Израелската влада синоќа го одобри договорот со кој Хамас ќе ги ослободи сите 48 преостанати заложници во Газа, соопшти Кабинетот на премиерот. Со усвојувањето прекинот на огнот стапи во сила. Ослободувањето на заложниците, во замена за околу 2.000 палестински затвореници и делумно повлекување на израелската армија (ИДФ), претставува прва фаза од мировниот план за Газа на претседателот на САД, Доналд Трамп. Повеќето министри од кабинетот гласаа ...

Седумгодишно дете загина, а три лица се ранети во синоќешните руски напади во областа Запорожје во централна Украина, додека девет лица се повредени во Киев, соопштија украинските власти. Киев синоќа беше цел на голем руски напад, по што источниот дел од главниот град на Украина остана без електрична енергија. Министерството за енергетика соопшти дека низ целата земја „Русите нанесуваат масовни удари врз украинската енергетска инфраструктура“. ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ги повика сојузниците да одговорат со конкретни мерки на масовниот руски напад врз украинската енергетска инфраструктура. -Не се потребни празни зборови, туку решителна акција – од страна на Соединетите Американски Држави, Европа и Г7 – преку испорака на системи за противвоздушна одбрана и спроведување на санкции, се наведува во соопштението на Зеленски објавено на социјалните мрежи. Тој додаде ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека е постигнат „историски успех“ на Блискиот Исток. Тој додаде дека преостанатите заложници треба да бидат ослободени „в понеделник или вторник“. Нивното враќање е комплициран процес, тие се на места каде што не сакате да бидете, наведе Трамп. Тој најави дека ќе отпатува за Египет, каде официјално ќе го потпише договорот. Претходно, најави и дека ќе го посети Израел. -Еден договор е веќе е потпишан во ...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 13 до 22 степени. Во Скопје времето ќе биде претежно сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 20 степени. Во ...

Изборната кампања влегува во последната фаза. Остануваат уште седум дена до изборниот молк пред изборите што ќе се одржат на 19 октомври. Изборните активности на партиите продолжуваат и денеска. Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде во јужниот дел на државата со митинзи и средби со граѓани во Дојран, Валандово, Богданци и Гевгелија, а нивниот кандидат за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски ќе одржи прес-конференција. Опозициската ...

На 09.10.2025, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово ги лишија од слобода Б.М.(25) и В.Ч.(27), двајцата од Неготино. На 08.10.2025 околу 18:20 часот на автопатот Демир Капија-Неготино, на место викано „Острово“, полициски службеници извршиле контрола во патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, при што затекнале седум лица мигранти (шест од Египет, меѓу кои пет малолетници и едно од Ирак). По ...

На полноќ истекува рокот за пријавување на болните и немоќни лица за гласање на Локалните избори 2025 на 19 октомври. На 14 октомври, пак, истекува рокот за пријавување на лицата кои сакаат да гласаат на изборите а кои издржуваат мерка куќен притвор. Според Роковникот на Државната изборна комисија, избирачот кој не е во можност да гласа на гласачкото место, немоќно или болно лице, а сака да гласа на изборите треба да ја извести Општинската ...

Репрезентацијата на Белгија е вечерашниот ривал на најдобрата македонска фудбалска репрезентација. Дуелот се игра во Гент, а воедно е натпревар од групата Ј. Македонската репрезентација како првопласирана влегува во пресрет на последните три натпревари, додека втората Белгија има бод помалку, но и натпревар повеќе за одигрување. Избраниците на селекторот Благоја Милевски од среда се во Гент, а синоќа одржаа и тренинг на теренот каде вечерва се ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска изјави дека синоќа е постигнат „историски успех“ на Блискиот Исток. – Ја завршивме војната во Газа и всушност, на многу пошироко ниво, создадовме мир. Мислам дека тоа ќе биде траен мир, се надевам вечен мир, истакна Трамп. Тој додаде дека преостанатите заложници треба да бидат ослободени „в понеделник или вторник“. Нивното враќање е комплициран процес, тие се на места каде што не сакате да бидете, ...

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог против едно лице за кривично дело предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз основа на национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа според член 319 став 1 од Кривичниот законик. Државното јавно обвинителство соопшти дека во спроведената претходна постапка, јавниот обвинител обезбедил докази со кои „се потврдува основаноста на сомненијата дека обвинетиот го ...

Министерството за внатрешни работи во координација со Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) спроведе акција на повеќе локациии низ Скопје. При претресите се пронајдени наркотични дроги – кокаин и марихуана, а во домот на еден од осомничените се пронајдени и куршуми за пиштол. Министерството за внатрешни работи информира дека поднело кривична пријава до ОЈО ГОКК против Н.Г (29), Б.П. (27), Д.Б. (24) ...

Превентивни офталмолошки прегледи за ретинопатија еднаш годишно за навреме да се открие дијабетична ретинопатија и да се спречи слепило, бараат од Сојузот на здруженија на дијабетичари. Во Македонија само 13 проценти се дијагностицирани, а половина од пациентите со шеќерна болест не се свесни за влошената состојба со видот се додека не им се јават првите потешкотии. Дополнителен проблем е и немањето доволно офталмолози надвор од Скопје, ...

Од ЈП „Водовод и Канализација“ информираат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм утре на улицата „Виктор Иго“ 22, прекинато водоснабдување ќе имаат граѓаните на улиците „Виктор Иго„, „Дренак“, „Драга Стојановска“, „Иван Козаров“ и „Невена Георгиева-Дуња“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со работните активности. Исто така од 8:30 часот поради уличен дефект ф-150мм на ул.Христо Татарчев бб ...

Пуцко Петрол, Сол Груп 5, ЕМК ДООЕЛ и СБН Енерџи останаа без лиценци за фотоволтаици. Не ги почитувале обврските од потпишаниот договор, односно не ги изградиле централите во предвидениот рок, по што министерството за енергетика ги активирало банкарските гаранции вредни 640 илјади евра. Правната служба заклучи дека овие фирми немаат исполнето дел од обврските според Договорот, поради што се пристапи кон одземање на парите и банкарските гаранции ...

Израел и Хамас постигнаа договор за првата фаза од мировниот план на Трамп за Појасот Газа. Американскиот претседател го објави постгнувањето на договорот, истакнувајќи го како чекор кон траен мир - Многу сум горд што објавувам дека Израел и Хамас ја потпишаа првата фаза од нашиот мировен план. Ова значи дека СИТЕ заложници ќе бидат ослободени многу наскоро, а Израел ќе ги повлече своите трупи на договорена линија како прв чекор кон силен, траен ...

Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска изјави оти се надева дека планот на американскиот претседател Доналд за завршување на војната во Појасот Газа ќе биде успешно спроведен и оти Москва е подготвена да ги поддржи напорите за крај на крвопролевањето. – Искрено се надевам дека овие иницијативи на американскиот претседател навистина ќе се остварат во пракса, наведе Путин на Самитот во Таџикистан. Примирјето и ослободувањето на ...

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, го поздрави постигнатиот договор меѓу Израел и радикалната палестинска група Хамас за прекин на огнот во Појасот Газа и ослободување на израелските заложници. Гутереш рече дека организацијата е подготвена да обезбеди помош. „Обединетите нации се подготвени да ја дадат својата целосна поддршка. Ние и нашите партнери сме подготвени да дејствуваме – веднаш“, рече Гутереш во ОН. Тој повика на целосен и ...

Идентификувани се лицата кои вчера го оставија сомнителниот куфер на плоштадот „ВМРО“ пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје. Станува збор за швајцарскиот државјанин Рафаел С. (1987) и женско лице со идентитет Вивиан С.Х. (1985), кои во Македонија пристигнале на 1 октомври со лет од Цирих. Од МВР соопштија дека според видеонадзорот, двете лица го разгледувале просторот, по што едното оставило куфер пред објектот. По пријавата, полицијата веднаш ...

Менаџерскиот тим на М-НАВ во денешното соопштение до јавноста реагира околу најавите за штрајк и „затворањето на небото“ на 20 и 24 октомври. -М-НАВ како институција е дел од критичната инфраструктура која директно ги штити животите и безбедноста на патниците, екипажот и воздушниот сообраќај што пристига, полетува и прелетува над Република Македонија. Работата на контролата на летање не смее и не може да запре под никакви околности поради ...

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски денеска најави проект кој, како што рече, ќе ја промени сообраќајната иднина на градот, првата фаза од булевар „Македонија“ и улицата „Даме Груев“ да прерасне во булевар. -Овој проект не е само дел од мојата програма, туку вистински пресврт за централното градско подрачје. Се работи за клучен проект што ќе го растовари целосно метежот во центарот на Скопје. Новиот кружен ...

Со сослушување на сведоци предложени од Обвинителството денеска во Основниот кривичен суд Скопје продолжи судењето за „Онкологија 2“, кој се води против поранешниот медицински и економски директор на Клиниката за радиотерапија и онкологија Скопје, Нино Васев и Нехад Нухи, за несовено работење и финансиски криминал. Прво беше сослушан сведок - шалтерска работничка на Клиниката за онкологија, додека директор бил Нино Васев, која објасни како се ...

На 08.10.2025 во 19:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на регионалниот пат Скопје-Свети Николе, кај с.Р’жаничино, скопско, патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.К.(47) од с.Црквено, велешко, удрило во паркирано патничко возило „смарт“ со скопски регистарски ознаки, паркирано од А.Ш.(25) од с.Долно Коњари, скопско, а потоа удрило и во малолетен пешак од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил ...

На предлог на градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, Советот на општина Центар со 19 гласа „за“ и и еден воздржан донесе одлука за суспендирање на примената на градежна парцела во рамки на ДУП „Буњаковец 1. Причината за суспензијата е изградба на објект чија реализација може да предизвика сериозни безбедносни и правни импликации. Градежната парцела се наоѓа на аголот на булеварите Климент Охридски и Митрополит Теодосиј Гологанов, ...

Поднесена кривична пријава до две лица за сторено кривично дело „криумчарење“ мобилни телефони „Ајфон“ во вредност од 355 илјади денари. Делото е откриено на влез на граничен премин Ново Село, кога при извршен детален преглед на возилото со кое патувале осомничените, во багажниот простор се откриени вкупно пет нови „iPhone 16“, од кои три „iPhone 16 Pro Max“, како и еден употребуван „iPhone 16 Pro Max“. Случајот е предаден во Одделението за ...

18% ДДВ за нарачките од странство под 22 евра. Владата достави предлог до Собранието за измени на Законот за данокот на додадена вредност. Тоа ќе значи поскапување за сите производи кои досега не се оданочуваа. На пример, ако маска за телефон на платформите Тему или Алиекспрес се продава за 8 евра, по измените ќе ја платите 9 и пол евра. Маица од 20 евра, ќе ја купите за безмалку 24. Данок нема да се плаќа за пакет испратен како подарок, но под ...

Управниот суд ја отфрли тужбата на Левица против Агенцијата за медиуми порати упатството со кое партија остана без можноста за платено политичко рекламирање за изборите. Според судот Агенцијата е самостојно и независно регулаторно тело, а директорот може да носи акти за законски предвидени прописи. За конкретното упатство, Управен оценува дека не е управен акт против кој може да се води управен спор, туку дека е општ акт кој е донесен врз ...

Крафт Стрит – улица на занаетчии за центарци ветува Герасимовски кој трча за градоначалничкото столче по вторпат. Вели дека оваа улица ќе биде простор за промоција и развој за бизнис идеи. Најава за реконструкција на повеќе главни сообраќајни артерии денеска пристигна и од Бобан Стефковски, кој повторно трча за градоначалничкото столче во Гази Баба . Справување со дивите депонии, ново комунално претпријатие и нови паркиралишта, ветува ...

Ќе се пробие подземната сообраќајница под Лимак, а улицата Даме Груев ќе стане булевар, проекти со кои ќе се направи пресврт во централното градско подрачје ветува Орце Ѓорѓиевски во трката за прв човек на Скопје. Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ има предлози и за повеќе паркинг места на овој потег. Шукова од СДСМ пак, со идеја за младински центри за полесен пристап на младите до компаниите и до обуки, но и ваучери за млади и з асоцијални категории ...

Адвокатот на екс директорот на Онкологија, Нино Васев бара да му биде укинат притворот. Против Васев се водат два судски предмети за онколошките пациенти и за набавката на лекови, кои се обемни, а адвокатите не можеле по три саати во затворот Скопје да работат со обвинетиот. Со тоа му се нарушува правото да се брани, вели адвокатот Боби Секуловски. Денеска во судот беа присутни тројца сведоци вработени во клиниката. Раководителката на аптеката ...

Повик

3 дена - МРТ
weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
0.51
93%
1031
weather icon

Белград

4ᴼ / 2ᴼ
2.06
100%
1028
weather icon

Загреб

0ᴼ / 0ᴼ
1.54
93%
1027
weather icon

Софија

-3ᴼ / -3ᴼ
1.03
93%
1030
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
0.83
89%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 5ᴼ
1.1
98%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 8ᴼ
0.89
89%
1028
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
87%
1029
weather icon

Подгорица

4ᴼ / 4ᴼ
0.0
93%
1030
weather icon

Букурешт

1ᴼ / 0ᴼ
1.54
100%
1027
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
4.12
95%
1028
weather icon

Истанбул

5ᴼ / 5ᴼ
1.03
100%
1029
Currency

61.555

Currency

52.4113

Currency

70.088

Currency

34.7175

Currency

38.1068

Currency

66.0446

Currency

7.4565

Currency

0.65596

Currency

0.33717

Currency

0.52418

Currency

1.22927

Currency

0.58202

Злато

139298.91

Кобалт

58.42

Алуминиум

2.92

Калај

43.15

Сребро

2105.58

Рутениум

29192.88

Бакар

10.93

Паладиум

53788.20

Иридиум

145787.60

Цинк

3.04

Платина

62683.26

Родиум

258813.51