Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити најави дека Град Скопје ќе добие 6 еколошки автобуси, но не кажа повеќе детали. На денешната прес-конференција за 100 дена Влада, говорејќи за тоа што е остварено и што се планира за загадувањето во пресрет на студените денови, Меџити рече дека еден од приоритетите на Министерството за животна средина и просторно планирање е токму загадувањето и работат со ...

Франција во текот на овој месец ќе биде домаќин на меѓународна конференција заради собирање хуманитарна помош за Либан и да се придонесе за зајакнување на безбедноста во јужниот дел на земјата, изјави францускиот претседател Емануел Макрон. „Во следните неколку недели ќе одржиме конференција насочена кон олеснување на хуманитарната помош, поддршка на меѓународната заедница и давање поддршка на либанските вооружени сили за зајакнување на ...

Жителите од стариот дел на Велес, и од левата и од десната страна на Вардар, со месеци се жалат поради гласната музика од разни веселби кои таму се случуваат. Поводите биле различни, но музика се слуша од утро до доцна во ноќта. „Музика трешти, разглас како за на стадион, не за дома. Бараме чаре, спас, сите креваат раце. Молиме да застуди, па ќе престане гласната музика. Никој не нѐ штити“, велат велешни кои живеат во стариот дел на градот. Тие ...

Жителите на велешките села Булзалково и Раштани, ни по пет години од почетокот на изградбата на водоводот, уште не можат да пијат квалитетна вода од градскиот водовод. Иако осум години државата преку нејзините институции го реализира проектот за решавање на ова прашање, тој не е завршен. „За нас приоритетно е да добиеме вода за пиење. Бараме уште од 2017. Таа што ја имаме е од бунари, секој дом има пробиено свој сопствен, но не е испитана водата ...

Генералниот секретар на меѓународната полиција Интерпол алармираше за операциите на меѓународните банди. „Светот ризикува да ја загуби борбата против транснационалниот организиран криминал“, изјави Јирген Сток, кому му завршува мандатот. Сток нагласи дека Интерпол има јасни докази оти мафијашките групи како што е италијанската Ндрангета, која некогаш дејствувала на регионално ниво, сега се раширени на сите континенти. „Тие работат како светски ...

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) ќе изврши вонреден инспекциски надзор на Клиниката за детски болести и Клиниката за за респираторни заболувања кај деца Козле каде било лекувано 14-месечното дете кое почина. Министерството за здравство соопшти дека според информациите од Клиниката за детски болести, детето е хоспитализирано со тешка респираторна инфекција, тешка општа состојба и засегнати витални функции. Настапило рапидно ...

Илјадници демонстранти вчера се собраа пред седиштето на унгарскиот јавен медиумски сервис за да демонстрираат против, како што велат, вкоренетата пропагандна мрежа управувана од националистичката влада на сметка на даночните обврзници. Протестот беше организиран од најистакнатата унгарска опозициска фигура, Петер Маѓар, и неговата нова партија ТИСА, која во последните месеци се појави како најсериозен политички предизвик за премиерот Виктор ...

Алигиери, Молиер, Толстој, Тургењев, Писарев, Прличев, Вазов, Раковски се автори кои се читале и за чии дела се разговарало во женските друштва во Македонија од 19. век и почетокот на 20. век, се вели меѓудругото во книгата „Жени во македонската книжевност од 19 век“ од Славчо Ковилоски, во издание на Институтот за македонска литература. Книгата, за првпат во македонската книжевна наука, на едно место нуди биографии на досега непознатите или ...

Израел денеска го прошири бомбардирање во Либан, погодувајќи ги јужните предградија на Бејрут со 12 воздушни напади и за првпат нападна палестински бегалски камп длабоко во северен Либан. Во нападот на бегалскиот камп Бедави, во близина на северниот град Триполи, загина официјален претставник на военото крило на Хамас, заедно со неговата сопруга и двете мали ќерки, се вели во соопштението на палеситнската милитантна група. Триполи е многу ...

Граѓаните да внимаваат при инвестирањето во потенцијални пирамидални шеми, каква што се смета дека е апликацијата „Конти“, апелираше денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Тој рече дека е свесен за случајот со „Конти“, но дека сè уште нема официјално поднесена кривична пријава за апликацијата. „Согласно информациите коишто ги добив утринава за овој потенцијален кривично-правен настан, кривична пријава официјално не е поднесена. ...

Музичката икона Доли Партон објави дека лично ќе донира милион долари за обновата по катастрофата од ураганот Хелен. Говорејќи на настан во нејзината родна држава Тенеси, 78-годишната Партон рече дека парите ќе дојдат „од мојата сопствена банкарска сметка“. Локалните комерцијални бизниси на Партон – меѓу кои и забавниот парк Доливуд – исто така ќе донираат иста сума на фондацијата „Маунтин вејс“, која им помага на погодените од поплавите во ...

Од денес, од 13 до 15 часот се воведува рестрикција на водоснабдувањето во Тетово. Обилните дожд кој вчера паѓаше во Тетово ја замати реката Пека од каде од месноста Лешница во овој период од годината се врши дополнително снабдување со вода за пиење. На заматената вода реагирала заштитата од филтер-станицата, по што овој водотек е исклучен од водоводната мрежа на Тетово до избистрување на водата. Сега Тетово се снабдува само од шарските извори, ...

Спасувачите денеска копаат низ урнатините во селото Доња Јабланица во потрага по луѓето кои исчезнаа во најсмртоносните поплави во Босна и Херцеговина во последните години што ја вчера ја погодија земјата. Багер расчистуваше урнатини за да открие автомобили и куќи, додека спасувачите стоеја за да видат дали има преживеани. Кантоналниот владин претставник Дарко Јука, денеска изјави по составувањето на сите податоци, владата заклучила оти 13 лица ...

Фондот на браќата Милтон и Јанаки Манаки е зачуван во Државниот архив во Битола и станува достапен за целиот свет преку платформата на Британската библиотека во Лондон. Заврши двегодишниот процес за дигитализација на 25.000 фајлови со фотографии, негативи и документација зачувана во Архивот од првите сниматели на Балканот. Во Офицерскиот дом во Битола изминатава недела се одржа завршниот настан на проектот „Времето навистина запре“ за чување на ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави дека ќе се отвори ново средно полициско училиште, кое беше укинато во 2000 година. На денешната прес-конференција за 100 дена Влада, Тошковски кажа дека интензивно се работи на реконструкција на Центарот за обука во Идризово, каде ќе биде училиштето, и во моментов се инвестираат повеќе од 3 милиони евра. „Ќе најавам ново средно полициско училиште. После прва и втора година средно образование, ...

Силниот дожд кој интензивно паѓаше вчера попладне, а посебно во вечерните часови, повторно предизвика поплави во делови од Тетово и околните населби. Водата навлезе во дворовите и подрумските простории во повеќе куќи во оние делови од градот кои беа поплавувани и при изминатите поројни дождови. Најмногу повици имало од Мала и Голема Речица од каде од поплавените подруми пожарникарите со пумпи ја извлекувале водата. Во градот беа поплавени ...

Сајберкриминалци се претставуваат како главниот уредник на САКАМДАКАЖАМ.МК Горан Михајловски и испраќаат лажни мејлови користејќи ја адресата [email protected], злоупотребувајќи го неговиот идентитет. Е-поштата од оваа и слични адреси не е од Горан Михајловски и може да содржи сомнителни барања, линкови или атачменти. Овие мејлови се злонамерни и треба да бидат избришани веднаш. Вистинската адреса е исклучиво со доменот sdk.mk. Ако веќе сте ги ...

Црвениот крст на Македонија повика да се донира за помош на настраданите во големите поплави и свлечишта што вчера ја погодија Босна и Херцеговина, при што загинаа 24 луѓе, уште не се знае колкумина се исчезнати, а материјалната штета е огромна. „Црвениот крст на РСМ веднаш стапи во контакт со Црвениот крст на Босна и Херцеговина и согласно нивната проценка на потреби, понудена е помош во материјално-технички и човечки ресурси за справување со ...

Судијата кој во францускиот суд го води судењето на десетици мажи обвинети за силување на онесвестена жена чиј сега поранешен сопруг постојано ја дрогирал за тој и другите да можат да ја злоставуваат, вчера одлучи да ѝ дозволи на јавноста да види дел од видеоснимките од силувањата. Одлуката на судијата Роже Арата во Авињон во јужна Франција да им дозволи на новинарите и на јавноста што присуствуваше на судењето да ги видат снимките, е шокантен ...

Основното училиште „Маца Овчарова“ во Велес со ресурсен центар, кое згрижува ученици со атипичен развој, доби лифт. После 15 години конечно е решен проблемот, па децата со попреченост можат да посетуваат настава со нивните соученици на третиот кат, каде што се сместени просториите на училиштето. „Училиштето е формирано во 1973 година и тогаш било наменето за деца со лесна попреченост. Тоа е причината што е оформено на третиот кат од зградата на ...

На седница на Владата е симната забраната за докторите од приватните клиники да не можат да се вратат во јавното здравство и наскоро ќе може да се вратат, рече денеска министерот за здравство Арбен Таравари на прес-конференција за 100 дена Влада. „Имаше една забрана од Владата од август 2022, да не можат докторите од приватните клиники или болници да се вработат во државните. Пред три недели ја поминавме на Влада одлуката да се тргне таа забрана ...

Пронајдени телата на 19 лица кои загинаа во БиХ, откако обилните врнежи предизвикаа свлечишта во Херцеговина и во централна Босна во текот на ноќта меѓу 3 и 4 октомври. Најпогодени се општините Јабланица и Коњиц, а поплавени се и Крешево, Кисељак, Фојница и Вареш. Досега се пронајдени најмалку 16 тела на загинатите во Херцеговина и три тела на загинати во централна Босна. Главниот пат од Јабланица до Мостар се урнал во реката Неретва, така што ...

Европскиот регулатор за лекови денеска соопшти дека ги испитува лековите против опаѓање на косата, меѓу кои и „пропеција“ на „Органон“ и неговите генерички верзии, поради ризиците од самоубиствени мисли. Европската агенција за лекови соопшти дека по нејзината инспекција ќе препорача дали овластувањата за ставање во промет на лековите треба да бидат повлечени, суспендирани или останат низ целиот регион. Оралните лекови против ќелавост наречени ...

1 Ај нека помине викендов, па со тој себап белким ќе заврши оваа помпава од „100 дена Влада“. Па, да сме здрави и живи, од понеделник ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“ ќе престанат да зборуваат што не направиле СДСМ и ДУИ и што „ќе“ направи коалицијата, туку – ќе почнат и да прават. Опширна беше изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ. Од толку ветувања ќе мораат од понеделник да почнат да штиклираат, ова запишано – направено. Во програмата никаде не им е запишано ...

Со солзи во очите, голема тага, неверување за големата загуба и зборови со пиетет за нивната професионалност и хумност, вработените во болницата „Плодност“ во Битола и пациените на денешната комеморација се збогуваа со двајцата врвни лекари прим. Д-р Александар Ристески (75) специјалист-радиолог, д-р Никола Василески (42) специјалист-гинеколог акушер и Фанче Јованоска (51) радиолошки технолог, сите од Прилеп, кои загинаа во тешката сообраќајна ...

Директорот на Управата за извршување на санкциите Александар Пандов денеска на конференција за „Предизвиците во надминување на затворската пренатрупаност – Условен отпуст, електронски надзор и третманот во функција на успешна ресоцијализација и реинтеграција на осудените лица“, кажа дека еден затвореник државата ја чини над 10 илјади евра годишно, или 2.100 денари дневно и побара казнено-поправните установи да се растеретат со поинакви изречени ...

На традиционалната манифестација „Текстилијада“ во Штип, која се одржува по осми пат, првпат присуствуваше претседателката на држaвата Гордана Сиљановска-Давкова. Претседателката имаше посебно обраќање пред присутните претставници на Европската асоцијација на текстилните градови (АКТЕ), организацијата „Улоф Палме“ од Шведска и здружението „Гласен текстилец“ „Во седумте изданија, ‘Текстилијадата‘ креативно покажа дека може активно да се дејствува ...

Најмалку 15 луѓе загинаа во катастрофалните поплави во Босна и Херцеговина, а уште многу луѓе се водат како исчезнати, потврдија од владата на Херцеговско-неретванскиот кантон (ХНК). „Точната бројка на исчезнати засега не ја знаеме. Ваква криза не сме имале уште од војната, размерите на оваа хаотична ситуација се застрашувачки“, изјави Дарко Јука, портпаролот на владата на ХНК. Тој додаде дека ситуацијата сега е постабилна и дека итните служби ...

Врховниот водач ајатолахот Али Хаменеи изјави дека Иран и неговите регионални сојузници нема да се повлечат пред Израел, неколку часа по нападот врз Бејрут, чија мета наводно бил веројатниот иден лидер на Хезболах. „Брилијантната акција на нашите вооружени сили пред неколку ноќи беше целосно легална и легитимна. Тоа беше минимална казна што Израел ја заслужи за своите злосторства“, кажа Хаменеи, кој првпат по неколку години се појави на петочна ...

Министерот за здравство Арбен Таравари вели дека 60 до 70 отсто од граѓаните се задоволни од докторите кои работат во јавното здравство, но за жал, новинарите не ги следат тие вести. На денешната прес-конференција за 100 дена Влада, на новинарско прашање за тоа какви реакции добива од граѓаните на отворената линија за контакт со него, Таравари кажа дека официјално еден ден во неделата се гледа со пациенти, но секојдневно комуницира со граѓани, ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
87%
1016
weather icon

Белград

14ᴼ / 13ᴼ
6.69
87%
1014
weather icon

Загреб

16ᴼ / 12ᴼ
0.51
71%
1016
weather icon

Софија

8ᴼ / 8ᴼ
2.57
87%
1016
weather icon

Сараево

12ᴼ / 12ᴼ
0.92
89%
1014
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 11ᴼ
2.57
90%
1016
weather icon

Атина

17ᴼ / 13ᴼ
0.89
75%
1012
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
87%
1013
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
0.51
72%
1014
weather icon

Букурешт

14ᴼ / 12ᴼ
2.06
84%
1014
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 11ᴼ
1.54
71%
1015
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
6.69
87%
1015
Currency

61.535

Currency

53.5268

Currency

71.8162

Currency

34.3766

Currency

38.9421

Currency

65.6811

Currency

7.35715

Currency

0.65988

Currency

0.38012

Currency

0.52161

Currency

1.4063

Currency

0.63136

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1051.34

Злато

111305.26

Бакар

9.55

Паладиум

29803.74

Платина

30837.68

Родиум

173614.03

Цинк

2.52