
Скопје
27ᴼ /
27ᴼ



Бројот на барања за азил во 2023 година е скокнат за 18 отсто, на 1,14 милиони, што е најголем број од мигрантската криза 2015/2016 година, покажаа денеска податоците на Европската агенција за азил – ЕУАА. Новите податоци најверојатно ќе додадат масло на веќе вжештената дебата за миграцијата и зајакнувањето на екстремната десница пред серијата локални и национални избори низ Европа и, на крајот, изборите за Европскиот парламент во јуни. ...
Како мерка на претпазливост, компанијата „Mondelēz International“ го повлекува својот производ Milka Oreo Bar (37g) од хрватскиот пазар поради можно присуство на мало парче пластика. Како што се наведува понатаму, ниту еден друг производ на споменатата компанија, ниту некој друг производ од палетата на брендовите Милка и ОРЕО, не бил засегнат со овој случај. Станува збор за производ Milka Oreo Bar (37g), со рок на употреба до 18.08.2024 година, ...
Партиите во Македонија ја дигнаа „борбената готовост“. До изборите има уште бајаги, ама партијците почнаа да пукаат од сите пропагандни оружја. Соопштенија, изјави, обвинувања, реакции, повици, апели, најави, прес-конференции, интернет спотови… со сето ова сме бомбардирани сите во земјава. Рафалите посебно се силни и долготрајни од најголемите партии. Во погон се ставени сите партиски ешалони, од раководствата, па до лепачите на плакати, од ...
Двајца кандидати за градоначалник на мексиканскиот град Мараватио се убиени за неколку часа, соопштија денеска локалните власти. Убиени се кандидатот на партијата Национална акција, Армандо Перез и кандидатот на Морена, Мигел Анхел Завала. Двајцата се пронајдени мртви во нивните автомобили. – Ова го покажува исклучително сериозното ниво на насилство и недостатокот на безбедност што преовладува пред најважните избори во историјата на Мексико, ...
Поранешниот македонски фудбалски репрезентативец Филип Деспотовски е нов тренер на второлигашот Кожуф. Веста ја потврдија денеска од клубот. Гевгеличани на сотанокот на Управниот одбор ја прифатлие оставката на досегашниот тренер Трајче Сенев и го назначија Деспотовски за негов наследник. Деспотовски доаѓа во Кожуф од екипата на Тетекс. Деспотовски во својата тренерска кариера беше асистент во неколку клубови од Саудиска Арабија и Обединетите ...
Дербито меѓу Шкендија и Вардар во рамки на 21. коло од македонската Прва Лига, сепак, нема да се игра в сабота, туку ќе се игра во првично одредениот термин, односно недела од 14 часот. Иако постоеше најава дека натпреварот ќе се одржи на 2 март, сепак Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) по барање на Шкендија реши да го остави првичниот термин. -Шкендија со задоволство може да соопшти дека е постигнат договор со ФФМ за враќање на ...
Полицијата го привела М.Х.(22), вработен во Здравствениот дом во Инџија, соседна Србија, поради сомнение дека внесувал лажни податоци за повеќе лица во централизирана електронска база на податоци во која евидентирал дека примиле вакцини, иако било утврдено дека немаат доказ за ова. Тој се товари за злоупотреба на службената положба, од август 2021 година до средината на април 2022 година, соопшти српското МВР. Под сомнение за сторено кривично ...
Биткоинот, најголемата светска криптовалута по пазарна капитализација, денеска достигна највисоко ниво во последните две години од 56.000 долари, и на тој начин го покрена поширокиот крипто пазар. Според податоците на CoinMarketCap, цената на биткоинот за два дена порасна за повеќе од 10 отсто за два дена, откако фирмата за крипто инвестиции и софтвер „MicroStrategy“ објави дека вчера купила околу 3.000 биткоини за 155 милиони долари. ...
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска изјави дека Алијансата не планира да испрати борбени трупи во Украина. Тој рече дека земјите-членки на НАТО и даваат поддршка без преседан на Украина. – Тоа го правиме од 2014 година. Меѓутоа, нема планови за распоредување борбени трупи на НАТО во Украина, посочи Столтенберг. Отфрлајќи ја можноста за воена акција на НАТО, Столтенберг повтори дека рускиот напад врз Украина сериозно го крши ...
Во следните два дена Тирана ќе биде домаќин на дводневнот самит Украина-Југоисточна Европа. Првиот ќе се одржи утре, на 28 февруари, кога за првпат во земјата ќе се организира самит посветен на Украина, на кој ќе присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој вечер треба да пристигне во албанскиот главен град. Вториот ден од самитот, на 29 февруари ќе биде посветен на планот за економски раст на регионот, забрзување на реформите и ...
Припадник на црногорска организирана криминална група е убиен во вторник наутро во црногорскиот пристанишен град Бар, во инцидент што предизвика полицијата да го блокира градот и интензивно трага по еден или повеќе сторители. Според црногорските медиуми, Едмонд Мустафа бил убиен во мафијашка ликвидација, а убиецот избегал со мотоцикл. Црногорската полиција тврди дека привела едно лице кое, според медиумите, е блиско до криминалниот Шкаљарски ...
Кремљ реагираше на изјавите на францускиот претседател Емануел Макрон дека испраќањето западни трупи на теренот во Украина не е „исклучено“ во иднина. На вчерашната конференција во Париз, Макрон потврди дека „во оваа фаза нема консензус“ во врска со одлуката, но дека „ништо не треба да се исклучи“. – Самиот факт дека се разговара за можноста за испраќање одредени контингенти во Украина од земјите на НАТО е многу важен нов елемент, изјави ...
Американскиот претседател, Џо Бајден изрази надеж дека договор за прекин на огнот кој ќе стави крај на непријателствата меѓу Израел и Хамас и ќе овозможи ослободување на преостанатите заложници може да стапи на сила до почетокот на следната недела. На новинарско прашање за тоа кога би можело да почне примирјето, челникот на Белата куќа одговори: – Мојот советник за национална безбедност ми кажа дека сме блиску. Сè уште не сме готови. Се надевам ...
Продолжува државниот притвор во кој се ставени македонските граѓани кои во своите пасоши го немаат омилениот брор на власта – „северна“. Во 21 век, една третина од населенето не може слободно да се движи. Вакво нешто не се случило во ниту една земја во светот дури и во минатите векови, па и да била под окупација. Власта се чини не бара доволно добри и брзи решенија за овој огромен проблем кој ја посрамоти целата држава во светот, а ги понижува и ...
Како се доближуваат изборите, така се зголемуваат ветувањата на политичарите. А, се уште не е ниту почната изборната кампања. Па така, пред некој ден првиот човек на СДСМ, Димитар Ковачевски, се осврна на своето владеење и како што рече на фактот дека има многу подобрувања кои се случија за тоа „негово“ време, и дека во иднина ќе ги има повеќе. -Во наредниот период, во мојот втор мандат како претседател на Владата, ќе работиме да дојдеме до над ...
Францускиот претседател, Емануел Макрон вчера изјави дека не ја исклучува можноста за распоредување француски копнени трупи во Украина. По завршувањето на конференцијата за помош на Украина вчера во Париз, Макрон рече оти не исклучува ништо за да се осигура дека Русија нема да победи во војната против Украина. На состанокот, кој беше организиран за кратко време, учествуваа високи претставници од многу клучни европски поддржувачи на Киев, ...
Русија од 1 март на половина година ќе го забрани извозот на бензини, изјави портпаролката на Александар Новак, вицепремиер задолжен за надзор на енергетскиот сектор во земјата. Со овој потег Москва има намера да ја компензира зголемената побарувачка на домашните потрошувачи и земјоделци и да овозможи планирано сервисирање на рафинериите. Русија усвои слична забрана и меѓу септември и ноември минатата година за да се справи со високите домашни ...
Најдобрата македонска тенисерка на најновата ранг-листа нема промена во пласманот и има ист број поени како и претходната недела. Таа се наоѓа на 235. место на ВТА ранг-листата со 319 поени. Магдалена Стоилковска има скок за едно место и сега е 1.211. со девет поени. Без поголеми промени во рангот и за македонските тенисери. Пад за една позиција на најновата ранг-листа има најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски. Тој се наоѓа на 361. место ...
Американските власти истражуваат откако Доналд Трамп Јуниор, најстариот син на поранешниот американски претседател, вчера отворил писмо со неидентификуван бел прав во неговиот дом во Флорида. – Резултатите од тестот на супстанцијата не дадоа јасен заклучок за што точно се работи, но официјалните лица на местото на настанот не веруваат дека е смртоносен, изјави Ендрју Сурабијан, портпарол на Трамп Џуниор. Трамп Јуниор дели дом во Флорида со ...
Пелистер во среда го игра последниот натпревар на домашен терен во Лигата на шампиони. Во салата „Боро Чурелвски“ гостува тимот на Алборг, а билетите веќе се пуштени во продажба. Фановите имаат да одберат две варијанти, билети кои чинат 450 денари и билети кои се малку поскапи, односно чинат 550 денари. Актуелниот македонски првак во кам-бекот во ова натпреварување не се прослави. Има 12 порази во низа, а желбата кај сите е една – победа против ...
Помина една година од страшниот судир на патнички и товарен воз во близина на Лариса, Грција. Невидената несреќа однесе дури 57 животи, а меѓу телата беше пронајден и млад човек, кој преживеа. Герасимо Јасонас Георгиадис, студент од Волос, беше единствениот преживеан од првиот вагон на патничкиот воз, но и една година по несреќата тој сè уште е во кома. -Сè уште не можам да се соочам со сликата на тие два вагона, вели неговата мајка, пишува ...
Тлото на Балканот не стивнува, а попладнево беше регистриран земјотрес во Хрватска и Босна и Херцеговина. Според информацијата на ЕМСЦ, земјотрес со јачина од 2,8 степени според Рихтеровата скала е почувствуван во Бања Лука во 16 часот и 48 минути, а само неколку минути претходно ја погоди областа во Славонски Брод. Епицентарот на земјотресот во БиХ бил на 23 километри од градот Мркоњиќ и бил со јачина од 2,8 степени. Жителите на Бања Лука кои ...
Бил многу вреден и одлучен, посветен на идеите за кои се борел. Со сето тоа пријателите и соборците ги потсетувал на главниот лик на главниот јунaк на романот „Како се калеше челикот“ од рускиот писател Николај Островски, мошне популарен во периодот пред Втората светска војна. Оттаму и Раде Јовчевски го добил прекарот – Корчагин. Подоцна, ќе се види и ќе се потврди дека со право го носел тоа име. Роден на 14 август 1919 година во Скопје во ...
Скопјанецот Марко Илиевски го сподели искуството на социјалните мрежи откако со стариот пасош на кој пишува „Република Македонија“ успеал да стигне во Македонија без никој да му направи проблеми. Во неговиот пост тој напиша дека патувал од Лас Палмас – Мадрид, Мадрид – Софија, Софија – Скопје со стар пасош иако од нашата амбасада во Мадрид го убедувале дека му треба патен лист. -Дечки патував Лас Палмас – Мадрид, Мадрид – Софија, Софија – Скопје ...
Динамо Загреб и Ријека вчера се сретнаа во рамките на 24. коло во ХНЛ, а на крајот победа славеше тимот на Адеми и Ристовски со минимални 1:0. Единствениот гол на натпреварот го постигна Фран Бродиќ од пенал во самата завршница. Пред овој натпревар мета на навивачите на Ријека бил Марко Ливаја, додека по натпреварот гостинските фудбалери ја чекале полицијата да ги спроведе од јужната трибина. Во таа ситуација според информациите на хрватските ...
Екс македонскиот кошаркар Перо Антиќ отворено проговори за соработката со познатиот српски тренер Жељко Обрадовиќ. Антиќ настапуваше во Фенербахче под водство на актуелниот тренер на Партизан и во 2017 година ја освои шампионската титула во Евролигата. Тој потсети на неколку интересни анегдоти од тој период. -Жељко Обрадовиќ е мислител. Едноставно е, има девет титули во Евролигата и седи и гледа НБА до три часот наутро и учи, вели Антиќ. ...
Домаќинот на следното Европско првенство, Полска беше поразен дома со 71-96 од кошаркарската федерација на Македонија. Освен Димитријевиќ, добри беа и Итан Хап, Маслинко и Ѓуровски кои на своето конто запишаа двоцифрен ефект. Освен на самиот почеток на мечот, Македонија беше доминантна во текот на целата игра. Највисоката предност ја достигнавме кога имавме 69-46, пред домашните да намалат на 50-69 на крајот од третиот период. Во финишот ...
Колумна на Пеце Лозанов: Останува ли Македонија црна точка на балканските патишта, според безбедноста на патиштата? Почетокот на оваа година започна доста тешко на нашите улици, секојдневниот број на тешки сообраќајни незгоди и зголемениот број на повредени и загинати лица не прави една од најризичните земји на Балканот. Тоа повлекува и прашање дали доволно се превземаат мерки за спречување или намалување на сообраќајните незгоди или дали ...
Почина американскиот војник што се самозапали пред израелската амбасада во САД. Полицијата го идентификувала мажот како 25-годишниот Арон Бушнел од Тексас. Службениците на американската тајна служба го изгаснале пламенот по што мажот во критична состојба бил пренесен во болница со тешки повреди. Војникот снимил сè на својот телефон и во живо го пренесувал на социјалната мрежа „Твич“, а за време на преносот во живо се претставил како активен член ...
Железници на Индија наредија истрага, откако товарен воз мина повеќе од 70 километри без машиновозач. Снимките на социјалните мрежи покажаат како железничката композиција минува низ неколку станици со голема брзина. Индиските железници соопштуваат дека возот е запрен и дека нема повредени. Возот со 53 вагони, кој превезувал иверка, бил на пат од Џамуа до Пенџаб, кога запрел во Катуи поради смена на екипажот. Железници на Индија наредија истрага, ...