Сите ние да го воспееме божествениот и верен Методија, и со љубов да го прославиме како велик пастир на Словените, и чесен служител на Света Троица, и прогонител на ересите, бидејќи за сите нас се моли непрестајно…, вака гласи дел од текстот кој денеска се чита по македонските цркви во слава на големиот сесловенски просветител Свети Методиј Солунски. Денеска се одбележуваат 1.139 години од неговото упокоение на 19 април 885 година во градот ...

Телескопот „Џејмс Веб“ успеа да ја фотографира најдалечната позната галаксија. Галаксијата наречена JADES-GS-z14-0 е откриена само 290 милиони години по големата експлозија, во зората на универзумот. Претходниот рекорд на телескопот беше галаксија видена 325 милиони години по големата експлозија, која се случи пред речиси 14 милијарди години. „Ново набљудуваната“ галаксија, и моментално најоддалечената, е многу посветла од очекуваното, што ...

Младата репрезентација на Македонија до 21 години во интересен и возбудлив контролен натпревар вчера оствари триумф од 2:1 над силната селекција на Полска. Избраниците на селекторот Драги Канатларовски уште еднаш докажаа дека може да се носат со силните и моќни репрезентации, како што беше и вчерашниот противник. Марио Илиевски во 44. минута ја донесе Македонија во предност од 1:0. На самиот старт на вториот дел, Лука Станковски стрела прецизно ...

Сондата лансирана од Кина на почетокот на мај слета на далечната страна на Месечината за да собере примероци. Сондата Chang’e 6, која полета од Центарот за вселенско лансирање Венчанг на тропскиот остров Хаинан, слета како што беше планирано во огромниот басен на Јужниот Пол-Аиткен, еден од најголемите познати кратери од удар во Сончевиот систем. Новинската агенција „Ксинхуа“ пренесе соопштение од кинеската вселенска администрација. Оваа ...

Во синоќешната спектакуларна завршница на финалето на Лигата на шампоните Реал Мадрид ја победи Борусија Дортмунд со 2:0 и по 15.пат во клупската историја се искачија на европскиот трон. На „Вембли“, Дани Карвахал и Винисиус Жуниор со головите во 74. и 83. минута го обезбедија 15-от пехар. Борусија доминираше на почетокот на натпреварот и во текот на првото полувреме во кое Реал Мадрид пружи бледа игра, како да се чуваше за второт полувреме. ...

Во Германија денеска стапија во сила новите правила во врска со визите за квалификувани работници од земји надвор од Европската унија, кои овозможуваат влез во земјата и барање работа до една година, под услов да се исполнат одредени критериуми. -Друг елемент од правилата што ќе стапат во сила од денеска во Германија е проширувањето на прописите за државјаните на земјите од Западен Балкан, соопшти германското МВР. Според ова правило, ...

Одбојкарската репрезентација на Македонија, по поразот од Белгија, синоќа доживеа нов пораз во Европската златна лига и тоа повторно во пет сета, овој пат на турнирот во Осиек против домашната Хрватска која беше подобра со 3-2 (33-31, 17-25, 27-29, 25-21 и 15-12) Првиот сет донесе вистински маратон во кој за нијанса подобри беа Хрватите кои успеаја да го добијат со 33-31. Во наредните два „спартанците“ беа подобри со 25-17 и 29-27 со што го ...

Данецот со македонско потекло, Андреас Трајковски доби можност да ја претставува Македонија на Европското првенство во 2024 година во Рима и така ќе стане првиот натпреварувач во историјата на Македонија во оваа дисциплина на големите атлетски натпреварувања. Трајковски се најде ан 25. место на ранг листата во скок во далечина и така со ранкингот обезбеди место овој континентален собир. Претходно Дарио Ивановски со остварена норма избори ...

До јули оваа година, сите земји од Европската унија мора да ги укинат отстранливите капачиња на пластичните шишиња до три литри и да ги заменат со неотстранливи, што е дел од директивата на ЕУ објавена во 2018 година, која има за цел да го намали количеството пластичен отпад. . Капачињата од пластичните шишиња се одвоени и често завршуваат на несоодветни места во околината, без да се рециклираат, а истражувањата проценуваат дека производството ...

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп е прогласен за виновен по сите 34 точки од обвинението за фалсификување деловни досиеја, објави вчера 12-члена порота во судот на Менхетн. Се работи за случајот во кој Трамп имал за цел да го прикрие поткупот што ѝ го исплатил на поранешната ѕвезда во филмови за возрасни Сторми Даниелс, непосредно пред претседателските избори во 2016 година. Со ова, Трамп стана првиот американски претседател кој ...

Советот на Европската унија во четврток одлучи да потпише договор со Србија за оперативни активности со Европската агенција за гранична и крајбрежна стража (Фронтекс), што ќе го замени договорот за статусот кој сега е на сила. Договорот ќе овозможи организирање на заеднички операции на Фронтекс и српската гранична служба, распоредување на тимови на Фронтекс за управување со границите во Србија. Исто така, ќе и овозможи на Фронтекс да и помогне ...

Македонската ракометна репрезентација ги доби ривалите за Светското првенство кое на почетокот на следната година ќе се игра во три држави. Македонија беше извлечена во група со Унгарија, Холандија и Гвинеја, а мечевите ќе се играат во Вараждин, Хрватска. Селекторот Кирил Лазаров веднаш се присети на настапот на Македонија на СП 2009 година, кога на Мундијалот нашата репрезентација заврши на 11-тото место, а Вараждин беше градот од каде што ...

Во недела, на 2 јуни, ќе се одржат локални избори во 90 градови и општини во Србија, меѓу кои Белград, Нови Сад и Ниш. Предизборниот молк пред локалните избори во Србија почнува на полноќ и ќе трае до затворање на гласачките места на 2 јуни во 20 часот, јави Бета. Во тој период, на медиумите и јавните собири им е забрането да презентираат кандидати и партиски програми, да ги повикуваат гласачите да гласаат и да објавуваат оценки за изборните ...

Светската здравствена организација (СЗО) предупредува на нагло зголемување на случаите на сипаници, а бројот во 2024 година би можел да го надмине исто така високото ниво од 2023 година. Според последните податоци, во првите три месеци официјално биле пријавени 56.634 случаи на сипаници, вклучително и во 45 од 53 земји од Европскиот регион на СЗО. Во 2023 година биле пријавени вкупно 61.070 случаи – повеќе од половина од пациентите биле ...

Температура од 52,3 степени Целзиусови е забележана во Њу Делхи, главниот град на Индија, што е температурен рекорд за целата земја, соопшти метеоролошката служба. Рекордна температура денеска ја регистрира индиската метеоролошка служба во Мунгешпур, предградие на Њу Делхи, соборувајќи го претходниот национален рекорд регистриран во пустината Раџастан за повеќе од еден степен Целзиусови. Во Њу Делхи, претходно денеска беше објавено дека во ...

Триесет и деветгодишна жена ја избодела својата свекрва (67) неколкупати со нож, синоќа во селото Дубионица, во српската општина Сјеница. Како што пишуваат српските медиуми, снаата брутално ја убила својата свекрва, а сцената на местото на настанот беше опишана како застрашувачка. Полицијата соопшти дека несреќната жена починала од повеќето убоди. Инцидентот се случил во семеен дом, а случајот бил пријавен кај надлежните. Според пренесените ...

На денешен ден во 1991 година, фудбалскиот клуб Црвена звезда го освои најзначајниот трофеј во богатата историја. Во финалето на во тогашниот Куп на шампионите, Црвена звезда го совлада Олимпик Марсеј со 5:3 по изведување пенали. Дел од таа шампионска генерација беа Македонците, Дарко Панчев и Илија Најдовски. Натпреварот се играше во Бари, а бидејќи во регуларните 90 минути немаше голови, се играа продолженија. Во дополнителните 30 минути ...

Македонскиот интернационалец Андреј Јакимовски оостанува уште една сезона во НЦАА со тоа што по четири години на Вашингтон Стејт, сега ќе биде член на Универзитетот Колорадо. Веќе в петок тој се враќа во САД каде ќе работи следните два месеца со цел што поподготвен да ја дочека новата сезона. Неговиот ангажман можеби најмногу ќе ја погоди репрезентацијата на која ѝ е потребен во продолжение од квалификациите за Европското првенство. Сепак, ...

Возачот на патничко возило загина утрово во судир со автобус во близина на Младеновац, а 30 луѓе се донесени во итниот центар, според Танјуг. Директниот судир на автобусот и теренскиот автомобил се случил околу 5:40 на патот Мали Ватревац – Младеновац до рампата на патарината, а во несреќата учествувале и џип и автобус на линија 493. Повредените се транспортирани во ургентен центар од амбулантни возила и приватни автомобили. Повеќето патници се ...

Македонската сениорска фудбалска репрезентација ќе одигра две пријателски средби во наредниот период, два натпревари на гостински терен против Хрватска и Чешка. Тоа се две квалитетни селекции, два тима со играчи од најдобрите лиги на светот и ќе бидат тестови кои ќе бидат добредојдени за избраницита на Благоја Милевски. Еден од најдобрите наши играчи во овој состав дефинитивно е напаѓачот Бојан Миовски кој верува дека ќе имаме што да покажеме ...

Фудбалерите на Динамо Загреб и оваа сезона ги собраа сите трофеи во Хрватска. Откако на почетокот на сезоната го освоија Супер купот, финишот го зачинија со трофеите во првенството и националниот Куп. Еден од најстандардните во тимот на Динамо беше поранешниот македонски репрезентативец, Стефан Ристовски. Десниот бек за она што го прикажа сезонава е избран во идеалниот тим на сезоната во Хрватска. Инаку, Ристовски во Динамо дојде од Спортинг ...

Речиси 300.000 Американци во седум сојузни држави останаа без електрична енергија од вчера поради торнада и разорни грмотевици. Во текот на викендот, 23 лица загинаа во големите бури, а синоптичарите велат дека се можни повеќе, придружени со силен ветер, град и поројни поплави. Во утринските часови, обилен дожд се очекува да го погоди источниот брег, вклучувајќи делови од Њујорк, Пенсилванија, Њу Џерси и Мериленд, соопшти Националната ...

Голманот Васил Гогов уште две сезони, до јуни 2026 година, ќе го носи дресот на Ракометнот клуб (РК) Вардар 1961. Гогов од 2019 година е дел од Вардар, секоја сезона се повеќе напредува и се наметнува со својот квалитет, па клупскиот менаџмент верува дека тој ќе биде „факторот Х“ во иднина и ќе биде уште подобар. Гогов има искуство од играње во Лигата на шампиони (ЛШ) и во СЕХА лигата. Со Вардар ја освојуваше титулата во домашното првенство, ...

Четиригодишно дете паднало во казан со гулаш во неделата на манифестацијата „Гулашијада“ во Баранда. Со брзата реакција на полицијата тоа било извлечено и пренесено на Универзитетската клиника во Тиршова, каде според последните информации се наоѓа на интензивна нега и е надвор од животна опасност, пренесуваат медиумите во регионот. Несреќата се случила кога детето возело велосипед по тротоарите, во придружба на неговата баба, и удрило во дрвен ...

Од сабота, 1-ви јуни, стапува на сила третата фаза од германскиот закон чија цел е привлекување странска квалификувана работна сила која ќе донесе бројни придобивки за граѓаните од Западен Балкан, а пред се двојна квота на работници од регионот кои ќе можат полесно да се вработат во Германија. Минатата година германската влада воведе закон за имиграција на квалификувани работници (ФЕГ), чиишто одредби постепено стапуваат на сила. Всушност, ...

Косово доби статус на придружна членка во Парламентарното собрание на НАТО на состанокот на Собранието во Софија, Бугарија. Мнозинството земји-членки ја поддржаа оваа одлука, 14 беа воздржани, а само Унгарија гласаше против, јавуваат медиумите во Приштина. Одлуката денеска, 27 мај, ја донесе Парламентарното собрание на НАТО, соопшти претставникот на движењето Самоопределување, Дритон Хисени. -Напредокот на статусот доаѓа по неколкугодишна ...

Во првиот квартал од 2024 година од Германија биле депортирани 483 македонски граѓани, а во текот на целата измината година 1.177, објави германскиот весник „Ноје Оснабрикер Цајтунг“. Во статијата се наведува дека бројот на депортирани лица од Германија годинава е значително поголем од лани, па така во првиот квартал од 2024 година бројот на депортации е зголемен за една третина. Според податоците на германската влада, од јануари до март ...

Голема санта мраз се одвои од ледената покривка Брунт на Антарктикот, објави истражувачката организација British Antarctic Survey (BAS). Ледениот брег од 380 квадратни километри се откина во понеделникот, неколку недели откако се отвори пукнатина од 14 километри во мразот Ова е трето вакво одвојување на огромно парче мраз од глечер или од ледена маса во регионот во последните четири години. На социјалната мрежа Х беше објавено дека сантата е со ...

Фудбалерите на Вардар и наредната сезона ќе се натпреваруваат во Првата македонска фудбаска лига. Попладнево на стадионот „Младост“ во Струмица, славеа во баражот за опстанок против Детониот со 2:0 (2:0). Вардар на теренот во Струмица, пред голем број свои навивачи покажа дека е поквалитетен тим од Детонит. Во првото полувреме ги реши сите дилеми околу победникот. Еден блиц криг во периодот од 42. до 45.минута им беше доволен на црвено-црните ...

МЗТ Скопје ја освои петтата последовна титула, 11. титула во клупската историја. Финалната серија против Пелистер, МЗт ја доби со 3:0. По двете победи на домашен терен, МЗТ вечерва победи во Битола со 78:67. Пелистер се обиде да ја продолжи серијата, да се избори и за четврти натпревар, но кошаракарите на Радуловиќ имаа сила да му се спротивстават на шампионот само 24 минути. По релативното израмнето прво полувреме, Пелистер во 23.минута ја ...

Повик

3 дена - МРТ
weather icon

Скопје

-3ᴼ / -3ᴼ
0.51
93%
1030
weather icon

Белград

4ᴼ / 1ᴼ
2.57
100%
1027
weather icon

Загреб

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1026
weather icon

Софија

-4ᴼ / -4ᴼ
0.0
100%
1030
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
0.74
91%
1028
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 6ᴼ
1.09
95%
1026
weather icon

Атина

11ᴼ / 7ᴼ
0.89
90%
1028
weather icon

Тирана

5ᴼ / 5ᴼ
1.03
93%
1028
weather icon

Подгорица

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
93%
1028
weather icon

Букурешт

0ᴼ / 0ᴼ
1.54
100%
1027
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
95%
1028
weather icon

Истанбул

4ᴼ / 4ᴼ
0.0
100%
1028
Currency

61.555

Currency

52.4113

Currency

70.088

Currency

34.7175

Currency

38.1068

Currency

66.0446

Currency

7.4565

Currency

0.65596

Currency

0.33717

Currency

0.52418

Currency

1.22927

Currency

0.58202

Иридиум

145787.60

Бакар

10.93

Родиум

258813.51

Калај

43.15

Цинк

3.04

Рутениум

29192.88

Паладиум

53788.20

Сребро

2105.58

Кобалт

58.42

Злато

139298.91

Платина

62683.26

Алуминиум

2.92