На 10.10.2025 во 12:40 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода Л.С.(44) од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава дека на 08.10.2025 во 14:30 часот извршил „разбојничка кражба“, соопшти МВР. Имено, тој се сомничи дека одзел производи кои биле поставени пред продажен објект во Кавадарци, по што бил забележан од вработена во маркетот. Таа се упатила кон него да ги земе производите, но тој ја нападнал со остар ...

Ова се избори каде има две опции, едната полуформална коалиција којашто обединува три политички субјекти, собрани на едно место и водени од две клучни цели. Првата цел е жедта за власт по било која цена и втората е патолошката омраза којашто ја имаат кон ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е коалицијата СДС-ДУИ и Левица. Таму се здружиле Венко, Али и Димче, затоа што се жедни за власт и не бирааат начин како да дојдат до власт. Втората опција е коалицијата на ...

На народниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во општина Валандово се обрати вицепремиерот и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски. -Промената која што минатата година почна ќе се случи и на локални нивоа. Време е на Валандово да му се случи промена за заеднички да можеме да ја градиме општината, градот и сите населени места кои што гравитираат кон градот, да правиме поубави места за живеење, места во кои што луѓето ќе доаѓаат, а ...

Кандидатот за градоначалник на Чаир од коалицијата ВЛЕН, Изет Меџити, беше прашан од новинарите дали може да има предвремени парламентарни избори по локалните избори. Тој јасно изјави дека нивниот фокус останува на локалните избори и дека сите шпекулации за предвремени парламентарни избори се неосновани, се вели во соопштението на ВЛЕН. „Некој сака да лаже, да го мотивира својот електорат дека ова се локални избори и по локалните избори ќе ...

Прекинот на огнот во Појасот Газа официјално почна напладне по локално време. Израелската војска се повлече на договорените линии а Хамас до понеделник треда да ги ослободи преостанатите 48 заложници, за кои се верува дека 20 се живи. Ова доаѓа откако израелската влада го одобри договорот со Хамас за првата фаза од мирорвниот план на Трамп за Газа. - Во последните две години се боревме за да ги постигнеме нашите воени цели, а една од централните ...

Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска изјави дека Берлин ќе обезбеди 29 милиони евра итна хуманитарна помош за Појасот Газа, откако Израел го ратификуваше договорот за прекинот на огнот со Хамас. Тој на платформата Икс наведе дека Германија заедно со Египет, ќе организираат конференција за реконструкција на Појасот Газа. Мерц наведе дека примирјето по повеќе од две години конфликт е „добра вест за луѓето од Блиски Исток и пошироко“. -Нè ...

Вооружената група Хамас повеќе не е она што беше кога нејзината инвазија на Израел ја поттикна двогодишната војна во Газа, соопшти денеска претставник на израелската војска, откако започна примирјето со палестинското движење. „Хамас не е Хамас од пред две години. Хамас беше поразен секаде каде што се боревме против него“, изјави бригадниот генерал Ефи Дефрин пред медиумите. Тој апелираше до палестинските жители во Газа да избегнуваат движење во ...

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека неговиот американски колега Доналд Трамп „направил многу за мирот“, наведувајќи го прекинот на огнот на Блискиот Исток како пример, но додаде дека не е негова работа да одлучи дали Трамп ја заслужува Нобеловата награда за мир или не. -Не е моја работа да оценувам дали сегашниот претседател на САД е достоен за Нобелова награда (за мир) или не – не знам. Но, всушност, тој прави многу за ...

– Се очекува граничниот премин Рафа меѓу Појасот Газа и Египет да се отвори на 14 октомври, а по прекинот на огнот таму ќе бидат распоредени офицери од Мисијата на Европската унија за помош на границите (ЕУБАМ), соопштија денеска италијанските власти. Мисијата на ЕУ вклучува италијански, шпански и француски полициски сили, со цел да се обезбеди неутрално присуство на трета страна на стратешкиот граничен премин. Нејзините офицери беа распоредени ...

Добитничката на Нобеловата награда за мир за 2025 година, Марија Корина Мачадо денеска изјави дека наградата е „огромно признание за борбата за сите Венецуелци“. Ние сме на прагот на победата и денес, повеќе од кога било, сметаме на претседателот (на САД) Доналд Трамп, народот на САД, народите во Латинска Америка и на демократските земји во светот како наши главни сојузници за постигнување слобода и демократија, објави Мачадо на платформата ...

Возачот на мотоцикл кој на 1 јули годинава на пешачка патека на кејот на Вардар во близина на Паркот на франкофонијата го прегази Југослав Николовски (68) денеска пред Основниот кривичен суд Скопје призна вина. Дваесет и пет годишниот Фатон Нури, пред Судот призна вина за делото „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, додека за делото „неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“ ќе се брани и ќе ...

На граничен премин Богородица спречено е криумчарење на 11 златни монети со вкупна тежина од 71 грам и со вкупна вредност од 567 илјади денари. Од страна на Одделението за истраги, против едно лице до Основното јавно обвинителство Гевгелија е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „Криумчарење“, казниво по Кривичниот законик. Осомничената, македонска државјанка, патувала со автобус на релација Истанбул – Тетово. Златните монети ги ...

Над 1.200 ученици од сите основни и средни училишта денеска на плоштадот „Методија Андонов Ченто“ во Прилеп го направија македонското знаме со големина од 24 на 12 метри во чест на големиот национален празник 11 Октомври. Оваа традиција започна во 2010 година, а се возобнови во 2023-та по 5 годишна пауза. Ова е единствен ваков настан во Македонија со кој достојно се одбележува празникот 11 Октовмри, а се дава и почит на нашиот национален симбол ...

Половина година после големата трагедија во Кочани почна да се зголемува бројот на граѓани кои бараат помош на Клиниката за Психијатрија. Од Установата информираат дека 50 –тина лица директно или индиректно засегнати од несреќата добиваат соодветен стручен третман. Меѓу нив има и повредени, блиски на настрадани, но и граѓани кај кои немилиот настан предизвикал анксиозно растројство и очекувано според психијатрите после вакви ситуации е ...

Задутре ќе профункционира новиот систем за влез и излез од Европската унија. При вашето прво патување, кога ќе пристигнете на аеродром или граничен премин во Шенген зоната, ќе треба да пополните документ со лични податоци. Граничната полиција ќе ви земе отпечатоци од прсти и ќе ви го фотографира лицето. При повторно патување, системот ќе ве препознае и автоматски ќе знае кога сте влегле и излегле од Шенген и дали е пречекорен дозволениот престој ...

Изборните карвани на политичките партии со нови ветувања за поубави општини и подобар живот на граѓаните. Кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за градоначалници на Карпош, Лукровски и Центар, Лабудовиќ најавуваат целосна дигитализација на општините за искоренување на корупцијата и ставање крај на сообраќајниот хаос. Наместо диви депонии нови детски игралишта најавува кандидатот за градоначалник во Центар. Промена на атмосферската и фекалната ...

Недела дена пред молкот за локалните избори, кандидатите за градоначалници на Скопје растрчани на терен. Орце Ѓорѓиевски ветува собирање на целото ѓубре во градот за 72 часа, ако стане прв човек на градот. Денеска го најави и проектот - нова поликлиника во Расадник – здравствен објект за жителите на овој дел од Кисела Вода. Кандидатката на СДСМ ветува враќање на сјајот на Чаршијата, како еден од врвните приоритети ако стане градоначалничка. Нова ...

Фатон Љури кој во јули годинава со мотор го усмрти 67 годишниот Југослав Николовски на пешачка патека зад Владата призна вина за кривичното дело против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Тој е обвинет и за неукажување помош, но во судницата, ова кривично дело не го призна. „Се чувстувам виновен за сообраќајката. Не би сакал да се случи тоа. Никој не би сакал да се случи такво нешто. Големо сочуство до фамилијата. Да можам да сменам ...

Обвинителството поднесе жалба на одлуката со која битолскиот суд го спаси од притвор газдата на Марковски компани. Борче Марковски заедно со уште еден екс директор во ЕСМ наместо зад решетки, истрагата за тендерски малверзации тешка над 100 милиони денари ќе ја следи од куќен притвор. Во Обвинителството се загрижени што Судот ослободува човек за кој постои реална опасност да побегне од Македонија имајќи предвид дека поседувал значителен имот во ...

Сопругата на доктор Зекирија Шаини не стоела врз обидот за негово убиство, тврди тој. Обидите за врзување на неговата сопруга со неговиот атентат, вели се да се дискредитира неговото семејство. Да се плашел од неа немало да живеат се уште заедно во Слупчане. Бара полицијата да го најде вистинскиот човек што пукал во него. Неговата сопруга вчера беше пуштена на слобода бидејќи органите не нашле доволно докази дека таа била поврзана со обидот за ...

Управата за хидролошки работи соопшти дека од вторник во земјава ќе преовладува стабилно време со дневни температури малку над просекот за овој период од годината. Времето утре ќе биде променливо облачно со слаб до умерен, а вдолж Повардарието и во источните делови засилен северен ветер. Во североисточните делови ќе има услови за локален слаб дожд. Времето денеска до крајот на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до ...

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски ветува дека за 72 часа доколку стане градоначалник ќе го реши проблемот со комуналниот отпад во Скопје. Ѓорѓиевски денеска одговарајќи на новинарски прашања рече дека во чистењето на градот ќе помогнат градските служби, општествено одговорни компании, а ќе бидат вклучени и граѓаните затоа што во изминатиот период добил голем број понуди да се приклучат во ...

На 09.10.2025 во 12:34 часот во СВР Битола, 62-годишна жена од Битола пријавила дека била измамена од едно лице за сума од околу 27.000 евра. Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски, се претставило како лекар во здравствена установа и ја известило дека нејзината ќерка имала сообраќајна незгода и се здобила со тешки повреди и дека треба да плати за да ѝ биде направен операција. Според пријавеното, таа ги однела парите на договореното ...

Во август годинава издададени се 280 одобренија за градење, за 1.8 проценти повеќе во однос на август лани. Најмногу одобренија за градење, 179, се за високоградба. Југоисточниот е регионот со најмногу одобренија за градење во август, 61, по што следуваат Полошкиот со 60 и Скопскиот со 46. За изградба се предвидени 646 станови, покажуваат денеска објавените податоци на Државниот завод за статистика. Според издадените одобренија за градење, ...

Основниот кривичен суд Скопје донесе пресуда врз основа на поднесена предлог спогодба од Основното јавно обвинителство Скопје против двајца државјани на Република Србија за кривично дело – Криумчарење од член 278 став 2 во врска со став 1, кои како што информираат од Обвинителство, на 1 октомври, преку граничниот премин „Блаце“ влегле во земјава, избегнувајќи ја царинската контрола и пренеле непријавена акцизна стока – вкупно 2300 штеки од по ...

Почитуван Претседател на Адвокатската комора на Република Северна Македонија, Во името на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија би сакал најостро да реагирам на начинот на кој дел од адвокатите јавно го коментираат поднесеното обвинение за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ и однапред изнесуваат неосновани очекувања во однос на траењето на судската постапка, без воопшто да се запознаени со содржината на обвинението, ...

Државната изборна комисија (ДИК) попладнево во рамки на 142- седница донесе одлука за одобрување акредитации за меѓународни и домашни организации за набљудување на локалните избори закажани за 19 октомври. За Здружението на граѓани Цивил – Центар за слобода Скопје беа одобрени 51 набљудувачи, за Европскиот парламент дополнителни 12, за Здружението на граѓани за зајакнување на демократските врендости Триси консталтикс-Скопје – 36, за Државната ...

Венецијанската комисија на Советот на Европа даде позитивно мислење за Предлог законот за јавно обвинителство и за Предлог законот за Советот на јавните обвинители, информираат од Министерството за правда. Во Венеција, денеска се одржа 114-та пленарна сесија на Европската комисија за демократија преку право - Венецијанска комисија при Советот на Европа, на која било усвоено Заедничкото мислење за Предлог законот за јавно обвинителство и за ...

Земјотрес со јачина од 7,6 степени денеска го погоди јужниот филипински регион, предизвикувајќи луѓето да бегаат од зградите и поттикнувајќи ги властите да издадат предупредување за цунами. Како што пренесе ДПА, засега нема извештаи за жртви од земјотресот, кој се случи во 9:43 часот наутро крај брегот на покраината Давао Ориентал, околу 1.000 километри јужно од Манила, соопшти Филипинскиот институт за вулканологија и сеизмологија (Phivolcs). ...

САД преместуваат до 200 војници кои веќе се стационирани на Блискиот Исток во Израел за координација на операцијата, соопштија американски претставници. Американската војска ќе воспостави таканаречен центар за цивилно-воена координација во Израел, во кој ќе бидат вклучени околу 200 војници. Во него ќе бидат вклучени и сили од арапски и муслимански земји, вклучувајќи ги Египет, Катар и Турција, кои ќе го набљудуваат примирјето и ќе пријавуваат ...

Повик

3 дена - МРТ
weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
0.51
93%
1031
weather icon

Белград

4ᴼ / 2ᴼ
2.06
100%
1028
weather icon

Загреб

0ᴼ / 0ᴼ
1.54
93%
1027
weather icon

Софија

-3ᴼ / -3ᴼ
1.03
93%
1030
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
0.83
89%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 5ᴼ
1.1
98%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 8ᴼ
0.89
89%
1028
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
87%
1029
weather icon

Подгорица

4ᴼ / 4ᴼ
0.0
93%
1030
weather icon

Букурешт

1ᴼ / 0ᴼ
1.54
100%
1027
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
4.12
95%
1028
weather icon

Истанбул

5ᴼ / 5ᴼ
1.03
100%
1029
Currency

61.555

Currency

52.4113

Currency

70.088

Currency

34.7175

Currency

38.1068

Currency

66.0446

Currency

7.4565

Currency

0.65596

Currency

0.33717

Currency

0.52418

Currency

1.22927

Currency

0.58202

Рутениум

29192.88

Кобалт

58.42

Злато

139298.91

Паладиум

53788.20

Сребро

2105.58

Бакар

10.93

Алуминиум

2.92

Родиум

258813.51

Платина

62683.26

Иридиум

145787.60

Калај

43.15

Цинк

3.04