Приказната за ЕУ и „датумот“ кој Македонија го чека со децении уште трае. Евробирократите понекогаш ни прераскажуваат делови од сказната – сигурно ќе влезете во Унијата, а почесто ни повторуваат дека треба ова и ова и ова да го извршите, направите, смените… Некогаш во четивото додаваат и дека треба да затнеме нос и да голтнеме нешто што не било правично… Во таквата приказна, високи функционери од Брисел раскажуваат дека „ЕУ е градина“, а додека ...

– Русија се уште е во состојба на борбена готовност и е целосно подготвена за нуклеарна војна, но во моментов нема брзање кон неа, изјави синоќа рускиот претседател Владимир Путин. Во интервју за руските државни медиуми, Путин, кој на 24 февруари 2022 година почна сеопфатна инвазија врз Украина и речиси сигурно ќе победи на претседателските избори од 15 до 17 март, во интервуто кажа дека Русија ќе биде подготвена да употреби нуклеарно оружје ...

Нискобуџетната авиокомпанија Wizz Air ги изненади патниците на почетокот на овој месец кога воведе иновативна опција за лет до непозната дестинација за сите оние кои сакаат авантура. Оваа единствена понуда им овозможува на патниците да се впуштат во неистражени патувачки авантури, не знаејќи однапред каде ќе ги одведе патувањето. Патниците кои ќе се одлучат за оваа опција добиваат билет на кој е наведено само местото на поаѓање, но не и ...

Министерството за внатрешни работи на Србија (МВР) денеска ги повика граѓаните да не отвораат линкови во СМС или е-маил пораки кои бараат од нив да ги „ажурираат“ личните податоци поради наводна испорака или плаќање и да не стапуваат во комуникација со испраќачите на такви пораки. -Станува збор за „фишинг“ пораки чија цел е кражба на лични и чувствителни податоци за да се добие противправна имотна корист, соопшти МВР на социјалните мрежи. Пример ...

Помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија Габриел Ескобар изјави дека основната причина за неговата посета на Приштина е да нагласи дека нема алтернатива за дијалогот со Србија, кој се одвива под покровителство на Европската унија и оти треба да се разговара за начините за изнаоѓање решение за некоординираната одлука на Приштина за укинување на динарите. Ескобар, кој во моментов престојува во Брисел, утре ќе ја посети Приштина. ...

Црна Гора ќе го следи примерот на другите држави од ЕУ и на Швајцарија и ќе овозможува влез на нејзина територија на македонски граѓани кои имаат пасоши со старото име Република Македонија доколку тие се валидни. Ова денеска го соопшти Бујар Османи, министер за надворешни работи кој рече дека такво известување е добиено од Црна Гора. Информацијата Османи ја сподели денеска на прес-конференција и рече дека претходно разговарал со својот ...

Образованието во Македонија е во хаос. Опозицијата ветува дека ќе го средувала кога ќе дојде на власт. Подобрување на образовните политики, за 50 проценти поголеми плати за наставниот кадар кој конкретно се занимава со наука, прилагодување на наставните програми, градинките да се вратат под надлежност на Министерството за образование, 1 отсто од БДП за наука… Ова се само дел од промените кои во сферата на образованието планира да ги прави ...

Колумна на Владимир Величковски: Пролетното време е (нездраво во зима) кое благо, и за кратко ги ублажуваат сите предизборни тегобности и неизвесности (со разни лаги и нови пазарења и манипулации), особено (ништо чудно) најавениот „ценовен шок“ во време на преполни маркети и молови (уште едно зло за градот). Има сиромашни, кои одвај врзуваат крај со крај, но има и збогатени (сит на гладен не му верува, како и здрав на болен) кои купуваат и по ...

Има многу „сили“ кои сакаат да ја фалсификуваат историјата и со тоа да добијат поени за остварување на некои си свои цели. Тоа е ужасна активност против вистината, ама ете навистина се случува. Македонската историја често трпи такви подли обиди од дел од соседите. Пред се, на македонските историчари и политичари останува да ја бранат вистината од разните подмолни атаци. Синоќа претседателот Стево Пендаровски истакна: „Да не се дозволи ...

Во Белград денеска ќе се одбележи 21-годишнината од убиството на српскиот премиер и поранешен лидер на Демократската партија (ДС) Зоран Ѓинѓиќ. Венци утринава беа положени во дворот на владата, на местото каде Ѓинѓиќ беше убиен. По повод годишнината од убиството, организацијата „Нов оптимизам“ во 12 часот ќе одржи трибина „Истрел во иднината на Србија – каде сме 21 година подоцна“, а Демократската партија во 19 часот ќе одржи трибина „Србија ...

Надјдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ, сензационално испадна од Мастерс турнирот во Индијан Велс, откако е поразен од 123-тиот тенисер на АТП листата, Лука Нарди од Италија. За да биде сензацијата уште поголема, Нарди на главниот турнир влезе како „среќен губитник“, откако беше поразен во квалификациите од Гофин, но сепак се најде во главниот ждреп. Италијанецот победи со 2-1 во сетови, 6-3, 3-6 и 6-4, откако едноставно беше подобар на ...

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска соопшти дека не се согласува со коментарите на папата Франциско дека Украина „треба да има храброст на белото знаме“ за да преговара со Русија за завршување на војната и рече дека на Киев му е потребна воена поддршка. – Ако сакаме да дојдеме до мировно решение преку преговори, тоа може да се постигне само со воена поддршка на Украина. Не е време да се зборува за предавање на Украинците. Тоа ...

Босна и Херцеговина ќе добие зелено светло за почеток на преговорите за влез во ЕУ, а Европската комисија треба да ја објави таа вест во вторник, со што ќе се отвори патот земјата конечно да стане членка на Унијата, пишува Политико. ЕУ ѝ додели на Босна и Херцеговина кандидатски статус во декември 2022 година, пренесува „Н1“. Европската комисија сега ќе ѝ даде на таа земја позитивна препорака за почеток на официјалните пристапни преговори, ...

Колумна на Никола Тасев: Целото внимание во Македонија е свртено кон изборите. Партиите ветуваат, ветуваат, па малку подметнуваат на својот противник, па анкети прават дека ќе победат, па… А граѓаните трпат, трпат и чекаат да дојде денот па да им кажат на политичарите колку им се верува на она што досега го сработиле… Чекаат и да дојде време да се почне со посериозна работа, оти со ова изборите отиде јабана и оваа година. Токму заради тоа, лани, ...

Продолжува голготата на една третина од македонското население кое нема пасош со омилениот збор на власта – „северна“. Ама, пак, друг голем проблем за многуте македонски граѓани се реши минатата недела. Имено, се направи преседан, се дозволи гласање со истечени лични карти или пасоши, но само на оние чија важност истекла во периодот од девет месеци до денот на одржување на изборите. Треба ли да им кажеме браво на властите? Мнозинството на ДУИ и ...

Најмалку 50 луѓе се повредени во инцидент на авион на „ЛАТАМ Ерлајнс“ од Сиднеј до Оукленд. За време на летот за појавил технички проблем кој предизвикал нагло паѓање на леталото, јавуваат локални медиуми. При пристигнувањето во Оукленд, околу 50 луѓе биле прегледани од 14 единици на итната медицинска служба и им била укажана помош. Едно од лицата било во тешка состојба, а останатите биле со умерени или полесни повреди. Од итната медицинска ...

Биографскиот блокбастер „Опенхајмер“ на Кристофер Нолан е филмот што триумфира на овогодинешните „Оскари“ со седум награди од вкупно 13 номинации. „Опенхајмер“, на годинашното 96-то доделување „Оскари“, ги доби признанијата за најдобар филм, машка главна улога (Килијан Марфи), машка споредна улога (Роберт Дауни Џуниор), режисер (Кристофер Нолан), како и најдобра кинематографија, монтажа и филмска музика. Статуетките за главна и споредна женска ...

Трансфер на лето на македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски од Рајо Валјекано во Валенсија најави шпанскиот весник „АС“. Според овој медиум, наводно, македонскиот репрезентативен голман веќе се договорил и потпишал преддоговор со екипата на Валенсија. „АС“ тврди дека Македонецот нема да добие нов договор од првиот човек на клубот Рајо Валјекано, што му ја отвора вратата за голем трансфер на лето. Според сознанијата на весникот, ...

Алкалоид беше тимот кој лани го остави Вардар без шанси да се бори за титулата, па „црвено-црните“ имаа голем мотив на денешното гостување во Автокоманда, на кое одиграа вонсериско и перфектно прво полувреме. Избраниците на Владо Недановски беа максимално инспирирани и во првите 30 минути беа за две класи подобри од домаќините предводени од Кирил Лазаров, па резултатот 8:16 најдобро опишува што се случуваше на теренот во тој период. Алкалоид го ...

Повторени локални избори во Белград ќе се одржат на 2 јуни, најави вчера српскиот претседател Александар Вучиќ, по обвинувањата за измама на изборите одржани во декември 2023 година. -Изборите во Белград ќе се одржат на 2 јуни, додека сите други избори ќе бидат во согласност со законските и уставните рокови, рече Вучиќ на прес-конференцијата. Српската напредна партија (СНС) на претседателот Вучиќ прогласи победа на парламентарните и локалните ...

Ракометарките на шампионот Ѓорче Петров загубија на првиот четвртфинален меч од Европскиот Куп против Елче во Шпанија со убедливи 36:21. Високиот пораз им остава малку надежи на нашите ракометарки за реваншот следната недела. Првото полувреме домашните ракометарки го добија со 14.10, но во вториот дел тотално доминираа и ја направија разликата за убедлива победа. Најефикасна во Ѓорче Петров беше Марија Јанкуловска со пет погодоци, а Анастасија ...

Четири возила се запалени до пепел, а на три има сериозна материјална штета по инцидентите што се случија во текот на ноќта пред универзитетскиот кампус во Зограф во Атина, Грција. Нешто по 01:00 часот, група од 20-тина лица со качулки излегла од просторот на Универзитетот каде во тој момент се одржувала забава и запалиле седум автомобили паркирани на околните улици. Потоа со молотови коктели и камења ги нападнале полицајците кои го набљудувале ...

Познатиот писател, драматург и колумнист Братислав Димитров одговара на 10 прашања надвор од драматургијата, политиката… 1. Три најсреќни моменти во животот? – Кога се оженив без стројници, кога ми се родија синовите Иван и Димитар и внукот Марко. Зошто четири моменти? Абе вие ергени сте? П.С. Сопругата му вели на сопругот: „Ја виде ли сосетката каков фустан носи?“ Сопругот: „Да не сакаш да ти купам ист таков?“ Сопругата: „Па тоа е поефтино ...

Пред 9 години СДСМ како опозиција ги поддржуваше граѓанските протести, „гушкањето на ГТЦ“ за да не се реновира објектот во барок стил. Ветуваа враќање на сјајот на трговскиот… И, го сопреа обидот на тогашната власт за реновирање. Но, кога социјалдемократите дојдоа на власт не дојде и враќањето на сјајот на ГТЦ. Напротив… Скопје има неколку симболи. Скоро сите се во загрижувачка состојба. Скопското Кале е оставено само на себе, Камениот мост е ...

Еден од најдобрите македонски спортисти во историјата, Дејан Георгиевски не успеа да обезбеди норма за пласман на Летните олимписки игри во Париз, откако денеска беше елиминиран во четвртфиналето на европските квалификации во Софија. Нашиот таеквондист загуби во четвртфиналето од белорускиот репрезентативец Плонес со 1-2. Сребрениот медал на Георгиевски од Токио засега ќе остане најголемиот успех, а македонскиот репрезентативец ќе чека шанса во ...

Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган синоќа најави повлекување од политичкиот живот. Тој наведе дека локалните избори во Турција што треба да се одржат на 31 март ќе бидат негови „последни“. – Изборите на 31 март ќе ми бидат последни во согласност со законот. Нивниот резултат ќе биде пренесување на довербата на моите браќа кои ќе дојдат по мене, посочи Ердоган. Ердоган политичката кариера ја почна како градоначалник на Истанбул во ...

Околу 50 дена од почетокот на изборните кампањи за претседателските и парламентарните избори. Но, тие веќе како да се започнати, всушност, како да се интензивира оти кампања се праваше и во изминативе месеци. Наместо политичарите, особено оние од власта, да работат нешто за доброто на Македонија, се повеќе се оди на ненакви си настани и од таму се слушаат ветувањата, се кажува како „ќе се се направи ова и она“, колку пари ќе се дадат за ...

Грчките студенти фрлаа молотови коктели врз полицијата која одговори со солзавец во центарот на Атина, неколку часа пред очекувањата парламентот да го усвои законот со кој им се дозволува на странските приватни универзитети да основаат филијали во земјата. Илјадници студенти со недели мирно протестираат против образовната реформа за која тврдат дека ќе ја намали вредноста на дипломите заработени на државните универзитети, но некои повеќе не ...

Сите партии ветуваа фер, демократска и аргументирана изборна кампања. Ама ако се гледа од сегашното предизборие… изгледа многу малку од тоа ќе видиме. Почнаа партиите ептен со сите средства да се служат само за да го дисквалификуваат политичкиот противник. Па така, македонската јавност веќе два дена е сведок на меѓупартиската пресметка меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ околу објавените фотографии и средби на бугарски европратеник (негатор на македонството) ...

Веќе два – три дена секое ќоше од плоштадот позади ТЦ „Бисер“ во Аеродром е пополнето со некој продавач на цвеќе. Тоа е разбирливо – денеска се одбележува Меѓународниот ден на жената – 8 Март. Разните бои на миризливите цвеќиња ќе го разубавуваат празничниот ден на македонската жена. Ќе добијат внимание, ќе им се ласка, ќе… А како е останатите денови? Ова прашање се поставува секоја година на денешен ден и скоро секогаш одговорот е сличен – иако ...

weather icon

Скопје

35ᴼ / 35ᴼ
5.66
26%
1011
weather icon

Белград

35ᴼ / 33ᴼ
7.72
31%
1012
weather icon

Загреб

35ᴼ / 33ᴼ
2.06
34%
1015
weather icon

Софија

29ᴼ / 29ᴼ
4.63
35%
1013
weather icon

Сараево

33ᴼ / 33ᴼ
1.89
26%
1010
weather icon

Љубљана

34ᴼ / 33ᴼ
2.06
38%
1015
weather icon

Атина

32ᴼ / 31ᴼ
5.66
34%
1011
weather icon

Тирана

31ᴼ / 31ᴼ
5.66
40%
1013
weather icon

Подгорица

34ᴼ / 34ᴼ
5.66
29%
1012
weather icon

Букурешт

32ᴼ / 30ᴼ
1.54
36%
1011
weather icon

Будимпешта

33ᴼ / 31ᴼ
8.23
21%
1014
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 26ᴼ
3.09
50%
1012
Currency

61.535

Currency

52.5197

Currency

71.8905

Currency

34.3076

Currency

38.3727

Currency

65.7914

Currency

7.31617

Currency

0.66869

Currency

0.36412

Currency

0.52517

Currency

1.31935

Currency

0.61274

Алуминиум

2.58

Иридиум

142132.66

Кобалт

42.99

Никел

15026.50

Рутениум

21637.45

Калај

34.16

Сребро

1156.75

Злато

105595.08

Бакар

10.15

Паладиум

35623.03

Платина

42792.69

Родиум

176025.34

Цинк

2.75