
Скопје
9ᴼ /
9ᴼ



Еурофарм Пелистер ја заврши сезоната во ракометната Лига на шампиони со 14 порази на исто толку натпревари. Македонскиот првак не се прослави ниту вечерва на гостувањето кај Колстад и загуби со 34-27 во рамки на последното коло од групната фаза. Во дуел на двата тима, кои беа без шанси за прогрес во нокаут рундата Колстад уште еднаш покажа дека нашиот првак е далеку од ракометната елита сезонава. Норвешкиот тим доминираше во најголем дел од ...
Два земјотреси доцна синоќа се регистрирани и во Хрватска, а вчеравечер потрес е регистриран и во Албанија. Земјотрес со јачина од 3 степени според Рихтеровата скала утринава ја погоди Босна и Херцеговина (БиХ). Потресот, како што објави Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ), се случил утринава во 7:42 часот по локално време, на длабочина од пет километри. Епицентарот на земјотресот, според ЕМСЦ, бил на оддалеченост од 36 километри ...
Западните земји вече неколку години се загрижени од се поголемото зближување на двете источни суперсили Кина и Русија. Сега имаат дополнителна причина за загриженост. Имено, официјален Пекинг посочи дека Кина е подготвена да работи со Русија за промовирање на нови механизми за соработка и зајакнување на пријателството. Ова го изјави кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји. – Кина и Русија создадоа нов модел на односи меѓу големите земји, ...
Охрид е еден од најубавите градови на Балканот. Но, ќе биде ли така и понатаму, ќе го задржи ли „балканскиот Ерусалим“ својот сјај? Ова го прашуваат сите добронамерници, кои воедно и поменуваат дека мора да се заштити градот од луѓе кои прават се што ќе им текне па ја растураат и природата и вековните оставштини од претходните генерации. И УНЕСКО со години опоменува дека работите се тргнати во погрешен правец. Ама локалната и централната власт ...
Силите на НАТО ја добија својата прва воздухопловна база на Балканот. Домаќин на инаугуративната балканска воздушна база на Алијансата е Албанија, поточно градот Кучова, што се наоѓа во централниот дел од земјата, на околу 80 километри јужно од Тирана. Градот Кучова, кој сега треба да биде централно место на Северноатлантската алијанса во регионот, од 1950 до 1990 година се викаше Сталин сити. На аеродромот, каде што свечено беше промовирана ...
Актуелниот македонски шампион Еурофарм Пелистер денеска во 18.45 часот ќе го заврши својот настап во ракометната Лига на шампионите со гостувањето кај Колштад во Норвешка. Тренерот на битолската екипа Бранислав Ангеловски ќе има на располагање „само“ 13 ракометари, за вечерашниот дуел не ги повика Филип Кузмановски, Дејан Манасков, Жарко Пешевски, Денис Василев, Нејц Цехте, Богдан Радивојевиќ и Калифа Гедбан. Составот на Еурофарм Пелистер: ...
Јулија Навална, вдовица на критичарот на Кремљ, Алексеј Навални, ги повика Русите да се приклучат на протестот на 17 март, денот на изборите и да гласаат против рускиот претседател Владимир Путин или да ги уништат нивните гласачки ливчиња. Навална во видеото на Јутјуб рече дека црпи надеж од големиот број луѓе кои се појавија минатата недела на погребот на нејзиниот сопруг, кој почина во арктичкиот затвор на 16 февруари. Неговиот гроб оттогаш е ...
Можно ли е да на претстојните избори во Македонија правото на глас да не може да го остварат околу 100.000 граѓани? Ваква опасност неодамна најави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, а по денешната изјава на премиерот Талат Џафери тоа се чини е можно да стане и реалност. Тошковски неодамна предупреди дека во земјава има минимум околу 100.000 граѓани кои се резиденти, но кои немаат лична карта. Единствено што имале најчесто е пасошот ...
С. С. (48), со наводно стекнато звање доктор на стоматологија и диплома издадена од Медицинскиот факултет при Универзитетот во Приштин, работела во својата стоматолошка ординација „Б.В. дентал естетик“, а по поднесена кривична пријава, таа сега е задржана во притвор од 48 часа. Таа е осомничена за надрилекарство во фармација, давање медицински услуги, како и за фалсификување диплома од Медицинскиот факултет во Приштина, што очигледно ѝ ...
Светиот Синод на ГПЦ вчера одржа состанок и соопшти дека годинешното празнување на Неделата на Православието на 24 март ќе биде во црквата што се наоѓа веднаш до седиштето на Светиот Синод. Празнувањето на Неделата на православието односно првата недела од Великиот пост, наместо во Соборниот храм во Атина, каде што традиционално се одржува свечената литургија, оваа година, со одлука на Светиот синод на Грчката православна црква, ќе биде во мала ...
Петмина припадници на специјалната единица на британската армија (САС) се под истрага за можни воени злосторства извршени во Сирија пред неколку години, јавува Би-Би-Си. Засега нема уапсени, но истрага води Одделот за тешки криминали на Министерството за одбрана. Голем број специјални сили на Обединетото Кралство беа распоредени во Сирија во последните 10 години во операциите против терористичката Исламска држава. Британското Министерство за ...
Претседателскиот кандидат на ДУИ тргна самоуверено во преставување пред граѓаните дека тој е вистинскиот избор. Бујар Османи при настапите на медиумите ги повторува како главни свои адути – искуството, работната дисциплина… – Тоа што е уникатно во мојата кариера е мојата меѓународна етаблираност, искуство, контакти, а претседателот на државата тоа го прави, ја претставува државата надвор. Овој пат да не се гласа по етнички линии, туку по ...
Ненад Димитријевиќ е во извонреден ритам и форма и тоа го потврди и на дербито со ЦСКА Москва каде беше клучен играч во победата на Уникс Казањ од 84:78. Плејмејкерот го одигра најдобриот меч во ВТБ лигата, реализираше 38 поени од кои 21 беа во последната четвртина кога се решаваше натпреварот. Македонскиот репрезентативец имаше само едно промашување од игра (за три поени) што доволно говори за неговото издание кое го поздрави Емил Рајковиќ кој ...
Од компанијата „Мета“ потврдија дека го средиле техничкиот проблем кој предизвика прекин во функционирањето на „Фејсбук“, „Месинџер“ и „Инстаграм“. Стотици илјади корисници немаа пристап до овие платформи во период од два часа. Прекини биле регистрирани во повеќе земји. Проблеми се појавиле и кај дел од сервисите на „Гугл“. Првите пријавени нерегуларности или пораки како што се „Сесијата истече“, „Погрешна лозинка“ или „Неочекувана грешка“ биле ...
Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека договорот за заложниците е во рацете на Хамас и дека итно е потребен привремен прекин на огнот во Појасот Газа пред Рамазан, муслиманскиот месец на постот. -Ако дојдеме во ситуација ова да продолжи за време на Рамазан, тоа може да биде многу, многу опасно. Договорот за заложниците во моментов е во рацете на Хамас, рече тој. Претставниците на САД, Катар и Египет преговараат за привремен прекин на ...
Македонија Ѓорче Петров ќе се бори за опстанок до крајот на актуелната сезона во Првата македонска фудбалска лига, а нов предводник на тимот од денеска е Бобан Грнчаров. Клубот го потврди назначувањето на Грнчаров и тој од денеска ќе го подготвува тимот од Ѓорче Петров за новите предизвици, обидувајќи се да ја подигне формата и да ги подобри резултатите во продолжението од втората полусезона. Претходно, Грнчаров го водеше градскиот ривал Вардар, ...
Бугарскиот премиер Николај Денков поднесе оставка според планираното по девет месеци на чело на прозападната влада, отворајќи ја вратата за неговиот коалициски партнер да ја води земјата. Неговото писмо за оставка беше поднесено до парламентот во вторникот, објави владата во Софија. Не беше јасно кога парламентот ќе гласа за оставката на Денков и владата што тој ја предводеше. -Владата ќе продолжи да работи… додека не се избере нова влада, рече ...
По ланското движење на граѓани за слободни плажи и против нелегално поставените лежалки и чадори од баровите, кое од островот Парос се прошири и во други делови на Грција, сега, грчката Влада изгласа нов закон, а премиерот Кирјакос Мицотакис најави дека ќе се стави ред на плажите, јави дописничката на МИА од Атина. Преку видео објавено на Тик Ток, Мицотакис објасни што предвидува новиот закон што веќе доби зелено светло од Парламентот. -За она ...
Македонската власт низ целиот мандат кога немаше што да каже и конкретно да покаже дека сработува даваше ветување – во 2030 година ќе влеземе во ЕУ. А бидејќи често немаа што друго да кажат – често ни даваа „датум“. Е, сега во предизборието во редовите на владеачката партија СДСМ пак делат „датуми“. Па, така, на објавата на претседателската кандидатура Стево Пендаровски покажа голем оптимизам и даде ветување: -Во мојот прв мандат станавме членка ...
Градоначалникот на Киев, познатиот боксер Виталиј Кличко, смета дека е направена грешка кога бил сменет главниот на војската на Украина. -Отказот на Валери Залужни беше голема грешка. Мораме да се обединиме околу луѓето кои имаат најголема поддршка – како Залужни, кој има најголем рејтинг на анкетите, изјави Кличко за италијанскиот весник „Ла Република“. Според Кличко, генералот Залужни две години успешно ја бранел ннивната земја од „најголемата ...
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска попладне објави дека парламентот ќе се распушти овој месец и дека земјата ќе оди на избори неколку месеци пред планираниот термин во септември. Според неговата изјава парламентот ќе биде распуштен најдоцна до 22 март. После тоа претседателот на државата треба да ги распише парламентарните избори во рок од 30 до 60 дена. Тоа значи дека најдоцниот термин е кон среднината на мај. Само три недели подоцна, ...
Контролата на италијанскиот пазар покажа дека е пронајден норовирус во производ од Хрватска, објави Европскиот систем за брзо предупредување, за храна и добиточна храна (RASFF). Станува збор за производи од морска храна, односно школки наречени морски тартуфи. Во известувањето од РАСФФ се наведува дека ризикот по здравјето во овој случај е потенцијално сериозен и затоа по увидот во Италија за се ги известиле надлежните во Хрватска. Главните ...
Денеска околу 13 часот, школски автобус полн со деца излетал од патот и завршил во ендек. Со десната страна се потпрел на јавен столб, што спречило да се преврти на страна. Во автобусот имало 20 деца, според полициските извештаи, но во несреќата немаlo потешко повредени, додека на две деца им била укажана помош. Станува збор за полесни повреди, велат надлежните. „Возилото се преврте и слета во ендек покрај коловозот“, потврдуваат од полицијата, ...
Во албанскиот град Кучово денеска ќе биде отворена воздухопловна база на НАТО. Премиерот на Албанија, Еди Рама со објава на својата официјална страница на „Фејсбук“ сподели видео од моментот на склопување на беспилотните летала „Бајрактар“ кои, како што вели, ќе го направат првиот лет на церемонијата на отворање на воздухопловната база. -Добро утро и со неколку моменти од склопувањето на беспилотните летала Бајрактар, кои ќе го направат својот ...
Првиот светски тениски рекет, Србинот Новак Ѓоковиќ денеска почнува уште една недела на лидерската позиција на АТП рејтинг листата. Ова за Ѓоковиќ е 415 недела како е прворангиран, што е негов личен и светски рекорд, кој станува се потешко достижен за играчите во „белиот спорт“. Ѓоковиќ има 9.675 поени, 870 повеќе од второпласираниот Шпанец Карлос Алкараз (8.805). Зад водечката двојка е Италијанецот Јаник Синер (8.270), Данил Медведев (7.715) и ...
„Ракутен“, матичната компанија на „Вибер“, објави дека додава нова функција на популарната апликација. Станува збор за функција наречена „Папки“, која служи за организирање разговори и овозможува категоризација на разговорите во повеќе папки. Ќе можете да креирате до пет папки за разговор и тие ќе се појавуваат како икони во форма на таблети на горниот дел од екранот. Папките може да се преименуваат, како и да ги означат сите разговори во папка ...
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа има пад за шест места на денешното рангирање на ВТА листата. Таа се наоѓа на 241. место со 312 поени или седум помалку од претходната недела. Втората македонска тенисерка која има ранг Магдалена Стоилковска бележи напредок од осум позиции. Таа е рангирана на 1203. место со девет поени. На АТП ранг-листата минимални промени за македонските тенисери. Калин Ивановски оваа недела има скок за едно место и ...
Стартува иницијативата за слободен пристап до пазарот на труд како дел од „Отворен Балкан“. Со ова се отвора можноста граѓаните да може да работат во Албанија или Србија со единствен број за идентификација, без какви било дополнителни процедури. Корисникот треба да креира електронски идентитет на својот национален портал за е-управа, а потоа во неколку чекори да генерира свој ИД број на „Отворен Балкан“. Граѓаните на Србија, пак, својот ИД ...
Колумна на Никола Тасев: Очекував дека пратениците на СДСМ и ДУИ, откако го одбија продолжувањето на рокот за замена на патните исправи, ќе извадат некој џокер од ракав и ќе понудат решение што ќе ги ослободи граѓаните од државниот притвор, што им го наметнаа како последица на грешки што ги направија нивни министри. Си реков – не е можно да немаат решение, огромен е проблемот, сигурно сакаат да одат контра на опозицијата. Затоа и се стрпив ...
Maкедонската фудбалска легенда Горан Пандев по пауза од повеќе од деценија повторно ќе го носи дресот на Интер и тоа во пријателски натпревар на легендите на овој тим против ветераните на Грузија. Натпреварот ќе се игра на 7-ми март во Батуми. Покрај Пандев во овој натпревар ќе учествуваат и останати големи имиња од историјата на Интер како: Фиго, Верон, Матераци, Снајдер, Фреј, Занети…Во ревијалниот натпревар во кој резултатот ќе биде во втор ...