Ова е големо искуство за мене, ќе се прикажам во најдобро светло на следните големи натпреварувања, изјави младиот пливач Никола Ѓуретановиќ по вчерашниот настап на 400 метри слободно на Олимписките игри во Париз. Со 16 години, Ѓуретановиќ е најмладиот член на македонскиот олимписки тим во Париз и токму тој беше првиот кој излезе на борилиштата, постигнувајќи резултат кој не е на ниво на неговиот личен рекорд. Тој пливаше во првата ...

Дванаесет лица, меѓу кои и деца, се убиени во саботата во ракетен напад врз фудбалско игралиште во село на заедницата Друзи воокупираната од Израел Голанска висорамнина, соопштија израелските власти, обвинувајќи ја за нападот либанското шиитско движење Хезболах. Ракетен напад од Либан врз Мајдал Шамс, исто така, ранил 13 лица, според Маген Давид Адом, еквивалент на Црвениот крст на Израел. Претходно беше соопштено дека се ранети 34 лица. Мајдал ...

Пред 103 години, на денешен ден – 28 јуни подло и предавнички бил убиен големиот македонски револуционер и публицист Ѓорче Петров. Во 1921 година по излегувањето од работа свратил во кафеана во Софија. Помуабетил со Петар Чаулев, член на ЦК на ВМРО и на излегување по него тргнало и лицето по име Реџеп… По неколку минути Ѓорче Петров бил убиен. Така завршил животниот пат на еден од најголемите македонски револуционери, личност која целиот свој ...

Православните христијански верници денеска го слават празникот на Свети Наум Охридски – Чудотворец, значаен средновековен научник, писател, учител, и еден од основоположниците на словенската писменост и македонската писменост и просвета. Чествувањето започна синоќа во манастирскиот комплекс на брегот на Охридското Езеро каде се одржа празнична вечерна богослужба, а и денеска ќе се одржи богослужба. Вообичаено, како и секоја година на празникот ...

Американската авионска компанија „Боинг“ ќе признае вина за злосторничко здружување и ќе плати 243 милиони долари казна поради две авионски несреќи што се случија во 2018 и во 2019 година. Тие се случија во Индонезија и во Етиопија, при што вкупно загинаа 346 луѓе. Причини за несреќите се технички дефекти на новите модели на авиони 737 МАКС. Компанијата е обвинета за прекршување на договорот за одложено гонење во 2021 година, во кој „Боинг“ ...

Кина започна со тестови за сертификација на најголемиот амфибиски авион во светот, што претставува значајна пресвртница во нејзините воздухопловни и поморски способности. Станува збор за авионот AG600, развиен од Корпорацијата за воздухопловна индустрија на Кина (AVIC), кој е првенствено дизајниран за поморски патроли и операции за пребарување и спасување. Според AVIC, овој авион е клучен за Кина бидејќи може да стигне до која било локација во ...

Министерот за спорт, Борко Ристовски, неуморно на терен. Денеска изврши увид на локацијата каде што е планирана изградба на нова атлетска патека во Гевгелија. Оваа иницијатива произлегува од барањето на група спортски работници, изнесено за време на предизборните посети. Со овој проект, Гевгелија ќе добие модерна атлетска патека, која ќе биде клучна за развој на атлетските активности во градот и околината. По детална анализа, е избрана ...

Mладиот македонски пливач Никола Ѓуретановиќ кој како прв од македонските спортисти се појави на олимписките борилиштата во Париз забележа неуспех во квалификациите. Утринава тој учествуваше во квалификациите на 400 метри слободно и го освои последното место. Ѓуретановиќ пливаше во првата група со само петмина пливачи и стигна последен на целта за четири минути, пет секунди и 38 стотинки, речиси три секунди побавно од личниот рекорд. Трката ја ...

Остра реакција и изрази на незадоволство и огорченост од неприфаќањето на нивното барање за загарантирани пратенички места со измените во изборната реформа во Албанија изразија партиите на Македонците, Власите, Египќаните и Ромите во оваа земја. Реформата доцна синоќа ја изгласа албанскиот парламент. -Во име на партиите на македонската, влашката, египтјанската и ромската заедница во Албанија, особено партијата Македонска алијанса за европска ...

Шеснаесетгодишниот пливач Никола Ѓуретановиќ е првиот од нашите олимпијци кој треба да настапи во дисциплината 400 метри слободно денеска околу 11.45 часот на Олимпискиот базен во Париз. – Овие денови тренирав супер и се чувствувам подготвено. Се надевам на апсолутен рекорд на Македонија и соборување на мој личен рекорд, се зборовите на Ѓуретановиќ. Ѓуретановиќ треба да настапи во првата група, на четвртата патека, а во истата група ќе има уште ...

Албанскиот парламент по маратонска расправа, доцна синоќа, со 106 гласови “за” ја изгласа новата изборна реформа. За гласаа пратениците од владејачкото мнозинство и опозициските демократи на Сали Бериша, додека демократите на Љуљзим Баша беа за целосно отворени листи, обвинувајќи за таен договор меѓу СП и ДП, нарекувајќи го “атентат врз демократијата”, со кој му е обезбеден четвртиот мандат на Еди Рама. Со новиот закон, на парламентарните ...

Со уникатно шоу на реката Сена вечерва во 19:30 часот свечено ќе бидат отворени 33. летни Олимписки игри (ЛОИ) во Париз. На Игрите ќе настапат 10.500 спортисти од 206 држави, кои ќе се натпреваруваат во 32 спортови, а прв пат во историјата ќе бидат поделени олимписки одличја во брејкденс. Од 6.000 до 7.000 спортисти (од вкупно 10.500), кои ги претставуваат земјите-учеснички, ќе продефилираат во 85 чамци на Сена во боите на нивната делегација, ...

За време на неговиот говор во американскиот Конгрес, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го спомна наводниот ирански заговор за убиство на поранешниот американски претседател Доналд Трамп. На Трамп не му требаше многу време да се огласи на својата социјална мрежа Truth Social. -Ако го убијат претседателот Трамп, што е секогаш можност, се надевам дека Америка ќе го избрише Иран од лицето на Земјата. Ако тоа не се случи, американските лидери ...

Лина Ѓорческа мораше да прави пресврт, но на крајот оствари голема победа за пласман во четвртфиналето на турнирот во Португалија, кој се игра за награден фонд од 100.000 долари. Македонската тенисерка денеска се соочи со петтата носителка Ариане Хартоно на турнирот во Фигуера Да Фоз и успеа да се врати по загубен сет, за конечна победа од 2:1 во осминафиналето. Подобро рангираната тенисерка го доби првиот сет со 6:4, но потоа следуваше ...

Министерството за здравство на Словенија досега платило вкупно 260.000 евра отштета за пет случаи на тешки компликации по вакцинацијата против Ковид-19, соопшти Министерството за здравство. Пет лица ги примиле вакцините „комирнати“ од компанијата „Фајзер“ или „ваксеврија“ од компанијата Астра Зенека. Во периодот од 2022 до 2024 година во Министерството за здравство пристигнале 221 барање, а 20 барања се уште се во обработка, пренесе агенцијата ...

Во првите шест месеци од годината, Унгарија позајмила една милијарда евра од кинески банки за да се справи со тешката финансиска ситуација со која се соочува како членка на Европската Унија. Информациите за заемот не беа директно објавени од владата, туку беа откриени од порталот Портофолио преку јавни податоци. Заемот е со променлива каматна стапка и тригодишен рок на отплата, објавено е на веб-страницата на Агенцијата за управување со ...

Американскиот претседател Џо Бајден во средата, во своето прво јавно обраќање по повлекувањето од претседателската трка против Доналд Трамп, рече дека се откажал од вториот мандат поради загриженост за иднината на земјата, па затоа „го предал факелот на новата генерација“. Во своето обраќање од Овалната канцеларија на Белата куќа, актуелниот претседател се повика на неговите претходници Томас Џеферсон, Џорџ Вашингтон и Абрахам Линколн додека ...

Европската ракометна федерација (ЕХФ) го потврди распоредот на натпреварите и термините за групната фаза во Лигата на шампионите. Ракометарите на македонскиот првак Еурофарм Пелистер се во групата „А“ со Висла Плоцк, Веспрем, ПСЖ, Фредерициа, Фуксе Берлин, Спортинг и Динамо Букурешт. Прв ривал на битолската екипа ќе биде еден од фаворитите во групата, ПСЖ, на 11 септември во Париз (20.45 часот). Во рамките од второто коло Еурофарм Пелистер ќе ...

„Алкалоид“ во својот развоен фокус ги има, пред сѐ, своите вработени и нивните семејства, а грижата за најмладите е клучен дел од алкалоидовата корпоративна култура. Во насока на зајакнување на чувството за припадност на колективот и кај најмладите членови, „Алкалоид“ ги отвори вратите од своите производствени погони во сегментот козметика за децата на тамошните вработени, со цел непосредно запознавање со компанијата во која нивните родители го ...

На тројцата инженери од „Крушик“ од Ваљево осомничени за кривичното дело шпионажа за фирма од Македонија им е одреден притвор до 30 дена, по вчерашниот повеќечасовен распит во Вишото јавно обвинителство во Ваљево, јави дописникот на МИА од Белград. Осомничените М.О. (1987), Д. Л. (1960) и Д. М. (1961) се поранешни и сегашни инженери во воената холдинг компанија „Крушик“ од Ваљево обвинети дека неовластено изнесувале доверливи податоци и ...

Македонските фудбалери Давид Бабунски и Кристијан Трапановски кратко време се во Данди Јунајтед, но веќе на самиот старт покажуваат дека ќе бидат големо засилување за повратникот во најсилната шкотска фудбалска конкуренција. Својата одлична форма Давид и Кристијан ја потврдија и на пресметката против Баки Тисл во Лига Купот каде постигнаа три од петте гола на нивната екипа во славјето од 5-2. Трапановски даде два гола, а Бабунски стрелаше еднаш ...

Министерот за одбрана на Босна и Херцеговина Зукан Хелез изјави дека нема да одобри употреба на хеликоптери на српската полиција за гасење пожари на територијата на БиХ, бидејќи тоа успешно можат да го извршат хеликоптери на оружените сили на БиХ. -Властите и институциите на Република Српска и понатаму инсистираат хеликоптери на министерството за внатрешни работи на Србија да гасат пожари на територијата на БиХ. Најискрено, се чудам на ова ...

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски по настапите за Рајо Ваљекано, минатиот месец потпиша договор до јуни 2026 година со Валенсија. Нашиот чувар на мрежата во саботата го имаше првиот настап за клубот од Местаља која одигра 0:0 во контролниот меч против Кастељон. Денеска познатиот новинар за фудбалски трансфери Фабрицио Романо објави дека Димитриевски има ослободителна клаузула од три милиони евра во договорот со Валенсија. ...

Илјадници бездомници се преместени од Париз и од неговата околина пред Олимписките игри (ОИ) што ќе се одржат во француската престолнина од 26 јули до 11 август, наведува француската хуманитарна организација „Другата страна на паричката“. Активистите од таа организација велат дека меѓу бездомниците кои се преселени има и баратели на азил, како и семејства и деца кои и онака се во тешка ситуација. Организацијата истакна дека во таа „операција“ ...

Македонската делегација утре ќе замине во Париз каде што од 26 јули до 11 август ќе учествува на Летните олимписки игри и тоа со шест претставници – еден помалку од најавените со оглед на откажувањето на пливачката Ева Петровска поради болест. Знаменосци ќе бидат атлетичарот Дарио Ивановски и таеквондистката Милијана Рељиќ, која, пак, беше најхрабра на денешната промотивна прес-конференција најавувајќи борба за медал. -За мене ова е прв ...

Пет лица се убиени денеска во Домот за стари и изнемоштени лица во Дарувар, Хрватска, јавува мојпортал.хр. Според првичните сознанија, маж влегол во Домот за стари и изнемоштени лица и почнал да пука во луѓето. Пет лица загинаа на лице место, а некои се уште се на лекување. Убиецот потоа побегнал, но полицијата набрзо го фатила во близина на кафуле во Дарувар. Сирените на сите можни служби за итна помош ѕвонат во градот Дарувар. Инаку, Дарувар ...

Челниците на Демократската партија во сите 50 сојузни држави на САД ја поддржаа потпретседателката Камала Харис како нов кандидат на таа која ќе се спротивстави на републиканскиот кандидат Доналд Трамп на ноемвриските претседателски избори во САД. Откако актуелниот американски претседател Џозеф Бајден ја објави својата одлука да се повлече од изборната трка, водечките луѓе на демократите одржаа конференција на која беше потврден единствен став. ...

Македонската кошаркарска репрезентација до 20 години настапот на Европското првенство во „А“ дивизија кое се одржа во Полска го заврши со триумф славејќи против Црна Гора со 81-69. Со тоа тимот предводен од Боро Смилковски го заврши првенството на 15. место. Силите беа изедначени на стартот на натпреварот, а во неефективната прва четвртина на семафорот стоеше резултат 11-15. Македонија го најде својот ритам во втората четвртина која ја доби со ...

Американскиот претседател Џозеф Бајден се откажа од кандидатурата на претстојните претседателски избори во таа земја, јавуваат светските медиуми. Потегот на Бајден доаѓа четири месеци пред Американците да излезат на гласање и претставува еден од клучните моменти на кампањата. Во објава споделена на социјалните мрежи, американскиот претседател наведува дека во најдобар интерес на мојата партија е да се повлечам и да се фокусирам исклучиво на ...

Македонија и Франција одиграа исклучително драматичен меч кој го доби нашата репрезентација со 30-29, голманот Галевски беше херојот, одбрани пенал во последните моменти. Македонските млади ракометари Европското првенство во Словенија го завршија на деветтото место. Македонската младинска ракометна репрезентација имаше одличен настап на Европското првенство во Словенија кое кулминираше со победа над Франција. Избраниците на Раде Стојановиќ на ...

Повик

4 дена - МРТ
weather icon

Скопје

-1ᴼ / -1ᴼ
0.51
93%
1024
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
93%
1023
weather icon

Загреб

4ᴼ / 3ᴼ
3.09
92%
1024
weather icon

Софија

3ᴼ / 3ᴼ
0.72
70%
1025
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
1.49
92%
1026
weather icon

Љубљана

3ᴼ / 0ᴼ
2.06
90%
1025
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
0.45
84%
1022
weather icon

Тирана

5ᴼ / 5ᴼ
2.06
87%
1022
weather icon

Подгорица

5ᴼ / 5ᴼ
2.06
93%
1023
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 3ᴼ
3.09
83%
1026
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
0.45
92%
1024
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
3.6
93%
1024
Currency

61.545

Currency

52.5545

Currency

70.2721

Currency

34.7087

Currency

38.105

Currency

66.036

Currency

7.46434

Currency

0.65313

Currency

0.33427

Currency

0.52444

Currency

1.22773

Currency

0.5864

Кобалт

58.42

Паладиум

54591.97

Злато

139515.92

Платина

64479.52

Алуминиум

2.95

Бакар

11.07

Сребро

2159.01

Иридиум

145787.60

Рутениум

29192.88

Цинк

3.04

Родиум

258813.51

Калај

43.93