во регионот на Црното Море. Проектот вреден 2,7 милијарди долари ќе ја прошири 57-мата воздухопловна база Михаил Когалничеану на романските воздухопловни сили, лоцирана во близина на пристанишниот град Констанца на Црното Море. Новиот објект ќе има периметар од речиси 32 километри, ќе се простира на околу ...
Колумна на Никола Тасев: Предизборие е. Тргнаа партиите со кампањите. Предвреме, ама па сигурно имаат што да кажат. ПР стратегијата сигурно се „ковала“ цела година. Власта очигледно се определила за црната кампања против опозицијата. Чудна тактика на тамошните експерти. Наместо партијата да се фали со сите работи што ги направи во нејзиниот мандат, таа прави проѕирни штосови, што се разобличуваат веќе по 20 минути по објавувањето. СДСМ треба да ...
Водење на предвремена кампања, отворање на партиски штабови, мобилизација на членството… не се единствени нешта кои што се случуваат во предизборниот период во Македонија. Власта брза и да склопи многи скапи зделки со кои се трошат државни пари. А и нови вработувања се прават во администрацијата. Така, на пример, пред два месеца се распишаа огласи за околу 1.000 вработувања во државни институции и фирми. Државната компанија ЕСМ распиша оглас ...
Се вели дека кучето не е само домашно милениче, туку и член на семејството… А пак, времето минато во игри и галење со куче го намалува нивото на стрес и помага за поголема концентрација, покажува ново истражување објавено во списанието „Плос уан“ (Plos One). Д-р Онијо Јо од Универзитетот на Конкук во Јужна Кореја и неговите колеги проучувале 30 возрасни лица кои носеле електроенцефалографски (ЕЕГ) електроди и изведувале осум активности со куче. ...
Претседателот на Русија, Владимир Путин, ќе го продолжи своето речиси четвртвековно владеење за уште нови шест години мандат. Тоа го покажуваат прелиминарните резултати од гласањето на претседателските избори во земјата кои се спроведуваа изминатите три дена. По преброени околу 80 отсто од гласовите, поддршка за Путин дале 87 отсто од избирачите. Путин ги поздрави резултатите и им се заблагодари на гласачите, велејќи им дека Русите се „еден ...
Фенербахче со 2-3 славеше кај Трабзонспор, нашиот Енис Барди маестрално погоди од слободен удар а по крајот на натпреварот се случија немили сцени, гостинските играчи се пресметуваат со домашните навивачи кои влегоа во терен. Гостите на пауза имаа два гола предност, но Барди во 63-та минута маестрално погоди од слободен удар и ги врати домаќините во игра. Трезеге од пенал изедначи на 2-2, но Батшуаи во финишот од мечот се погрижи Фенербахче да ...
Се поголем број македонски државјани ги користат услугите на меѓународниот аеродром во Тирана, од каде моментно може да се патува на повеќе од 100 дестинации. Тоа го потврдува и бројката од над 10 илјади македонски државјани кои пристигнале или отпатувале кон некоја од многубројните дестинации. -Патувам за Абу Даби, во посета на мои блиски. Летот е директен исто како и за Дубаи, каде сум патувала претходно. Од Скопје не е така, вели дебранка, ...
Македонскиот претставник во четвртфиналето од Европскиот куп во женска конкуренција, Ѓорче Петров претрпе уште еден убедлив пораз (18:37) во реваншот против шпански Елче. Ракометарките на Ѓорче Петров дадоа отпор во првото полувреме кое гостите го добија со 16:10, но во второто Елче целосно доминираше и стигна до убедлив триумф. Најефикасна во редовите на македонскиот тим беше Емилијана Ризоска со четири гола, Ива Божиновска постигна три, додека ...
Екипата на МЗТ Скопје ја оправда улогата фаворит на гости кај Чаир и на крајот славеше со 89:84. Овој меч стартуваше во четвртокот, но беше прекинат поради инцидент на паузата меѓу двете полувремиња. Откако актуелниот шампион се повлече, мечот се одигра неколку дена подоцна, без присуство на навивачи. Во вториот период МЗТ Скопје одигра колку што му беше потребно за победа, 16-та оваа сезона со која го дели првото место со тимот на Работнички. ...
Украина денеска повторно со беспилотни летала ја нападна Русија, каде што се одржуваат претседателски избори на кои се очекува победа на Владимир Путин. Руското Министерство за одбрана соопшти дека во текот на ноќта биле соборени 35 украински беспилотни летала, од кои четири во московскиот регион. Градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин изјави дека нема жртви или материјална штета. Според Министерството за одбрана, уште две беспилотни летала ...
По вчерашната акција во универзитетскиот кампус во Атина, грчката полиција спроведе акција и во солунскиот универзитет „Аристотел“, при што беа уапсени 49 лица и пронајдени се палки, гас маски, шлемови итн. Акцијата била по пријавите за предизвикана штета на библиотеката во изградба, уапсените 49 лица денеска биле изнесени пред јавен обвинител. Во рамките на полициската акција биле пронајдени и одземени 22 палки, 12 гас маски, 11 противпожарни ...
Одѕивот на гласачите на претседателските избори во Руската Федерација е 61,37 отсто заклучно со 09.45 часот по московско време, имајќи го предвид електронското гласање од далечина, изјави Ела Памфилова, претседател на Централната изборна комисија на Руската Федерација. -Што се однесува до излезноста на изборите, заклучно со 09.45 часот, земајќи го предвид електронското гласање од далечина, излезноста беше 61,37%. Во моментов, комисиите за ...
Денеска е Прочка. „Ако сум ти згрешил прости ми…. Простено ти е, од мене и од Бога…“, вака се поздравуваат, но и бараа прошка многу граѓани во Македонија. Сето тоа е длабоко всадена православна традиција. Да се прости нешто е убав човечки чин, исто како и барањето на простување. Што не може да прости македонскиот граѓанин? Ова прашавме утрово неколку аеродромци кои пазареа позади ТЦ “Бисер“. -Во поширокото семејство имаме надворешно лице кое не ...
Селекторот на нашата ракометна репрезентација, Кирил Лазаров даде свое видување за двата пријателски натпревари против Романија кои нашата селекција ги осигра во Браила во рамките на ЕХФ неделата. -Ја искористивме максимално ЕХФ неделата да одиграме два пријателски натпревари со Романија на гостински терен која исто така се подготвува за бараж натпреварот против Чешка во мај. Во недостаток на повеќе од половина стандарден тим, од оправдани ...
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека е подготвен да разговара со рускиот претседател Владимир Путин за предлозите за деескалација на конфликтот во Украина. – Ќе контактирам доколку се јави Путин. Тоа е моја одговорност и ќе ги слушам неговите предлози – рече Макрон и додаде дека улогата на Франција е да биде „нервот на војната“. Според неговите зборови, од една страна, неопходно е да се подигне одбранбената моќ на Киев, но во исто ...
„Искрено верувам дека до крајот на годината ќе почнеме со градбата…“, беше изјавата со која на 6 февруари 2019 година тогашниот министер за здравство Венко Филипче најави капитален проект – нов клинички центар во Скопје. И, еве 5 години подоцна нема ништо на лединката што ја определија за градба. Слично на ова, во 2016 година за само две години се ветуваше и брзата изградба на клиничката болница во Штип. Но, и таму сега, по цели осум години, ...
Mакедонската сениорска ракометна репрезентација од Романија овојпат со резултат 28:24 беше поразена во вториот контролен меч меѓу двете селекции. Романците започнаа фуриозно стекнувајќи позитива од 6:2, ние успеавме да намалиме на 6:4, а нешто подоцна да бидеме и на само „минус еден“ (8:7). Но, по првото полувреме избраниците на селекторот Кирил Лазаров имаа негатива од „минус пет“ (15:10). Црвен картон на стартот од вториот дел доби Кузманоски, ...
Речиси една милијарда луѓе ќе можат да гласаат на општите избори во Индија, кои ќе траат речиси седум недели од 19 април, на кои премиерот Нарендра Моди ќе се обиде да освои трет последователен мандат. Изборите за Долниот дом на Парламентот со 545 места, ќе траат до 1 јуни и се очекува да учествуваат кандидати од над 2.400 политички партии. Индијците ќе гласаат за 543 места во Долниот дом на парламентот, а другите две места во домот ги номинира ...
Вардар испушти можност за голема победа против Шкендија во 24. коло од Првата македонска фудбалска лига. На крај за реми (1-1) меѓу лутите ривали, во колото во кое и Шкупи не успеа да слави против Воска Спорт во Охрид, а победи единствено запишаа Силекс против АП Брера и Македонија ЃП против Тиквеш. „Вардарци“ ја изненадија фаворизираната Шкендија со одлична игра повеќе од 75 минути, па водени од извонредните „Комити“ кои дадоа нескриена ...
Амeриканскиот претседател Џо Бајден повторно упати остри зборови кон рускиот претседател Владимир Путин, нарекувајќи го „диктатор убиец“ и „чист насилник“. Американски медиуми, вклучително и Си-Ен-Ен, ги цитираат зборовите на Бајден кажани на вчерашниот настан по повод посетата на ирскиот премиер Лео Варадкар. На годишниот официјален ручек по повод Денот на Свети Патрик во Капитол, претседателот на САД ја коментираше воената помош за Украина, ...