Градоначалникот на Киев, познатиот боксер Виталиј Кличко, смета дека е направена грешка кога бил сменет главниот на војската на Украина. -Отказот на Валери Залужни беше голема грешка. Мораме да се обединиме околу луѓето кои имаат најголема поддршка – како Залужни, кој има најголем рејтинг на анкетите, изјави Кличко за италијанскиот весник „Ла Република“. Според Кличко, генералот Залужни две години успешно ја бранел ннивната земја од „најголемата ...

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска попладне објави дека парламентот ќе се распушти овој месец и дека земјата ќе оди на избори неколку месеци пред планираниот термин во септември. Според неговата изјава парламентот ќе биде распуштен најдоцна до 22 март. После тоа претседателот на државата треба да ги распише парламентарните избори во рок од 30 до 60 дена. Тоа значи дека најдоцниот термин е кон среднината на мај. Само три недели подоцна, ...

Контролата на италијанскиот пазар покажа дека е пронајден норовирус во производ од Хрватска, објави Европскиот систем за брзо предупредување, за храна и добиточна храна (RASFF). Станува збор за производи од морска храна, односно школки наречени морски тартуфи. Во известувањето од РАСФФ се наведува дека ризикот по здравјето во овој случај е потенцијално сериозен и затоа по увидот во Италија за се ги известиле надлежните во Хрватска. Главните ...

Денеска околу 13 часот, школски автобус полн со деца излетал од патот и завршил во ендек. Со десната страна се потпрел на јавен столб, што спречило да се преврти на страна. Во автобусот имало 20 деца, според полициските извештаи, но во несреќата немаlo потешко повредени, додека на две деца им била укажана помош. Станува збор за полесни повреди, велат надлежните. „Возилото се преврте и слета во ендек покрај коловозот“, потврдуваат од полицијата, ...

Во албанскиот град Кучово денеска ќе биде отворена воздухопловна база на НАТО. Премиерот на Албанија, Еди Рама со објава на својата официјална страница на „Фејсбук“ сподели видео од моментот на склопување на беспилотните летала „Бајрактар“ кои, како што вели, ќе го направат првиот лет на церемонијата на отворање на воздухопловната база. -Добро утро и со неколку моменти од склопувањето на беспилотните летала Бајрактар, кои ќе го направат својот ...

Првиот светски тениски рекет, Србинот Новак Ѓоковиќ денеска почнува уште една недела на лидерската позиција на АТП рејтинг листата. Ова за Ѓоковиќ е 415 недела како е прворангиран, што е негов личен и светски рекорд, кој станува се потешко достижен за играчите во „белиот спорт“. Ѓоковиќ има 9.675 поени, 870 повеќе од второпласираниот Шпанец Карлос Алкараз (8.805). Зад водечката двојка е Италијанецот Јаник Синер (8.270), Данил Медведев (7.715) и ...

„Ракутен“, матичната компанија на „Вибер“, објави дека додава нова функција на популарната апликација. Станува збор за функција наречена „Папки“, која служи за организирање разговори и овозможува категоризација на разговорите во повеќе папки. Ќе можете да креирате до пет папки за разговор и тие ќе се појавуваат како икони во форма на таблети на горниот дел од екранот. Папките може да се преименуваат, како и да ги означат сите разговори во папка ...

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа има пад за шест места на денешното рангирање на ВТА листата. Таа се наоѓа на 241. место со 312 поени или седум помалку од претходната недела. Втората македонска тенисерка која има ранг Магдалена Стоилковска бележи напредок од осум позиции. Таа е рангирана на 1203. место со девет поени. На АТП ранг-листата минимални промени за македонските тенисери. Калин Ивановски оваа недела има скок за едно место и ...

Стартува иницијативата за слободен пристап до пазарот на труд како дел од „Отворен Балкан“. Со ова се отвора можноста граѓаните да може да работат во Албанија или Србија со единствен број за идентификација, без какви било дополнителни процедури. Корисникот треба да креира електронски идентитет на својот национален портал за е-управа, а потоа во неколку чекори да генерира свој ИД број на „Отворен Балкан“. Граѓаните на Србија, пак, својот ИД ...

Колумна на Никола Тасев: Очекував дека пратениците на СДСМ и ДУИ, откако го одбија продолжувањето на рокот за замена на патните исправи, ќе извадат некој џокер од ракав и ќе понудат решение што ќе ги ослободи граѓаните од државниот притвор, што им го наметнаа како последица на грешки што ги направија нивни министри. Си реков – не е можно да немаат решение, огромен е проблемот, сигурно сакаат да одат контра на опозицијата. Затоа и се стрпив ...

Maкедонската фудбалска легенда Горан Пандев по пауза од повеќе од деценија повторно ќе го носи дресот на Интер и тоа во пријателски натпревар на легендите на овој тим против ветераните на Грузија. Натпреварот ќе се игра на 7-ми март во Батуми. Покрај Пандев во овој натпревар ќе учествуваат и останати големи имиња од историјата на Интер како: Фиго, Верон, Матераци, Снајдер, Фреј, Занети…Во ревијалниот натпревар во кој резултатот ќе биде во втор ...

Потпретседателката на Соединетите Американски Држави, Камала Харис, упати досега најжестоки критики за политиката на Израел кон Палестинците. Харис нагласи дека „она што се случува секој ден во Газа е поразително“. – Видовме извештаи за семејства кои јадат лисја и сточна храна. Жени кои раѓаат неухранети бебиња со мала или никаква медицинска нега. Деца кои умираат од неухранетост и дехидрација, изјави Харис синоќа, еден ден пред планираната ...

Германската министерка за надворешни работи, Аналена Баребок, предупреди дека Европската Унија не може да дозволи постоење на „сиви зони“ на европскиот континент кои Русија ќе ги искористи за да го прошири своето влијание и да ги дестабилизира, а особено инсистираше на важноста на Западен Балкан. Баербок денес заминува во посета на БиХ и Црна Гора, а нејзината средба со членовите на Претседателството на БиХ е најавена за вечер во Сараево. – ...

Само триесетина дена до почетокот на изборната кампања за првиот круг на претседателските избори на 4 април, односно, педесетина до денот на гласањето, а тука некаде се и парламентарните избори, е период во кој власта сака набрзинка да носи одлука за гасната централа која ќе ја даде на странци. Нормално ли е на самиот крај од мандатот да правиш зделки тешки стотици милиони евра? Власта за жал покажува дека нема намера да се премисли во намерата. ...

По поразот од Воска Спорт, освојувачот на купот, Македонија Ѓорче Петров се раздели со тренерот Тони Џангаровски, и на негово место го ангажира Бобан Грнчаров. Грнчаров (41) имаше богата играчка кариера, но како тренер работеше само во Вардар. Сега го очекува тешка задача да избори опстанок со Македонија ЃП. Денеска би требало Грнчаров да стави потпис на договорот со екипата од Ѓорче Петров, како трет тренер на екипата сезонава! На почетокот ...

Неканонското укинување на Охридската Архиепископија во 1767 година од тогашниот турски султан Мустафа Трети, по барање на Цариградската патријаршија, бил тежок удар за македонскиот народ. Но, стремежите и борбата за нејзиното возобновување меѓу православните христијани од македонските краишта никогаш не згаснале. Генераци и генерации македонски револуционери, просветители и духовници работеа и се бореа за тоа во тогашните тешки општествени ...

Женската репрезентација на Македонија го загуби и вториот меч против Шпанија во квалификациите за Европското првенство кое е на програмата оваа година во месец ноември и декемеври во Австрија, Унгарија и Швајцарија. Нашата селекција денеска се прикажа во подобро светло, издание од првиот дуел во Скопје (31:19), но и тоа не се покажа како доволно за позитивен резултат, односно само го поправивме впечатокот со пораз од 24:20. Избраничките на ...

Собранието на град Белград денеска не беше конституирано, откако претседавачот Тома Фила констатираше дека повторно нема кворум и дека е истечен рокот за формирање власт во главниот град на Србија, со што се создадени услови да се распишат нови избори, јави дописникот на МИА од Белград. -Како што и ви кажав – избори, рече Фила и ја заврши седницата. Во салата немаше одборници на власта и опозицијата. Ова беше трет обид за конституирање на ...

Победник на неделата, се разбира, повторно беше биткоинот, кој доби 20 проценти и непречено ја премина границата од 60.000 долари. Приливот во новоотворените американски ETF-ови за цени на биткоин се во пораст, надминувајќи 1 милијарда долари за два дена. Или, како што рече извршниот директор на Grayscale, моментално постои „ненаситна побарувачка“ за овие ETF. Во едно неодамнешно интервју, основачот на Chainlink, Сергеј Назаров, изјави дека ...

Македонските ракометарки пред мечот со Шпанија на вториот дуел од двомечот со „црвената фурија“ во рамките од квалификациите за ЕП 2024, за кој нашата национална селекција ќе биде ослабена поради неиграње на две искусни ракометарки. Станува збор за десниот бек Елена Ѓоргиевска и за крилото Јована Саздовска, кои воопшто не отпатуваа со репрезентацијата за Шпанија, па се очекува селекторот Грчевски на дуелот со фаворитот да им даде шанса на некои ...

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп победи =во Мичиген и Мисури, со што e уште поблиску до републиканската номинација за претседателските избори во ноември. Во двете држави, Трамп ja победи Ники Хејли, неговaта последна преостаната ривалка за републиканската претседателска номинација, приближувајќи се до номинацијата на неговата партија и веројатниот претседателски реванш со демократскиот претседател Џо Бајден. Во Мичиген, Трамп ја ...

Колумна на Заге Филипоски: Нормализација на девијацијата! Сага за нашиот театар, родителите и конформизмот Во импровизираниот детски театар дечињата веќе си седеа во првиот ред. Ана Марија се стрча и си седна во вториот ред, си ги стави рачињата на коленцата, го исправи грбот и си седеше достоинствено и гордо. Умесно си чекаше, во театар се молчи, се гледа претставата и се ужива. Така ја воспита мама. Тука имаше многу другарчиња, а тука беа и ...

Брачна двојка од Нови Сад која синоќа се самоуби скокајќи од зграда, претходно си ги убила сопствените деца на возраст од 1 и 3 години, јавуваат српските медиуми. Како што дознаваме, во куќа во Петроварадин биле пронајдени тела на момче (1) и девојче (3). Идентификувани се врз основа на отпечатоци од прсти. Во моментов полицијата е на лице место и врши увид, по што ќе се знае како се случило злосторството. Двојното самоубиство кое синоќа го ...

Претседателството на Српската напредна партија (СНС) на денешната седница донесе одлука за одржување нови избори во Белград. Тоа значи дека белграѓани повторно ќе излезат на гласање, каде ќе ги изберат своите претставници во Собранието на град Белград, потврдија за „Танјуг“. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, претходно денеска изјави дека одлуката за нив ја носи Претседателството на СНС, но и дека има совети за нив на таа тема. -Но, ...

Западот очекува признавање на Косово, санкции за Русија и став против Кина, сакаат да постават марионетски режим во Србија. Ова го истакна претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, кој денеска им се обрати на граѓаните. -Притисокот врз Албанците нема да биде поголем, туку врз српскиот народ и Србија. Од нас се очекуваат три работи. Ќе бараат де факто или де јуре признавање на Косово, откажување од Република Српска, воведување санкции ...

Професорката на Правниот факултет при УКИМ Каролина Ристова – Астеруд одговара на 10 прашања надвор од образованието, од политиката… 1.Три најсреќни моменти во животот? – Првото самостојно патување во странство на неполни 16 години возраст (Лондон), кога станав мајка, и за време на семејната патувачка авантура во Австралија. 2.Три работи за кои се каете што сте ги направиле? – Претеран перфекционизам во низа работни проекти; не го искачив Олимп ...

Приоритет за Бугарија и Турција останува визијата за проширување на трговско-економската соработка и поврзаност, изјави претседателот на Бугарија, Румен Радев по средбата со неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган. Двајцата разговараа во Анталија, каде Радев учествуваше на дипломатски форум на покана на Ердоган: -Го поканив претседателот на Турција да ја посети Бугарија и се надевам дека тоа ќе се случи оваа година, но зависи, се разбира, ...

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави денеска дека нема да прифати каква било одлука која би вовлекла германски војници во војната во Украина. – Нема да поддржам ниту една одлука што резултира со тоа германски војници на некој начин да бидат вклучени во воена операција во врска со војната на Русија против Украина, рече Шолц. „Политико“ претходно денеска објави дека британските официјални претставници приватно ја критикувале Германија поради ...

Тренерот на кошаркарите на Партизан, Жељко Обрадовиќ, најави дека белградскиот тим е последен што го предводи во својата импозантна кариера. – Горд сум и среќен што сум тренер на Партизан. Немам дилеми каква ќе биде мојата иднина, рече Обрадовиќ на прес – конференција во Белград, по синоќешниот триумф на „црно – белите“ над Ефес од 100-90 во рамки на 27 коло во Евролигата. Навивачите на Партизан му приредија величествен пречек на Обрадовиќ пред ...

Француската полиција уапси 66 лица во Париз кога земјоделците ненајавено ја блокираа Триумфалната капија со сено и трактори. Земјоделците со трактори околу 6 часот по локално време стигнаа до споменикот на познатата авенија Елисејска полиња, соопшти полицијата. Сообраќајот кратко време беше во прекин. Медиумите објавија дека демонстрациите почнале в зори во подножјето на Триумфалната капија и завршиле околу 9.40 часот. Во парискиот регион ...

weather icon

Скопје

33ᴼ / 33ᴼ
5.14
27%
1011
weather icon

Белград

32ᴼ / 31ᴼ
5.66
39%
1012
weather icon

Загреб

33ᴼ / 32ᴼ
2.57
37%
1014
weather icon

Софија

29ᴼ / 29ᴼ
2.06
35%
1012
weather icon

Сараево

33ᴼ / 33ᴼ
1.18
27%
1009
weather icon

Љубљана

31ᴼ / 31ᴼ
3.09
42%
1015
weather icon

Атина

31ᴼ / 30ᴼ
4.92
35%
1011
weather icon

Тирана

29ᴼ / 29ᴼ
4.63
39%
1013
weather icon

Подгорица

33ᴼ / 33ᴼ
4.63
31%
1013
weather icon

Букурешт

32ᴼ / 29ᴼ
3.6
35%
1011
weather icon

Будимпешта

30ᴼ / 28ᴼ
6.69
19%
1014
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 25ᴼ
2.57
53%
1012
Currency

61.535

Currency

52.4284

Currency

71.8905

Currency

34.3076

Currency

38.3727

Currency

65.7914

Currency

7.31617

Currency

0.66869

Currency

0.36412

Currency

0.52517

Currency

1.31935

Currency

0.61274

Алуминиум

2.58

Иридиум

142132.66

Кобалт

42.99

Никел

15026.50

Рутениум

21637.45

Калај

34.16

Сребро

1156.75

Злато

105595.08

Бакар

10.15

Паладиум

35623.03

Платина

42792.69

Родиум

176025.34

Цинк

2.75